Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.446
    Допаѓања:
    260.314
    Не се паразити, тоа се вика колабирано здравство.
    Од вирусот кој ти го рамнеше со обичен вирус. Ти текнува?

    Да не ги ставаме сите во иста категорија. И да не ги правеме чудовишта оние од Инфективна оти тие работат 24/7 едно 8 месеци.
    Текстот би требало да го читате на ваков начин, преморен персонал, колабирано здравство, оптоварено што не можат ни вода да подадат. Тоа би требало да е аларм народот да почне да верува и да почитува мерки, а не да чека да го затворат.
     
    На CameliaMiller, M.B., 1209 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Дечки што би значело ако Игг се 3.84, а Игм 1.8?
    Пишува на резултат ако е Игм поголемо од 1 да се прави пср тест.... дали е рана инфекција ?
     
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.397
    Допаѓања:
    119.675
    Пол:
    Женски
    Да :)
     
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.015
    Допаѓања:
    37.302
    Пол:
    Женски
    Ај, ај, колабираното здравство ви е изговор за се! А кога немаше корона, тогаш зошто не даваа вода?!
    Абре!!!!! Чест на исклучоците, ама повеќето се ]:) :puke:

    И да @CameliaMiller хуманост е соодветно со хуманитарност, не можеш едното да го исклучиш од другото. Си одат заедно. Јас не познавам хуман човек кој не е хуманитарен или хуманитарец кој не е хуман. Ти?

    На крајот... сите кои вистински работат и се трудат ги нема по мреживе да плукаат по „стокава„ наро.Немаат време. Само тие кои клатат врата и одат на 1000000 паузи дневно се првите кои кукаат и плачат по нетов. А замислете, истите тие кога учеле и се вработувале требало да имаат престава во што се впуштаат. Нели ве учат во училиште/факултет?
     
    На Izaabella, Bratot, deskarada и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Сестра ми упорна дека прележала, сега брзо кога беше негативна на пср тестот, денес по 3 недели прави антитела и го добива ова.... за жал во неделата имала контакт со позитивен.... па сега не знаевме дали е рана инфекција или имунитет, бидејќи игм може биле и повисоки ако тогаш била позотовна како што тврди зошто имаше баш симптоми....
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Жити се ?
    Па "корона" од Март навака има, а пред тоа што оправдување ќе им најдете ? Ако си имала некогаш некој свој хоспитализиран, ќе знаеш дека ситуацијата е ваква отсекогаш. Факт е дека се неспособни и паразити и единствениот разлог зошто имаме најголема смртност у регионот.
    Ништо друго.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.036
    Допаѓања:
    13.881
    Аман со тоа колабирано здравство. Јас кога бев на Клиника три дена не добив ни вода ни па никакво внимание. Тоа што е? Ај ти се молам не гњави со зборот колабирано ни ти ни другите во темава. Досадни сте. И се умира и сега и порано од тоа што персоналот не сака да се замара.
     
    На lovestoneddd и ctw им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.446
    Допаѓања:
    260.314
    Ама зошто тогаш никој не се буни туку сите полниме ќесиња и ги частеме за да ни дадат вода и храна?
    Јас зборувам за Инфективни одделенија, не за останатите. Има некои кои 8 месеци си се како на одмор.
    Да е прележала пред 3 недели ќе има Igg, бар така мислам.
     
    На CameliaMiller и LejlaD им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.308
    Неодговорен народ.
    Неодговорен медицински персонал.
    Неодговорна власт.

    Резултатот го гледаме сите.
     
    На Nausicaa, pilenka, Fifi84 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Има игг и тоа 3.84. Докторката вика прележана е, игм треба време да стивнат -истово уште неколку луѓе мо го рекоа... не знае фали пак да прави пср сега инаку здрава е без симптоми
     
    На Ahoy, fana и JuLleE им се допаѓа ова.
  11. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    44.159
    Пол:
    Женски
    Секогаш имало и ќе има такви што си ја работат работата, и оние што отишле да пијат кафиња и муабет.
    Сум имала и лошо и добро искуство. Кога правев операција, катетарот полн, ноќна смена, не можеме да најдеме на цел спрат еден болничар или сестра.
    На крај кога мајка ми конечно најде доби дерење што ја викаме, ништо не му е било катетарот, и да пукнел не е страшно:|.
    И ај сега, што треба на таква особа да и направиш?
     
    На Izaabella, Purplelilac, deskarada и 5 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.308
    Да ја пријавиш во инспекторат.
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.446
    Допаѓања:
    260.314
    Лов, jас многу добро знам какво е здравството и затоа и се плашам.
    Ама во овој момент не може да се опорават работите. И не баш во Инфективна кај што не знаат главата кај им е.
     
    Последна измена: 12 ноември 2020
    На Angie1432 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    44.159
    Пол:
    Женски
    Абе Вајлд, ја не знаев кај се наоѓам тогаш, од анестезијата повраќање, тазе изваден бубрег а се кревав од креветот и покрај страшните болки за да повраќам.
    А никој нема да ти помогне.
    Никој.
    Не знам како преживеав таа вечер.
    Среќа мајка ми ја оставија наредната да иам некој до мене инаку не знам што ќе правев.
    Бев ептен разочарана од тој оддел, ја разбирам се, и никогаш не досаѓам непотребно, но тоа беше тотална нехуманост од нивна страна.
     
    На Nausicaa, Izaabella, tina2018 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.308
    После тоа бе сонце
     
    На Purplelilac и emiliana им се допаѓа ова.
  16. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    44.159
    Пол:
    Женски
    После тоа можеби требало, но само гледав да ме нема од таму и да се опоравам.
     
    На јolene и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.308
    Те разбирам... ако ти е за утеха. :hug:
    Имам и јас искуства со доктори и нивната (не)работа... колку ти душа сака...
     
    На mal.ecka и emiliana им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.610
    Допаѓања:
    192.020
    Луѓе, болница е сегде страшно искуство. Може не сегде фалат ќебиња ама однос фали. Ваљда отрпнуваат со тек на време, те гледаат како продукт на производна лента, друго објаснување немам:worried:.
    А здравство не се ќебињата, ќебиња и дома имам:doh:

    Тој што треба вода да подаде е болничар, ништо специјално од специјализација не треба, само да ги има во доволен број. А кој треба да ги ангажира се знае.
     
    Последна измена: 12 ноември 2020
    На Nausicaa, martty06, emiliana и 4 други им се допаѓа ова.
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Верувам дека ако во соба во која има 6 пациенти, дозволат да има еден роднина на некој од болните, многу ќе ја олеснат состојбата во болниците. Шест доброволци/роднини кои би се менувале ќе бидат тие кои ќе внесат храна, ќе подадат вода, ќе алармираат ако нешто се случува, ќе одговараат на телефон.
    Можда се занесувам, ама јас ова за близок би го направила.
     
    На ctw, M.B., martty06 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161

    Јуле сигурно и сама знаеш дека еден ден сите ќе умреме, мислам дека имаш страв од смрт , а не од здравството и короната и сите глупости што се изнапишаа на темата.

    Прво помири се со фактот дека еден ден и ти и јас и сите ќе скинеме конци, за да ти се намали стравот.

    За жал тоа е реалноста и нема бегање од неа.

    Тебе те цитирав оти уште од Март месец од ко е почнат циркусот Корона премногу е изразен страв во зборовите твои напишани на форумот.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.