Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Тестовите требаше да ги направат бесплатни. Колку луѓе свесно ја раширија заразава немајќи можност да се тестираат заради немање пари и услови за тестови?! И си молчеа и си одеа болни на работа. Еден паметен економист да имаше ќе направеше пресметка колку ќе ја чини државата бесплатно тестирање, колку паднатата економија сега и во иднина?! За загубата на човечките животи да не спомнуваме.

    Кога човек бира функција тогаш ја бира и негативната страна што ја носи истата. Во момент кога требаше да се пресече остана само “апел” до граѓаните и тоа со половина уста изговорен.
    Се собирале по дома и во време на карантин. Абе излези со став - јас сметам дека доколку не се превземат 1,2,3... мерки тогаш ќе се случи тоа и тоа или давам оставка. Изврши притисок, имаш моќ. А не денес има Корона, утре не, следниот пак има итн.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.460
    Допаѓања:
    190.877
    1. Има разлика меѓу начитаност и информираност.
    2. Сите политички функции се политички, заради политика, следствено си дале оставка/ или им дале оставка/ заради поличка проценка.
    3. Дискутирам непристрасно во согласност со информации и разум што имам, а не заради што напишала Ана или Рефка.
    4. Најнепристрасно, ако на балкан има во просек 3 болнички кревети на 1000 жители, а погоре од балкан отприлика 7, кој треба тоа да го има предвид кога носи одлуки и мерки за справување со пандемијата? Над Балкан веќе некое време се живее во локдаун.
     
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Па бесплатни се тестовите на државно.
     
    На JuLleE и bicycle им се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Кога, после еден месец или откако почине човек?!
    Зошто би отишла на приватно да се тестирам и да платам 4000 ден ако имам бесплатен тест?! Колку тестови има направено во приватните клиники досега?
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Ко ќе најдат матичните слободен термин за тестирање.. :| Тестови има, термини нема од огромен број на заразени.
     
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.388
    Допаѓања:
    259.955
    Заразата ја шират на работните места. И собиранките. Еве ние сме мал град, па се си знаеме.
    Исто и во Ск е, се шири по работни места.
    Овде треба да чешла Инспекторат. Трудов и ДСЗИ. Ама и они кубурат со кадар. Некои градови немаат инспектори, испразнети се, а нема вработување на нови.
    Ефект од полициски нема да има, ама ќе има ако секој ден над глава ти висат.
    Самите вработени си кажуваат дека си пијат заедно кафе. Таков случај имавме сега, една заразена, другите во изолација оти си пиеле кафе групичката од работа.
     
    На CameliaMiller, LejlaD, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Една народна вика подобро да спречиш отколку да лечиш. Сега веќе што и да се каже е излишно.

    Боци за кислород имало секогаш. Тоа знаеме. Некаде кај што треба нема.
     
    На Ева33, Biljarkata и kristina.k им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    На мајка ми не им дозволува газдата, а четири или 6 вработени се вкупно. Ептен не сака на работно место да им се прошири заразата оти се малку вработени. Ем нема замени, ем прехрамбена индустрија е. Маските не ни помислуваат да ги тргнат.

    А од друга страна имаш фирмо по 400 вработени кај што има куп заболени, никој не оди во изолација епидемиолозите им дозволуваат така. Има хотели и ресторани и маркети во кои само заболениот вработен се трга привремено, а објектот продолжува со работа.
    Фаќаат врски и не затвараат заради стигмата, да не речат "не одете таму, има корона", таму фатил некој па да не се оди...
    Тоа е огромен проблем, секој што ќе седне во тој локал е на ризик.
    Очигледно е дека не се води контрола заради економијата. Ептен очигледно е.
     
    На CameliaMiller, Izaabella, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.388
    Допаѓања:
    259.955
    Кај нас од маркетот никој не отиде во изолација, а имаат позитивни.
    Еве сега дознав и дека во банката има заболени, а јас вчера бев. Со симптоми се во најмала рака, со позитивни партнери.
    Кај и да влезеш има позитивни, не знам како веќе и да се заштитеме.
     
    На CameliaMiller, LejlaD, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Мртвото тело по закон мора да се остави 2 часа во болнички кревет.
     
    На CameliaMiller и kristina.k им се допаѓа ова.
  11. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Не е проблем да се заштитиме ние како клиенти во банки или купувачи во маркет, секако ако сме соодветно и ние и тие заштитени. Проблемот е што тие на работно место што ќе се заразат а не знаат, дупло поголема зараза шират со роднини и пријатели. Еве јас знам случаеви кај што една личност ќе се зарази на работа, а после дома ќе си го зарази цело семејство и неколку пријатели, па домашните или пријателите ќе заразат уште... И така до недоглед.
    Еве јас веќе 1 месец и повеќе надвор од дома со кој и да се видам сум со маска. Ама ако некој од домашните ми го донесе вирусот, што да правам.. не можам дома со маска да сум.

    Не знам веќе кое е решението. Требаше уште на првото нагло растење од 300 400 на ден да воведат поригорозни мерки, сега не знам колку ќе има ефект веќе и колку ќе може да се изведе.
     
    На srekice, VDT2906, BlackNight и 3 други им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Јасно, ама го фатило паника. Не е како што пишуваат заминал за да се одмори и наспие, барем од блиски негови што кажуваат.
    Состојбата во Битола и Прилеп во болниците е очајна. И од медицински лица кажано што работат таму, и од блиски што имам таму хоспитализирани, за жал.
     
    На BloodElf, 24.07 и LejlaD им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Добро, ама не може поради тоа што се исплашил да замине.
    Плус кога ќе се каже - оставиле починати до него, звучи ко тие да умреле и никој не се замарал.
    Мора да се остават 2 часа во кревет, не смеат да се поместуваат по закон е тоа.
    Треба да се дообјасни зошто за некој кој не знае дека е тоа законски, звучи ко таму да умираат луѓе и никој не ги ни гледа дека умреле.
     
    На CameliaMiller, smooch, KuklickaSk и 4 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Никако... Премногу е расширен и никакво привремено затварања на објектите не би го спречило тоа.
    Буквално би било "Затвори на две недели - таман тргнат, друг се разболел, ај пак назад"
    Само да не го фаќаме, или ако го фатиме барем лесно да поминеме. Нема тоа затварање што не спасува веќе.

    Излегоа многу експерти на крај во право, ни еден карантин нема да го сопре вирусот, само ќе одложи моментот кога ќе мора државата да се справи со него.
    Е, тоа што нашите не го искористија врмето што го добија со предвременото затварање за првиот бран и прилично мирното лето, тоа на страна...
    Тука е грешката, што си тераа лабаво, а знаеја што ги чека...
     
    На srekice, CameliaMiller, noteforself и 10 други им се допаѓа ова.
  15. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.329
    Пол:
    Женски
    Кога почна ситуацијава Филипче имаше одлична тактика, успеа да го потсмири тогаш многу испаничениот народ и до ден денес мислам дека правилно и точно ја кажуваше ситуацијата каква што е. Е после му се случи политика и кога виде колку е саатот мислам дека тргна на многу полошо. Не дека вината ја барам само кај него, треба да можат закони и правила да си ги спроведат во државава а нив поединци воопшто не ги есапат.

    Не може на зовриена ситуација да пушта ифтари, да пушти цело лето да се ашикува и народов комплетно да си се опушти, да не го мобилизира цел невработен медицински персонал, под најитна постапка да не реши ситуација на специјализанти кои и те како можат да помогнат, да влегува во црква после Заев кој бакнува икони и да си дреме, да дозволи болници да останат без залихи од кислород кога почнаа да скокаат бројките и да го лаже народот дека ситуацијата е под контрола а ваму луѓе по ходници инфузии примаат и се вратени оти нема место.

    Капакот, она од што мене ми се згади најмногу беше клипот со папагалите, на скршен рекорд тогашен од починати тој клипче пародија на вмровците им прави. У реду е да си го праќаат меѓу себе, ама на јавен профил онаква глупост да објави е прениско и никој не може да ме убеди дека не е така. Небаре панаѓур е ова, а не министер за здравство.

    Како доктор е број еден а и како политичар почна многу убаво, ама нажалост мислам дека под притисок се стопи во масата на политичари кои прво ги гледаат изборите а после здравјето на народот. Оставка треба да си поднесе, катастрофални резултати последниов месец, ама искрено па не ни знам некој кој може да го замени и да стави ред во дувлово од недоветен народ кој уште не носи маски.

    Се е у курац отидено, затоа имаме 1400 на ден од 2 милиони жители и по минимум 20+ умрени на ден. Срце ме боли кога ќе се сетам колку луѓе во црнина зави ова гомно.

    А да, кога коментирам веќе безобразлук и невкус, таа монтажата што опозицијата му ја лупна пред министерство фотошопиран како смрт да не ја заборавиме. Врв на простотилук, јас не знам дали некој овде 2 чисти има.
     
    На neno0o, srekice, CameliaMiller и 28 други им се допаѓа ова.
  16. TheDongerino

    TheDongerino Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Машки
    Арно нема попис кузнае од кога, уште сегде 2 милиона не водат инаку реални бројки се 1.5 1.6 милиони со шо би биле рекордери и смртност и заразени според бројот на населението
     
    На LejlaD и Doozy им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Да прашам само до кога планирате да се вадите на Вмро ?
    Секој еден контра аргумент за нешто што не чини сега е, а порано подобро да не беше ? До кога?
     
    На Harper, Cka, An-na и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.460
    Допаѓања:
    190.877
    Се согласувам дека карантин не го запира вирусот, ама го успорува, да. Не знам како би можело да се искористи летото освен во планирање и чекање спремни, ама исто не знам дали некој тоа го направил, сите влади трпат критики дека го преспале летото.
    Пошто борбата со пандемијата е како борба со температура, ќе му дојде дека нема друго, освен антипиретик на одредено време, односно локдаун на одредено време. Со претпоставка дека помалиот наплив на луѓе во болници ќе резултира со повеќе спасени животи. Таман таков локдаун кој ќе ги поднамали бројките, а со тоа и психолошката тензија кај народот.
    Е и локдаунот иде со цена, не дека не.
     
    На srekice, CameliaMiller, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Извини вака што упаѓам у муабет....спомна некој ВМРО ?...партија?
    Најди каде сум спомнала па нафрлај.
    Или можеби такви ти се мислите, па сите останати ги декларираш левичари V.S. десничари.

    Што има да се вадам јас на некого, еве стварно незнам.
    Ама како народ кој е НЕпослушен, лошо е да се вадиш на друг
     
    На CameliaMiller, KuklickaSk и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    (facepalm) Ако не споменик да му изградат?
    Филипче кој со 1100+ хоспитализирани излегува на телевизија и вика се е под контрола, за после 2-3 дена да следува не е ништо под контрола кризна состојба ќе се прогласело.
    Видеото со папагалите му е дно дна само заради тоа заслужуваше одма оставка па на негово место било кој да ставеа.
    И види сега има податок ќе си ги зголемиле платите и патните трошоци.(Буџетот е веќе објавен на сајтот на Собрание и наскоро пратениците ќе треба да ја почнат расправата по него. Во предлогот има повеќе пари и за нив. Ставката за плати за Собранието е поголема за 875 000 евра, а за патни трошоци има 220 000 повеќе од годинава.)
    Не може Филипче кога разговара со Заев и другите имбецили да им спомне да размислат малку како да ги трошат парите од буџетот во време кога здравството е крахирано или убаво му е и на него?
    Додека пратениците од Левица се понудија да им се скрати од платата на сите пратеници и целосно да се укинат патните трошоци овие контра се прават. НО веќе утврдивме Левица се нацисти, фашисти.
    200000 евра за украсување на Скопје, луѓе по улици ќе умираат ама битно украсено да е Скопје нели?
    Уставни судови к*р ги боли нив заради некаква пандемија си зголемуваат сами плата.
    И на сето ова Филипче да молчи како партиско пионче мрш нека се гони во .....
     
    На Harper, Cka, jacqueline.s и 7 други им се допаѓа ова.