Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    За вакцините, од Д.р. Горан Кунгуловски:


    На малце подолго за вакцините против коронавирусот SARS-CoV-2

    Целта на една вакцина е да предизвика стекнат имунитет против патогениот микроорганизам против којшто е дизајнирана, во случајов против коронавирусот SARS-CoV-2. Тоа значи дека во најмала рака вакцината треба 1) драматично да ги намали (или целосно елиминира) симптомите од болеста и доколку е возможно да ја 2) намали (или целосно елиминира) преносливоста на болеста. Вакцината којашто комплетно ги исполнува двата услови би била оптималната, ама и вакцина којашто го исполнува услов 1) може да има огромна улога во борбата со COVID-19.

    Да почнеме од самиот почеток, односно типовите на вакцини коишто се во игра против COVID-19.

    Вакцина направена од деактивиран вирус, како тие кинеските на Sinovac и Sinopharm коишто се наоѓаат во фаза 3 на клинички студии и наскоро ќе бидат спремни за употреба. Ова е класичен начин на развој на вакцина и е едноставен: се зема коронавирусот, се расте во огромни количини и после се убива (инактивира, деактивира). Таквата верзија се вбризгува во пациентот и побудува имун одговор, без да предизвика болест (бидејќи вирусот не може да се дели). Најдобрата аналогија што ми текнува е расклопување на автомобил, гмечење на сите негови делови и фрлање на буниште. Знаеме дека сите делови потекнуваат од некој автомобил, ама истиот никогаш нема да може да биде во возна состојба. На имуниот систем доволно му е да ги препознае овие делови.

    Вакцина направена од ослабнат (атенуиран) жив вирус. При овој начин се зема вирусот, се расте во услови коишто се разликуваат од тие во човечкиот организам; вирусот мутира и ослабнува и кога ќе се вбризга во пациентот предизвикува имун одговор без да ја предизвика болеста. Вака ослабнатиот вирус претставува само имитација на вистинскиот вирус. Ова е како на Фичо да му ставите значка од Ферари и така да го излажете имуниот систем. Бидејќи вирусот е сепак жив, се избегнуваат вакви типови на вакцини.

    Вакцина направена од комбинација на вируси коишто не се способни да се делат и целниот вирус; вакви се Оксфордската, руската, белгиската и една од кинеските вакцини. Дел од овие веќе се наоѓаат во фаза 3 на клинички студии. Кај овие вакцини се користи вирусен вектор (најчесто аденовирус) којшто се користи како транспортно возило за да пренесе ген (пример Spike protein генот) од коронавирусот (патникот). Од генот (ДНК) на патникот (коронавирусот) се добива РНК и од неа се ствара антигенски протеин којшто се препознава од имуниот систем и предизвикува имун одговор. Значи имуниот систем преку својата гранична контрола го препознава патникот и реагира соодветно. Проблемот кај овие вакцини е што голем број на луѓе имаат веќе воспоставен имун одговор кон транспортното возило (аденовирусот) и го уништуваат истиот пред да влезе во клетката и го достави патникот во јадрото на клетката. За да го минимизира овој ефект, при Оксфордската вакцина се користи аденовирусен транспортер од шимпанза (луѓето не биле во контакт со ваков вирус и немаат претходен имун одговор) наместо аденовирусен човечки вектор (за којшто луѓето имаат претходен имун одговор).

    Вакцина базирана на РНК молекула. Овие се нови модерни типови на платформи и пристапи, се тековно едни од најветувачките и се наоѓаат во фаза 3 на клинички студии и се најблиску до добивање на лиценца; пример ваков тип на вакцини се тие од Pfizer и BioNTech (германскат) и Moderna (американската). Во овој случај РНК молекула што кодира за Spike протеинот на коронавирусот (патникот) се пакува и транспортира во липидна наночестичка и се доставува во човечкиот организам. Значи кај претходните вакцини транспортното возило беше друг вирус (аденовирус), тука транспортното возило е липидна наночестичка. Кога патникот (РНК од коронавирусот) ќе влезе во самата клетка, произведува антиген којшто се препознава од имуниот систем и предизвикува имун одговор. Најголемиот проблем кај овие вакцини е што не се многу стабилни и треба да се транспортираат на ултра ладно (-20 до -90 степени) што може да претставува логистички проблем за многу држави, посебно посиромашните.

    Рекомбинантни протеински вакцини, како таа на Novavax. Oвие вакцини буквално претставуваат протеини од самиот коронавирус (најчесто Spike протеинот или негов дел) коишто се произведуваат во бактериски/инсектни клетки-фабрики, се изолираат од нив, се пакуваат во наночестичка и засилувач на имун одговор (адјувант) и се вбризгуваат во пациентот.

    Спомнав дека сите вакцини треба да предизвикаат некаков имун одговор. Но и тука има разлики и градации. Најчесто имуниот одговор се мери во антитела коишто неутрализираат уникатен дел од вирусот (пр. Spike протеинот) и клеточен имун одговор (пр. преку Т-клетки). Значи кога се дава вакцина, не е важно само ДАЛИ предизвикува имун одговор, туку и КОЛКУ и КАКОВ имун одговор предизвикува. Понатаму важно е дали овој имун одговор покрај што заштитува од болеста, дали истовремено ја намалува преносливоста на коронавирусот. Пример најголем дел од овие вакцини ги заштитуваат белите дробови, но не и горниот респираторен тракт (грлото и носот), што значи дека овие луѓе иако заштитени сеуште ќе може да го пренесуваат вирусот. Challenge студии со различни типови на мајмуни укажуваат само белгиската (Janssen), aмериканската (Moderna) и таа на Novavax водат со двојна заштита, односно бранат од болеста и ја неутрализираат преносливоста.

    Сега за сега изгледа дека најсилна имуногеност (најсилен имун одговор) предизвикуваат рекомбинантно протеинските (Novavax), проследени од РНК вакцините (Pfizer и Moderna), па шимпанзо-аденовирусните (Оксфорд) аденовирусните и на крај деактивираните вакцини. Најсилни несакани дејства има од аденовирусните вакцини, проследени од РНК вакцините, па рекомбинантно протеинските, а додека деактивираните вакцини имаат најмалку несакани дејства. Се чини дека имуниот одговор е помал кај постари возрасни групи (што е загрижувачки, ама очекувано), што можеби значи дека за нив ќе треба да се спремаат посебни формулации. Истото важи и за деца, коишто реагираат побурно на вакцини; за нив веројатно ќе треба да се дизајнираат формулации со пониски дози.

    Значи најверојатно светот ќе добие повеќе типови на вакцини со потекло од повеќе земји, базирани на повеќе технологии. Тоа е добро бидејќи најверојатно ќе бидат потребни од 15-20 милијарди дози (заедно со бустери), а тоа е невозможно да го направи една компанија или држава. Значи ќе треба да се направат нови стратегии за дистрибуција и вакцинација.

    Сега за сега вакцините на Оксфорд/AstraZeneca, Pfizer/BioNTech и Moderna се најдлабоко влезени во трета фаза на клинички студии и се наоѓаат пред лиценцирање.

    Само со ум можеме да идеме напред.
     
  2. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.400
    Пол:
    Женски
    Што е со луѓево што ставаат слика како се излезени и пишуваат за инает на Венко.
    Абе брат реално Венко го боли к*р дали ти ќе се заразиш.
    Глеј си ти за тебе, родителите, фамилијата..
     
    На Purplelilac, Annath, ivi1987 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.346
    Допаѓања:
    19.857
    Пол:
    Женски
    На маж ми вујко и колега се заболени и двајцата дијабетичари, вујко му знае некогаш на шала да си каже колекционер на болести дека е. Освен они и сите дома им се позитивни ( без симптоми). Недела дена веќе освен неколку дена температура од 38 друго ништо немаат се чуствуваат добро. Така да има надеж, луѓево да не паничат дека ако имаат некое хронично заболување не значи дека одма ќе умрат. Има дале да пијат поголема доза витамин д3, витамин ц 1000мг и цинк. Појачана храна повеќе течности.
     
    Последна измена: 14 ноември 2020
    На Harper, Giovanna, Purplelilac и 14 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Јас би сакала да е така,ама...
    Венко малку избега од реалноста
     
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Ама ваквите искуства не им се интересни на медиумите и на форумов. Некое црнило по можност, тоа ги храни.
     
    На Harper, NovusOrdoSeclorum, VDT2906 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    2.830
    Пол:
    Женски
    Научници од Станфорд,на чело со врвниот епидемиолог Џон Јоанидис направиле истражување, според кое стапката на смрттност од ковид19 изнесува 0,15-0,20 % кај целокупната популација, додека кај помладите од 70 години,тој процент е измеѓу 0,03 и 0,04 %.

    Секако дека има надеж и најважно е да се сочува психата и здравиот разум,во овие времиња каде маските станаа симбол на една нова реалност.
     
    На Purplelilac, JuLleE, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.323
    Допаѓања:
    28.119
    Можно е ваљда, иако ковид дава многу специфична слика со 'стаклест наод' на двете белодробни крила и специфични крвни параметри како многу висок црп што не е случај со други вируси.

    Има многу непознати во врска со вирусов, ама се повеќе луѓе споделуваат искуство за прв негативен, а после позитивен тест и сите набројани симптоми.
     
    На CameliaMiller, Pelargonium и Ahoy им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.323
    Допаѓања:
    28.119
    Ги погодува сериозно и нив вирусот, само на време се хоспитализираат. А терапијата верувај е таа. Нема лек за ковид, се лечи симптоматски.

    Оливер Спасовски беше долго на Инфективна со тешка слика излезе пред некој ден, Рамис Мерко се лечеше повеќе од 1 месец, Мухамед Зекири беше со цела фамилија хоспитализиран, Талат исто со тешка слика, Антонио Милошоски и други.

    Не го поминуваат сите на нога, а и кога се хоспитализираат на време помали се шансите за компликации.

    Е сега е друго прашање зошто за нив секогаш има место.
     
    Последна измена: 14 ноември 2020
    На Doozy, Purplelilac, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не е случај за други вируси, ама висок ЦПР е карактеристичен и пост мозочен удар, а знам луѓе со симптоми на мозочен удар на кои врз основа на крвна слика тврдат дека е Ковид и не добиваат соодветна терапија оти "нема што да се прави"
    Вирусот е цела година до нас, срамота е уште на "има многу непознати" да се вадат.
    Оти не се обични граѓани. Нивното здравје е од посебен интерес за државата. Малку подеднакви се од обичните животни.
     
    На An-na и fana им се допаѓа ова.
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    48.602
    Пол:
    Женски
    Нели за Талат кажаа дека не е ковид, трите теста негативни му биле :^)
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.323
    Допаѓања:
    28.119
    Да де, висок црп покажува и кај тумори. На лица со тешка ковид слика црп им иде до 500 затоа што сите органи ги напаѓа.

    А мозочен удар, тромбоемболија се дел од можни последици по прележан ковид.

    Околу 'на тоа се вадат' не навлегувам, зошто изгледа цел свет се вади на тоа дека вирусот е непознат и не знаат каква се штета може да направи?

    Нашите доктори копираат методи на лечење од други земји, не дека нешто измислиле сами.
     
    На WildMk, ubavka1, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Кај нас на истокот требало ортоми врски да се тестираш.
    (facepalm)
    И биле големи бројките, бројките се 3 пати поголеми.

    Инфо од наш човек, фатил не знам какви врски со денови чекал за да тестира (facepalm)
     
    На WildMk и LejlaD им се допаѓа ова.
  13. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Прво рентген, па кт. Докторката на рентген одма се посомневала и го упати за кт и со него се потврди. И веќе 10 дена има висока температура до 39, а црп е многу малку покачено.

    Тој има супер матичен што цело време форсираше да испита се'. Од инфективното одделение сум крајно разочарана затоа што воопшто не сакале да го тестираат и му рекле ништо не ти е. Матичниот лично се јавуваше да организира рентген, па после кт, па интернист затоа што термини немаше, а инфективното си ја вртеше главата.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rainbow_bb

    rainbow_bb Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    над 8000 активни во скопје :tmi:
     
  15. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.235
    Допаѓања:
    70.718
    Кај нас имаше пункт. Го затворија пошо не платиле кирија на објектот (facepalm)
    Е до таму е дојдено.

    Врие градов, повеќе од пола медицински персонал е заразен. Доктори, сестри, све живо. Уште малце ќе нема кој да не лечи :x
     
    На WildMk, JuLleE, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Никаде не потенцирав само за нашава земја, тоа сама си го додаде, очигледно во обид за самоодбрана уште пред обид за напад. Од друга страна, за во нашава земја, очигледно е дека имаме проблем со дијагностицирањето, не е од сега и не е ништо ново.
    Јас лично сум одела по ходници и сама си имам измислувано што да испитам додека да дојдам до одговор што ми е. Пола форум го има истото правено. Порано сѐ беше "на психичка база ти е", сега сѐ е "од ковид ти е". Само ковид остана како болест.
    Causation, not correlation. Едноставна логика што секој што учел било што од природни науки ја сретнал во своето образование ;)
    Ковид удар може да е последица на ковид, ама не секој мозочен удар е ковид.
    Ти зарѓала логиката..
     
    На Harper, buba4e89 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Од една страна има ПРЕМНОГУ заболени, од друга уште е непознат вирусов.
    Непознати факти има за оние болести кои се појавуваат многу ретко, па тешко е со мал број заболени да направиш една целосна слика за болеста.

    Ако се премногу заболени, можеш да увидиш што и како. Ама си има задолжен кој треба да го направи тоа, не ние.

    Едит - кога се споредувате со други држави што таму имало мерки, тука не...споредете и економија, плати, помош од државата.;)
     
    Последна измена: 14 ноември 2020
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.385
    Допаѓања:
    119.623
    Пол:
    Женски
    Абе види... Вистина е непознато.
    Да, се сложувам дека некој треба да открие.
    Човек 80 години поминува без симптоми, човек 30 години го паѓа и го легнува во кревет две недели. Деца поминуваат со блага температура.
    Шеќераш умира од корона, човек од карцином поминува од нога.
    Ај па види ти :|
     
    На Purplelilac, elimkd, M&M и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Абе да ама ние ги игнорираме и тие што се познати и носиме мерки контра тоа.
    Му велиш човек сам на отворено има миниминимални шанси да се зарази, тие ти викаат морате маски на отворено. Мање битно што луѓе највеќе на работно место се заразуваат.
    Му велиш хронично болни се на ризик, тие ти викаат хронично болните мора на работа.
    Му велиш за да се намалат гужви у јсп треба повеќе автобуси, тие намалуваат број на автобуси.
    Му велиш исто така дека освен ковид, постојат и други болести, тој ти вика чим имаш симптоми, МОРА да си позитивен, не може да не си. И ти се чуди ако со симптоми добиеш негативен тест.
     
    На Harper, redhead, Sofi.ja и 17 други им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.385
    Допаѓања:
    119.623
    Пол:
    Женски
    На sonuvana, LejlaD и Tan4ence им се допаѓа ова.