Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    СУМАМЕД и КОВИД-19

    Сумамедот е антибиотик со генеричко име азитромицин. Откриен од страна на група хрватски научници во 1980 година, а Плива го патентира во 1981 година. Под името Зитромакс, фармацевтката компанија Фајзер добива ексклузивни права од страна на ПЛИВА Загреб за продажба на овој антибиотик во западните држави. Се работи за антибиотик од групата на макролиди (кои се прототип на еритромицинот). Во 2005 година истекнува еклузивноста на патентот и овој корисен антибиотик почнуваат да го произведуваат многу фармацевтски компании под различни фабрични имиња (азимемед, азитромицин, зимакс, зитролид, хемомицин...). Со откривањето на сумамедот Хрватска стана една од малкуте држави во светот што имаат пронајдно нов антибиотик, кој од страна на СЗО е прифатен како неопходен (есенцијален) лек.
    Зошто е овој антибиотик едне од најкористените и најпопуларните во светот. Прво, има многу малку несакани дејства, има долг полуживот, се дава еднаш дневно ( што го прави многу прифатлив за дозирање од сите возрасни групи), го има во сите форми (сируп, таблети, ампуи. Второ, има доста широк спектар со дејство на голем број на бактерии, со што со еден антибиотик лекарот може да покрие повеќе болести (пример-респираторни: фарингитис, ангина, синузитис, бронхитис, пневмонија) и повеќе етиолошки причинители (бактерии). Трето, со ваков широк спектар се и терациклините, но тие се контраиндицирани кај деца и бремени жени, поради што азитромицинот стана лек кој се дава кај сите возрасти. Сепак азитромицинот како и сите макролидните антибиотици е лек на избор кај инфкциите предизвикани од таканарешени атипични (интрацелуларни) причинители, пред се хламидија и микоплазма инфекциите.
    Со почетокот на КОВИД-19 пандемијата, Сумамед (азитромицин) стана најпопуларен антибиотик, кој во почетокот се сметаше за единствен спас. Во голем број на држави на сите позитивни (со ПЦР) се даваше овој антибиотик, за среќа повеќето здравствени системи се откажаа од оваа нелогична, непотребна и штетна терапија. Притоа се заборавија основните начела од медицината базирана на докази во употребата на еден антибиотик. Прво, КОВИД-19 е вирусно заболување, антибиотиците (кои се наменети исклучиво за лекување на бактериски инфекции) немаат никаквоо дејство на вирусите. Вториот нарушен принцип е многу важен, давање на антибиотик за време на вирусн аинфекција е ШТЕТНО, поради супримирање на нормалната флора во горнореспираторен тракт. Теориите дека се дава Сумамед на вирусна инфекција за секој случај (не делува ама нема штета) се опасни. ЗА 6 дена колку што ка нас до сега се дава азитромицин (плус 68 часа дејство по прекинот на терапијата) ќе ги супримира бактериите, а азитромицинот делува на многу бактерии, така да евентуалната пневмонија која би настанала по прележување на вирусна инфекција, (општо познато и прифатено во науката е појавата на секундарни бактериски компликации, меѓу кои и бактериска пневмонија) ќе биде од бактерија која била резистентна, односно давањето на аитромицинот (за жал кај нас уште плус се додава и Панцеф, а неретко и трет антибиотик) немало никакво дејство на ова бактерија. Значи, пнавмонијата која ќе се развие после било која вирусна инфекција, а истата вирусна инфекција била лекувана со антибиотик, ќе биде од бактерија на која даваниот антибиотик воопшто не делувал. Матичните лекари треба да сфатат дека лично одговараат за секоја постапка и секој даден лек. Теориите дека некој од горе рекол да се дава Сумамед (и плус уште некој антибиотик) ќе ги доведе нивните пациенти во голема опасност, а тие како лекари нема да можат никако да се оправдаат зошто давале антибиотик на вирусна инфекција.. Уште поголема грешка е откако еден ваков пациент лекуван со азитромицин и панцеф, развие пневмонија, (која со сите параметри во крвта е бактериска), да се продолжи лекување со азитромицин и третогенерациски цефалоспорин. Давањето на Сумамед како анти инфламаторен лек кој ќе ги намали цитокините, пред се тумор некрозис фактор алфа, кај пациенти со КОВИД-19 е неоправано, затоа што досега во овие 8 месеци науката потврди дека нема цитокинска бура кај КOВИД-19, односно и ако се јави цитокинскка бура кај мал број пациенти, тоа е само кај ти што направиле сериозна бактериска компликација.

    Проф др Вело Марковски
    *******
    Ова го напишал на фб.
    Јас тука читав на некои матичните дури дупли дози им давале иако биле со полесни симптоми:drunk:

    Само го копирав текстот.
     
    На VDT2906, Cutiepie1, jacqueline.s и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Неделава, Комисијата за заразни заболувања ќе ја разгледува можноста за воведување на полициски час.


    Воведувањето на оваа мерка зависи и од тоа дали бројката ќе расте и каков ќе биде капацитетот на новите ковид центри во интерните клиники, дознава Канал 5 од извори од здравство. Микробиологот Никола Пановски за Канал 5 објаснува дека е потребен полициски час со цел да се намалат бројкте. Загрижувачки е трендот на починати и дали и колку ќе издржат здравствените работници во овие услови.

    „Треба полициски час, барем две недели. Сепак имаме движење на малдата популација. Требаѓше и порано. Јас уште во август реков да се воведе краткок час на старот на есента“, објасни микробиологот Никола Пановски.

    Ковид центрите во интерните клиники ги бројат пациентите со Ковид 19. На интерните клиники се предвидени 150 места, а одкако ќе се пополнат петте клиники место повеќе ќе се бара и на очната клиника и на Клиниката за уво, нос и грло, каде ќе има 100 кревети. Во последните 24 часа на Клиниката за неврологија и клиниката за кожни болести примени вкупно 29 пациенти. Во инистутот за белодробни заболувања има 54 пациенти. Во дел од клиниките каде не биле превидени да имаат потреба од поставување на кислород , се ставаат дополнителан опрема.

    Според докторите најголем број од пациентите скоро 90 проценти се на кислородна поддршка. Во болницата ГОБ „8 септември“ поставен е нов резеровар на течен кислород од 20 тони, досегашниот резеровар не ги исполни барањата на големиот број пациетни зависни од кислородно лекување. Дневно овде се троши минимум по два тона кислород. Од болницата објаснуваат дека дневно по 200-те пациенти со симптоми на ковид 19 доаѓаат на прегледи.


    https://kanal5.com.mk/policiskiot-chas-tropa-na-vrata/a447211

     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.334
    Допаѓања:
    28.168
    Може до 14 дена са има температура.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.405
    Допаѓања:
    279.470
    Пол:
    Женски
    Сто пати е прашано и пишано(facepalm) ама дур не тропне маца на вратанца не памтиш:
    После колку дена од ризичен контакт да се очекуваат сиптоми?
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Ако си заразена до 14 дена било кога може да ти се појават симптоми, а најчесто околу 5тиот ден.
     
    На Tajnaotrovna, LejlaD и mareane им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.916
    Допаѓања:
    142.972
    30 000 денари е годишно приватно осигурување за цело семејство. Кој би плаќал на ФЗО 2500 месечно за у државно да се лечи?! Со приватното се ти е покриено у Систина освен примарно здравство
     
    На Ariel, mssuniquee, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.078
    Допаѓања:
    46.120
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај здравството и осигурање јас сум сеуште осигурана како невработена иако поради тоа што бев во странство не се пријавував под бирото, па еве како 3 год не сум вработена, уште имам осигурање. Маж ми има преку мајка му бидејќи он работеше предходно тука некаде 6 год неосигуран и ете уште има, а јас на кој основ имам сеуште не знам.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана.
     
    На referentka и tina2018 им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.334
    Допаѓања:
    28.168
    Мора да имаш државно за да ти важи приватното. Заштитени се ФЗО.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1293 тестирања, а регистрирани се 515 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-207,
    Куманово-33,
    Штип-33,
    Прилеп-25,
    Тетово-17,
    Велес-21,
    Битола-22,
    Охрид-3,
    Кавадарци-16,
    Гостивар-16,
    Струмица-17,
    Крива Паланка-8,
    Радовиш-7,
    Крушево-1,
    Кочани-21,
    Пробиштип-7,
    Демир Хисар-3,
    Пехчево-2,
    Берово-10,
    Виница-2,
    Делчево-11,
    Кратово-1,
    Свети Николе-2,
    Кичево-18,
    Неготино-12.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1194 оздравени пациенти од:
    Скопје-508, Куманово-41, Дебар-9, Штип-50, Прилеп-80, Тетово-69, Струга-17, Велес-60, Битола-28, Охрид-37, Кавадарци-43, Гостивар-31, Гевгелија-19, Струмица-41, Крива Паланка-42, Радовиш-7, Кочани-30, Пробиштип-13, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-5, Валандово-4, Виница-1, Делчево-1, Кратово-4, Свети Николе-13, Кичево-24, Ресен-4, Неготино-7.

    Починати се 20 лица - тројца пациенти од Скопје (63, 67 и 75г), двајца од Куманово (85 и 62г), еден пациент од Штип (53г), двајца од Прилеп (38 и 46г), двајца од Тетово (36 и 55г), еден од Битола (79г) и еден од Охрид (74г), двајца пациенти од Гостивар (69 и 58г), четири пациенти од Струмица (70, 63, 48 и 65г), еден од Крива Паланка (67г) и еден пациент од Крушево (54г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
     
    На Tajnaotrovna, Ahoy и fana им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.436
    Допаѓања:
    120.008
    Пол:
    Женски
    И до одредена сума на интервенцијата покрива приватното не буквално се :)
     
    На NarCis@, tina2018 и M&M им се допаѓа ова.
  12. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Да се донесе полициски час од 21 часот, да нема групирање по казина и кладилници.
    Да се ограничи движење од една општона кон друга за да се забрани ширењето на вирусот, освен да биде за здраствена причина или за работа.
    Овие мерки да се донесат и да се намали притисокот врз болниците.
    И приватните клиники преку Фондот да примаат пацинети со Ковид.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.465
    Допаѓања:
    260.520
    Каде ова? Сериозно, ако може веднаш ќе си го земам, ама зависна сум јас од Клиника, оти брашно Систина не ми дава.
    Што точно покрива?
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    Ааа пресврт со бројкиве, да има само се повеќе оздравени. Него шо правиме со тие што имаат дома позитивен, а во меѓувреме се разболуваат уште двајца од семејството и немало потреба од тест пошто се знаело, а и немало термини... Каде вака, колку има вака шо слободно шетаат
     
    На Veta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.583
    Пол:
    Женски
    Ама тој е Вело Марковски... него никој не го слуша!!! И единствен изговор зошто не треба да се слуша Вело, и не е стучен да збора е: Остај го бе тој има млада жена!!!!
     
    На zuto, Sofi.ja, fana и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Amen :party:
     
    На Anie93, LovelyGirl3, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Абе колку е стручен не знам ама факт е дека антибиотик, особено јак не се дава туку така.
    Мислам и Пановски го кажа истото.
    И треба малце матичните повеќе да се ангажираат, не само плесни сумамедче и си завршил твоето.
     
    На zuto, srekice, princess5 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.109
    Допаѓања:
    154.965
    Пол:
    Женски
    Од полисата/премијата зависи. Има повеќе дополнително прив.здр. осигурувња, и не покриваат баш се, си има ем ограничувања во сума ем ограничување во однос на хронични и претходни заболувања. И не се сите понуди 30.000, има и пониски и повисоки, имам земено понуди од неколку места ама не сме се решиле. Во секој случај кој може да си дозволи не е на одмет, посебно за некои поитни акутни состојби.
    Ама ковид не покриваат, барем засега не
     
    На Herrera, Purplelilac, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.583
    Пол:
    Женски
    Инфектолог е, ваљда постручен е од било кој друг. А ете и Пановски истото го кажа.
     
    На fana, Cutiepie1 и Tan4ence им се допаѓа ова.
  20. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Матичниве малку да бидат по ажурни волекувањето, секој пациент да го третираат и тоа што му е потребно ттоа да му препишат, а не само колку да препишат нешто.Матичните се тие кои мора да ја следат ситуацијата.
     
    На zuto и Cutiepie1 им се допаѓа ова.