Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.402
    Добро, ама тој сензор е посебен, не е оној што го регистрира фингерпринт. Така разбрав јас. Мојот е самсунг 2018 и немам такво посебно сензорче, само за фингерпринт има.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    И јас еве исто ми е.5 ден од симптоми, само што немав температура.
    Чекам резултати од крвна слика, па за тест ќе кажат.Или мора да ми закажат тест без разлика каков е резултатот ? Не сум упатена ич во ова.Абе јас и маски и дезинфекции и дистанци и сеа ако имам закачено нешто уф, бар моите да немаат ништо, а јас нека имам ќе оздравам.
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.013
    Нема секој модел, само S и Note линиите, од S5 нагоре и од Note4 нагоре, и посебен сензор е, не е камера, не е фингерпринт.
    S10-S20 и Note10-Note20 го немаат, една од причините зашто е толку критикуван Самсунг овие две години :)
     
    На senjorita-v и GirlRose им се допаѓа ова.
  4. Nithya

    Nithya Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.478
    Пол:
    Женски
    За ова со оскиметрите зборував со докторот што ме прегледуваше во инфективна.
    Неговото мислење е дека дома неправилно мериме.

    Кога го купив мојот ми беше најлошо, сатурација ми беше 91-92 неколку денови. Еднаш додека мерев почнав јако да кашлам, падна до 76.. се стабилизирав после една минута се врати над 90.
    На мм секогаш му е 97-99.
     
    На BloodElf и WildMk им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.013
    Нормално е кога кашлаш да покажува помалку, исто кога спортуваш ако гледаш на саатот - варира, колку повеќе си задишан, толку повеќе паѓа.

    Нормално, чим стигне до 92 некаде, не можеш да спортуваш затоа што отчукувања на срцето скокаат над 150 и тешко дишеш, па одмараш тогаш.
     
    Последна измена: 10 ноември 2020
    На senjorita-v и WildMk им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Напомена: Кај некои ова се случува после истрчани 5 километри, а кај некои при качување по скали на трети спрат :D
     
    На Biljarkata, tinka-mace, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Nithya

    Nithya Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.478
    Пол:
    Женски
    Сега знам :D
    Ама тогаш не знаев, кога видов сатурација 76 и пулсот околу 150 некаде ми беше, двете вредности светеа црвени на мерачот па кога реков плачам готово умирам..
     
    На WildMk и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Оксиметар служи за мерење на нивото на заситеност на кислородот или нивото на кислород во крвта.

    Исто така може да се користи и за откривање на пулсот и отчукувањата на срцето.

    За ова служи мислам, ако не се лажам.
     
    На mal.ecka и Justicija им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.013
    Кај мене и до први, без здив останувам :) :)

    Нема шанси да не знаете кога паѓа сатурација, стварно се осеќа, за разлика од паничен напад не трае 2 минути гушењето.
     
    На fana и WildMk им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    И јас... ама не кажвај на никој... шшшт :lol:

    Си прам паузи ]:)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Слободни капацитети во болниците има, тврди министерот за здравство Венко Филипче, според кого не секој апел за помош објавен на социјалните мрежи е вистина.

    Тој посочува дека притисокот врз здравствените работници е голем, но дека план за функционирање е направен и за во идниот период. Во однос на евентуални рестрикции, Филипче смета дека засега нема потреба бидејќи според него, мерките кои сега се донесени, ќе дадат резултати.

    „Во секој еден момент и сега има слободни болнички кревети. Апелите за помош кои и ние ги гледаме на мрежите, секој случај, поединечно го контактираме и прашуваме каде имале проблем. Не секој случај е вистина. Многу луѓе на своја рака одат и се лекуваат во приватните болници. Во сите болници ширум државата, освен во Струмица и Куманово има слободни болнички кревети. Не само во инфективните одделенија, туку и во интерните, кои се пренаменети. Во Скопје се хоспитализираат во интерните клиники, каде има доволен број слободни кревети. Огромен е притисокот, но со ова обезбедување на кревети, системот на ротацијата, кадарот, сосема сме обезбедени и за периодот кој доаѓа. Во овој момент сè уште нема потреба да се менува системот на ‘Мој термин’. Но, спремни сме и за тоа, не само за да се обезбедат доволен број на сместувачки капацитети, туку и за обезбедување на кадарот. Кадарот е преоптеретен. Потребна е поддршка на здравствените работници и високо ниво на свест“, рече Филипче.

    Во однос на високото ниво на смртност, Филипче вели дека тоа е така насекаде во светот. За третманот на пациентите, вели дека е идентичен и во приватните и државните клиники.

    „За секоја форма на болеста има соодветна препорака. Матичните лекари знаат која е индикација за да се сместат пациентите во болничка установа. Смртноста е голема насекаде во светот. Засега сметаме дека мерките се сосема доволни, рестрикцијата за забрана за групирање ќе даде соодветни резултати, ако се почитува. Засега нема да има полициски час“, додаде Филипче.

    Доколку има потреба од евентуални нови рестрикции, министерот посочи дека тоа може да бидат рестрикции во одредени региони и прекинување на меѓуградскиот и меѓуопштинскиот превоз. Но, како што кажа министерот, засега нема потреба од тоа.


    ©Makfax.com.mk
     
  12. Nithya

    Nithya Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.478
    Пол:
    Женски
    Тоа е лошото со лесен пристап до информации на интернет..
    Читаш за silent hypoxia, добиваш паничен напад и почнуваш да се поздравуваш со домашните..
     
    На Izaabella, Biljarkata и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.013
    Според гугл, сите ќе умреме за 2 месеци.
     
    На green.eyes, le.soleil, jagoda777 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    А чија работа е да го олесни притисокот врз здравствените работници??
    На баба ми?!?

    Шубај предлози дадовме тука... за ангажирање на целиот медицински кадар во државава, без разлика каков им е работниот статус, за пренамена на дел од приватните ресурси во државни(кадар и опрема), за зголемување на платите на медицинскиот персонал...

    Шо напрај тој???
    Забрани во групи на отворено да се собирале ... абе нека оди нека моча!
     
    На noteforself, 1209, honey.11 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.452
    Допаѓања:
    260.364
    Како се осеќа? :)
    По што ќе знам дека ми паѓа сатурација?
     
    Последна измена: 10 ноември 2020
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.013
    Не можеш да дишиш, ама буквално. Како риба на суво да речеме, и дишиш на стомак.
    Несвестици, халуцинации при пролонгирана ниска сатурација, модреење на усни и под нокти.

    И да не приметиш ти, околу тебе ќе приметат.
     
    На GrimTheReaper, candy.cane, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.784
    Допаѓања:
    176.280
    Пол:
    Женски
    Не можеш да дишеш.
    "Вариш" .
    Не можеш воздух да земеш.
    Сосем различно од паничен напад.
     
    На candy.cane, LejlaD, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.807
    Допаѓања:
    145.399
    Најефикасен и појак е во суспензија. Од пастилите можеш и по две.
    Само го вртиш капачето по стрелката. Скапи се, ама ефекасни ептен. Посебно за со јак антибиотик.
     
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  19. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Женски мене не ми рече матичната да се тестирам, праша дали бев во контакт реков не, татко му на дм бепе болен ама ни он не се тестираше а не ни бев во близок контакт, ниту па дм.
    И сега јаа вака без вкус ќе се мрднам , бар да не му ја мислев.
    Да беше настинка ќе траеше пократко ова со вкусов уффф ќе полудам.
     
  20. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Јас сакам од тоа што Филипче зема. Сакам и јас вака полно рамно да ми биде.

    На другата страна на реалноста мојот сопруг чека веќе 5 часа пред болница за повторен преглед и тестирање и никако да дојде на ред. 20тина души (сите со некаков симптом) чекаат пред болницата да им се смилува персоналот и да почне да прегледува, а пак на интерното одделение на мајка ми и рекле треба да лежиш, ама немаме кревети, доаѓај за терапија секој ден, да напоменам за дијагноза неповрзана за ковид. Ем не ги третираат заболените од ковид како што треба, ем нема место за сериозно и хронично болните.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.