Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Дрскост!
    Нити се жалам, нити јас можам да го сменам функционирањето на државното здравство.
    Ја коментирам реалната состојба.
    Еве ти си капаче на се па ако можеш смени ја.

    Сакаш да збпруваме за непраќање на брза помош затоа што е пополнет бројот на барања од страна на матичната? Или тоа дека само ако со брза помош се однесе човек на инфективна ќе биде примен? За тоа дека ова не важи за секој? За тоа дека луѓе во немоќ одат во Ж.М. и на врата им бараат 12000 еур?
    Ова не се теории на заговор, ова се случува.
    И како што кажав јас не можам да го сменам, ама ете ти можда можеш па направи го тоа, спаси нечиј живот.
     
    На Harper, noteforself, Sejfullai и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.215
    Допаѓања:
    145.459
    нели матичниот закажува само ако имаш симптоми? Од каде сега ова? Или ако проџе проџе и за тие без симптоми, а луѓе со симптоми не можат да дојдат на ред од тие со привилегии?
     
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Јуле ние сме друга категорија, за жал.
    Во оние повисоките кругови еден да кивнеше, цел сектор ги тестираа.
     
    На LejlaD, JuLleE, kikikikirika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Еве ви давам опција да смениме нешто, или предложете подобра, отворена сум за сугестии пошто сме на работ и на нерви и на пари и на здравје.

    Ама нема... така?

    Оти водечка премиса ви е:

    Не можеме ништо да смениме --- Ооооооом!
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.431
    Допаѓања:
    206.582
    Пол:
    Женски
    Гајле ми е... ама како што кажав сама не можам. Ете тука само зборуваат, ама никој реално не прави ништо. Сите сакаат да се смени без да мрднат со прст. Ете, се заангажиравме преку училиштето да најдеме начин да ги опремиме децата во селово што немаат опција за онлајн настава оти немаат ни телефони, камоли компјутер и интернет, закочено е од оние што имаат. Оти така функционира проклетава држава. Кога ти стига известување дека не си постапил етично поради тоа што си му помогнал на човек со болка кој бил одбиен од дежурните служби во време кога бевме затворени, веќе не се чудиш за ништо. Се е наопаку.

    Да станеме сите овде, можеме да го смениме тоа, ама не сакате така, сакате друг да ви го смени. Тоа е маката. Јас затоа дигнав раце. Локално помагаме колку можеме, ама и тоа некој ти го забранува
     
    На Purplelilac, azelea, Ambrosia и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    @WildMk
    Oвa сo плaќaње лекoви нa привaтнo oти нa рецепт им снемaлo не е oд сегa, oтсекoгaш кoлку штo пaмтaм кoгa oдиш пo лекoви или дoплaќaш нештo или целa сумa. Штo чекaше дoсегa, сегa ти текнa нa сред хaoс?
     
    На candy.cane, JuLleE, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.338
    Не бе душо... одамна врескам, ама само на глуви уши наидувам.

    Не прави пролет една ластовичка, па колку и да е гласна...
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Не е точно дека здрав човек нема потреба од суплементи. Многу погрешна приказна е тоа. Храната што ја јадеме дефинитивно не е доволно богата со сѐ што ни е потребно. Нормално дека треба да се пази што се суплементираи колку, ама со работа од 9 до 5 (буквално не гледаш ден преку зима), или со седењето по дома сега, ме можеш да кажеш дека витамин Д не ти фали.
    За магнезиумот да не ти зборувам, кој се буквално исфрла при стрес затоа што телото претпоставува дека до следниот стрес ќе наполни залихи, што дури и без пандемијава, во модерниот живот не се случува.
    Плус што купишта луѓе се здрави ама следат режими на исхрана што им скратуваат некои неопходни витамини или минерали.
     
    На Herrera, Kitten, oblace1 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.168
    Допаѓања:
    42.097
    Пол:
    Женски
    А се признава умрена у душата? :D

    За тие што прашуваа дали во Виница се тестираат.
    Отворија приватна ординација за тестирање околу 1500 денари чини тестот.
    :)
     
    На mal.ecka, Celltica и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.357
    Допаѓања:
    278.990
    Ништо.
    Само витЦ и цинк пиев, а по мое прашање и одобрено од матичниот доктор, пиев и Livsane ампули, што ги пијам всушност 2-3 пати годишно затоа што сум болежлива. Тоа не беше ново. Всушност ново ми беше само цинкот.
    АБ не пиев, немаше потреба, а и искрено не знам цена колку е кој, пошто преретко пијам, ако некој знае нека сподели.

    Иначе, вит Ц на Плива пиев, сабајле бидејќи во самата ампула има 400мгр не пиев, а навечер една таблетка од 500.

    Прашав доктори, сите ми рекоа сосема е ок да ја поделам дозата, 2х1 500, не мора 1000 наеднаш, @An-na точно е дека 1000 е со одложено разложување, бидејќи 1000 наеднаш не може да се апсорбира, но не е проблем 2х1 да се пие.
    Не знам цена, колку се од 1000ка, сега пијам такви + Дефендил капсули (наместо Ливсане ампули), ама не конкретно ради корона, нормално ми е септ-окт-ноем. да пијам повеќе витамини.
     
    На JuLleE и Annath им се допаѓа ова.
  12. starish

    starish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Баш денес рано отворив да го видам бројот на новозаболени во Чешка пошто моментално сум тука. И имаме повеќе од 11.000 новозаболени. Викенд е, бројот секако ќе биде помал, па не е баш најрелевантна информација за тоа како се справуваме, пошто имаше по 15.000 новозаболени за ден.
    Мерките кои се превземени се истите оние кои ги имавме ние за време на полицискиот час, ок, скоро. Маски се задолжителни секаде, освен надвор ако спортуваш, во продавница максимално двајца заедно, исто и на улица. Школите работат со онлине настава. Продавниците се затворени, со исклучок на маркети за храна, аптеки и уште некои да не ги набројувам ама без кои не се може, а и тие кои се отворени, се отворени само до 20:00. Во недела е затворено се, со исклучок на дежурни аптеки. Рестораните и кафулињата работат само со достава или за подигање на порачка. Забраната на движење е од 21:00. Јавниот превоз е до 22:00.
    Kако луѓето реагираат на ова? Па, да речеме дека се подисциплинирани, ама дека трпението е скоро при крај. Казните се високи, па реално и не им се ризикува да добијат казна. Морам да ви доловам што е исто. Прашања од типот а зошто маска на отворено, па како тоа луѓето не можат да дишат, па како тоа повеќе штети, еден тон вицови на тема короната шета само ноќно време па затоа треба да седиме дома, начини како да се заебе системот (од најновите го издвојувам топецот што шеташе играчка куче некаде на плоштад ) теории на заговор, мада во помал интензитет.
    А да, и да не мислите дека не одбегна делот со земање пари во болница да ги пишат починатите дека се починати со корона. Денес баш читав статија за тоа, само што овде веста е спинувана поинаку. Имено, роднините се тие кои "забележуваат" дека во посмртницата стои дека пациентот е починат со корона, по што кога побарале објаснување им било речено таа информација да си ја остават за себе и дека така сите прават и дека болницата зема за тоа пари од осигурителните компании.
    Имаше хакерски напад и навистина луѓе кои не биле да се тестираат добиваа пораки дека се негативни, но таа вест беше со големо медиумско покритие, се укажуваше на тоа дека пораката која се добива содржи код кој е лично ваш и со ваше име и презиме. Но, веста дека некој стоел во ред за да му направат тест ама не му се чекало па си отишол и на крај добил позитивен резултат беше тука уште пред ова да се случи. Знаете каде слушнав за првпат за тоа? Од другар кој живее во Палестина. И никогаш веста не е од прва рака, секогаш е некој од некого.
    Имам уште за пишување од фактот дека министерот за здравство Примула беше доста брзо сменет по една тајна ноќна средба на која не носеше маска и луѓето буквално го распнаа, а мандатот беше не постар од месец. Колку луѓето се гневни на власта затоа што знаеја што ќе следува ама не превземаа ништо додека не беше предоцна. Како болниците се полни, како се поставуваат мобилни болници и како ни испраќаат помош од Полска и Германија и доктори од Америка. Како политичарите имаат огромен ќар од сето тоа и веќе никој не им верува.
    Работам во аптека, можам само да ви кажам дека сме преуморни, препренаработени и престресирани. И овде фалеа основни работи, почнувајќи од витамин Ц, парацетамол, луѓе кои се обидуваа да земат рецепти на сумамед и хидроксихлорокин само за да го имаат дома. моментално има дефицит на витамин Д, и изопринозин имуностимулатор, а вакцина против сезонски грип нема ни за лек. И седиме со респиратори по 12 часа дневно, преку заштитно стакло, додека луѓето чекаат ред а редот понекогаш е огромен и само се надеваш дека нема на некој да му пукне филмот и да дојде и да почне да ти вика, а и тоа се случило. О да, и саботната гужва во маркетите, затоа што еден ден во неделата се е затворено.

    Тоа имав да кажам, чувајте се, не сум баш во нашата каша ама искрено, моментално сите се вариме во истата.
     
    На Purplelilac, azelea, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    Јaс пaк мислaм декa пoгрешнa прикaзнa е декa здрaв чoвек кoј се хрaни рaзнoвиднo имa пoтребa oд секaкви суплементи. Имa дoстa витaмини, минерaли и хрaнливи сoстoјки вo хрaнaтa. Акo oдреденa хрaнa избегнувaш или не мoжеш дa си дoзвoлиш дa јa јaдеш пoчестo a изoбилувa сo oдреден витaмин или минерaл, мoжеби тoгaш ти требa суплемент. Нo декa требa редoвнo дa пиеш секaкви витaмини зa дa пoјaчaш систем, пoгрешнo спoред мене.
     
    На orevokrsacka, CameliaMiller, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.215
    Допаѓања:
    145.459
    Моја блиска со две дози сумамед, комплетен бронхит со снимка на ртг и температура, заради тоа што не исполнуваше уште еден услов, губење вкус и мирис не ја тестираа. Приватно нема у тој град, па со кола у Скопје, за да се тестира на приватно. Јбг, нечиј живот е повреден од друг.
     
    На mal.ecka и sanjaeva им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.215
    Допаѓања:
    145.459
    Сосема се согласувам. Вештачките витамини ги задоволуваат потребите и телото не прима од природните. Ама кај нас сите се си пијат.
     
    На mal.ecka и Bridget им се допаѓа ова.
  16. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    14.996
    Пол:
    Женски
    Де бре аман,цела Европа колабрира со вирусов вас пак Филипче ви е крив,тешко него,да бев на негово место досега оставка ќе си дадев па снаоѓајте се сами или нека дојде некој поспособен според вас.
     
    На Leviosa2503, redhead и bicycle им се допаѓа ова.
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    4.612
    Пол:
    Женски
    Скоро истите правила ко во чешка ќе важат од понеделник и кај нас во Германија само што децата ќе одат на школо нема да е онлајн . Исто реагираат и тука луѓето. Се придржуваат заради казните, но со живците се при крај.

    Проста раја има секаде, го користат и тука последен викенд без официјално строги мерки за да прават свадба.
     
    На Purplelilac, azelea, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    4.612
    Пол:
    Женски
    Да ама во цела Европа не си плаќаш тест сам ако имаш симптоми и не одиш со преполн градски на работа. Колку ли години плаќав здравство во МК пред да се иселам, зошто? За да морам на моите да им праќам пари за тестови , затоа што се учители на над 50 и мораат на работа. И тие плаќаат здравствено цел живот. Два пати месецов правеа тест, цела плата за тестови им оди.

    Во Европа кај се тестовите без пари, па уште наставниците, медицинскиот персонал и продавачките во маркети добија плата плус за ризикот шо го прават.

    Филипче си прави бизнис со приватните клиники, тоа е факт пред кој не може да се замиже. Во друга држава дебело би одговарал за смртта на десетици луѓе.
     
    На Harper, Kitten, Purplelilac и 13 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Не секакви, ама магнезиум скоро секому му е потребен заради начинот на живот.
    Д скоро никој со канцелариска работа не добива доволно.
    Други начини на исхрана поттикнуваат друго недостатоци.
    Не реков дека секој треба да пие сѐ, многу суплементи можат и опасни да бидат во одредени случаи ама дефинитивно нашиот начин на живот и исхраната влијаат на тоа колку и што троши нашиот организам.
    Не сме градени за животот кој го живееме, па затоа потребите на телото ни се други. Тоа е тоа.
     
  20. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    14.996
    Пол:
    Женски
    А колку има дома што си ќутат и нејќатда се тестираат,свесни сте?
    Ако тестовите беа толку лесно достапни за сите еден куп хипохондрици ќе се тестираа нон стоп,тешка е целата ситуација за менаџирање,од дома на тастатура е најлесно.
    Друго,ќе излажиш ти осигурителна компанија за да ти даде пари па онака ќе штанцаш мртви од корона демек тие нема да проверат? Па поголеми преваранти од осигурителни компании нема,ќе се осигураш од пожар и после ќе ти речат ааа не тоа важи само ако е подметнат,пример и еден куп цаки нивни,така да во тие причи не верувам ама ич.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.