Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не знам дали е бесплатно :!: Доброволно е, а дали им се плаќа нешто ич не знам.

    И да, се сложувам дека едни е да се изрази желба да волонтира, друго е да се наметне.
     
    Последна измена: 19 ноември 2020
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    А кој кажа дека кај нас нема да им се плаќаат патни трошоци? Кога започнаа да волонтираат, кога заклучија дека нема да им бидат исплатени патни трошоци? Јас колку што разбрав решението е донесено сега. Не верувам дека нема да им дадат по 6,000 ден. онолку колу што изнесува практиканска работа.
     
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    А зошто да не помогнат ?
    Тоа што ќе видат и научат од живи ситуации, нема да ги научи ниту една книга.
    Е сеа жустро да, ама ќе се врати еден ден у форма на бонбоњери, рафаело, вина, кесиња подароци и сл.
     
    На butterfly6223, Feminka22 и Izaabella им се допаѓа ова.
  4. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Не сум за воведување на полициски час.
    Не мислам дека ќе даде ефект. Баш напротив, само ќе се прават дополнителни гужви.
    Луѓето ќе работат со скратено работно време, докај 14/15:00 часот. И сите ќе брзат да си завршат овврски до 17:00.

    Или нека затворат целосно за две-три недели или подобро ништо да не прават.
    Полицискиот час е тешка глупост.
     
    На Harper, BloodElf, WaitTillTheEnd и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Проблемот со волонтирањето во нашата држава е малку по длабок.Збориме за доктори и приватни специјализанти, не зборам за студентите.Ги шуткаат, конкурираат со највисок просек и пак ке вработат некој 6-7 на список.Револтирани се дека по рамковен имаат поголеми права и плати.Излезе кажа нема небработени доктори, вчера ги покани истите "вработени" со понуда за волонтирање.Значи кога некој со години те гази апсолутно го разбирам револтот! Сепак е на доброволна база, така да нивни избор.
     
    На Pelargonium му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.330
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20201119_091027.jpg

    Поздрав.
     
    На Harper, WaitTillTheEnd, темјанушка и 22 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.461
    Допаѓања:
    190.879
    Не ли е дефинирано со закон што е пракса, што е волонтирање и кој какви права и обврски има @JuLleE ?
     
    На LejlaD и Fifi84 им се допаѓа ова.
  8. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    И сепак тие што можат да работат без пари, имаат некој да им плаќа сметки или живеат со родители.Еве пред 17 години мене ми беше понудено да волонтирам во државна клиника. Кога прашав дали при вработување би имала предност како волонтер ми кажаа НЕ! Мене ми требаа пари зашто моите врзуваа крај со крај тогаш.Се вработив во приватно си стекнав искуство.Понатака се вработив сега каде што сум.Еве @CameliaMiller знае за што зборам, и дека може да волонтираш со години и на крај збогум! А во странство знам па и во ит кај нас се вика приправник, и си има надоместок за тоа!
     
    На темјанушка, LejlaD, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    За студентите ова е добра пракса затоа што рачунајте дека во нивниот работен век уште две пандемии ќе има како од шала. Убаво е да имаат барем малку искуство. Е сега кај нас е проблемот што одма почнале да ги злоупотребуваат. На што личи да ги уценуваш со чистење, а учеле за истиот тој потпис 5 години. Студентите вистина секаде ги вклучија, ама никој не ги омаловажува како кај нас, махери сме за вакви глупости.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Кај нас волонтерите никој не ги брка, ама ни решение не им даваат.
    Пред 4 год. поделија решенија во ТРИ ГРУПИ, секоја со по над 100 луѓе, во сите можни болници. Луѓе што по 10 години "волонтирале".

    Да не зборам дека тоа буквално пред избори го направија пошто знаеа дека е врвка работата, башка што огромен одлив веќе имаше, се изнаотворија приватни болници, посебно ЖМ што им понуди многу подобри услови и договори на неопределено.

    Ама, сега веќе имаме "нови" луѓе што "волонтираат" 4 години, јер не спаднаа во предвидените групи. Дур не им пукне филмот. 90% се болничари, останати 10% лаборанти и сестри.
     
    На Mantub, Annath, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    @Pelargonium поентата е да одат на пракса на повеќе одделенија, да се запознаат со работата на повеќе специјалисти, ако сакаат да специјализираат нешто да видат и во пракса какво е нештото, а не да штанцаат листови. Да помогнат ако сакаат - ок, ама не може тоа за пракса да им го сметаат, оти буквално нема да добијат можност практично да научат да работат.

    Утре ќе дипломираат, па ќе имаме генерација општи доктори без реална пракса, кои би требало да стажираат и работат во реални услови.
     
    На темјанушка, Ambrosia, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    И ако ги избркаат ке ги заменат за други :( За жал на никој не му е гајле дека тоа се веќе обучени лица, во кои се вложило време и труд, а истиот и они го дале кон клиниката.
     
    На Annath, LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за полицијата. :bow:
    Кај мене во градов полицијата е задолжена за ширење на заразата. :rock:
    Се шетаат без маски, со симптоми имаат контакт со по 30/40 души, додека чекаат резултати од тестирање си лабават на кафе, а богами мислам и дека веќе никој жив не казнуваат, зошто тука кафичите се пре-пол-ни.
    Во секоја една институција има по минимум 5 заразени, а моментално кај моиве на работа им е минско поле и само некој нов заболен излегува секој ден, па размислување дали имале средба со истиот. Хаос.
    Само вчера слушнав за 12 познати кои се заболени или во изолација поради контакт со заразен.
    Понатака не сакам ни да помислам што ќе се дешава, па и со полициски наместо локдаун, лепота. :handshake:

    Инаку дојдов и да пишам за убаво искуство со матичната.
    Секогаш кога ѝ ѕвониме е достапна, а воедно врши и прегледи.
    Поради некои симптоми на настинка ѝ се обратив за секој случај, зошто ми беше шубе поради тоа што се погоди баш неколку дена откако посетив стоматолог да се појават симптоми (иако за стоматологот речиси и да нема ризик, бидејќи работи навистина чисто, постојано со опрема, дезинфицира, проветрува, работи со закажување за да има и простор помеѓу еден и друг пациент, мери температура, значи внимава на се').
    Кај матичната од влегување веднаш дава средство за дезинфекција, мери температура, а прегледот беше комплетен, уво, нос, грло, слушање со стетоскоп на плуќа, мерење на сатурација со оксиметар.
    Ова е првпат откако почна лудилово да имам потреба од преглед и навистина сум презадоволна.

    Така што луѓе не се задоволувајте со порака и не останувајте кај матични кои не ве рецкаат.
    Штом можат едни да работат, да се јавуваат, да се во контакт со пациентите, можат и оние кои не креваат слушалка, а ваму имаат редовни примања.
     
    На Annath, LejlaD, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Тоа ич да не правам муабет.
    Некои од тие што ги познавам, ќе биде среќна таа приватна болница што ќе си ги прими.
     
    На Annath, LejlaD и Fifi84 им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Точно. Не можам веќе да слушам матичните немале опрема и слично, нека се префрлат на приватно тогаш и така нека наплаќаат. Вака испаѓа сакам капитација од фонд, ама не можам да работам.
    А, и знам матичен што не верува дека корона постои btw(facepalm)
    Како и се друго што излезе на виделина, се покажа дека 80% најмалце од матичниве ни се за украс :sun:
     
    На BloodElf, Giovanna, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Германија е најсреќна:)
     
    На Mantub, Annath, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Убаво е што ќе се вклучат студенти по медицина, реално и би требало да ги вклучат, едно што ќе стекнат искуство(какво такво), друго што не се ризична категорија и би можеле да допринесат бар околу основни работи. Ама мора да ги платат!

    Кога уставните судии без срам и перде си изгласаа додадоци во висина од 35 посто од плата за време на пандемија и се состанаа само за да поништат одлука дека не може да се намали платата во нивната фела, нема зашто да се очекува од студент да покаже солидарност.
     
    Последна измена: 19 ноември 2020
    На Harper, BloodElf, WaitTillTheEnd и 18 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.389
    Допаѓања:
    259.959
    Билјарке, пак треба да пишам. Во ЗРО е тоа регулирано. Закон за работни односи.
    Ама овде зборуваме за студенти кои ги викнале да помогнат во сред пандемија, да куцат решенија по терк. До кај ја доведовте дискусијата. Ништо страшно.
    Проблемот е кај приватните специјализанти кои треба да работат со ковид пациенти.
    Инаку и ние од факултет имавме пракса во суд, Судска медицина, нормално не платена.
    Ќе куцаш и решенија и ѓеврек ќе купуваш. За студентите не се плаќа, како дел од предмет беше, пракса, покрај теоријата.
    Истото е и кај нив. Имаат пракса. Не онаа која ЗРО ја регулира.
     
    На fana и LejlaD им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.389
    Допаѓања:
    259.959
    Боа, ова се студенти кои во нормални услови се по Клиника или болници, како дел од предмет им е праксата, е сега ќе одат во ДСЗИ. Не е баш пракса, пракса како што е после дипломирање.
     
    На LejlaD и BoaVista им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.461
    Допаѓања:
    190.879
    Закон за работни односи регулира волонтирање?
    И јас појма немав, ама кај мене волонтирање е регулирано со законски одредби, не било ај дојди помогни па ќе видиме што како.Не зборувам за плаќање, за регулирање зборувам.