Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.527
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Јас многу време сум дома, од март, а и секако имам алергија од сонце и мигрена па мислам и 2000ие ми е малку. :D Ќе ја намалам дозата да помине уште некој ден ризик од мажот ми и да видам дали утре ќе е негативен на тестот .


    Инаку денес му е последен ден од изолација, прв пат се јавија од полиција на мобилен и само го прашаа дали е дома. :D (facepalm)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    Мене па лекар кога ми даваше терапија ( не за корона) ми препорача да пијам 4×500 во текот на денот не одеднаш, бидејќи вит ц од 500 мг полесно се апсорбира во организмот.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    А само кога ќе помислиш дека да не беа приватните тестови, асимптоматските немаше да бидат откриени и ќе ширеа наоколу без да знаат. Оно секако се случува тоа и сега, зашто пак ги има куп такви.

    Само маска да носиш да не заразиш друг.
    Ти како ќе поминеш, шое битно.

    И за сумамедот, и матични знам куп препишувале и дупли дози кај пациенти со лесни симптоми...
     
    На jacqueline.s и BlackNight им се допаѓа ова.
  4. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    14.618
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам со ваков притисок шо ќе ти е фотеља,башка не гледам зошто дебакл,хорор ситуација е секаде,да стави карантин ќе го распнат за економијата,не става карантин пак е крив луѓе умирале,со ваков непогоден народ таман сме за Северна.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.675
    Допаѓања:
    192.531
    Не е ова класна дискриминација? Се читате ли што пишувате? Народ нема пари за леб, не за приватни тестови. И колку пати така, секој месец, два пати месечно? Не смее тестовите да бидат индивидуална одговорност, не смее да ги шетаат луѓето низ државата за тест. Ничија друга одговорност не е освен на власта.
     
    На Kitten, CameliaMiller, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.796
    Допаѓања:
    41.896
    Пол:
    Машки
    Една капка има 100 или 1000 ИЕ?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Toкму и јас сакам да го кажам истото. Не ги обвинив дека шират, пошто секако не знаат.
    Треба државно да се тестираат повеќе, не само тие со температура, пошто луѓе немајќи друг избор се тестираат приватно, а не само за да се покажат како одговорни демек ете се тестирав, а пак после и тие асимптоматските ги бројат во позитивни.
    Може и јас сум фатила и поминала без никакви симптоми, ама не сум видела потреба за тест и сум заразила некој без да знам.

    Сакам да кажам не може Филипче да вели дека прават се во нивна моќ, кога голем дел сами си плаќаат тестови и голем дел не ни имаат некоја висока темп па од нив зависи дали ќе се најдат во таа бројка.
    Може никој да не дава пари за приватно, ама после пак ќе се граѓаните криви оти не се тестирале.
     
    Последна измена: 1 ноември 2020
  8. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    21.492
    Пол:
    Женски
    Другар на татко ми, со симптоми, со сe буквално, матичната го врати со изговор дека немаат тестови на државно. Да чека 10тина дена за термин или да се тестира на приватно. А човеков буквално беше со температура од 40 степени, омалаксаност и кашлица. Овој и вратил како не им е срам. цел живот здравствено плаќал и сега кога највеќе му треба да ги искористи придобивките од тоа, го пушаат на гладно срце да плати плус 3000ден. И и рекол дека не се тестира воопшто, дома ќе седи со симптоми ама толку пари за тест не дава. Дал огромна сума пари за витамини и антибиотици, немал вишок пари и за тест. И во право е. Ситуацијата катастрофа е. И не, не е народот ич крив, се знае убаво кој е виновникот тука. Ама нели, слатка е фотелјата и парите кои капнуваат.

    Шо мислите, кај одат парите донирани од СЗО и сличните такви организации?
    Ама не, подобро е народот да го направат стока непослушна, а власта нешто као многу загрижена, кутар Филипче не можи со Македончето на крај да излези. Коа ќе ми текни дека го жалевте на пресови, многу загрижен изгледал. :rofl::rofl: Беше загрижен да, одбираше автомобил за сопругата.
     
    На Harper, Kitten, manako1 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Кај мене не се плаќа тест од џеб (Австралија) не знам само на кој му текна таму да се наплаќаат.

    Еве колку тестови се направени, над 8 милиони а се вкупно околу 22-23 милиони популација, значи 1/3 од народот е тестиран,
    EDA3D368-8399-43C7-800A-2FD5996E57B6.png

    Кај мене во Мелбурн од денес сме со донекаде релаксирани рестрикции, точно 15 недели бевме во скоро целосен локдаун, од 15 јули па до денес.
    Кога почнаа да скокаат бројките и беа по 400/500 па и повеќе на ден, бевме во 6 недели не можеш да претнеш локдаун, се намалија малку бројките продолжија уште шест недели, со тоа што ќе можеш до километар од дома да вежбаш, уште се намалија бројките, продолжи локдаунот со тоа да можеш до 5 км од дома да шеташ/вежбаш.
    Од денес со 0 случаеви во последниве 7 дена може до 25 км од дома да прошеташ.
    Се справевме со ковидот до некаде со најстрогиот локдаун во светот, имаше по некој протест, има луѓе што не почитуваа ама си им репнуваа огромни казни и така најголем дел ги почитуваа мерките.

    За време на локдаун значи можеше на работа да се оди,каде мора да има физичко присуство се друго од дома се работеше, до продавница ако мораш, преферираа онлајн пазарење со бесплатна достава на се, до болница и толку, нема гости, нема журки, нема ништо.

    Еве @WildMk предлог акција, ово за децата што немаат интернет, тука сите оператори имаат акција, како сакаш наречи ја каде можеш да ја донираш датата за деца кои имаат потреба од тоа, еве тргни од тука, направи еден чекор напред.
    3724F6CC-EE85-4562-8DC8-2B4340EE7AB7.jpeg

    Јас и мм ништо не пиевме после ковид 19, ни рекоа само да си внимаваме на имунолошкиот систем зошто не знаат како ќе влијае ковидот па на природна база си го билдавме.
     
    На CameliaMiller, Doozy, Purplelilac и 8 други им се допаѓа ова.
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.527
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @bittersweet не се наплаќа ни овде преку матичен, ама проблемот е што нема слободни термини за тестирање и се чека многу. На приватно мора да се тестираат луѓето или да чекаат.
     
    На mal.ecka и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    9.333
    Пол:
    Женски
    Прашање : пред три месеци кога се тестиравме од фирма излезе дека имам антитела.
    Незнам дали тоа сигурно значи дека сум го прележала и дали ќе ме заштитат ,пошо во моментов пак имаме позитивни?!
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    37.466
    Пол:
    Женски
    Мене ми објаснија дека обичниот витамин Ц од 500 кога го пиеш се апсорбира веднаш во телото и телото искористува колку му треба во моментот, остатокот го исфрла, додека тој од 1000 со продолжено дејство, цел ден се апсорбира и како таков многу подобро се искористува.
    Точно ли е ова?
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Пунктови немаат направено?
    Тука на секој чекор што се вика има пунктови, на паркинзи пред болниците, пред шопинг центри итн, седиш во кола, доаѓаш на ред и ти земаат брис и си одиш, не излегуваш од кола.
    Мене дома ми правеа зошто на работа се заразив, за да се вратиме на работа моравме да имаме 3 негативни теста, сите дома направени.

    За таму знам комшиката требаше да се оперираа, не можеше без ковид тест кој они од болницата ја упатија да го направи во приватна болница, тоа е срамотилаци, ако немаше пари за на приватно ќе си умреше жената зошто и беше итна операцијата.
     
    Последна измена: 1 ноември 2020
    На CameliaMiller, azelea, NarCis@ и 6 други им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.557
    Допаѓања:
    289.408
    И мене така ми ја објаснија разликата помеѓу некои поскапи и некои поефтини витамини...дали ме лажеле не знам.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    И татко ми не сакаше да се тестира. Имаше рентген снимка плус сите симптоми на корона, сигурен беше што е. И не му се даваа пари на приватно плус пари за пат. Ама од инфективна им рекле дека ако не дај Боже дојде до влошување на состојбата, за хоспитализација подобро е да има тест оти многу се чекало, имало процедури. Е, само затоа се тестираше. Инаку матичен доктор го нема погледнато. Сѐ по телефон.

    По телефон и другарка ја лечат со сумамед, без симптоми. Демек превентивно. :!:
     
    На mal.ecka, christinnn и Cka им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    И кај нас (Италија) почна вака да се тестира некаде од септември мислам, со секоја помината недела само се развиваа овие тестирања, пунктови, драјв тест од кола и сличните, пунктовите работат 24 часа, еве од сега почнаа да се тестира и кај матичните, одиш те прегледува ако си за тестирање сте тестира, буквално што викаш имаш опција каде се сакаш да се тестираш од кола на пункт 24 часа кај матичен пред трговски пред школо и т н.
    Ова се е бесплатно.

    Искрено многу сум изненадена од Италјаниве околу оваа проблематика, вака мислам, со масивно тестирање ќе успее да се сотре вирусов.
     
    На Konfetka, sanjaeva, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.527
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Нема така. Не знам за другите градови ама овде мислам на две места се тестира преку матичен бесплатно, уште 2-3 лаборатории приватно и тоа е за цел град. Нема термини за тестирање по цела недела и повеќе.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.796
    Допаѓања:
    41.896
    Пол:
    Машки
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2449 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-397, Куманово-22, Дебар-2, Штип-34, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-7, Велес-44, Битола-31, Охрид-21, Кавадарци-26, Гостивар-30, Гевгелија-4, Струмица-37, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Кочани-17, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Виница-6, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-4, Кичево-15, Ресен-5, Неготино-4.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од: Скопје-125, Куманово-24, Дебар-14, Штип-12, Прилеп-9, Тетово-34, Струга-1, Велес-4, Битола-9, Кавадарци-2, Гостивар-4, Гевгелија-7, Струмица-30, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Кочани-32, Пробиштип-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-5, Делчево-24, Свети Николе-5, Кичево-5 и Ресен-1.

    Починати се 10 лица, четворица пациенти од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.527
    Допаѓања:
    260.889
    Нормално дека има и поквалитетни, Синерџи се добри, Now итн. Ама нели има и поефтини кои вршат работа, се зависи од буџетот колкав ти е.

    Суплементите се скапи. Не само сега. А и не знам колку е од корист сега да пиеме високи дози. Имунитет не се гради за една недела. Не е само пиј Ц и цинк.
    Битно е и да имате добра апсорпција во цревата.
    На мене раните на кожа од пред да откријам шо мака имам, уште ми стојат белези. Откако ги средив цревата, еве цинк не пијам и се средив малку.
     
    На ALISA0000, CameliaMiller, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    А всушност како им е кажано на матичните да постапуваат со ковид пациенти или такви со симптоми?
    Нели пошо намерно се велеше да не се оди во ординација. Дали имаат обврска да го прегледуваат лично или? Дали одбиваат зашто им е страв?
    Прашувам само зашто некако како што кажувате баш ко да им е страв и затоа лечат по телефон само.