Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.879
    Допаѓања:
    41.310
    Пол:
    Женски
    Скроз се согласувам со тебе, особено што гледам дека тука се потценува.И во право си, лутината треба да се насочи кон државата што не обезбедила, а не кон приватните што нашле начин да прават бизнис.
    Ама од друга страна, во време на пандемија да има луѓе што не можат да стигнат до болнички кревет, тоа па никако не можам да прифатам дека е ок.Ниту па да се согласам со идејата дека за некого здравјето треба да биде право, а за друг луксуз.За ништо не мислам дека треба автоматски да ти "следува", освен за здравствена услуга.
    Не е хумано, воопшто.
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Реков луксуз се приватните клиники, а не дека здравјето е луксуз.
    Тоа што нема болнички кревети се знае кој е крив.
    Што нема кадри, се знае кој е крив.
    И други разно разни проблеми, да не ги редам.
    Приватна клиника е приватна клиника.
    Не дека нашево здравство беше 10ка, блескаше, ама толку го падна пандемијата што побаравме помош од приватните.
    Зошто жан да дава бесплатни услуги од хуманост?
    Зошто не речат политичарите еве ќе донираме од сопствен џеб?
    Зошто не се тие хумани на тој начин?
    Зошто не беа судиите хумани кога требаа да земаат минимална плата од 14 000 ама не сакаа да се откажат?
    Зошто бараме од приватна клиника хуманост кога пред некој ден излезе најновиот циркуз со тренирањето магаре?
    Наместо да бараме од приватна клиника хуманост, нели можеме да речеме тие парите од магаренцето, колку убаво можеа да се искористат во пандемијава.
     
    Последна измена: 7 ноември 2020
    На Harper, green.eyes, papillonP и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.400
    Пол:
    Женски
    Се најде некој паметен во темава.. браво
     
    На noteforself, buba4e89 и fana им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    И за тоа државата е крива, односно властите изминатите 20-25 години. И не е ни случајно. Кој во државава одобрил пари на Систина да се даваат?

    Да не мислите случајно пропадна јавното здравство?
    А народот дава пари ако може зошто реално нема избор.

    Дај Боже да не се соочите со посериозен проблем, ама има испитувања што не се ни прават на државно или ако се прават, чекаш дури и до година за термин.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    И жан и систина имаат склучено договор со фонд за прегледи и интервенции на срце, државата им плаќа, а ти можеш со упат од матичен да одиш и да те прегледуваат нивните лекари бесплатно.
    Ете таму одат тие "твои" пари.
    Што треба друго?
     
    На candy.cane и GirlRose им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    Она збори за помошта сега што ја добија, што реално беше крајно некоректно. Барем јас така ја разбрав.
    Ама и тогаш, не се они криви. Некој некако тие пари ги одобрил.

    Мене ми боде очи таа приказна за човечност и слично, луѓе приватен бизнис е. Профит секогаш ќе им е на прво место. Како и секој друг приватен бизнис. Не може да очекуваме да ни се сожалат.

    И да, не е фер што испаѓа некој да нема соодветна здравствена заштита, во совршен свет секој треба да добие соодветна нега. Ама треба на друго место да ги бараме причините. Не знам кој очекуваше од приватните болници да не го искористат ова за профит.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Зашто некоректно ако исполниле услов?
     
  8. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    Прашањево реторичко ли ти е?
    Има потреба да навлагаме во случај Систина пак?
    Пишано е на темава многу пати, не би навлагала пак.
     
  9. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Значи никој не бара од приватните да лечат бесплатно, туку корона позитивните да ги лекуваат со нормални цени за наш стандард.
    Кој и обичниот народ би можел да си го дозволи до некаде.
    А они знаат нема место/кадар во болниците. И бараат 10 пати повисока цена од таа што би била реална.
    Исто знаат нема тестови ти бараат 10× поголема цена од реалната за тест.
    Тоа што го прават за профит е гадно,бедно и никој не може да ми го смени мислењето за нив.
     
    На TheDongerino и noteforself им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    На Систина. Не знам за Жан Митрев.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Ами чаре?
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Во Уставот на САД не стои дека е социјална држава, во Македонскиот стои.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Имаат со Систина договор и за операции на катаракта. Да одиш да закажеш преку фондот во Систина, ќе добиеш термина за 2023та.
    СДК тие фарси со здр.услуги преку фондот во Систина и ЖМ се мачкање очи.
     
    На Tajnaotrovna, JuLleE, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.016
    Навистина не знам за друго, но конкретно за кардиолошка операција во ЖМ беше ептен за брзо закажано, ама не е баш дека не плаќаш, него плаќаш, а државата после ти рефундира.

    Така беше во овој единствен случај што го знам.
     
    На EuHenIa, candy.cane, GrimTheReaper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    За мачкање очи можеби затоа што не си видела.
    Свекрва ми имаше срцев проблем и матичната и закажа одма за наредниот ден.
    Ако немаш лично искуство како тврдиш работи кои не се точни?
     
    На simoncelicius и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Знам за случај на операција на срце покриена од фондот. Луѓето бркаа врски за да влезе нивниот близок во таа квота. Затоа не носи заклучок дека зборам напамет. И како што рече @CameliaMiller самата операција беше со партиципација, но од снимања до испитувања и болнички ден беше наплатено по редовни цени.
     
    На LejlaD и tina2018 им се допаѓа ова.
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.786
    Допаѓања:
    176.347
    Пол:
    Женски
    Познавам прилично многу луѓе кои се оперираат во ЖМ , преку фонд.
    Но без 1000ка ( евра) не знам да е прошол некој.
    Дали доплер на каротида, КС, дали магнет или КТ ..мора таму на приватно да се направи. Не ги признаваат тие резз од државно.
    Така да, далеку од 'без пари' се таквите операции во ЖМ
     
    На LejlaD, sanjaeva, mira.mira и 4 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Стасале вакцините за сезонски грип.
    Во ЦЈЗ знаете што било??
    Фаќање врски, оставање на страна,...

    Иначе сношти околу 20 часот ја подадов главата преку прозор да истресам нешто.
    Живеам на прометна улица каде вечито има гужва и коли.
    Абе жив човек немаше.
    Ставот влезе во коски...
     
    На LejlaD, sanjaeva, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  19. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Ништо ново ова, секогаш првата тура кај привилигираните одат, само сега на појако :D
     
    На Ambrosia, noteforself, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.112
    Допаѓања:
    154.997
    Пол:
    Женски
    Нема поголем бизнис од здравство и фармација, тоа е факт. Ама пак и вработените во приватните клиники треба да земаат плата, настрана богатењето на газдите. Сигурно без плата нема тој медицински персонал да се сложи да работи со Ковид пациенти.
    @sanjaeva Систина Офталмологија е посебен правен субјект, не е на ист газда. Листата за оп.на катаракта преку фонд е таа и за клиника и за кај нив, се чека со години. Искрено не можам да сфатам зошто кога се работи за пола саат операција, нема трошоци за болничко лежење, што приватно кошта докај 1000е, значи не е некој астрономски трошок за државава сигурно. Си чекаше моја блиска една година, на крај се скрпи некако и се оперираше приватно. За другава Систина и ЖМ кардиохирургија, торако васкуларна хир. е преку фонд, ама само операциите и некоја контрола после оп. Надвор од темава е муабетов :)
     
    На CameliaMiller и LejlaD им се допаѓа ова.