Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. stefanijata

    stefanijata Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски

    И јас.. Правев ручек и се расплакав. Не можам веќе. Главата ми пукна дома ке полудам додека пак има неодговорни што шетаат кај стигнат.
     
    На emiliana, kim.k, Heavencanwait и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Dahliaa

    Dahliaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    А полицијава што прави? Чмаат по станиците, залепени до штекер пошо телефоните им се на нула батерија од штрапање по социјални мрежи. Ќе им текне ли да го кренат газот, да седнат во количињата и да свртат некој круг во близина? Знаат каде се собираат младите, знаат каде има игралишта, училишта, нека се пуштат до Водно и слични места за собиранки. Сè треба да пријави, да се јави, да се чека со саати, скраја да е да отидат по сопствена иницијатива! Бар кога дечиштава немаат памет, на оние плавине да им текне. Или само за казни висат по улици.
     
    На Purplelilac, emiliana, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  3. LucyLu

    LucyLu Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2019
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена свесен што би можело да се случи си превзеде мерки на време. Што може прави останатото е на нашата свест.
     
    На Purplelilac, stefanijata, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Ако е поотенциална зараза тука, потенциална зараза е и во државата кај што се наоѓа, или тие се небитни за тебе?
    Од каде знаеш во каква ситуација се наоѓала, дали имала престој, финансии, услови...?
    Извини ама и ти спаѓаш во групата крајно неодговорни, заради вакви коментари оние со слаби симптоми ќе се плашат да се пријават за тестирање од страв од осуда!
     
    На green.eyes, christinnn, темјанушка и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Во сите земји има малку апарати, да дојде ред и во други земји недај боже до тоа нашиот народ ќе е последен. Така да нема потреба од препуцавања сите сме у исти го*на. Џабе ја зголемувате тензијата на темава. Сите го фалат Филипче затоа што до сега во се' сме биле неодговорни. Не дека направи којзнае какви херојски дела. Сите имаме пријатели и роднини по странство на никој не ни е сеедно. Што треба министерот со качулки на глава да ги апси идиотите? Превзема мерко уште пред 1на недела. Но на глупиов народ ништо не му се всадува во глава.
     
    На emiliana, Em4e711 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.420
    Пол:
    Женски
    Немам коментар за Филипче. Капа доле
    Се што можеше направи
     
    На Purplelilac, poenta, emiliana и 11 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.717
    Допаѓања:
    35.693
    Пол:
    Женски
    Ај не шири дезинформации. Ниту една држава не може да забрани влез на сопствени државјани. Не сме Северна Кореја, побогу.
    Сите македонски државјани кои доаѓаат од високо и средно ризичните земји при влез потпишуваат изјава дека ќе бидат во самоизолација. Ако не ја почитуваат, претпоставувам кривично ќе ги гонат.
     
    На темјанушка, emiliana, Lilit и 7 други им се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    И Бисер масло има исто производство.

    Нека не оди. Тренинзите и натпреварите се откажани уште во понеделникот.
     
    Последна измена: 14 март 2020
    На elenaxbbg му/ѝ се допаѓа ова.
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Па можеби нема да исчезне скроз. Работава кај нас е да се спречи брзо ширење за краток период за да може да издржи и онака кревкиот здравствен систем што го имаме.
     
    На Mrs. Lovett и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    На кумата родителите се вратиле вчера од Шведска. Таму ставаа слики, се отепаа од шетање. И тука денес си шеткаат без проблем. И кажувам нека не шетаат, Шведска била со низок ризик. Не бе не, за овој народ само скроз затворање на граници.
     
    На kukla21, Konfetka, emiliana и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.326
    Допаѓања:
    18.504
    Сте пишале 500 и кусур мислења,да не ги листам, кажаа ли Цаца со што дошла од италија и оваа од барселона од аеродром со што заминала?
     
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    38.521
    Пол:
    Женски
    Не се само 8 респираторни машини воопшто, кажа на пресот. Толку се на инфективна само. Плус порачани се нови. Повеќето засега се или со полесна клиничка слика, или немаат потреба од респираторна машина. Да се надеваме дека така ќе е и понатаму.
     
    На oblace1, emiliana, Angie1432 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Недај боже некој да дојде до машина. И тука и во странство. Никаде.
     
    На Konfetka, emiliana, Alishan30 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.762
    Допаѓања:
    173.018
    Пол:
    Женски
    Нема да може да си дојде со кола. Нема да го пуштат на српска граница, на наша нормално ќе влезе затоа што е мк државјанин ама до МК тешко да дојде. Пред некој ден низ црна гора со полициска пратња одеа до албанска граница неколку коли ама србите не го практикуваат тоа
    Само за странски од секаде..македонските пополнуваат изјава дека под морална ваљда и кривична одговорност изјавуваст дека ќе го почитуваат правилото за самоизолација

    Границите не се затворени за увоз на стоки, само за оние другите стоки на 2 нозе..т.е странци



    Се испотепавте за глупости. Алкохолот ако е под 60% е џабе, не се мачете ..
    Купечки алкохол со бандерола на него од 60% нема.. освен апсинтот што тешко ќе го најдете.
    Домашна ракија да..ама ако вашите ја правеле. Иначе све је лаж, ракија разредена со дестилирана вода. И други трикови за "ракија" такозвана брзосмртка.. не дека ќе ве умре туку ќе ве начука. А е се освен ракија :D


    И не ширете паники и дезинформации. Ако нешто се пише нека е конкретно и точно.


    И да пекарите ќе работат на шалтерски принцип. Нема без леб да останете.
     
    На green.eyes, kukla21, Konfetka и 9 други им се допаѓа ова.
  15. LucyLu

    LucyLu Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2019
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Јас за Цаца не слушнав а за девојката од Барселона од јавно здравство ја превземале веднаш ( како што разбрав) ако грешам нека ме поправи некој.
     
    На emiliana, Dust и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    Точно, закана е за тамошното општество. Но да останела таму, нема да биде закана за плус 50+ личности на друго место.
    Другото што си пишала во постот не го коментирам, немам инфо и не ме интересира за да сакам да дознаам кој, што, каде колку има.
    Едит: Добро е што била совестна да ги пријави симптомите, секој треба така да постапува.

    Кога веќе ситуацијата толку ескалира, редно време е секој да слуша што се препорачува. Доста е со глупости.
     
    Последна измена: 14 март 2020
    На cresa-jagoda и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  17. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.971
    Пол:
    Женски
    Ќе кажам БРАВО и за полицијата.

    Вечерва " паметните" умови од мое мало славеле роденден , со музика со балони со торти со се бе во хотел во Охрид и полицијата ги истерала после 1 час .
    Браво бреее така треба . Се собрале повеќе од 50 души таму ...

    Комшивкава од сабајле се туфка што маж и вчера влегол во Дебар ( иако од ЕБР му било кажано дека нема да излезе доколку влезе) и денес не го пуштале да излезе од Дебар...

    Никој ништо да не почитува но со вакви мерки ќе им дојде умот...
     
    На green.eyes, Purplelilac, Love 83 и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Heavencanwait

    Heavencanwait Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Дали некој тука кој е медицинско лице или доколку е информиран од веродостоен извор би знаел да предвиди отприлика до кога би можело да трае сето ова?
     
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Не ми се веруваше дека ова некогаш ќе го пишам ама Македонија повеќе воведува мерки и забрани, отколку моќната Германија. Македонија повеќе се бори и вложува напори да се спречи вирусот....Е сега луѓето не знам колку почитуваат ама министерот постојано воведува нешто ново за заштита.

    Моментално во Германија луѓево гајле си немаат. Едино гледам брашно на големо се купува и маски, а друго се си беше нормално иако бројот на заразени расте по илјада на ден.

    Е тек од вчера бесплатен е јавниот превоз и забрането е да отидеш до возач.
    За школите мислам ги затворија по месец дена, ама деца врие по улици и продавници.
    Прееска бев набрзина нешто да земам и луѓе еден куп собрани, па дури примерив и неколку бебиња и едно новороденче :x :x :x
    Она бебе пред две недели ако се нема родено јас еве .... (facepalm) (facepalm)

    Од Касиерките една ако носи нараквици, четири не носат и така.

    Мразам паники, ама па и толку мува да не те лази не чини. :x

    Паркови полни...стари накаде а посебно по продавници и автобуси. Кашкаат и киваат...гајле немаат.
    Или се од Балканот или сме ги расипале и Германците :x Пошто не беа тие вакви :shake:

    Бројот расте ли расте.
    Ако не преземе нешто Меркел не сакам да јадам бурек ама ....
     
    На senjorita-v, green.eyes, Yowannty и 16 други им се допаѓа ова.
  20. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Се шетаат и те како. Работам во парфимерија доаѓаат парфеми и шминки да купуваат.
    Се надевам дека се ќе се затвори, еј парфеми бе, мака си немаат со децата што им се од школо ослободени се шетаат во дуќани по пола саат да си видат што шминки се на попуст...:^)
    И јас заради такви будали да се нервирам дали на мајка ми и на татко ми ќе им биде нешто, поготово што татко ми има проблеми и со срцето и е постар човек.
    Ако не се затвори се ми иде отказ да си дадам, за бедни пари и заради вакви будали деновиве сум без памет и во паника, пак сум премногу анксиозна таман малце подобра бев :(
     
    На Purplelilac, Јаневски, H.VAGA и 7 други им се допаѓа ова.