Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.499
    Допаѓања:
    199.046
    Е кој е крив, ти или матичната?
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Во ред секаков народ има ама колкав број е тој што "непотребно" закажуваат преглед?
    Зошто не се појавуваат не знам стварно дали стварно во толку висока бројка не се појавуваат не би знаела.
    И најозбилна сум кога ти велам не познавам да си зимат антибиотоци на своја рака.
     
    На ctw му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.005
    Допаѓања:
    276.437
    Двете.

    Матичната што потпаѓа на мој притисок, јас што сум неразбрана и што ќе фатам 15 врски за да го добијам тоа што сум го замислила, и врските што немаат осет и прават лошо на мене и на сите останати.

    Никој не треба да е амнестиран, никој.

    "Култура" е да си кажеш што сакаш.
     
    На Annath, LejlaD, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.499
    Допаѓања:
    199.046
    Ако е вистина Р намалено, за 2 недели ќе се намали притисокот.
     
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.771
    Допаѓања:
    263.796
    Така сфатив и јас. Се надевам.
    Туку нашите бројки се речиси исти и со други држави каде што има целосно затварање.
    И таму не ги тестираат сите, имам личен пример.
    Дали нависитна затварањето ќе беше непотребно и можеме со овие мерки?
    Дали таму е залудно затварањето?
    Или кај нас почнувајќи од јуни па до сега, се зарази пола држава?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.005
    Допаѓања:
    276.437
    Голем. Башка неправилно упатени, им треба уролог, ги пратиле на општ хирург. Битно пратиле некаде.
    И пошто директно работам и со календари за термини, и со број на појавени на преглед, знам дека од 10 закажани, најмалку 3-4 нема да дојдат. И ова сум го зборела наназад со години на форумов.

    А добиваат и смс и плус им се јавуваат телефонски. Никој не откажува ако нема намера да дојде, просто не доаѓа. А некој чека со месеци, ама шоимавезе, државата е крива што јас за сопствените обврски не сум одговорна.

    Па на фризер да не одиш ќе се јавиш дека нема да одиш, а не на лекар. Многу, многу себичен народ сме.

    Ама нели, тука сите ќе ми ја тлачат колку за грев е народот, ама не сте имале може прилика да видите колку безобѕирен народ живее, што и да не му треба ќе го земе, а другиот нека крши глава.
     
    На Annath, ivi1987, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.499
    Допаѓања:
    199.046
    Никогаш нема да знаеме дали е залудно затворањето. Кај мене децата од градинка ги тестирале по контакт, тоа е последно од пред 3 дена.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Таков ни е менталитетот изгледа за жал, многу неубаво е да зимаш термин за некој што стварно му треба а да не се појавиш кога ќе дојде времето.
     
    На Annath, CameliaMiller, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.771
    Допаѓања:
    263.796
    Како нема да знаеме?
    Како, ако имаш исти бројки, а едната затворена, другата отворена?
    И што ако во отворената побрзо паднат бројките и притисокот отколку во затворената?
    Оти досега одеме исто.
    Плус се најавува отварање за празниците, што значи џабе е сега затварањетп кога тогаш пак ќе букне.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.499
    Допаѓања:
    199.046
    Зависи кога е затворена, како е затворена, колку се тестира, колкави се болничките капацитети. Ако ги знаеш параметрите споредувај.
     
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    78.207
    Пол:
    Женски
    А ти во Австрија колку плаќаш за здравствено осигурување?

    Да не е помалку случајно?
     
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.771
    Допаѓања:
    263.796
    Добро Билјарке, сфативме. Не знам кој ви е проблемот, ама упорно форсирате друга статистика за овде, друга за другите држави. Нема врска што денес Словенија има 45 починати на речиси ист број жители и 1300 заразени. Тестирале 5000. Кај нас тестовите се до 3800. Помалку, да. И таму и тука, не ги тестираат сите. И таму веќе нема место во болниците.
    По кои параметри сакаш сметај, ситуацијата е иста. Иста. И не само Словенија. Со сите држави е така. А дел се скроз затворени.
    Кај нас само маска и дистанца.
    Што на крај изгледа ќе се потврди дека не е карантиска болест и дека се залудни затварањата.
    Не ми вртејте муабети, ама параметри, ама ова, ама она...
    Ситуацијата на терен се гледа каква е, и во болниците.
     
    На Annath, TheDongerino, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  13. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.062
    Допаѓања:
    41.640
    Пол:
    Женски
    Не се зезај, ги има многу што си земаат на своја рака и обичен лек против настинка а да не зборуваме за антибиотици.
    Ќе ги заболи глава малку клукаат аналгини, ефридоли, андоли и се што им е при рака.
    Сум се лекувала и јас така ама кога веќе сум немала друг излез а инаку трпам болка и не трчам веднаш да пијам лекови.
    Познавам луѓе кои за се нешто го бараат лекот во таблети, антибиотици и не знам што.
    Во Април кашлав 2 недели, без престан, веќе кога почна да биде неподносливо посетив доктор и ми препиша антибиотик.
     
    На Annath, BloodElf, LaDyDoLl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    Третина отприлика.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.640
    Допаѓања:
    92.314
    Пол:
    Женски
    Никако не ја разбирам потребата од критики од далеку,а поготово што немилосрдно е штедењето на германските болници.
    Ама ај не чини се кај нас.
    https://www.dw.com/hr/njemačko-zdravstvo-na-kapaljku-i-prije-koronavirusa/a-52719577
    Многу хумано здравство.
    А оној другиот?
    Ама важно за кај нас се се знае.
    Толку малку се плаќа кај нас месечно.
    Една диференцијална слика,и некој хормон и толку е платено.
     
    На Annath, H.VAGA, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Кој треба да поведе контрола за тоа? А, да, државата.
    Кој дозволува? Па државата...
    Знае матичниот дека може да му "проѓе", па попушта пред пациентот. Пак е одговорност на државата да воведе ред во тој дел.
    Кој антибиотик иде за пролив? Да идеш кај матична да ти препише. ;)

    Работа на државата е да ги регулира тие работи. Државата не може да се однесува како да ја нема и да остава на народот сам да се изрегулира и сета вина за нефункционирањето на било кој дел од државата да ја префрла на "народот"
    Истиот народ е и тука и било каде. И истиот тој народ кога излезе од македонија одма прераснува да ги прави истите работи во друга држава. Оти? Оти одеднаш се цивилизирал? Оти не смее, затоа. Не дека одеднаш се просветлил и станал кој знае што.

    Ај, да привршам.
    Народен лек за пролив, да не мора фондот да го товариш: чај од лист од дуња. Сигурно и други има, распрашај се ќе ти кажат.
    Пелин исто беше, нели?
    А ако ти е на нервна база проливот маточина, валеријана, пасифлора, камилица...

    Вести од светот:
    https://newsaf.cgtn.com/news/2020-1...ly-earlier-than-thought-VrX7lU44uI/index.html
    Се повеќе се прашувам како од фирма нема никој болен, а никој не се пази и некои дури и не веруваат во вирусот и апсолутно не носат маски на работа.
    Нешто оној февруарскиот вирус се посомнителен ми се чини.. :yawn:
     
    На Harper му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.005
    Допаѓања:
    276.437
    А државата што е бе Ангел?
    Виша сила? Нешто недопирливо?
    Како се мења држава?

    Јас викам пријавувајте во самите болници, вие ми викате тоа само богатите.
    Што очекуваш? Некој да се разбуди еден ден, и ајде ќе бидам добар водач на државата? Од кај се тие, увезени или дел од овој народ, од овој ист народ, што ти го амнестираш од секоја можна одговорност?

    Кој е крив што не одат на термини? Државата?

    А и како бе "таму некаде" се научиле на ред? Со молба, со зборење на форум, со казна? Ама нееее, овој сирот народ не е крив за ништо. Државата е крива.

    Истата држава што самиот тој народ си ја бира.

    Сум кажала и уште го мислам тоа - ако си доволно образован за да те сакаат на некое друго место, треба да си мазохист за да останеш тука.

    Оти сите ние, и ти, и јас, сме си криви за се'. Никој друг.
     
    На Annath, WildMk, ivi1987 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.005
    Допаѓања:
    276.437
    Од линкот на @Cosmi
    SmartSelect_20201117-182527_Chrome.jpg


    Изгледа и Германциве бездушни, па кажуваат дека не секој тумор е и итен случај.
     
    На Annath, green.eyes, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.771
    Допаѓања:
    263.796
    Каме, секаде е исто, само ете, за овде се плука.
    Тоа јас го верглам со денови.
     
    На LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Во зборови на еден политиколог кој што поприлично го почитувам:
    "The problem is you can change governments, but you cannot change policies"

    Рече некој во Германија дека заради тоа што народот е непослушен се откажуваат операции? Дека народот сам си е крив што се откажуваат операции?
    37.5% :D
     
    На Harper, orevokrsacka и Bridget им се допаѓа ова.