Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    39.711
    Пол:
    Женски
    Нормално дека треба да ги платат.
    Кога се има пари за тренирање на магариња, над 100.000 евра за новогодишно украсување, над 200.000 евра за фудбалерите, те последно покачување за наставниците.. Нема резон поинаку.
     
    На Veta, fana, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Не ги повика Венко студентите вчера.Ги повика лиценцираните млади доктори (за кои викаше дека сите се вработени)и приватните специјализанти.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.005
    Допаѓања:
    276.437
    Ама ова пракса им треба за стаж Јулке. Не е баш дека ништо паметно не прават. Пак е поарно ако веќе некаде одат да е тоа екшуал ковид центар, него да се занимаваат со листови куцање. Ако е пракса нека е пракса, ако е волонтирање нека е волонтирање. Ама јас гледам проблем во тоа да не добијат вистинска пракса.

    Кај мене на пракса секаде ги носат, и преврски, катетри, ги прашуваат професорите да дадат дијагнози, на ехо ги учат да гледаат, не е баш дека се шлаат без врска. Ако сакаат да волонтираат нека, ама стварно не е во ред куцање решенија да им биде замена за ова другово.
     
    На темјанушка, fana, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    Јуле се тоа ок, те разбирам потполно што сакаш да кажеш. И јас прва бев за солидарност во ваква ситуација од секого, зашто јасно е колку може државата.
    Ама толкава фама кренаа кога ги намалија платите на судиите и обвинителите за два месеца, во кои и не работеа, не ни одеа на работа, па експресно се состана Уставниот суд да ги поништи тие одлуки. Сега пак си се состанаа да си изгласаат покачување или додатоци во сред пандемија. Е сега, според мене, државата треба сите тие непотребни издатоци да ги пренамени во здраството. Дали ќе биде за плаќање на студенти или доброволци во ковид центрите, дали за купување на боци со кислород, скроз небитно. Ама некој да зема по 70000 денари, а ваму здравствениот систем пред колапс, не е ок. И затоа пишав не можеме да очекуваме солидарност од студент, и не треба, ако останатите не мрднуваат со прст.
     
    На Harper, темјанушка, Purplelilac и 9 други им се допаѓа ова.
  5. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    за кој град се работи? ме интересира како е во Прилеп, моите се таму и се секирам цело време ги мислам
     
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.262
    Пол:
    Женски
    Ќерка на дотичната од станот претходен заврши за психолог.
    Кога разговаравме во август ми кажа дека од 1 септ ќе оди во болница и ќе работи 2 год бесплатно како шсихолог да стекне искуство, нема да ја плаќаат, ја прашав дали после 2 год има загарантирана работа, мо рече дека нема, дека после 2 год ќе бара работа
    Искрено се шокирав.
    Се шокирав тука и од вас кога го кажавте истото.
    :x
    Не е во ред.
     
    На Harper, LejlaD, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    И со оваа гледна точка се сложувам. Некако мислењето ми е поделено меѓу ок е и оваа пракса и ова што ти го пиша. Како и да е со ова се покажа зошто ни бегаат сите доктори во странство. Учат, носат голема одговорност и на крај ќе ги притисне министерот бесплатно да се борат со пандемија и уште ќе излезе на тв со изјава дека сами се понудиле да помогнат, а тоа е една огромна лага.
     
    На tinka-mace и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    5.054
    Допаѓања:
    42.584
    Пол:
    Женски
    Не би да те плашам, ама Прилеп е хаос. Не излегувам јас низ чаршија ама по она што се пишува, кажува :worried:Болница нема кадар, цел ден се чека за преглед, луѓе надвор молат за воздух, рендген нема термини, сите на куп заедно чекаат ред, матичниве не примаат пациенти...
    А тек да не зборувам за селата, заврши работата, удрени се на дружба, никој од никого не се пази, маска е поим, журки забави, слики со прасиња и џигери :x:x
    Еден од дома е позитивен, надвор на улица децата испуштени си играат, сопружникот си оди по маркети, аптеки и си пазари, без маска нормално.
    Премногу сум изреволтирана али тоа е, на диви животни местото му е или во шума или во кафез, нема друго чаре.
     
    На azelea, 24.07, KidA и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    1.767
    Пол:
    Женски
    Што одлучија? Ќе прогласат ли вондредна состојба?
     
  10. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.469
    Сега рекоа ќе имале прес од вилата, кажаа на Канал 5.
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. winnie7

    winnie7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Искрено, мислам дека ни полициски час нема да помогни. Тие што си се собираат ќе се собираат и на полициски, само ќе се направи гужва и стрес во маркетите за да се испазари за дома.. Немаме свест, а тоа е се до свеста. И зошто никој не контролира каде се заболените, дали излегуваат? Исто и нивните контакти. Познавав другари/другарки што беа во контакт со заразени и нон стоп беа во друштва. Џабе и локдаун и полициски додека не се свести народот.
     
    На fana и srekice им се допаѓа ова.
  12. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Скроз се согласувам со тебе. Еве пример од најблиски мои. Наиме, сестра ми беше позитивна. Додека она, седеше во изолација, зет ми и внуците си беа на слава кај брат му. Пошто, брат му е џандар,мора да слави слава нели. Може да му се фатат сите. Еее од такви болни умови патиме. Тие што треба ред да прават, тие го кршат законот. Џабе и полициски, и карантин и се. Кој почитува, ќе почитува и без да му се каже.
     
    На ctw, KuklickaSk, noteforself и 4 други им се допаѓа ова.
  13. winnie7

    winnie7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    И јас имам блиски кои што не почитуваа. А баш бев со нив, наредниот ден дознав дека се позитивни само чекале да се тестираат. А имам проблеми со здравјето и се пазам колку што можам, но од вакви луѓе што не им се седи дома 14 или 10 дена ми се гади! Колку да ми се блиси не можам да си поверувам колку немаат памет, наместо да се стрпат и да седат дома за да имаме подобра состојба за неколку месеци тие удри бригу на весеље:|
     
    На ctw, mal.ecka и srekice им се допаѓа ова.
  14. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Знам. Исти ми се дома во куќа.Се акаат уште по бувљаци и бит пазар. Беа болни со температури но нејќеа да се тестираат.Се навредија кога им кажа матичната. За нив не постои корона. И што можам. Немаат осет ни за мало дете што имам дома.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.870
    Допаѓања:
    42.522
    Пол:
    Машки
    Советот за безбедност даде препорака за прогласување на кризна состојба. Што следува понатаму, искрено не знам.

    Нека каже некој правник.
     
    На Purplelilac, tinka-mace, Lollipop_123 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Моите најблиски роднини се таму, сите се заразени, баба ми не ја ни примаат во инфективно. ;( Хаос било. Нека се пазат твоите, се надевам се ќе е во ред.
     
    На 24.07, KidA, LaDyDoLl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    1.767
    Пол:
    Женски
    Би требало да одлучи Владата утре...
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.870
    Допаѓања:
    42.522
    Пол:
    Машки
    А ќе треба на собрание да минува?

    Да видиме дали Комисијата и МЗ сега ќе предложат и пол. час.
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.490
    Допаѓања:
    198.946
    Мене многу нешто не ми е јасно. Избегал или си отишол? Си отишол дома да се одмори и се напил апчиња?:^)
    https://sdk.mk/index.php/makedonija...d-bolnitsata-a-bil-vraten-vo-teshka-sostojba/

    „Пациентот вчера предпладнето кога се делел ручекот избегал од Ковид одделот каде и бил хоспитализиран. За бегството било известено болничкото обезбедување, МВР и директорот на Клиничката болница Битола, како и епидемиологот. Потоа, во 18:02 часот пациентот бил донесен со возило на Итна медицинска помош (ИМП) и медицинска екипа во вонредно тешка општа состојба, неконтактибилен, тахидиспноичен, хипотензичен со немерливи витални параметри, немерлива сатурација, со пена на устата и изразена цијаноза. Според кажувањата на медицинската екипа од ИМП, пациентот со приватно возило си отишол дома наводно да се наспие и одмори и се напил средства за спиење и смирување во непозната количина, веднаш заспал и не се будел, по што семејството повикало ИМП кои веднаш дошле во домот и ординирале терапија која немала ефект, по што е донесен на Инфективно одделение. Од страна на дежурната екипа на Ковид одделот биле преземени реанимациони мерки, но без поволен терапевтски одговор. Во 18:45 часот настапила смртта со клиничка слика на тешка кардиореспираторна инсуфициенција и престанок на работа на срцето. Во системот не постојат внесени коморбидитети“, соопшшти Министерството за здравство.
     
    На Fifi84 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.247
    Допаѓања:
    49.134
    Пол:
    Женски