Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    @An-na чим сметаш дека нема потреба, не е ни важно :)

    Јас не сум симпатизер на ни една власт на пример, ама ти тука сите не' знаеш, и мене, и Јуле, и која - каде пишува, ама само кога ти одговара да спинуваш нешто :D

    Ај имај убав ден, се' најдобро. Имам доручек за јадење :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.801
    Допаѓања:
    145.384
    Нешто за антибиотиците.
    На кој му се чита.
    Превземено е.



    Денес е 18.11. Европски ден за рационална примена на антибиотици, и почнува Светската недела за контрола на антимикробната резистенција.

    По тој повод чувствувам должност да се обратам. Факт е дека кај нас на голем дел од пациентите позитивни на ковид им се препишуваат антибиотици, како превентива. За жал тоа не е целата приказна, антибиотици на терет на ФЗО се препишувани и на здрави лица, кои не биле воопшто позитивни на ковид. Така, според првичните податоци од ФЗО, во првите девет месеци, реализирани се за 57% повеќе рецепти за азитромицин таблети од 500 мг (познат под заштитено име Сумамед, но го има и како Хемомицин, Азимед итн.) во однос на истиот период минатата година, или во бројки, околу 190.000 оваа година во однос на 120.000 лани. Разликата е 70.000 рецепти. Втора форма за која има зголемување од 17% е лекот цефиксим таблети од 400 мг (познат како Панцеф). Многу е важно дека луѓето купуваат антибиотици со свои средства, за што не располагаме со точни податоци, но според моите проценки има најмалку уште 50.000 купени пакувања азитромицин во овој период. И на крај, до 30.09.2020, имавме нешто помалку од 18.000 позитивни. Какво ќе биде пропишувањето и купувањето на овие лекови до денес, кога имаме 2,5 пати повеќе ковид позитивни, близу 50.000 или до крајот на годината, кога таа бројка ќе изнесува најмалку 100.000 позитивни?
    Значи за ковид 19 не е предвидено превентивно давање на антибиотици, а не е предвидено за било која вирусна болест. Таква пракса нема во ниту еден протокол во целиот свет, па ни кај нас. За болни од ковид 19, предвидено е само кај одредени случаи каде се сомневаме дека се јавила бактериска инфекција, која треба да ја потврдиме со лабораториски наоди, да се пропише антибиотик, но не мора овие два антибиотика, зависи од причинителот, односно видот на бактеријата.
    Што значи реализиран рецепт? Тоа е рецепт кој бил пропишан од матичниот лекар на рецепт од Фондот и истиот бил подигнат од осигуреникот. Значи до 30.09.2020 година имаме 18.000 ковид позитивни, од нив најмалку 10.000 се без или со лесни симптоми, а пропишани и купени таблети азитромицин најмалку 120.000 пакувања!!!! Значи и сите 18.000 да испиле по едно, па и по две пакувања, остануваат уште околу 100.000 пакувања во домашните аптеки.
    Кои се последиците од ова во огромен дел нерационално пропишување или купување на овие антибиотици? Во овие 100.000 пакувања во „домашните аптеки“ имате затворено најмалку 500.000 евра кои можеле да се потрошат таму каде што треба. Тоа е помалата штета. Поголемата штета е кај оние кои пиеле еден или два антибиотика, некои и во двојни дози, а за тоа немало никаква потреба. Кај тие лица нормалната микрофлора во дигестивниот систем, од устата па натаму, е редуцирана, намалени се „добрите бактерии“ -чуварите на нашето здравје. Во следните 2-3 месеци, лице кое пиело антибиотик со широк спектар на дејство е помалку отпорно на инфекции со патогени бактерии – „лошите бактерии“. Ако такво лице биде примено во болница поради било која причина, особено ако такво лице биде примено на интензивна нега, неговата одбрана од бактериски инфекции е значително намалена. Имено неговиот дигестивен систем е „празен“, во него лесно и брзо се населуваат болничките бактерии отпорни на скоро сите антибиотици. Кога има „добри бактерии“ тие ја чуваат територијата, на пример ја чуваат усната празнина, и „лошите бактерии“ немаат простор каде да се размножат. Ова особено важи за пациентите со ковид, зошто дел од нив ќе завршат во болница, за жал прехоспитално подготвени да ги примат брзо болничките бактерии. Пневмонијата од тие бактерии е многу тешка за лекување.
    Глобален проблем е зголемната отпорност на бактериите поради неразумно давање на антибиотици. Така, ќе се јави зголемена резистенција на бактериите не само кон азитромицинот, туку и кон другите макролидни лекови, слични на него, како на пример кон кларитромицинот. Со кларитромицинот се лекува улкусна болест и гастрит. Значи, во иднина може како последица на зголемена употреба на азитромицин, да имаме отежнато лекување на чир или гастрит, заради проширена резистенција на Helicobacter pylori кон кларитромицин.
    На крај, една позитивна работа би нагласил, а тоа е дека пропишувањето на другите антибиотици, па и на овие два во форма на суспензија или таблети за деца, е намалено во услови на пандемија. Тоа е очекувано, имаме многу помалку други респираторни инфекции во овој период, заради воведените мерки за спречување на ширење на инфекциите. Да не е ова непотребно пропишување на овие два лека, веројатно крајот на годинава ќе ја дочекавме со 10-15 % намалување на потрошувачката на вкупниот број на антибиотици на терет на Фондот.
     
    На Giovanna, Ambrosia, WaitTillTheEnd и 11 други им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Прашав и во темата за германија, но помалку е активна.
    Брзите тестови, преку брис, подеднакво сигурни ли се и како оние за кои се чека еден ден резултат?
    Ако лице качило тт дали е на време да се прави тест, или можеби е рано да детекетира присуство?
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Рано не е чим има симптоми.
    Доколку има симптоми, а брзиот тест е негативен, се прави и ПЦР тест.
     
    На fana и danichap им се допаѓа ова.
  5. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    10.941
    Пол:
    Женски
    Не е најсоодветна тема знам, ама морам да прашам и овде..од вчера се обидуваме да добиеме информација за блиско лице кое е примено во Скопје, на клиника Мајка Тереза неврологија, ковид центар, никој не крева од таму да даде инфо.дали знаете број каде може да се добие инфо за состојбата на лицето, тој нема телефон со него. Ве молам ако некој има овде на тој одел ако сака да ми пише.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.231
    Пол:
    Женски
    Па се е политика очигледно. Јас само сакам да се смени системот, да имаат луѓето подобра здравствена нега. А ја немаат. Напишаново од статијава не се случува само сега... се случува со години. Дефицит на персонал, дефицит на опрема, лоши услови поради невложување во здравството, крајно колапс во вакви ситуации како пандемијава. Резултат на политиката во државава, од тоа како е направен системот. Тоа дека има стока народ, има. Секаде го има. Ама од таа стока народ дошле политичариве, не се пуштени од Господа.

    @Biljarkata ова што си го ставила се однесува на лекарска грешка. Кај нас тоа тешко се докажува, од друга страна, поголем проблем е несоодветната нега. И тоа што сестрите и болничарите (чест на исклучоци) не се замараат со пациентите да добијат на време се' што треба. Кај мајка ми изговорот беше дека „била стара“. Ок, стара беше, ама не значи дека не треба да добие соодветна нега и да умре достоинствено.
     
    На Pelargonium, LejlaD, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Нема симптоми, нема контакт...само тт. Правевме и брз тест кој е негативен чекаме и резултати од брис од стандардниот брис тест.
    Не бев сигурна дали е на време тестот и дали е веродостоен.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Јас го имам овој број
    02/3111-904

    на кој вртиш ти?
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Тт е симптом.
    Се надевам и пцр ќе биде негативен и е настинка во прашање.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Да, затоа и тестиравме. Не се изразив најдобро, други симптоми или потешкотии освен тт. Секако е ги сочекаме и другите резултати, сакав да знам ако има нешто дали е на време правен брисот.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.505
    Допаѓања:
    191.319
    Нема правила со тестовите. Твиташе Елон Маск, во еден ден 4 теста правел, 2 биле позитивни, 2 негативни.
    За вашиот случај, ако бил рапид тест, би можел да биде позитивен, тајмингот е ок. Ама како и да е, се надевам дека ќе помине температурата и дека ќе стигнете кајшто треба да стигнете:hug:
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.505
    Допаѓања:
    191.319
    Има две работи, medical error и negligence, точно. Не сум се посветила да барам секакви случаи, тој го ставив дека географски и културолошки близок, за да посочам дека некакви системи функционираат. И не мислам дека треба случај по случај да се тужакаат луѓето, туку група луѓе против системот. Оти системски е проблемот и системски мора да се корегираат грешките.За по 10 години да биде подобро, а не полошо.
     
    На BloodElf, Bezimenka90, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.088
    Се најавува кризна состојба и полициски час од 17 или 16 часот. Аман нека биде пред викендот.
    Се спремат за слава, особено во селата каде што не веруваат во вирусот, а ситуацијата е алармантна таму.
     
    На mareane, Feminka22, fana и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.231
    Пол:
    Женски
    Треба, ама нема критична маса која би го направила тоа, тука лежи зајакот. Затоа не мрднуваме од мртва точка.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.505
    Допаѓања:
    191.319
    Човек може сам да поднесе тужба. Група од 5 луѓе е критична маса.
     
    На mal.ecka, CameliaMiller и Annath им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.231
    Пол:
    Женски
    Јас порадо би повеќе луѓе да поднесеме тужби. Е сеа не знам дали може директно во Стразбур, или мора прво тука, ич не сум запознаена. Ама и врз која основа би тужела, не знам... на збор ќе ми веруваат?
     
    На Mantub, CameliaMiller и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.088
    Билјарке, еве ако сака некој да тужи, се нудам за помош. Имам одбрана на магистерска теза на оваа тема.
    Ама како прво, мора да има обдукција и вештачење, а вештачењето треба да го направи колега - доктор. И овде настанува проблемот. Никој нема да сведочи против колегата. И тешко се докаажуваат овие случаи.
    Кога ја истражував теоријата си викав еј колку е лесно да докажеш, ама потоа кога на ред дојде праксата, па посетата во Судска медицина, интервјуата со доктори, вештаци, полека ми беше јасно дека вакви случаи немаат завршници.
    Работев паралелно и компаративно. САД ваквите случаи ги решаваат со надомест на штета, и тоа во судска и вон судска постапка кога самите болници плаќаат за да не тужат. Судската постапка беше Граѓанска, а не Кривична.
    Јас знам и случаи за грешки во приватна болница, каде што адвокатите не се ни нафаќаат.
    Тежок и макотрпен процес е, но еве за почеток сметам дека доволно е и само пријави и постапки да се започнуваат.
    Ама и пари требаат за вакви случаи и добри кривичари, а тие дебело наплаќаат. А спорот скроз неизвесен.
     
    На BloodElf, azelea, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  18. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.274
    Допаѓања:
    50.869
    Пол:
    Женски
  19. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    10.941
    Пол:
    Женски
    Да, на тој број ама никој не крева. И матичниот не можел да добие информација, не сум веќе свасна кај да се обратиме.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.096
    Допаѓања:
    131.439
    Пол:
    Женски
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.