1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.751
    Допаѓања:
    176.047
    Пол:
    Женски
    Ама воопшто не е добро специјализантите да ги праќаат по малите градчиња.
    Како ќе учат тие? Од кого?
     
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Не само платите, туку и условите во кои работат треба да се подобрат. Кај нас на ОРЛ пред 2 год. кога бев (од како дете што се сеќавам што сум била) истите клупи си стојат и столовите на кои лекарите прегледуваат. За однесувањето на вработените можам да кажам дека некои не заслужуваат да стапнат во болница, не пак да работат со луѓе. Има исклучок, ама ако немаш блиски никој не те погледнува.
     
    На duffi, ctw, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  3. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Под итно Комисијата да не спие и да препорача полициски од 21. 30 часот, со тоа што би се избегнало собиранје на млади пред згради кои сега ги има, ке се забрани групирање по сите други јавни места.
    Казината и обложувалните зошто работат до касно кога сега таму се собираат?
    Вака ке се избегне групирање на младите кои дома покасно го шират кај блиските.
    Нели гледа Комисијата дека е Алармантно по болниците
    Уште колку треба да се наполнат болниците па тогаш да има полициски.?
    А понатака и покрај полициски ке мора и уште порадикални мерки.
    Цел Балкан воведоа Полициски нашиве Храбри ке се прават.Нема Играње создравје.
     
    На Okica и tinka-mace им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.507
    Допаѓања:
    191.340
    Ама во тема ковид дискутираме, не во тема здравствена кариера. Ако таму живеат луѓе, им требаат доктори или не?
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Да, да, знам тоа.
    Ама пр. ако е специјализант по неврологија, а болницата не е акредитирана, мт не може да му биде ментор, или во најмала рака, не би смеел да работи со невролошки пациенти без присуство на мт.
    Може да работи само во УЦ, евентуално амбулантски да помага.

    Оти кај мене ги има доста, знам дека кога не им се тука професорите, не работат ништо друго освен на УЦ тријажа и прва помош.
     
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Секој доктор, специјализант што ида е да им се даде решение и сите да работат и помагаат.
    Ако фали персонал нека бараат од странство рекоа од Куба доктори можат да ни помогнат имало многу кај нив.
    Нека испратат барање нека викнат да има повече доктори.Се гледа дека фалат.
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Им требаат, како не им требаат.
    Ама пак бе... нема разлика меѓу нив и матичен доктор.
    Си треба инфектолог, или барем интернист пулмолог/кардиолог.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Очигледно било кој треба и сечија помош би била добредојдена, штом нема ни вода кој да им даде на тие што лежат од ковид.
     
    На Feminka22, Biljarkata и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Муабетот беше за малите градови, ако разбрав добро.

    Иначе дефинитивно има кадар што може да се прати во ковид, не како специјалисти, него како помошен кадар на веќе постоечкиот.

    Макар само вода да даваат и чело да бришат, до толку можат. Не само доктори, сестри итн.

    Ние со неколку колешки прашавме како да се пријавиме како доброволци, арно само тт да мериме, дека не сме мед.лица.
    Ни' рекоа да си седиме кај што сме.
     
    На Annath и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.507
    Допаѓања:
    191.340
    Епа интернист им пратиле де, и тоа не чинело.
    Пак да повториме, пандемија е. И матични нека пратат, нека ротираат, од кај знам што, ама да не биде муабетот немаме луѓе, немаме кислород, немаме вода кој да им даде.
     
    На duffi, JuLleE и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Ако сакаат, а не сакаат, има доброволци меѓу нас.
    Не сме мед кадар, ама знаеме да дадеме вода и знаеме тт да измериме, во најмала рака можеме да ги гледаме дали нешто им треба.

    Ама нели се' е под контрола... освен што ништо не е.

    Навистина ние имаме наши, не-ковид пациенти, ама ете на наше место можат да дојдат колешки од кожно пример, ако не сакаат да одат во ковид. Не е до толку сега фрекфентно па да не можат да се снајдат.

    Кажав дека денес покривав две одделенија, физички раздвоени. Прилично без врска, ама ете, помина денот, се заврши работата.

    Јас лично немам никаков проблем таква работа да работам, не е дека е тешка филозофија да дадеш вода или да подисправиш човек, да помогнеш да јаде, или да се зготви барем.

    Моментално очајна храна имаат на клиника, и знаеш што ме револтира?

    Што таква проста работа е лесно решлива. Ако немаат пари/луѓе за готвење, многу лесно ќе се собере и едно и друго.

    Нема да ни' падне круна и ѓубре да фрламе, ако така ослободиме некој болничар нели да биде со пациенти.
     
    На JuLleE, ivi1987, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.507
    Допаѓања:
    191.340
    Епа за тоа дека некој не сака праиме муабет, а дека ако се сака се може, јер прописите постојат за луѓето и се менливи, а не луѓето да бидат жртва на Прописите. Набавки, вработувања, осигурувања, се се може ама не...
     
    На JuLleE, Bezimenka90, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Јас во се' барам причина, па и во ова сега.

    Еве не знам, може сум јас глупа, зашто да не сака?

    Ајде не сака да вработи, ок, не сакаат со години.

    Ама од веќе вработените, има оддели кои мораат да работат, но и такви кои баш и не мораат. Апсолутно меѓу сите нас што не сме ангажирани во ковид, има луѓе што сакаат да помогнат.

    Не само што не е побарано од нас, туку и уште мај некаде ова зборам, исто ни' е речено, се' е под контрола.

    Нас не треба никој плус да не' плати, веќе земаме плата. Белким не се плашат оти дежурството е платено? :x

    И стварно, ама стварно не е фер некој без престан со месеци да работи, други исто толку да седат дома. Најсериозно од кожно дома седеа, оти ковид ги зема нивните амбуланти.

    Да ми е знати зашто не можеа да помогнат?

    Некои работи никогаш нема да ги разберам.
     
    На JuLleE, Annath, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.507
    Допаѓања:
    191.340
    Пошто авторитетот така одлучил. Зошто, не е баш јасно.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    А да прашам
    Други болести освен коронава вака поактуелни?
    Грипот почна ли? Други некои вирувчиња?
    Забораваме изгледа дека и од друго се заболува/умира
    Него кажете ми, вие што имате потреба од доктор, идете ли?
    Јас морам на магнетна резонанца и на стоматолог да одам ама страв ми е.
    А и коленово и забиве ми се ужас.
    Да чекам, да не чекам?
    Почнав да куцам веќе ;(
     
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Јас морав да отидам на стоматолог и бев пред 2-3 недели. Ми мереа темп, миење раце и дезинфекција, др беше со 2-3 маски и тоа е.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.101
    Допаѓања:
    131.471
    Пол:
    Женски
    Брзо да ти помине! :hug:
    Ако осеќаш јаки болки,не чекај.Оди!
    Бев кај стоматологот минатиот месец.Страв-нестрав не можев веќе да седам и да се прашувам кој заб ме зеза.Во ординацијата добро го следеа протоколот,па ми олесна.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    48.602
    Пол:
    Женски
    Јас бев на гинеколог два пати и ехо на дојка правев пред месец дена, стави си кн95 и оди чим имаш мака не чекај.
     
    На WildMk и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.751
    Допаѓања:
    176.047
    Пол:
    Женски
    Како заклучи дека Не ни чини што дојде интернист специјализант?
    Пластично да ти објаснам.
    Во нашата болница има три интерниста и еден невролог. Овие 4ца се ротираат за дежурства, плус си работат секој ден на одд на термини нели. Имаат по 6-7 дежурства во месецот ( тоа се околу 160ч само од дежурствата).
    Дежураат на три одд - интерно, нервно и детско.
    Специјализантот Не може и Не смее да дежура ниту па да работи на термин.
    Значи , од тој аспект помош од него нема.
    За да забрише чело или да подаде водичка , сега за сега, фала богу сестрите постигнуваат.
    А и не е решението на тоа да губиме време со специјализантите. Нели е поарно да бидат на клиника, да учат и побрзо да завршат со специјализацијата.

    Пишав еднаш во 40ката.
    Имаше итен случај за до Ск. Немаше слободна сестра во тој момент. Се понудив да одам јас доброволно, Не дозволија.

    @WildMk докторите се на повик нели. Ако ноќта некој добие мозочен пример, нели мора да викнат невролог.
    Знаеш колку е платен повикот на докторот што ќе стане од спиење или од сред ручек?
    307 ден ( 100-120 ден чини таксито во двата правца).
    Е, ако оди за Скопје тогаш ќе го платат околу 1.000ка. Ама минимум 5ч ќе изгуби.

    Имаме докторка која пред 2 год отиде у пензија. И понудија да прифаќа повик барем.
    Нормално, одби.
    За 180 ден треба да е будала со извинение да оди во сред ноќ да решава тежок случај
     
    На JuLleE, Spidy, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.037
    Пол:
    Женски
    Ме интересира колкави се шансите да се заразиш од човек кој е позитивен, но не сме имале директен контакт со него а човекот живее под ќирија на најгорниот спрат од куќата. Па останува да се заразиме поради делење на ходник и кваки. Многу се плашам, имам ризична група во семејство.