Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Стварно...
    Ај океј тие од средно се идни доктори или сестри.
    Ама некако немаат муда да ги подберат овие од приватните нешто. А ем се тие поискусни

    Баш ме интересира - била побарана помош од нив досега?

    Очигледно она имајте осет само за обичните луѓе важи.
     
    На KuklickaSk, fana, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.543
    Допаѓања:
    191.602
    На jacqueline.s, Angie1432, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Абе има, ама пцр најрано за една недела... на приватно ова.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    9.170
    Пол:
    Женски
    Си ги избравме здрави, прави:muscle: без коморбидитети... За да ни се вечни :party:
     
    На elimkd, orevokrsacka, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.413
    Допаѓања:
    260.148
    Нас кој не *бе!
    Ама баш така.
    Кочани и Штип ја држат цела Источна Македонија. И во тестови и хоспитализација.
    Ни приватно, ни државно нема кај да се тестираш. Ни брзи тестови.
    Ние кога одеме да се тестираме и деца носеме на пунктови.
    Во секој град треба да има пунктови. Не е квантна физика зимање на брис.
     
    На noteforself, Tajnaotrovna, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.041
    Допаѓања:
    45.980
    Пол:
    Женски
    Во Кочани многу бргу добиваат термини, сите што ги знам, а не се малку, деновиве и предходна недела што беа болни после прв симтом одма и закажаа и добија резултати за 2-3 дена, а не дека имаме малку заболени, не знам во што е разликата со другите градови
     
    На LejlaD, JuLleE и WildMk им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    @DAngel во Источна Македонија поточно во Виница отворија приватна клиника за тестирање, цената за тест е 1500 денари а за проверка на антитела беше 900 денари.
    Затоа толку многу бројки излегоа периодов, нема потреба да одат Скопје или Кочани за тестирање.
     
    На Tajnaotrovna, WildMk и GirlRose им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.413
    Допаѓања:
    260.148
    Скопје е проблемот.
    Кај нас сега не знам како е, мене ме фати бран и чекав.
    Пред 3 недели и братучетка ми почека, ама се јави касно, за 4 дена доби термин.
    Тој ден во Штип имало околку 800 теста.

    @bicycle тие не ги затворија за лажни тестови?
     
    На WildMk и LejlaD им се допаѓа ова.
  9. rainbow_bb

    rainbow_bb Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    колку се активни по градови и општини?
     
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.402
    Штип нема приватна клиника што прави тестирања како што знам. Само во ЦЈЗ.
     
    На WildMk и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Може и да е нешто друго, не мора да е ковид 19. Мојот сопруг има два негативни тестови, но симптомите и испитувањата покажуваат дека е ковид. Не го третираат на инфективното одделение затоа што не е потврден, туку на интерното каде што ги третираат суспектните. Искрено, мислам дека е потребно искусен доктор во ваков случај за да потврди ковид или да најде евентуална друга причина за симптомите.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.413
    Допаѓања:
    260.148
    Имунитет имаат:D
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не сум знаела.
    Тоа сеедно не решава достапност подалеку од Виница. И пак се приватни, пак државата не презела ништо. И пак останува сѐ од Виница надолу заборавено. Убаво викаат, штом поминеш Обозна...
    Не може ова вака, државата не смее веќе на источниот дел од државата да заборава...
     
    На bicycle, JuLleE и WildMk им се допаѓа ова.
  15. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски

    И јас така мислам, тука здравството ептен е катастрофа, имаше некои одделенија затворени, не паметам кои беа, а за во Кочани да не зборувам.
    За во Берово и Пехчево не знам да ти кажам, ама еден грст народ се. И пак многу заразени, Берово посебно.
    Инаку оваа лабораторија еден месец како работи.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.543
    Допаѓања:
    191.602
    Еве убаво писание
    Само поради конкурентското, пазарно работење, приватните лаборатории не може да се третираат како апсолутно независни, бидејќи нивната дејност е однапред определена со законски стандарди пропишани од Министерството за здравство (линкот не работи), со кои се одредуваат подробностите во врска со очекувањата од нивниот начин на работа, а секако - ефикасна услуга овозможена од обучен и компетентен персонал. Од друга страна, пак, Комисијата за заразни болести определи услови и стандарди за акредитирање лаборатории што ќе спроведуваат КОВИД-тестови. Под тие услови, дискутабилно е оправдувањето со тезата за т.н. – „целосна независност“ на приватните здравствени установи...

    Државите членки остануваат одговорни за сопствените здравствени политики и за медицинскатата нега, вклучувајќи го управувањето со здравствените услуги и алокацијата на соодветни ресурси за нив.
    Ако во услови на криза државата заснова ингеренции за да интервенира така што во голема мерка ќе ги ограничи уставно гарантираните човекови права, односно да донесе прописи и мерки што ја нарушуваат пазарната економија, како што се, на пример - ограничувањето и индиректното оневозможување на дејноста на туристичките оператори и на угостителските објекти, тогаш не постои рационално оправдување зошто државата да не ги определи цените не само за КОВИД-тестирањата, туку и за сите други консеквентни здравствени услуги
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    @Pelargonium дали кт на бели дробови му правеа?
    Бидејќи ковид дава карактеристична слика.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.224
    41 Словенец го изгубија животот во изминатите 24 часа од Covid-19.
    Словенија и Македонија имаат приближно ист број на жители, но Словенија има 11 пати поголем здравствен буџет.
    Клиничкиот центар во Љубљана, само за лекови троши колку што е буџетот на Фондот за здравство на Македонија, за сите здравствени намени.
    Словенија има 3,7 лекари на 1000 жители, кај нас тој број е 2,7.
    Словенија има повеќе од 9000 болнички кревети од кои 80% се со централен довод на кислород, кај нас од приближно 7000 кревети помалку од 10%.
    За разликата во платите, условите на работа не е време да компарираме.
    И покрај сите овие разлики, 41 Словенец го изгубија животот од Covid-19 во изминатите 24 часа, а никој не ги напаѓа, навредува и тепа здравствените работници.

    Фб статус
     
    На Annath, JuLleE, Neda997 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Според Европскиот центар за контрола на болести, Словенија е на високо четврто место според бројот на смртни случаи на 100.000 жители во последните 14 дена, зад Чешка, Белгија и Унгарија.
     
  20. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

    • Чаир – 500
    • Гази Баба – 1151
    • Аеродром -1256
    • Карпош – 1070
    • Центар – 1028
    • Кисела Вода – 1021
    • Ѓорче Петров – 680
    • Бутел – 430
    • Шуто Оризари – 144
    • Студеничани – 41
    • Сарај – 108
    • Арачиново -26
    • Илинден – 199
    • Сопиште – 59
    • Чучер Сандево – 83
    • Петровец –82
    • Зелениково -54
    • Странец – 149
    • Нераспределен- 173