Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Можно е, не сум била одамна во банка. Ама пак, психолошки, самата помисла дека ќе има полициски час ќе ги тера луѓето да се шибаат на секаде до 4 саатот, и ќе има гужви.
     
    На Mantub и Veta им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.462
    Допаѓања:
    190.890
    Морал да оди у Косово... ФавиВампир да си купи:tmi:
    Се гледа дека нит вести, нит мене ме читаш:doh:
     
    На CameliaMiller и fana им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    А муабетот првичен беше дека ќе земат?
    Јас колку што памтам никој не рече дека нешто ќе им дадат, нека ме поправи некој.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Зошто да не се ротираат сестри? Еве кај нас сестри од гинекологија даваат терапија во дневната болница на ковид пациенти. Некој мора да го прави тоа, подобро да ги ротираат од одделенија каде што се мотаат по цел ден онака отколку да нема кој да им приклучи систем на болните. Е сега нема ваму секој ден полни кеси јадење и пиење од тазе татковци, па може тоа да им падне така малку тешко...
     
  5. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Да, еве баш седам дома и на акушерките им завидувам :^)
    Не одат во ковид центри акушерки или инструментарки, одат општи медицински сестри, кои впрочем и на матичното одделение делат терапија како и тука. И како некој што во последниве три години три пати лежел на гинекологија многу убаво видов и научив колку работат и колку се мотаат и како чекаат како лешинари да видат кој што им донел.
    Ако те распоредиле тебе или твоја блиска личност во ковид центар, имаш надредени таму пожали се, а не да ме напаѓаш мене. Всушност ти побара мислење на темава.
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.389
    Допаѓања:
    259.960
    Јас стажирав, вусшност работев со фул тајм работно време две години, без денар надоместок и плус си купував храна.
    Ама не сум медицинар и гајле му е на некој.
    Студенти се, еве ова им е како пракса.
    Лошо е ако не најдат решение за приватните специјализанти, а не за студентите.
     
    На mareane и Rubiii им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Нема поента збирањето во смисла дека сеедно е да се 4ца на маса, ако сите 4ца се од различно семејство.

    Да одам на ручек со тие со кои живеам е една работа, ама да одам со уште тројца пријатели...

    Од една страна премногу луѓе останаа и ќе останат без работа, од друга страна многу луѓе останаа без живот.

    И јас мислам дека највеќе се разболуваат на работа по канцеларии, ладно е веќе, не се нон стоп прозори отворени, некој ќе има симптоми ама термин нема, па мора да оди на работа...

    Јас не гледам толку чаре во неодење во кафана, колку што мислам дека локдаун (не пол.час, нема поголема глупост) ќе вроди со плод, вака додека не не' пројде сите нема ни да престане ни да се намали.

    И не е толку страшно што ќе не' пројде сите, колку што најстрашното ни' се случува веќе - нема ниту кревети, ниту доктори.
     
    На Sofi.ja, Mantub и mareane им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Не е баш така.
    Бараат огромна одговорност, ама не сакаат кон децата да покажат одговорност.
    Не е пракса ако е (најмалку) 40 часа неделно.

    Во најмала рака можат да им обезбедат храна и превоз, можеби некоја помала сума. Не може да се потпира здравството на бесплатна работна сила, лудо и глупо е.
     
    На Sofi.ja, LejlaD, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    @Yeti 2 кај мене секоја сестра ротира во ковид.
    И инструментарки, и анестетичари, и одделенски сестри, и амбулантски сестри, и ртг техничари, сите дежураат во ковид.

    Не е фер само едни да работат, едни да си дремат.
     
    На LejlaD и Pelargonium им се допаѓа ова.
  10. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Многу студенти ги праќаат во друг град да работат, бесплатно, без патни трошоци, без храна цела ден и со огромен ризик да се заразат од ковид. Епа ако ова ти е привлечна понуда тебе, тогаш повели. Или лесно е да се кажува на форум.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.389
    Допаѓања:
    259.960
    А што беше моето?
    Еве 2 години. И не сум само јас вака, сите што сме на Правен. Бесплатана работна сила. Ете тоа. Работеш 40 часа неделно, имаш одговорност, а немаш надоместок. Ни за оброк.
    Студенти се, куцат решенија,по терк, само заменуват лични податоци.
    Многу тешко е.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.389
    Допаѓања:
    259.960
    Куцат решенија по терк, ај не ме зезајте, ако тоа е тешка работа. Не работат со пациентите. Пред компјутер, куца. Толку.
    А кај ги праќаат, од Ск во Штип ли?
    Јас моето без пари си го одработив.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Добро, еве да речеме дека куцаат решенија по терк-со самото тоа немаат огромен ризик да се заразат таму. А кој има сега од џеб да плаќа трошоци за да патува пола Македонија секоја ден, плус ако треба со автобус па и таму се големи шансите да се зарази. Учеле толку години за на крај да немаат здравствено и што да научат на праксата? Да издаваат решенија. (facepalm)
    Ти твоето без пари си го одработила, океј и јас одев на пракса без пари плус во време на пандемија. Барем за твојава пракса немало пандемија. :)
     
  14. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    5.623
    Пол:
    Женски
    @JuLleE ама никој не вика дека твоето е во ред, и нема врска со струката. Ни една бесплатна работна сила не е океј, ни во криза ни надвор од криза. Сфаќам дека се работи за Македонија ама тоа не е доволна причина да не сме критични, и да се нормализира нешто што не е океј.
     
    На Harper, WaitTillTheEnd, jacqueline.s и 4 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.389
    Допаѓања:
    259.960
    Ако им побарат да одат во друг град, нека одбијат, немаат пари и толку. Што ми е чудно од Скопје во Штип да ги носаат.
    А за зараза, нека почитуваат мерки.
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.389
    Допаѓања:
    259.960
    Не е, ама е.
    Интересно е што сега се сетивте, во време на пандемија дека многу работи не се во ред.
    Иако еве јас сум до денес благодарна на тоа бесплатно работење. Сепак за мене не беше бесплатно.
     
  17. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    5.623
    Пол:
    Женски
    @JuLleE лично истото го мислам секогаш, мене не ми е во ред. Сфаќам да си приморан, ама тоа баш ништо не оправдува во ситуацијата. Само тажно е.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.476
    Допаѓања:
    91.098
    Пол:
    Женски
    Јас пак знам доста што се заразија од седенки во кафани.
    И тоа повеќето возрасни, мажи на 50+.
     
  19. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.904
    Допаѓања:
    3.310
    Мене нешто деновиве ми се засили анксиозноста/стравот од короната... Многу е панично, реално. И, коа ги гледам луѓево низ град- сите со наведнати глави, брзаат... Се намалува работа во сите локали и продавници... Луѓе губат работа, умираат... Секој ден по некој умира што го знам. Страшно. Сметам дека под хитно мора да се воведе полициски час.
     
  20. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Епа сега се жалиш или си благодарна за тоа што 2 години си работела бесплатно? :^) Одлучи се.

    Инаку, не е дека сега се сетив за ова. Јас поминав низ цел тој круг бесплатно работење и трошоци за праксата. Еден пар ракавици во болница не сакаа да ми дадат како стажант. За време на пандемија. И тоа е тоа, што друго може да се каже или очекува од нашава држава.
     
    На Fifi84, christinnn и CameliaMiller им се допаѓа ова.