Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Хипотетичко решение за една хипотетичка ситуација.
    Кога ќе исплива сета прљавштина од циркусов на виделина, а ќе исплива, што све не испливало, да бев вие, ќе си ставев кловновска капа.
     
    На buba4e89, zuto и Herrera им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    А кај нас обавезно ги шеруваат некои со Македонец пишани на фб и сонциња од Вергина :D
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.888
    Допаѓања:
    41.385
    Пол:
    Женски
    Прашањево ти е ...душо, ако луѓе кои во ек на пандемија трчаат да бацуваат мртовец ти се доказ дека нема вирус и те замислуваат во што да веруваш, преиспитај се малку и не се збунувај толку лесно.Тоа што никој ништо не презел покажува дека властите ни се на исто мизерно ниво.

    Сигурна си кои треба да си стават кловновска капа? Не негирам дека има работи што не се онака како што ни ги претставуваат нашите свети владетели, не негирам дека медиумите се хранат од паранојата, ама фала богу не сум ни до толку да негирам очигледни работи, како преполни болници.Уште па помалку се дрзнувам да ставам знак прашалник дали воопшто има пандемија, тоа е веќе скроз без допир со реалноста.
     
    На tinka-mace, candy.cane, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161
    Едвај чекам да дојде моментот кога ќе се избистрат работите , биче интересантно :~:

    Битно им успеа да им удри на психа на голем процент на народот и најбитното да ги заплаши :bandit:

    Како бе не ме фати мене Корона да си направам споредба дали е навистина толку опасен вирусот ко што го кажуваат , барем да видам дали е покритично од моите здравствени проблеми што ме фаќаат на секои 2 - 3 месеци и чувство како пред умирање , со тешко издишување и вдишување ?

    Баш имам пишувано на форумот за мојот проблем, до душа пред некој ден пак ме фати и пак си завршив во болница и воскреснав , веќе и не е интересно моево умирање на секои 2- 3 месеци.

    Туку почнат е Ноември месец, во исчекување сум да се разболам како и секоја година традиционално, до сега нема поминато ниту еден месец Ноември а мене да не ме фати грип.


    Никој никаде не негира дека има вирус, одсекогаш постоеле вируси , ништо чудно, нека си го вирусот.

    Проблемот е тој факт што ти го спомна секој ден се труби на медиуми --ПРЕПОЛНИ БОЛНИЦИ и бројки.

    Као демек болниците пред тоа не биле полни. Еве чекавме да најават да започне ширење на Корона вирус и да потенцираме како тоа болниците се преполни и дека умираат луѓе.

    Па секој божји ден умираат луѓе.

    Не мораше да чекаме Корона за да ни потврдат дека секој ден умирале луѓе.


    Се обидов на најпрост начин да го напишам мојот коментар оти слабо се разбираме.

    Значи, никој не негира дека има вирус, нека си го вирусот ,,,,,тоа што ние неколку членови го кажуваме е дека друго се крие зад Короната и дека мисијата за страв кај народот е успешна.
     
    На Milan93, zuto, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.663
    Допаѓања:
    15.869
    Жално како умираат :(.
    Тој 37 годишниот од Струмица на мм цимер од студентските денови,го знаев лично човекот;(.

    Инаку кај мене на работа од пет луѓе што сме во канцеларија две колешки и еден колега ми беа во изолација поради позитивни во семејството,тој колегата втор пат оди во изолација,првиот пат ради жена му од работа,само двајца работиме,плус јас трудна,не паничам само си пазам,друго немам што да правам.
    На колегава баба,дедо и шура му беа позитивни ,сите со симптоми,едниот хоспитализиран во болница во град на истокот,вика немале во болницата кислород доволно,пациент што лежел со него во болницата им починал за пет минути не го дочекал кислородот што го чекале од Скопје:(.
    На колешкава сопругот беше со лесни симптоми и излезе од изолација,отишол нешто да работи физичка работа,кога почнал да се гуши,една паника кога го фатило правец болница ,му дале сумамед и за димерите терапија,дека истите покачени,а претходно од матичната по телефон само витамини.Истиот не веруваше во вирусот,инаку здрав,спортува,се храни здраво...
    На другава колешка ќерката 21 годишна,од колешка на работа се заразила,никакви симптоми,само одвреме навреме чувствувала некоја чудна болка во градите,вика како некоја дупка ,до сега такво нешто не осетила,пиела сумамед и аспирин.
    Сакам да кажам секаде различно ќе изреагира организам,нема правила,останува само да се чуваме.

    А за маските и те како штитат ако се носат правилно,еве пример ми е фирмата каде што работи маж ми,може едно 50 луѓе се по канцеларии,кои не се баш океан систем,ама во тој стил некако и до сега никој се нема заболено.Но од самиот почеток во март месец си направија менаџментот протоколи и нема отстапки од тоа,на врата им се мере тт,маски секоја недела на биро го чека секој вработен нови н95 и хируршки им ги даваат од таму, и изговори нема сакаш неќеш да носеш,летово им правеа скрининг на сите вработени со тестови преку крв,бидејќи околу нив имаше од други фирми соседни многу заболени,па ради заштита,и само кај двајца имаше некои отстапки во антителата и одма во изолација и им правеа пцр тест,за да се сигурни.Нон стоп ги контролираат дали седат со маски,ако на некој не му е добро или е настинат нема идење на работа,одма дома го праќаат,во кујна нема јадење повеќе од двајца и така,значи се се може ,ако се сака и со добро менаџирање.
     
    На rainbowmama, Ева33, oblace1 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    А зошто воопшто имаш потреба да правиш споредба? Јас ни едното, ни другото не би ги сакала. Зборите како другиве болести да се убава работа, па сега да споредуваме која е поубава.
     
  7. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161
    Не, не :shake:

    Кога детално се читаат некои постови на темата се добива впечаток дека нема лек за Корона, готово луѓе чувајте се да не се заразите, нема спас, готово, ќе се испушта душа, ситуацијата е алармантна.

    Значи она што се прикажува е дека од Корона само се умира и тука се става акцент кај делот умирање од корона, готово, крај на светот.

    Арно ама има луѓе кои оздравеле , значи не било толку страшно, не треба да се плаши народот, е тоа е она што фали да се спомнува во темата , сепак можело и да се прележи короната, кој со каква терапија е лечен не е битно, туку битното е дека останал жив.
     
    На buba4e89, WaitTillTheEnd, jagoda777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    785
    Некој прашуваја од кај да најдат Screenshot_20201104-090944.png
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.888
    Допаѓања:
    41.385
    Пол:
    Женски
    Па не е баш така.Македонија е барем мала земја и се се знае, лесно можеш да дознаеш дека напливот на пациенти не е ист како во други периоди.Секој ден умираат луѓе, точно, ама збориме дека сега имаме раст на хоспитализации поради корона, плус луѓе што се примаат поради други болести.Значи короната ја додаваме на сето тоа што постоело од претходно и така како последици имаме многу работи, на пример немање доволно кадар и ненавремена хоспитализација.Не е толку тешко ова да се сфати, сите имаме барем некој кој работи по болници и може да каже што и како се одвива.Токму поради ова се и сите мерки, за да не се блокира целосно здравствениот систем, зашто на крај ни со корона ни без корона нема да може да се добие соодветен третман(а ова моментално се случува).
    Е сега дали треба постојано да се збори за ова, не, ама треба да се знае и да сме свесни.
    Не е здраво ни да се седи во стаклено ѕвоно, постојано под влијание на вести и интернет, ама од друга страна прекршување на сите мерки е само израз на себичност.Балансот е најдобра работа.
     
    На tinka-mace, Spidy, oblace1 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Шо прајме со луѓето кои немаат пари да се тестираат и лекуваат на приватно?

    Мора да намалите со дружењето.
    На нула.
    Барем овие неколку месеци, дури е ладно.
     
    На tinka-mace, mal.ecka, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.888
    Допаѓања:
    41.385
    Пол:
    Женски
    Неколку месеци е премногу голем период за да не се видиш со никого.
    Тоа и горе го кажував, мора да има средина, ќе се видиш со луѓе ама истовремено ќе запазиш мерки.
     
    На H.VAGA, tinka-mace, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Ај да се видиш, ама надвор, не внатре.
    На затворено, и со маска, скоро 100% е шанса да се заразиш.
    Ако не е проветрено се акумулира количината на вирусот уз време.
    А луѓето знаат со саати да заседнат.
     
    На tinka-mace, mal.ecka, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.936
    Допаѓања:
    143.105
    Извини што одиме на работа и маркет...
     
    На Harper, kukla21, Dust и 18 други им се допаѓа ова.
  14. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Се согласувам скоро целосно но ова со хоспитализирани воопшто не е мала бројка.
    857 хоспитализирани ова е највисоката бројка од почетокот на епидемијата.
    Ако може некој да најде дали некогаш имало повисока бројка на хоспитализирани или приближно во Македонија.
     
    На fana и Herrera им се допаѓа ова.
  15. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.380
    Допаѓања:
    5.868
    Пол:
    Женски
    А тие што одиме на работа на затворено? Некои ротираат, некои не и седат во канцеларија по неколку луѓе? Во ред, носат маски, ќе отворат прозор, ама што кога е ладно, кога врне, истура, кога ќе се загади, ако не е веќе загадено. И да се ротира, има состаноци, работни средби и слично. Не е гледање само со луѓе по желба, има и други ситуации од кои ни зависи егзистенција. Тоа е.
     
    На fana и tina2018 им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.401
    Пол:
    Женски
    Нели некој ако бил во близина на заболен треба да е во самоизолација исто, а не да искача?
    Ако одговорот е да ќе земам ќе се обесам и себеси и персоната.
     
    На fana и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    На работа мора, дружење не мора
    Зошто дополнителен ризик да правите?
    За вас ова, не за мене...

    Башка што на работа, фирмите треба да имаат спроведено протоколи за заштита.
    Ако нема услови за работа, работодавачите треба да инвестираат во обезбедување на бараните услови.
    Башка што, државата треба финансиски да ги помогне оние фирми кои прават мал обрт.

    Како на запад де...
     
  18. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Колку што знам од совети на медицински лица, после прележување на вирусов неколку месеци лицето не смее да работи тешка физичка работа. Е сега ако станува збор за човек чија професија е таква, а боледување не може да земе со месеци... :|

    Па Херерке и нема еден универзален лек за вирусов и токму од таму потекнува стравот. Но, се согласувам дека страв не носи ништо добро, само внимателноста.
     
    На azelea, GrimTheReaper и Herrera им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    Апсолутно не е здрава паниката. Ама ставот ништо страшно како што често исто така се прикажува на темава е само другата страна на паричката. Подеднакво не е ок колку екстремна паника.
     
    На WildMk и Herrera им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Не смее да 'не може' да земи.
    Ако доктор одлучи дека треба да ти се издаде боледување (колегиум за продолжено), нема 'преговарање'...