Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Зошто новинаркава на вестите на Сител моментално не носи маска? Не спортува, не јаде во ресторан, не е дете, не е на отворен простор (а сега мора и на отворено)...?
    А јас морам и живо пиле да нема околу мене.
    Цело време се фаќам за вакви ситници ама ете ајде...зошто на едно место важи, на друго не?
    И општо сите министри и новинари и било кој на тв треба со маски да ги гледаме ако мораме ние да носиме на отворено.
    Или не треба да нѐ интересира?
     
    Последна измена: 29 октомври 2020
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.905
    Допаѓања:
    41.513
    Пол:
    Женски
    Не е точно, вратени се.
    Можат единствено да земат боледување, што никако не е исто со мерките кои претходно важеа.
     
    На tinka-mace, Rozich, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски

    Уште не е излезено во Службен весник, од кога ќе излезе ќе стане задолжително.

    @Angie1432 не е исто ама не се на работа, со 80% плата, кога одиш на работа имаш трошоци за превоз, храна, маски така да не треба да се се бара влакно во јајцето, проблем е што не се даде на сите ( само на малигни и кај оние што е констатирано влошување).
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Јас гарантирам дека носењето маски на отворено нема воопшто да менува во бројките, ниту да го намали ширењето. Сфативме дека разминување со луѓе не е опасно, и треба подолг контакт со заболен за да се префати (и тоа не е секогаш случај). Ете да сум со другарка, да носам ОК, ама пример сама со децата ако шетам, како сум закана за другите и како другите се закана за мене? Значи во ред за пазари, маркети, во кола ако се повеќе души и слично, ама за по улица шеткање не разбирам. Тоа е, кога не можеш да смислиш нешто паметно, смислуваш глупости.
     
    На manako1, azelea, christinnn и 15 други им се допаѓа ова.
  5. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Ајде вака ова за хронично болните ти објасниа како е погоре.
    Другото имаш пандемија 2-3 месеца затворено доаѓаат избори се отвара се во нормално, и економски мораше да се отвори. Ама пази сега кога КОНЕЧНО треба на цело да станеме Корона фри држава кога беа бројките по 10-20 новозаразени имаш селективно извршување на правдата и нагло зголемување на бројките.
    Потоа следуваат избори што во време на пандемија во никој случај Филипче не требаше да дозволи да се одржуваат митинзи, можеше преку лајв на социјалните мрежи да помине ама не тогаш побитна му беше партијата. Секој после изборите беше во фаза: за избори не важи корона нема ништо а после избори не се групирајте, носете маска.
    Што би рекле како шлаг на тортата беа ваучерите за туризам, точно се согласувам летно време побавно се шири и топлото време му смета на вирусот.
    Ама кога повторно бевме во ситуација да нема веќе заразени им текна за ваучерите мерката човек би ја разбрал како намерно да сакат да одржуваат бројка на активни да има во Македонија.
    Имам пишано и претходно за долго најавуваниот есенски бран и спремноста на здравството.
    Новинарката го прашува што има да каже за на Амди погребот овој ниту еднаш не одговори.
    На крај кој остана од СДСМ незаразен? Тие што треба да бидат пример за народот скоро сите испозаразени и сите внимавале многу ама ете некако се заразиле.
    "Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска е позитивна на коронавирусот.
    Таа вели дека денеска попладнето добила покачена температура и омалаксаност додека била во Собранието, по што направила тест и резултатот бил позитивен.
    „Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска. Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание.
     
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.785
    Пол:
    Женски
    Е вака од чекање почина тетин ми , а заев одма изрази желба за тестирање во рок од еден ден и го тестираа и истиот ден и резултати имаше !!
    Како можи вака ???? Обичниот народ не може да има такви привилегии ? Зошто ?
    Господ нека е на помош на сите ,кој ќе преживее ќе раскажува
     
    На azelea, tinka-mace, LovelyGirl3 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.532
    Допаѓања:
    260.969
    Ако е така, кај нив мора мерки. Е сега ако имаат опција боледување со 80 % плата о тоа е во ред. Сепак седат дома. И бремените исто треба. Стај ги на 80 или 70 % и нека седат дома.
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.905
    Допаѓања:
    41.513
    Пол:
    Женски
    Епа и јас тоа мислам, не е дадено на сите а постојат огромен број нарушувања што се сериозни и може и брзо да се влошат.Оваа мерка требаше да ја регулираат подобро.
     
    На Celltica, Giovanna и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Замислете ете пример работам во маркет(болница, фабрика, било што) , 8 саати, со маска. Завршува работното време, сакам малку да прошетам, да се олабавам да подишам воздух без маска,затоа што секој тоа го заслужува. Тие забавите ги средија, собиранките, дискотеките, јавниот превоз итн, сега на луѓето кои сакаат да протегнат малку нозе сами или со семејството ќе удираат.
    Инаку информација, дојде познаник од странство пред некој ден, на аеродром ни температура не мерат, а и авионите се фул полни, само им велеле со тие што седат до нив да не јадат и да не пијат истовремено. Ова чисто информативно.
     
    На manako1, Emilija97mk, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    И кога ќе биде тоа не верувам дека ќе носат тие што ги наведов.
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.532
    Допаѓања:
    260.969
    Зошто сега спомнуваме партиска припадност на заразени?
    За волја на вистината после избори и не ни рипна бројката, и јас очекував голем број, ама ете немаше. Знам, јас бев позитивна тој период.
    Неколку пати се коментирани изборите, зошто пак се фаќаме за нив. Моментално имаме есенски бран, далеку пострашен.
    Многу држави беа корона фри, па сега горат.
     
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Или тоа или цел ден бркаш обврски надвор дали по работа, факултет, институции и наоѓаш пола саат време да каснеш еден ѓеврек што ќе го јадеш на клупа сам и дур јадеш да ти дојде полиција да те казни.
    Ваљда не смееш да ја тргаш ни за вода да пиеш
     
  13. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    10.585
    Со овие дијагнози мислам дека радо ќе седат дома со намалена плата. Ако некој толку сака да се врати за да не му намалат никој нема да го држи.
    Ама не можат. Боледување мислам дека можеш 2 недели да земеш, после мора со комисија. Искрено не знам како одат тие работи, за конкретниов случај знам дека беа исцрпени сите можности.

    Целосно ослбодување од работа според мене треба да е крајната опција, пред се сум овозможување работа од дома онаму каде што може, прилагодување на работни задачи и тн. Разбирам дека мора да се работи и да се придонесува, ама треба да се најде заедничко тло.
     
    На Angie1432 и JuLleE им се допаѓа ова.
  14. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    11.802
    Пол:
    Женски
    Јас сум во Бугарија, и овде донесоа мерка за маски на отворено. Народот се дигна на нозе, и потоа објасниа дека тоа важи само доколку чекаш автобус со многу луѓе или пример ред пред банка и слични ситуации.
    Мислам дека така ќе биде и кај нас, барем се надевам.
    Стварно нема логика да шеташ сам во парк со маска.
     
    На Harper, candy.cane, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Ако ти се јади, ќе си седнеш во ресторан ко човек ќе си де најадеш, барем казна нема да кркаш. Ако јадеш ѓеврек на клупа стока народ си и шириш зараза.
     
    На candy.cane, azelea, AthenaAsamiya и 6 други им се допаѓа ова.
  16. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Можеби се најкоментирани заради тоа што после тие избори и тие што се замараа најмногу престанаа за другите па нема потреба да пишувам.
    Не би знаеле што би било кога ние би дојделе до ситуација летото реално каде и можеше до корона фри ама сега веќе е поминато останува секој за себе да гледа да се заштити колку може.
    И во никој случај Венко не го стави здравјето пред партијата тоа ме иритира а очекував повеќе од него.
     
  17. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Кина - детектира кластер од 12 случаи, започнува тестирање на 9 МИЛИОНИ жители за пет дена.
    Австралија - забележува пораст на случаи со 100-200 заболени на дневно ниво, воведува шестнеделен
    локдаун на 25 МИЛИОНИ жители.
    Франција и Германија - милионски држави, имаат рапиден раст на заболени и починати на дневно ниво,
    воведуваат четиринеделен локдаун на државно ниво.
    Финска - тренира кучиња кои со душкање детектираат луѓе заболени од вирусот со прилично голема точност.
    Македонија - двомилионско државиче, 900 заболени на ден и 10-20 починати, здравствен систем во колапс,
    луѓе кои уште не веруваат во вирус, слави на повидок и погреби со 300 души:

    [​IMG]

    :bug::bug::bug:
     
    На Lima24, kukla21, La.RagazzaMisteriosa и 45 други им се допаѓа ова.
  18. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    А вие стварно мислите дека ова со носење маски на отворено ќе функционира? :D
    Треба да си психопата да носиш маска на отворено, знаејќи колкава штета може да ти предизвика и треба да сретнеш психопата цајкан за да те казни.
    Друго е маска за загаден воздух и тоа е мој избор дали ќе носам, како и за се останато.
    На отворен простор да ти каже некој што да носиш е фашизам, а сите кои се сложуваат со тоа се инфериорни аутодеструктивци и психопати со тапија.
    Ај убав ден и кидавела од цајкани. :)
     
    На Harper, AriLangdon, azelea и 11 други им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Пред да правите смешни прикази на бројки во обид да ја прикажете македонија како земја со најголема зараза по глава жител, информирајте се дека Македонија можеби е и единствената држава која во дневната статистика ги брои и асимптоматските случаи, и у смртни случаи брои и луѓе починати од сосема друг примарен смрт фактор.
    Ниедна од земјите кои ги посочувате, дури ни една земја од балканот не се служи со ваква идиотска калкулација како нашиве.
     
    На Herrera, Harper, AthenaAsamiya и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.934
    Пол:
    Машки
    Самоизолацијата ќе биде задолжителна при тестирање за ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се до добивање на резултатот. Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува. Ова се предвидува со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болест што Собраните вчера вечер ги усвои. За прекршителите на овој член од Законот предвидена е казна од 50 евра.
     
    На Purplelilac и fana им се допаѓа ова.