Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Лаор е лабораторија од Тетово и имаат екипи кои одат на повик.
    We can make не You can make
     
    На Tajnaotrovna, CameliaMiller, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.324
    Допаѓања:
    28.126
    Тогаш сите заедно треба да се побуниме, не е во ред во ќеса да те стават ако нема причина и нема загрозување на јавно здравје.
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.324
    Допаѓања:
    28.126
    Ќе мора да донесе мерки. Го притиска ЕУ Делегација и други донатори кои даваат пари цело време за помош, а овие не носат никакви мерки за да запрат ширење. И не е ова шпекулација.
     
    На CameliaMiller, noteforself, sanjaeva и 6 други им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Пандемијава само јавно ги обелодени мистериите на македонското здравство.
     
    На Tajnaotrovna, martovsko cveke, Sofi.ja и 7 други им се допаѓа ова.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    За малку утнаа надлежните во проценките
     
    На Tajnaotrovna, LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    48.602
    Пол:
    Женски
    Се надевам ќе се затворат кафулињата, не е нормално колку се напикани внатре безгрижно без никакви протоколи освен средство за дезинфекција на маса кое никој не го ни користи.
    Греота за оние што лебот го вадат од таму, ама уште погреота е да умираат луѓе секој ден и тоа млади. :doh:
     
    На KidA, Sofi.ja, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Таман си се, до Нг 100 000 :D:(
     
    На KidA, LejlaD, sanjaeva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.324
    Допаѓања:
    28.126
    Абе нас со сила ако некој не не натера, нема како поинаку.
    Ама стварно огромни пари влегуваат како помош за ковид, а истите земји кои ги даваат парите имаат карантини, ние ќе се јачаме. Мора да се затвори се барем 2 недели.
    Нема место во болници, има се повеќе заразени доктори и сестри (секој ден дознавам за нови заразени), тек ќе се умира ако се продолжи вака.
     
    На 1209, CameliaMiller, LejlaD и 9 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.422
    Допаѓања:
    260.189
    И јас бев против карантин, ама долго не бев излегла ноќе. Сега поминувам, кафичи полни, младите групирани по двајца, еден зад друг, паркови полни.
    Многу народ. Млади претежно.
    Можеби кратко затварање ќе го намали притисокот врз болниците.
    Оти ете поинаку не функционира.
     
    На Purplelilac, 1209, edna_malecka и 12 други им се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Според некои сознанија што ги имам токму на спротивна страна стискале.
     
    На Tajnaotrovna, LejlaD и redhead им се допаѓа ова.
  11. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Ама има мерки, не повеќе од четворица и маски надвор:)
     
    На LejlaD, mal.ecka, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.422
    Допаѓања:
    260.189
    Како на спротивна? Кој стиска и за што?
     
    На LejlaD и TiniMini им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Во насока на непрогласување на локдаун.
    ЕУ

    Сакам да е како кукличка што пиша и се надевам дека ако нашиве (нашиве??) немаат памет, некој ќе им даде.
    Се надевам дека моето сознание не е точно.
     
    На Purplelilac, Tajnaotrovna, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    17.623
    Пол:
    Женски
    Локдаун/ карнтин ништо не прави. Освен контраефект.
    Кога ќе заврши на прво излегување пак ќе букне. И?

    Уште едно затварање не знам како ќе се издржи. Најсериозно.
    Стискам палци овде да продолжат со одлуките во таа насока, да нема никакво затварање и ограничување повеќе од што има сега и од тоа што треба.

    Безгрижните нека собираат ум во глава, нека носат маски на затворено и да држат растојание.
    И да мијат раце.
     
    На Doozy, Leviosa2503, lovestoneddd и 11 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Ниту ќе донесат дополнителни мерки, ниту ништо.

    Еве, војската ја ангажираа да не се тепаат луѓето по болници... друго се' е во слободен пад.

    Битно донации за помош за справување со пандемијата не забораја да земат.
     
    На Tajnaotrovna, Doozy, deskarada и 7 други им се допаѓа ова.
  16. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    279.202
    Пол:
    Женски
    Прават како им диктираат...
    Еу,Уницеф,Усаид...
    Народот го оставија на милост и немилост.
    Ни тестови има ни болнички капацитети,недостаток на кислород...па и матат со бројки ...
    Ужас ...
     
    На Tajnaotrovna, Doozy, deskarada и 7 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Знаевме дека до овде ќе стигнеме, јас на пример ич не сум изненадена. Ама ич - ич. До толку не сум изненадена што не сум ни растревожена.

    Дента кога болницата рече на сопствени доктори дека нема место за нив да легнат... пиши пропало.

    Она што ме живцира, покрај несовесност на рандом народ, кој па не е ништо полош од Германци или Французи, само нема кој да го контролира, е тоа што без потреба вратија еден куп луѓе на работа.
    Зборувам за фирми кои можеа од дома да работат, ама неее, не е доволно робовладетелски за Македонија тоа. Па се испоболеа луѓево по канцеларии. Пази се колку сакаш, нема допазување 8 саати во прдеж место. Живи луѓе сме, а нема 100% заштита.

    Од понеделник моето одделение, т.е. оние што останавме, ќе покриваме уште едно, затоа што две колешки се позитивни со сите симптоми, третата е во самоизолација поради нив две. Станува збор за доста "прометно" одделение, а нема кој да оди да помогне.

    И после ќе се чуди некој зашто не можело многу тоа... е не може. Пошто моментално ќе сме 4 души на вкупно 5 одделенија. Сите 5 со над стандарден број на пациенти.

    И уште стојам зад тоа дека ротациите беа најпаметни, имавме можност секој сам и изолиран да работи, без да се меша со други. Е пошто работиме директно и индиректно со ковид, постојано сме и на ризик, и уште една од нас да се разболе, буквално нема да има кој да работи, ама најбуквално.
     
    На Purplelilac, Annath, ivi1987 и 26 други им се допаѓа ова.
  18. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    nisto licno ama
    na tolku 'mn zafatenost" . bukvalno ama najbukvalno nekoj da e non stop na forum ,
    isapaga i tie 4 se mnogu ..
     
    На Harper, deskarada, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.439
    Пол:
    Женски
    Премногу ми е жал за сите кои мора да поминат низ ходниците на нашиве болници било кога, а особено периодов. Уште пожал за сите што мора да останат по било кој основ. Таму психа ќе те утепа, ќе ти исчезне волјата за живот, може и ќе посака човек побрзо да умре за да престане да го гледа тој хорор.

    И не, не мислам само дека се работи за неквалитетен работен кадар, мислам дека голем процент од медицинскиве лица кај нас го имаат изгубено (а можда и никад не го ни имале) чувството на емпатија, хуманост, човечност.
    И изговор од типот на "малку се платени" увек ми ствара некое чувство на гадење. Зашо сите знаеле кај ќе работат, за колку и у какви услови.

    Цел живот плаќаме придонеси, за кое здравство?
     
    На TheDongerino, christinnn, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    12 причини за оставка на Венко Филипче

    Д-р Вело Марковски, кој однеодамна е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денес на прес му укажа на Министерот за здравство Венко Филипче, кои грешки според него се направени:

    - Почитувани, загрижени сме како и сите граѓани за големата смртност, хао тичните мерки и немањето на стратегија за справување со КОВИД-19. Сметаме дека Македонија со други кадровски решенија може многу поуспешно да се носи со целокупната состојба во здравството.

    Причини за одговорност на министерот Венко Филипче бидејќи рекоа дека нема ниту една причина за оставка:

    Со сите сили надвор од сите досегашни научни сознанија по предлог од неговата комисија за заштита од заразни заболувања се направи стратегија да се спречи ширењето на КОВИД -19, односно дасе сведе на најмногу 2.000 позитивни за цела држава.

    Иако науката од досегашните искуства кажуваше дека не е можно да се спречи ширење на горно респираторна инфекција, туку само може да се одложи. При тоасе презедоа драстични мерки иако епидемиолошката ситуација беше мирна.

    Се потрошија повеќе од 1.5 милијарда евра, се стопира економијата, образованието, социјалниот и спортскиот живот. Бројката од 2000 ја достигнавме на 26 мај 2020 година.

    Не се избра модел/стратегија за справување со КОВИД-19.Со лажно прикажување на позитивните како заболенисе направи непроценлива штета на државата, во тек на летото поради ваквите привидни бројки бевме изолирани скоро од сите околни држави.

    Иако никогаш не се прогласи завршување на првиот бран,се дозволија голем број на јавни собири во тек на летото (концерти, свадби, прослави…)Во тоа време комисијата се опушти, не се испланира почетокот на школската година, не се одржа ниеден симпозиум или конференција за изедначување и доктринарни ставови за лекување на болни со КОВИД19.Не се изработија релевантни дијагностички протоколи.

    Денессо околу 28.000 позитивни и 949 починати се бара вина кај народот, кај политичките опоненти, кај стручни лица, кај сите освен кај себе. За жал и покрај највисоката смртност во светот ако се анализираат само последниве месеци по милион жители,изостанува одговорност, чувство на грижа на совест, но пред се изостанува анализа.Нема стручна комисија која ќе утврди дали и зошто имаме висока смртност.

    Направени се над 230.000 ПЦР тестови.Зошто и како некој дозволи тестовите да се движат од 30 до 100 евраа понекогаш во итни случаи и по 200 евра по тест.

    Не се направи специјално тело/комисија за справување со КОВИД-19.Во работата на сегашната комисијата не е вклучен ниеден специјалист инфектолог кој работел најмалку 10 годинина одделение за респираторни инфекции.

    Бидејќи се обврзавме дека здравјето на сите ни е најважно од се, се прашувам дали навистина е така. Во период кога очекуваме епидемија со сезонски грип, судирот на КОВИД-19 и грипот е сериозна закана. Сезонскиот грип ќе ги исполни болниците, ќе ги десеткува здравствените работници, ќе ја зголеми смртноста и паниката.

    Водејќи грижа само за болни од КОВИД-19ги запоставивме хроничните болни, болните со малигни заболувања, систематските прегледи, превентивните меркиитн.

    Во период во кој е започната сезона на настинки и други респираторни заболувањасе тестира само за КОВИД -19. Дали министерството размислуваше и обезбеди тестови за други причинители како адено вируси, инфлуенца, пара инфлуенца, микоплазма, инфекции кои тешко клинички се разликуваат од корона вирусни инфекции.

    Во есенски и зимски месеци мораме паралелно со Сарс Kов -2 да тестираме за уште десетина можни причинители на горно респираторни инфекции.

    Ако се грижиме за ситезошто не се вакцинирани ризичните групи за сезонски грип.Вакцината за грип секогаш на северната хемисвера се спроведува во месец октомври.

    Препораките на СЗО беа оваа година да се зголеми бројот на вакцинирани.Кај нас се уште не е почната вакцинацијатаи најверојатно се уште нема набавено вакцина. Препораките на СЗО се да се вакцинираат најмалку 75 % од припадниците на ризичните групи.

    Ако се грижиме за кондицијата на здравствениот систем, се грижиме ли за здравствените работници,дали е обезбедена бесплатна вакцина против сезонски грип за сите здравствени работници. За потсетување во земјите од ЕУ каде што се стремиме и пред оваа пандемија од 3-68 % од здравствените работници се вакцинираат секоја година.

    Комисијата мораше да има во предвид и да и предложи на владата преку министерот за здравствонабавка на барем 100.000 квалитетни вакцини за сезонски грип уште рано пред летото.Мораше да се предвиди дека поради зголемена набавка на вакцини за грип во светот ќе има недостиг на вакцини.

    Еве како вакцинираат некои од државите. Значи Германија со 83 милиони жители има набави 26 милиони дози за сезонски грип. САД помеѓу 194 и 196 милиони дози вакцини за барем половина од сопственото население.

    Соседна Србија над 500.000 вакцини, значи некаде 6% од населението.Вакцинацијата започната по план на први октомври, така како што секаде се почнува во северната хемисфера.

    Почитувани, еве само12 причини за одговорност на министерството за здравство.

    Немање вакцина од било кои причини (незнаење, закаснување со набавки, преоптеретеност само со една болест) за сите здравствени работници и за најголемиот број на хронични болни еголем пропуст се несогледливи последици, идоволна причина сама по себе за оставка на министерот за здравство, по било која основа, дали по барање на премиерот, како личен морален чин, или по барање на јавноста. Останува да се надеваме дека оваа сезона нема да имаме грип.

    https://vesnik.com/node/157622?fbclid=IwAR0ebAu0RXxj2ZDMrkSoZ1v_w5SaXQOJBBPYsO0lnA57Kqoe5bI5qlaB3xs
     
    На KidA, lovestoneddd, fana и 4 други им се допаѓа ова.