Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-218, Куманово-47, Штип-21, Прилеп-26, Тетово-28, Струга-2, Велес-24, Битола-36, Охрид-2, Кавадарци-9, Гостивар-46, Струмица-22, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-5, Виница-10, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-16, Кичево-29, Ресен-6, Неготино-15.

    Починати се 40 лица, десет пациенти од Скопје (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84г), двајца од Куманово (77 и 77г), тројца од Штип (70, 62 и 80г), пет од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64г), еден пациент од Тетово (55г), двајца од Струга (56 и 60г), тројца од Велес (70, 51 и 89г), тројца од Битола (69, 69 и 71г), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78г), тројца од Гостивар (71, 65 и 81г), еден пациент од Дојран (ПЕ Гевгелија -56г), еден од Струмица (84г), еден од Крушево (76г), еден од Свети Николе (68г) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 439 оздравени пациенти од: Скопје-102, Штип-22, Прилеп-42, Тетово-49, Струга-21, Велес-36, Охрид-51, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-2, Струмица-33, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-20, Пробиштип-5, Пехчево-1, Берово-5, Свети Николе-4, Неготино-14.
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш процентот е толку висок само заради негрижа?
    Верувам дека е, да, дел.
    Не идеализирајте.
    Ние ко народ не се ни храниме убаво.
    Огромен дел од населението пуши.
    Некој наназад имаше објаснето колку се користат антибиотици за све и свашта (настрана од вирусов).
    Цела држава ни е загадена.
    И слични фактори за високата смртност.
    Мене уште не ми е јасно зошто толку висока смртност кај нас, и зборувам и за периодите ко имаше помалку хоспитализирани, имаше кревети, па пак умираа тука негде.
    Ама веројатно сите овие фактори, а можеби и други, придонесуваат.
    Не може само 1 фактор да влијае толку.

    А кои земји имаат 0.5 смртност?
     
    На 1112, WildMk, KuklickaSk и 4 други им се допаѓа ова.
  3. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    На светско ниво ако се земе во предвид х10 поголема бројка на излечени а не тестирани смртноста доаѓа 0.34%
     
  4. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Каква трагедија..40 починати. :u:
    Не испуштија од рака, не оставија на милост и немилост.
    Тажно...жално...страшно...
     
    На poppie, mareane, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    На Pelargonium, темјанушка, tina2018 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    2.963
    Пол:
    Машки
    Страшно, ако годишно умираат околу/над 20 илјади вкупно од болести или старост, тоа се околу 60-65 дневно. Денес 40 само од вирусот...
    И пола од 40 да се во краен стадиум на канцер или постмортем позитивни пак е страшно.
    Не релативизирајте со процент на смртност
     
    Последна измена: 16 ноември 2020
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Имаат ама не викаат.
    Мал е бројот кој сака првиот работен ден да му биде во Ковид жариште и да изнесуваат мртви цело време... за минималец.. по толку години учење.
     
    Последна измена: 16 ноември 2020
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  8. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    И во Словенија денес слични бројки како кај нас, само што тие имаат денес 34 починати.

    А кај нив поради што има дневен висок број на починати?
    Дали премореноста на медицинскиот персонал си го зема данокот ?
     
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Комисијата за заразни болести да препорача целосно затворање на сите угостителски објекти до крајот на зимата и со тоа да им помогне да ја оттргнат дамката од угостителската индустрија, да покажат и докажат дека тие ни оддалеку не се последните одговорни жаришта за несразмерно зголемените бројки на заболени од КОВИД-19, апелира Независната угостителска комора (НУК).

    НУК предупредува дека угостителската индустрија ќе колабира ако Владата, без да обезбеди безусловна директна финансиска поддршка, ја прифати мерката најавена од Комисијата за затворање на некои економски оператори.

    -За да и ја олесниме работата на Комисијата за заразни болести, ако досега не сфати и не научи дека угостителите се најмалку одговорни за зголемениот број заболени од КОВИД-19, и препорачуваме и ја поддржуваме да не дава повторно препораки за цепкање на работното време или нови крпеници кон постојните протоколи, туку да даде препорака за целосно безусловно затворање на сите угостителски објекти, не само на една недела, две или месец дена, до крајот на оваа зима, како би можеле навреме да донесеме одлуки вработените да ги пратиме на зимски одмор, а ние угостителските објекти да ги конзервираме до доаѓањето на пролетта, наведува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски во денешното соопштение.

    Според него, додека бројките на заболени по донесувањето на последните ограничувања на работа на угостителските објекти расте експоненцијално, угостителската индустрија тоне во долгови, обврски, проблеми со извршители, добавувачи и драстичен недостиг на гости. Резултат на енормното смалување на посетата на угостителските објекти, оценува Јосифовски, е и негативната кампања со која Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и Владата придонесоа изминатиот период со изјавите дека најголемите жаришта на заболувања од КОВИД-19 потекнуваат од угостителските објекти.

    -Утрово очекуваме Комисијата за заразни болести да ја препорача најавената мерка за целосно затворање на некои економски оператори со која, ако Владата ја прифати, а не реагира веднаш паралелно, со директна безусловна поддршка за угостителите, Комисијата директно ја праќа во кома целокупната угостителска индустрија. Со новата препорака на Комисијата очекуваме од Владата итно да донесе одлука со која неискористените средства од претходните сет мерки веднаш ќе се пренаменат за угостителската индустрија во нов безусловен сет финансиска поддршка на угостителите и целокупната угостителска индустрија, потенцира претседателот на НУК.

    За респект е, велат од НУК; по сите препораки Комисијата за заразни болести и натаму да има стручно мислење дека зголемениот и континуиран број на новозаболени се уште потекнуваат од угостителите и покрај последните мерки за ограничување на условите и времето на нивна работа кои се во сила повеќе од 40 дена.

    -Со новата препорака за целосно затворање Комисијата може само да ни помогне да ја оттргнеме дамката од угостителската индустрија и да покажеме и докажеме дека последни одговорни жаришта за несразмерните бројки на зголемување на заболени од КОВИД-19 ни од далеку не се угостителските објекти за кои постојат и се почитуваат протоколите за работа. Очигледен е и фактот дека Комисијата за заразни болести ако ова не го направи денес и веднаш ќе го направи во наредните денови со што се повеќе станува реалност вистината дека декември, во кој традиционално угостителската индустрија ги остваруваше најголемите приходи оваа година, едноставно го нема, наведува Комората.

    https://info.mk/makedonija/угостителите-бараат-да-се-затворат-си/
     
  10. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адан Гебрејесус, предупреди дека вакцината сама по себе нема да биде доволна за да се победи пандемијата на коронавирусот.

    „ Вакцината ќе ги надополни другите алатки што ги имаме и нема да ги замени“, рече тој на состанокот на извршниот совет на СЗО.

    Што се однесува до вакцината, Тедрос како и неколку негови заменици, се обиде да го намали оптимизмот во последните неколку дена откако „Фајзер“ и „БионТех“ објавија дека нивната вакцина, која е во третата фаза на тестирање, е ефикасна 90 проценти.

    „ Првично, количините ќе бидат ограничени и затоа медицинскиот персонал, старите лица и ризичните лица ќе имаат приоритет и се надеваме дека ова ќе го намали бројот на смртни случаи и ќе овозможи преживување на здравствените системи“, рече Гебрејезус, предупредувајќи дека „сè уште ќе има многу простор за акција на вирусот”.

    Затоа, тој повика да не се укинуваат предвреме мерките за контрола на ширењето на коронавирусот, како што се тестирање, карантин и следење на контактите.

    Новиот бран на пандемијата ги принуди земјите да преземат дополнителни ограничувања за да го спречат ширењето на вирусот.

    ©Makfax.com.mk
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.402
    Допаѓања:
    260.100
    Немало место по болниците. Баш сега слушав од кај мајка ми на вести.
    Е сега дали е тоа причината, не знам.
     
    На CameliaMiller, g8lQQk и Mantub им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.859
    Допаѓања:
    142.549
    Апсолутно неточно. Ако изборите им се оправдување за луѓето да умираат за воздух, нека ги одложат. А зјн не забранува тендери за време на избори.
     
    На LejlaD и WildMk им се допаѓа ова.
  13. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Сега Филипче зборуваше на Сител подобро би ви препорачела да не гледате.
    Да почнат недајбоже луѓе по улиците да умираат Филипче ќе испадне со изјава се е под контрола нема простор за паника.
     
    На ЕденЧлен, tina2018, noteforself и 4 други им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.402
    Допаѓања:
    260.100
    Сакав да те тагнам, ама се плашам да не ме караш.
    Се согласувам, избори не ни треба да има.
    Туку, знаеш дека не ми дадоа да одам на обука, има начин тендер да пуштат сега? Јас знаев дека се стопираат за време на избори.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    56дневен просек ,ноември треба да е 52-3мах.И тоа само 6000од 20 се починати во болнички услови.
     
  16. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има врска, ама мене ми се чини дека за викенд е секогаш преголем бројот на починати.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.510
    Допаѓања:
    191.354
    upload_2020-11-16_20-24-44.png
    Aко се примени истата логика и за МК, регистрирани х10, исто ќе падне процентот. 47000 потврдени позитивним множи со 10, пола милион народ го имал вирусов.
    Тоа не ги минимизира апсолутните бројки, денес 40 фамилии загубиле некого.
     
    На WildMk, Ahoy, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Тоа и кажувам.
    Со доволно фејс статуси се помрднаа па ај истражуваат во штипска.
    Со доволно вистински пријави, не можат да игнорираат, па кој сака нека биде.
    Пријави + медиуми... и ќе се почне од некаде.
     
    На WildMk и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Вие овде ме убедувавте дека х10 се броело.
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Како сакаш брои, смртноста е таа.
    Знаевме дека овде ќе дојдеме.

    Генерално болно население + генерално лоши услови во секоја смисла, што друго би било исход?

    И многу, многу сите се опуштија летото. Апсолутно имаше време да бидеме спремни, да се направат модуларни болници, да се дообучи / вработи персонал, да се набави кислород, лекови, арно никад да не затребаа и така да стоеа.

    @Rebecca_R јас истото го зборувам, не знам зошто мислиш дека би бранела некој паразит? Па истите што со тебе се идиоти, и со мене се идиоти. Јас не можам да ги тепам на работа, па пријавувам. Онаму каде што сме пријавиле повеќе - имало казни, тоа тврдам дека е така. Многу работи не смеам да ги напишам затоа што за жал се случуваат ептен ретко, како казнети вработени и откази, ама се случуваат со упорност.

    И јас би сакала да имам повеќе колеги и колешки кои ќе работат, а нема да работиме и за нив, и нема да напукуваат пациенти без потреба.

    Јас сепак мислам дека може многу тоа да се смени, само поасални луѓе кога доаѓаат на чело на институции.

    Во тој контекст сакам да ја спомнам Софијанова, Аспазија е предобар доктор, да не беше таа на чело на Детска, до ден денес ќе беше очај и уште немаше да има ургентен центар. Под нејзино раководство многу работи се променија таму.

    И нека не искача некој сега да ми ги објаснува вемеро и дека нив сум ги сакала, ни едни ни други сакам, ама пример ми е ова дека со прав човек на право место, МОЖЕ да се подобрат работите.
     
    На ivi1987, LejlaD, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.