1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.209
    Допаѓања:
    145.401
    Пред месец дена ги вратија хроничните на работа. Мислам дека се прави природна селекција веќе, се болно и старо да умре. Ако им беше гајле ќе преземеа мерки, не да остават на народот, кој ни е практично необразован, глуп и не верува во болест.

    Иначе, видете докторки и сестри што твитаат

    https://mobile.twitter.com/2eyeshadow/status/1324085921860472833

    За жал, само Господ на помош сега.
     
    На WildMk, cresa-jagoda и dunika им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.680
    Допаѓања:
    64.801
    Пол:
    Женски
    Вистина е ова.
    Сами си ја плаќаат специјализацијата, не се осигурани, дежураат многу, многу често исто за без пари.

    Јас досега имам испратено 4 другари, сеа и 5 ќе иде за Дојчланд. На последниов почетна плата 14.000 му понудиле, непријавен. Фати, научи Германски и зеде виза. Тоа зборам јас од почеток на пандемијава дека допрва ќе се види импактот од одлив на мозоци.
     
    На green.eyes, cresa-jagoda, noteforself и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.209
    Допаѓања:
    145.401
    Имаше идиотски закон кој викаше ако државата ти плаќа специјализација, потпишуваш договор дека 20 год ќе работиш во јавно здравство. За жал, некои прифатија и потпишаа, ама веќе со години државата не им плаќа на болниците за специјализантите и ако сакаат да продолжат, сами си плаќаат партиципација. Договорот тогаш не важи, а младите доктори се со кредити до гуша бидејќи плаќале специјализација. Плата зимаат 23 000 денари. И како да не си одат од северното дно? Анус на светот сме. И ги тепаат низ клиники....
     
    На cresa-jagoda, noteforself, темјанушка и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Veta

    Veta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    2.925
    Пол:
    Женски
    Под итно локдаун, од ден на ден е се полошо. :envy:
     
    На cresa-jagoda и KidA им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.252
    Допаѓања:
    204.982
    Настрана идиотски закони и плати. Ај некој нека ми објасни како тоа може некој да нема здравствено осигурување. Некој правник, доктор, шодае....пошто све разбирам ама тоа нема осигурување не разбирам. Се трудам, не ми оди. Мислам во матична држава ако немаш здравствено, штознам... Невработен има здравствено? Пензионер има здравствено? Затвореник има здравствено?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    5.912
    Пол:
    Женски
    Види ги Прилеп и Куманово (пукнала првата пушка
     
    На glosipgirl, Feminka22, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Битола кажаа дека не ги тестираат сите од едно семејство со позитивен дома и плус нема на приватно, затоа овие бројки се далеку од реални.
     
    На fana и LejlaD им се допаѓа ова.
  8. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.351
    Допаѓања:
    221.963
    Пол:
    Женски
    Едвај 50 000 дали сме:?:,бевме 70 000 ама и бааѓи заминаа од тогаш
     
    На Herrera и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.209
    Допаѓања:
    145.401
    1200 на ден заболени, сите одат на работа, градинка, кафичи кафеани отворени, се си тече ко да нема болест.

    Народот не верувал во ковид?! Власта не верува, затоа се си тече нормално.
     
    На Harper, LovelyGirl3, LejlaD и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    И мене тоа не ми е баш јасно.
    Секој може да има здравствено, и невработен.
    Зошто немаат, и мене ме интересира
     
    На cresa-jagoda и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.209
    Допаѓања:
    145.401
    Оти треба некој да ти плати здравствено :) они не можат да се пријават у агенција како невработени оти се, ама државата не плаќа у фондот здравствено за нив.

    Они се доктори кои мораат да платат за лечење.

    РЕАКЦИЈА

    ПОЧИТУВАН МИНИСТРЕ,
    Денес сите катедри ја добија вашата наредба за сите специјализанти од сите области (освен гинекологија и педијатрија) да се јават во регионалните Ковид центри на работа. Во однос на наредбата, приморани сме вака по јавен пат да ви доставиме РЕАКЦИЈА од причина што ЗЛС повеќе пати нагласуваше дека овој момент ќе биде неминовен и проблемите кои се таложеа мора да се разрешат итно.

    Специјализантите сметаат дека имаат должност да помогнат на своите пациенти во услови на пандемија. Но, јавноста треба да знае дека најголем дел од приватните специјализанти НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ и ДЕЖУРСТВАТА НЕ ИМ СЕ ПЛАТЕНИ. За овој проблем имавме повеќе состаноци и Ви беше јасно ставено до знаење дека нивното дополнително ангажирање во ковид центри е во најмала рака нехумано. Веќе имаме случаи на приватни специјализанти кои заболеле од Ковид-19 на своето работно место, па прегледите во јавното здравство морале да ги платат сами и одбивале хоспитализација поради тоа што не можеле да си ја дозволат! (пример во прилог). Покрај ова, дел од приватните специјализанти работатат и како матични лекари и водат Ковид19 пациенти, со што се отвара прашањето каде и со кои пациенти треба попрво да работат.

    Понатаму, во дописот се повикуваат и сите државни специјализанти, но очигледно организаторот во Министерството не знае дека скоро сите државни специјализанти ВЕЌЕ РОТИРААТ во своите матични установи и во Ковид центрите или Брза помош низ државата. Мал дел кои не дежураат, сепак ротираат со РЕДОВНО РАБОТНО ВРЕМЕ, како родител на деца под 3 години (а другиот родител дежура во Ковид центар), самохраните родители (градинките не работат 12 или 24ч, ниту викенди!) или имаат сериозни хронични заболувања, но одлучиле да помогнат со лекување на пациенти со работа во т.н. жолти зони каде експозицијата на Ковид19 постои, но е колку што е можно ограничена.

    Во изминатиот период се одржаа три состаноци на темата со специјализантите од 5та и 6та год. каде беа изнесени сите овие отворени прашања и за истите не добивме одговор.

    Во време на падемија додека сите држави низ Европа го наградуваат медицинскиот кадар со зголемување на платите од 100%, ние говориме за елементарни услови за работа и остварување на законски или човекови права.

    Во тек на 9 месеци пандемија имавте време да ги разрешите сите проблеми и да се направи идеална организација на кадарот, каде секој доктор согласно својата специјалност и способности ќе биде најкорисен за чување на здравјето на популацијата. Наместо тоа, добиваме итна мобилизација, со многу стрес, хаотичност, нејасни и недоискажани услови за работење, а веќе сите сме преморени.

    Јавно го прашуваме Министерот, дали и понатаму вака ќе се грижите за Вашите доктори, за нивното здравје и добросостојбата на нивните семејства?
     
    На Anie93, LejlaD, Angie1432 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.252
    Допаѓања:
    204.982
    Што е ова реакција? Јавно прашување?
    Не се пишува реакција!
    Мене не ме интересира кој е и кој ќе биде министер, премиер, кадија, ме интересира државата да не прави криминал против човештвото.
    Се пишува барање, барањето вели- согласно здравиот разум и уставот, секој треба да има здравствено осигурување. И ако е волонтер, таму кајшто волонтира, треба да му платат осигурување. И да е чистачка и да е доктор. Не е ова некој луксуз, елементарно право е здравствената заштита.
    Не, не барање, УЛТИМАТУМ. Еден папир треба да побараат и еден папир да им потпишат и толку. Сето право и преговарачки позиции ги имаат. Озбилно, ако не знаат да напишат, јас ќе им напишам:nod:.
    Абе елементарни работи не се решени, они пандемија ќе решеле(facepalm)

    Sue the hell out of them....

    Пс. НЕ сегде во Европа покачиле плати на здравство:shake:
     
    Последна измена: 5 ноември 2020
    На oblace1, LejlaD, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Наредба добиле бе, на кого даваат наредба без здравствено осигурување.
    Штета што е се' на сметка на народот, конкретно одливот на медицинари, па ќе дојде и ден кај што уште повеќе ќе нема ни сестра ни доктор пошо сите паметни што се, ќе си фатат пут под ногама од овде.
    Ама ако, акоооооо, народот е тој што се тепа меѓу себе на слави и имендени бранејќи политичари што се богатат на сметка на народот. Е сега требало да бидат хумани, кај им била хуманоста.
    Хуманоста им е на истото место кај што е и хуманоста на народот кој си молчеше додека медицинарите и пред пандемијава укажуваа на проблеми.
    Наредба добиле.
    Може само молба да добијат, повик, ако некој сака, а наредба мало морген.
     
    На Anie93, 1112, LejlaD и 10 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.900
    Британи Марфи, а некој месец подоцна и нејзиниот сопруг, не починаа поради грип, туку поради црна мувла во домот.
     
    На Dentina, Nausicaa, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Има уште државни специјализации, зашто викаш дека нема.Потоа остануваат да работат во болницата каде што се вработени, бидејќи додека специјализираат земаат и плата од истата.Потоа може да дадат отказ со тоа што враќаат средства колку што инвестирала институцијата во нивната едукација.И плус треба да одработат број на часови во истата.Не е 20 години инаку.
     
  16. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Не починаа од бронхопневмонија?
     
  17. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Добро а зошто Филипче до сега ниту еднаш не ги напиша вкупното хоспитализирани кога ги објавува новозаразените?
    Ало имаме 951 хоспитализирани дали народот е свесен за ситуацијата во Македонија?
    Испадни како министер и кажи ситуацијата е лоша немаме веќе кадар да лечи! Биди машко бе еднаш а не папагали да објавуваш.
    До сега сум била секогаш против карантини и затварања.
    Ама сега би прифатила одма и не ми се верува дека јас го пишувам ова.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.248
    Допаѓања:
    49.358
    Пол:
    Женски
    Точно. Имаше 32 години не 27/8.
    @WildMk
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.900
    Колку повеќе размислувам, толку најреална опција ми е ова - за мене.
    Оти само на работа имав контакт со позитивни, иако и јас и тие со маски.
    Нигде со никој не се гледав таа недела, освен до маркет што појдов локален, а таму ни 10 мин. не бев.
     
    На LejlaD, ivi1987 и Lilit им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.114
    Допаѓања:
    136.943
    Пол:
    Женски
    Ќе лета од функцијата ако го каже тоа. :D