Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    Јас уште пред неколку години викав кога беа немирите во собрание: една бомба ни фали и сите ќе бевме раат. Не дека немаше арамии пак да дојдат на власт, ама ако народот покаже заби, три пати ќе размислат пред да направат нешто, а вака кога народот е овчичка... си прават што сакаат, а ние си ќутиме и се напаѓаме меѓу себе. Кој е поисправен СДСМ или ВМРО? Или кој е поодговорен, тој што голта се што му се сервира или тој што мисли со своја глава? итн.... долга и широка е.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.173

    Проблемот е што го заплашуваат народот како да нема спас од Корона , да се плашат луѓето , иста е и мајка ми, не е лошо да и направам профил да се теши со вас, постојано паничи, хистерича е, ми вели : лелеее што не снајде. што ќе правиме ако закачиме корона ?


    де бре жено, што се тресисш толку....значи си има луѓе фатиле, преживеале и животот течи понатаму.

    Ама така му одговара на некој да заплажува , буууууу смртоносен е, плашете се сите по ред


    буууууу иде мечката , готово :devil:
     
    На Аргентина *, lovestoneddd и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.006
    Ко ќе истражи ќе знаеш шо да праиш.
    Правник- странски, некој тешкаш.
    Во меѓувреме- седете дома.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.339
    Не се согласувам за делот со бомбата.

    Она што се случи со онлајн наставата ми се допадна.
    Илијадници родители рекоа дека не ги пуштаат децата на школо, дури и да одлучи власта дека треба физичко присуство.. видоа-не видоа, воведоа онлајн настава.

    А и за тоа газ преку глава го спроведоа.
    Пошто сега нема критична маса да ги адресира недостатоците.
    Само 80% од учениците следат настава.
    А рестото 20%?

    И за се' така.
    Народ кој е засегнат и народ кој верува дека нешто е проблем, мора активно да се побуни и да ја 'уцени' власта со некаква непослушност.
    Можеме да се согласиме да не плаќаме сметки/даноци...
    Да не плаќам само јас, никому-ништо, ама да престанат неколку илјади семејста со плаќање и јасно да кажат зошто тоа го прават... ќе видиме дали ќе слушаат или не.

    Ко пример го нафрлам ова.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.339
    Не одам никаде на затворено, освен на доктор (ако морам) и продавница.
    И кога ќе излезам, обавезно носам маска, ништо што не морам-не фаќам, не се гледам со никој без маска. Дури и со мајка ми.

    Ама џабе, ако повеќето се мешаат едни со други незаштитени.
     
  6. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.173

    Проблемот е што во Мк народот е поделен партиски и секој што така е вработен си чува место.

    Абе жив пример се моиве, сите се партиски вработени во државни институции и си ќутат и си го чуваат работното место.

    Тоа е реалноста у МК.

    Јас не можам така да функционирам затоа и не живеам таму.


    Ќе си се помириш дека не можеш да смениш ништо , разделен е народот на ваши и наши , а форумот е плус јавен доказ дека ич не се трпиме едни со други, одма на вреѓање и карање идат муабетите.

    Тоа е :|
     
    На темјанушка, Purplelilac, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Размислуваме за сите мерки, вклучувајќи локално, регионално, па дури и целосно затворање на државата, рече во вчерашните телевизиски гостувања претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски.

    „Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија“, рече Караџовски „Трилинг“ на 24 вести.

    [​IMG]
    Според Караџовски, лицата кои најчесто се заразуваат се на возраст меѓу 20 и 40 години и дека тие се оние кои го шират вирусот.

    „Ова е опасно заразување, да не се занесуваме, сите сме во опасност, постарите генерации се поизложени, но може да почине и човек без хронично заболување“, предупреди Караџовски.


    Извор: Сител Тв
     
    На nextredstyle, fana и WildMk им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.339
    Народот е разделен партиски, ама суштински, не бил никогаш сплотен како сега.
    Сите живееме во ова корумпирано општество и сите живееме за време на пандемија.

    Не познава ни едното ни другото ни пол, ни партија, ни религија, ни етничка припадност, ни ништо.

    Сите сме на иста мака.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    Овој заедно со Филипчо треба кривично да одговараат. За загрозување на јавно здравје и за криминални дејствија со тестови и сл.
    Ај, мош ќе им дојде редот.
    Јас со ВРМО ич не се согласувам, ама се согласувам со нивната идеја да се формира нова комисија за заразни болести.
     
    На Harper, Kitten, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.339
    Ај нека не размислуваат уште долго, оти време немаме.
     
  11. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.173

    СПЛОТЕН ???? :o

    Де бре Вајлд, не биди толку наивна, зарем форумот не ти е доказ дека и тука се поделени членовите, а не пак во реален живот таму у Мк ?

    Кажи ми ти мене колкави се шансите мене да ми се нафрлат членки ако пишам нешто наспроти ситуација кога ќе пиши некоја членка која си се дружи со одбрано друштво на форумот ?

    Прво тоа треба да се расчисти, да не се поделуваат тука членовите , не мора да живеам во Мк за да ги воочам препукувањата , понижувањата на форум кон одреден член?

    Кога на форумот ќе дочекам да се дружиме сите сложно и на фин начин без вреѓање, ахх бре македонче и по ред други измеѓу зборови да се користи , тогаш може и ќе има надеж.

    Ете почни од форумот , да почнат некако членките да прифаќаат некој со поразлично мислење од нивното и на фин и културен начин да се муабети.


    Нема ништо да смениш во Мк.
     
    На Arjanit2021, Purplelilac, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    14.481
    Темава е за никаде. Ако некој пише дека познава случај -бил болен од канцер,а го ставиле од Ковид одма сте ко хиени, го напаѓате, плукате , па и со тужби уште,демек од каде знае. А некој омилен кога пишува дека познава таков што немал претходни болести, а починал од Ковид, готово, тој знае од сигурни извори, му верувате. Да му се згади на чоек од коментарите на темава искрено.
     
    На Harper, Kitten, LovelyGirl3 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.410
    Се се сведува на моментот дали чашата е полуполна или полупразна. Јас одам на првото. Да сменам нешто не можам, ќе мигрира вирусов уште неколку месеци, затоа што моментално се заразуваме од домашните, а не од некој си таму во маркет што маската му е под нос.
     
    На lovestoneddd, orevokrsacka, WaitTillTheEnd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.339
    Одлучувам да верувам дека може се' да се смени.
    Едноставно, не можам 'да се помирам'.
    А и не сакам...

    Иако знам дека звучи наивно...
    И можи е.
    Ама таа сум
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.173

    Доволно е само да се придружувате кон мерките, друго нема што да смениш.

    Конкретно тука носиме маски и на отворено и во затворен простор, засилено е контрола од полиција за да ги потсетат тие што не носат маски, шетаат по улиците значи во отворен простор , како што контролираат и во моловите , аеродроми, железнички станици, автобуски станици итн., кога се возам во јавните превозни средства нон стоп се повторува на лента пуштаат потсетник секој задолжително да носи маска и дека ќе биде регулирано од полиција доколку не носите маски.

    А замисли најмалку заразени има кај што сум, најниски се бројките на заразени , но пак се почитуваат мерките со маски , со дистанца и гел за дезинфекција.

    Ништо, морам да се спремам, на работа сум, ќе ве читам вечер.
     
    На Purplelilac, Bezimenka90, Cutiepie1 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.410
    А што конкретно би сменила? Проблематиката е толку опширна што и да сакаш не можеш да знаеш од каде да почнеш. Прво и основно, како ќе го стопираш одливот на медицински кадар во белиот свет. Тука да не навлагам, зошто платите им се очајни, да плаќаа сите придонеси и даноци, може и платите ќе беа поголеми. Второ, дистанца во маркет има, маски се носат. Трето, можеш да се тестираш државно, ако не ти се чека, можеш и приватно. За здравје секогаш се плаќа дупло. Имаш јасна и концизна слика за бројот на заболени на дневно ниво. Има достапност на маски и средства за дезинфекција. Што мислиш да постигнеш, кога ситуацијата е иста во цел свет. Македонецот до сега не се покажал попаметен од останатите, така да останува да го следиме само она што ни е наложено и ништо повеќе.
     
    На WaitTillTheEnd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.339
    Е тука само на улица контролираат.
    Кафичи тинтак полни, никој без маска, сите пеат и се дерат, без дистанца.. нормално...
    И никој, ама баш никој не санкционира.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.339
    -Брзи тестови во големи количини, достапни на повеќе пунктови низ цела држава.
    -Опрема по болниците.
    -Бесплатно тестирање за сите.
    -Отповикување на медицински кадар од пензија.
    -Пренамена на приватни медицински установи, во државни.
    -Казнување за непочитување на мерки (не само луѓе на улица кои не носат маски).
    -Затворање фирми и институции кои не спроведуваат и почитуваат протоколи.
    -Изолација за сите кои влегуваат во државава (освен ако немаат направено тест во поседните 24 часа пред влез).
    -Парична помош за сите кои изгубија работа.
    -Парична помош за приватните фирми кои немаат доволно пари да спроведат протоколи.

    Додај, ако ти текне нешто.
     
    На Purplelilac, Biljarkata, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Пак јас за маските. Вакви и дале на свекрва ми во Еурофарм. Тие се? Мислев поскапи се, овие по 80 денари. Пишува по секоја употреба да се дезинфицира со алкохол. :^)
    IMG_20201031_104330.jpg

    Инаку му се врати на мм вкусот и мирисот, се надевам понеделник ќе е негативен на тестот, 15ти ден од контакт ќе му е. :drunk:
     
    На Doozy, Giovanna, green.eyes и 8 други им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.410
    Вајлд веќе е скоро се направено од сето тоа. Дадена беше помош за лицата погодени од корона. Големите фирми доколку постои еден случај, по дифолт ги тестираат сите, пример фабриките во бунарџик. Опремата во болниците е таа што е, што пак ќе се надоврзам на фактот, ако државата има пари од даноци, ќе има и во што да инвестира. Бесплатни тестови имаш на државно. На приватно, зошто би биле бесплатни кога не се финансирани од државата. Имаше изолација на граѓани вратени од странство, а скоро и никој не патува, освен индивидуи испратени на работа во друга земја, и истите според протокол се тестираат.
    Ситуацијата е вон контрола, единствено останува да се чека на вакцина, друг излез нема, не се двајца со корона, туку милиони. Германија што е земја за пример не може да се справи, не па ние прцул земја.