Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Јасно е зошто те цитирав, да ти кажам дека ниту вотка ниту вино ниту ракија имаат 60 или 70 проценти алкохол, ко што си напишала. Зошто ти е тешко да ја сфатиш поентата на репликата кога е јасно ко ден?
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Demiii

    Demiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Машки
    И се е кaкo пoдмaчкaнo.

    Мoрaв дa кaжaм.
     
    На ElenaOfRivendell, emiliana, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    60.894
    Пол:
    Женски
    Moрам за да ми олесни. Кој не сака пцовки нека не чита.

    Мамицата у гз на сите кои не почитувате мерки, идете лабаво у друштво на kafentse, се збирате по бензиски, Водно, сите кои не почитувате растојание и некако ин(директно) загрозувате туѓ живот.

    Да ви се нацрта изгледа треба, ебаве тоа дебилите неизживеани. Од мочка да ве правеа поарно ќе ве направеа.

    Само со дм имам приватен контакт деновиве, емтоа со страв да не пренесам нешто. Нема вирус да не убие, тоа што сте глупи ќе не убие, ебаве тоа амебите.
     
    На green.eyes, Love 83, Amellie13 и 46 други им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Осудувам, бидејќи тргнала на пат, а не се чувствувала добро и имала и покачена температура. А другите 51 патник исто не знам што барале, ама барем без симптоми биле.
     
    На emiliana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Ве молам ве молам пријавувајте секој што не почитува мерки, ве молам за убава пролет да си имаме.
     
    На glosipgirl, ocicka2014, SandStorm и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Дали требаше во репликата за секој алкохол да пишувам поединечно колку проценти содржи? Буквално во брзање напишав. Но еве ако е така, спешл едишн за тебе. Вино 11 - 13% Водка - 40%.

    Каква врска има со суштината на темата корекцијава сеуште се трудам да сфатам. :D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.967
    Допаѓања:
    34.601
    Пол:
    Женски
    На вечерашната владина седница, донесовме заклучоци со цел зајакнување на мерките за заштита од корона вирус:

    ❗ Затворање на сите копнени гранички премини во Република Северна Македонија, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце кои да бидат отворени за премини на патници и возила;

    ❗ Прекинување со работа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно затворање на граничниот премин на овој аеродром, после 48 часа од донесувањето на оваа мерка;

    ❗ Забрана на влез на територија на Република Северна Македонија на странски државјани и од земјите со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација објавена на веб-страницата на Министерството за здравство, освен за оние лица за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по мислење од Главниот координативен кризен штаб кои ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие лица да влезат во нашата држава под посебни услови и заштита согласно протоколот на Министерството за здравство;

    ❗ Затворање за посетители сите продавници во молови на територијата на Република Северна Македонија, освен супермаркети, продавници за храна и аптеки.

    Сите останати правни лица можат да работат и да остваруваат продажба на алтернативен начин (преку онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава на нарачките;

    ❗ Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници.

    Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи! Од страницата на министерот пред 10мин објавено
     
    На Purplelilac, baguf4e, emiliana и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Јас веќе напишав, нема потреба да препишуваш. Бројкиве си требала да ги изгуглаш порано, не сега. Разликата од 11 до 40 до 60 и до 70 проценти е очигледна.
     
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    60.894
    Пол:
    Женски
    89917512_2823387004415396_1135445660636545024_o.jpg

    ХЕХЕХЕХЕХЕЕХЕХЕХ.
    ХЕХеххехееххеХЕХХЕХЕ,
    АхахахахаХАХХАХах.

    Браос, БОГОВИ на хуморот.
    Мрш.
     
    На Scorpiongirl12, Love 83, Amellie13 и 42 други им се допаѓа ова.
  10. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Знам.. Ама овие од селото си организираат сами,не важат закони за нив.По игралишта кај ке најдат.Затоа прашав дали можам да пријавам некако,некаде??
     
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Јас па мислам дека ќе се извлечеме по полесниот пат. Доста строги мерки се воведени за наше добро, и добро е што не се чекаше многу. Министерот ми стана омилен :) Останува уште да издржиме две недели и се' ќе биде во ред. Подобро сега да стиснеме заби:)

    Ова го пишува анксиозна личност:doh: Но се обидувам да размислувам рационално. Претпазлива сум ама стравот нема да ме совлада.
     
    На green.eyes, Love 83, glosipgirl и 20 други им се допаѓа ова.
  12. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    11.476
    Пол:
    Женски
    Пост копиран од фб.
    Настрана тоа што ко народ сме непослушни, браво за меркиве од министерство.

    "Денес долетав во Скопје од Амстердам, и сакам да ви направам споредба на ситуацијата тука и таму:

    Во самиот град сè работи, барови, ресторани и клубови. Дури пред некој ден дојде забрана за настани над 100 посетители. Нема официјална препорака за работа од дома, дел од фирмите само-иницијативно го почнаа тоа. На аеродромот никој од вработените не носеше маска, немаше дистанца меѓу луѓето, не се проверуваше за покачена телесна температура. Најголемата заштита беа ракавици.

    Заболени во Холандија: 959 (300+ за два дена)

    Кога слетав на аеродромот во Скопје, веднаш по последниот патник влезе екипа за дезинфекција на авионот. Во авионот пополнивме форма со контакт информации доколку треба да нè најдат каде сме. Сите вработени носеа маски и ракавици. Има скенер за покачена телесна температура, еден по еден поминувавме низ него (не беше ради реда ставен). Во градот е почнато со затворање на многу локали и едукативните установи, и има јасни препораки од министерството.

    Заболени во Македонија: 18

    ----

    Во Холандија јас се чувствував исплашено и несигурно, поради скоро-непостоечките официјални мерки.
    Во Македонија, иако сме помала држава, мерките се покажуваат како успешни, а луѓето знаат дека се обидуваме да ја контролираме ситуацијата.

    Често знам да давам строги критики кон политичари, но навистина морам да го пофалам целото Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и Венко Филипче за транспарентниот пристап во ситуацијата. Најсикрено, се чувствувам побезбедно тука.

    Се гледаме за 14 дена, чим завршам со само-изолацијата <3"
     
    На green.eyes, Love 83, Purplelilac и 38 други им се допаѓа ова.
  13. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Зошто се шират дезинформации за нафта и сл. Зарем никогаш никој не слушнал за стокови резерви и нафтени разерви. И како што рекоа повеќето каде би оделе за време на вонредна состојба. И тогаш ли ќе има непослушност и ќе се развозуваат. И да треба нафта за тие што ќе одат на работа секако дека ќе им се даде. Е во вонредна состојба нема можност за непослушност, може да бидат приведени таквите. Тогаш нема гости, нема мешање. И секако нема многу да трае ваквата состојба. Државата и општините имаат списоци кои компании на нивна територија треба да работат.

    Стоковните резерви ги сочинуваат: пченица, пченка, јачмен, готварска сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и медицински помагала. Стоковните резерви се користат во случај на воена состојба, вонредна состојба,
    елементарни непогоди, еколошки катастрофи како и при поголемо нарушување на пазарот.

    Не се грижете толку за како ќе биде при вонредна состојба. Требаше порано да се загрижиме за да не дојде до ова. И уште не е касно за прст на чело и да се замислиме. А за родителиве што ништо не превземаа за децава е посебна тема. После ќе се жалат од учителките ама се виде колку нив им работи свеста. Срамота шго прават.
     
    На green.eyes, Love 83, Purplelilac и 18 други им се допаѓа ова.
  14. LucyLu

    LucyLu Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2019
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Девојки во критичните зони ве гушкам најсилно. Ќе издржиме сите заедно и ова ќе го поминеме знам...
    Јас луге незнам како на друг начин да им се објасни на амебите да не се групираат и слично значи стварно неможам да сфатам. Зарем јас луда сум што само се мијам, дезинфекции седам дома и слично, па веќе рани си направив од тоа геловите и спрејовите.
    Секоја чест на Филипче ако нешто ми влева надеж во целата оваа ситуација тоа е он дефинитивно. Он е показател дека ако системите функционираат нема да си одат младите масивно. Сега е период кога сите сакаат да бидат тука а не таму некаде...
    :hug:
     
    На темјанушка, emiliana, Angie1432 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Полиција.
     
    На elenaxbbg му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    11.476
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1584220631245.jpg
     
    На emiliana, Bezimenka90, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека за 2 недели ова ќе исчезне? Се дури сите држави не се согласат на карантин, забрана на движење на луѓе одреден период ова зло ќе постои.
    Џабе се лажиме дека со затоплувањето ќе го снема вирусот.
    Искрено денес после долго време толку силно сум се расплакала, веќе не можев да издржам.
     
    На темјанушка, Angie1432, queen19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    22.008
    Пол:
    Женски
    Не ми е тешко да седам дома..
    Само и е тешко поради депресијата, таман живнав... сменив некои навики, сега се враќам на старо...
    Ама ако... поголема депресија ќе ме акне ако ескалира ситуацијата.

    Од сцените во италија ми течат солзи иако клиповите кај што пеат се весели.
    Имам по некој скоро секаде и ги мислам...
    Еден вози по Европа, еден Италија, еден Германија, Србија... сите ги мислам...
    Ќе биде се во ред ако останеме дома.
    Следна мерка, ништо да не работи, како во Италија, само тоа е чаре за нашиов народ.
     
    На Scorpiongirl12, emiliana, P.S.love и 11 други им се допаѓа ова.
  19. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.478
    Пол:
    Женски
    received_2762825017167755.jpeg

    Малце хумор
     
    На Scorpiongirl12, Amellie13, Love 83 и 32 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    |(
    Гледај да не се рашири па ќе сакаат сите секако таму да се со неколку респираторни машини. Тоа што го труби министерот не е ништо што останатите по други земји не го зборат или не превземаат. Херој направивте а е стандардна постапка во ваква ситуација.
     
    На Sarrra@@, Pelargonium, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.