Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.209
    Допаѓања:
    17.664
    Пол:
    Женски
    Разочарана сум искрено, а сосема доволно е кога секој од нас би ги почитувал препораките бројката на заразени нема да е толку висока, за жал луѓево се уште не веруваат дека постои корона, се собираат, се групираат, се прашувам зошто, значи секоја статистичка броја на починат е на некого татко, мајка, брат, некој близок што му значи, тоа може да биде близок на секого. ЛУЃЕ не е толку тешко да се носи маска(над носот), да се одржува дистанца, секој може периодов да се ограничи од непотребни дружби и контакти, заштитете се себеси и блиските.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Така, кога сите чекаат власта да им поможи.

    Се видело од власта...
     
  3. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    А од кого да чекаме да ни помогни се разбира дека од власта. Ние на избори излегуваме и им даваме право но и обврска да се грижат за нас да не заштитат а не да се богатат на мој и твој грб, за таква власт постои улица таму може да се делегитимира, штета што кај нас нема закон за отповикуње на политичарите ако не си ја работи работата едноставно ќе биде отповикан.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Знајме како треба, ама еве не прават тоа што треба.
    И?
    Кое е чарето?
     
  5. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Чарето е многу едноставно УЛИЦА па ако треба и насилно туркање на таква власт.
     
    На LovelyGirl3 и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.798
    Допаѓања:
    41.933
    Пол:
    Машки
    @Biljarkata ме прашуваше за антигенските тестови, еве постручно објаснето од Д.р. Горан Кунгуловски, молекуларен биолог:


    За брзите тестови за детекција на коронавирусот SARS-CoV-2

    После долги најави, во текот на денешниот ден беше најавено дека во Македонија ќе се започне со приватно тестирање на пациенти за коронавирусот SARS-CoV-2 со брз антигенски тест во рамките на јавното здравство којшто ќе чини 1000 ден. Што е разликата меѓу PCR тестовите и антигенските тестови?

    Преку PCR тестовите директно се детектира генетскиот материјал (РНК) на вирусот, а додека преку антигенските тестови со антитело како детектор се детектира протеин (или дел од него) којшто е специфичен и е дел од самиот вирус. Значи двата тестови директно детектираат присуство или отсуство на вирусот во примерочниот брис.

    Поради самата природа на PCR методата таа е посензитивна (најниското ниво на детекција е една молекула) и поспецифична (пониско ниво на вкрстена-реакција со сродни вируси) од антигенската детекција (најниското ниво на детекција е илјадници молекули). Но антигенските тестови имаат предност во тоа што се побрзи од PCR и не е потребен специјализиран кадар за работа со нив. Ова значи дека антигенските тестови се побрзи, но може да испуштат пациенти коишто се наоѓаат на самиот почеток или крај на инфекцијата. Најсензитивни се во првите 3-5 денови од појавата на симптоми, односно може да ги откријат луѓето коишто се најинфективни, но не сите.

    Како и во PCR, потребен е материјал земен од нос, грло, назофаринкс или слично. Тоа значи дека бидејќи во самиот брис може да има инфективен материјал, неговата севкупната манипулација треба да се одвива во лаборатории со ниво на биолошка сигурност 2, во биолошки кабинети со негативен притисок во нив, со лимитиран пристап за персонал. Самата припрема на брисот е склона кон формирање на аеросоли, а аеросолите се еден од главните преносители на вирусот. Работа во неприкладни лаборатории и ординации, сериозно го зголемува ризикот за инфекција на медицинскиот персонал којшто го изведува тестот и блиската околина. Доколку антигенската технологија се користи за масовен скрининг, треба да се работи правилно во лаборатории во коишто се гарантира сигурноста на тој што го изведува тестот. Силно ќе ме загрижи доколку овие тестови почнат да се изведуваат во медицински ординации, заболекарски ординации и лаборатории коишто немаат ниво на биолошка сигурност 2.

    Оваа технологија има силна апликативна вредност, овозможува омасовување на тестирањето во Македонија и треба да се охрабри, но само доколку се изведе правилно. Не би сакал поради најдобри намери за масовен скрининг да го заразиме и така преморениот и дефицитарен медицински и лаборантски персонал и да ги доведеме во опасност пациентите коишто ги посетуваат овие установи.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.467
    Јас ја исправ една :?: не знам дали ја уништив со перењево:?:
    А за друга па купив од жито маркет дезинфекциски спреј, како дезодоранс е и ја испрскав и надвор ја павкаше ветрот:D
    Инаку многу гуши KN95, барем мене, воздух не продира внатре, буквално ми иде и боца кислород со мене да носам.:^)
    Искрено, не знам која маска е паметно да се носи.:?:
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.999
    Допаѓања:
    127.921
    Пол:
    Женски
    Не знам..
     
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.189
    Допаѓања:
    27.427
    Луѓе, лично мислам дека треба да престанат овие препукувања прво. Верувам дека со покачените бројки сите сме во паника и стрес додатно. Најдобронамерно кажувам, не е потребна тензија со непроверени информации. Лошо е, да. Пазете се, седете си дома (доколку сте во можност). Тоа е најмалку што можеме да направиме за нас и другите.
     
    На candy.cane, tinka-mace и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Ама и кој ќе дојди следен на власт е прашање.

    Џабе ќе ги турниме овие, ако и наредните не си ја бркаат работата.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.894
    Допаѓања:
    41.440
    Пол:
    Женски
    Па да, си ја уништила.
    На пареа стави ја.
     
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.485
    Допаѓања:
    37.835
    Пол:
    Женски
    Кој и да дојде пак нема да ни чини. #факт
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Од нас зависи тоа.

    Колкумина се Влада + Парламент?
    150 луѓе?

    А знаеш во администрација колку има вработено?
    На 31.12.2018 година 132,068 лица имаат засновано работен однос во вкупно од 1.314 институции на јавниот сектор.​

    Башка рестото од нас што корумпираат и не пријавуваат криминал...

    И тоа е, тоа.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.005
    Допаѓања:
    4.244
    Kako na parea? Jas nemam nikakvo aparatce.parea sto pusta..so alkohol.odnadvor da ja isprskam ne biva?
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.798
    Допаѓања:
    41.933
    Пол:
    Машки
    Бројката на новозаразени од коронавирусот во последните 24 часа е 935 лица, а од нив 421 во Скопје - неофицијално дознава Скопје Инфо. Се очекува Министерството за здравство наскоро да ги соопшти официјалните бројки.

    Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 862 позитивни лица, а 14 лица починаа како последица од коронавирусот.
     
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.467
    Ух, додека ја перев срце ми кажуваше дека ја уништувам. :D Среќа што таа што ја исправ не сум ја носела.
     
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    637258.jpeg

    :tmi:

    I'll send myself out. :bandit:
     
    На MissSpark, Harper, CameliaMiller и 19 други им се допаѓа ова.
  18. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.467
    На Harper, темјанушка, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.687
    Допаѓања:
    192.633
    Роботократија е чарето ама нема да ни се свиѓа.

    Каква врска има вирусот, со тоа кој е на власт?Сегде се разни и сегде е мање-више исто. Сегде се луѓе, се некој брка свои интереси, а правото на здравје и живот е твој/мој личен интерес, не на Венко, Петко, Курц или Палац.
     
    На Ahoy и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Не е сегде исто... да ми простиш.

    Болница во Германија како е опремена, а како е во Македонија?
    Колку болници има во Германија на милион народ, колку во Македонија?
    Колку доктори и друг медицински персонал има во Германија, колку во Македонија?
     
    На Purplelilac и tinka-mace им се допаѓа ова.