Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    Рибата смрди од главата Рефке.
    Да народот е каков што е. Тоа Филипче и сите од врвот го знаат. И требаше да се превземат строги мерки. И еднакви за сите.
    Ни Филипче , ни никој не е за бранење. И толку невин.
    Како се измачи кутриот. Зборувајќи дека се е под контрола и пуштајќи секој да прави шо сака.
    Не нема да им стои над глава ама ќе стави некој ред и организација. За тоа е таму.
     
    На Harper, oblace1, noteforself и 11 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Е ова се вергла по сите портали:
    https://lokalno.mk/filipche-pod-golem-pritisok-se-no-zdravstvenite-rabotnitsi-ne-se-otkazhuvaat/
    Од ,,се е под контрола,, премина во друга насока.
    Се надеваше дека со благи мерки ќе се стави ред, ама народот сме такви какви што сме.


    (ова не е поврзано со тебем туку општо)
    Да се навратиме наназад , кога се дискутираше за полициски час, некои многу беа ревносни - не чинело тоа.
    Сеа истите прикажуваат како трба по строго да се држи народот.
    Да се договорат сами со себе?
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Левица, СДС, ВМРО...

    Збориме за здравство и за корома криза во Македонија и светот :)

    Политичките теми се во друга рубрика:)
     
  4. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Кај ги спомнав сдс,вмро? Па Филипче ни е министер за здравство а до сега скоро сите негови одлуки не се за доброто на народот туку за доброто на партијата и тоа е факт и за тоа треба да одговара!
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Минатата недела 29.000 луѓе починаа во Европа како резултат на инфекција со коронавирус. Тоа значи дека еден човек умира на секои 17 секунди, предупреди Ханс Клуж, директор на Светската здравствена организација за Европа.

    Тој нагласи дека повеќе од четири милиони нови случаи на инфекција се регистрирани само во ноември.

    Досега во Европа починале околу 355.000 луѓе, а регистрирани се близу 16 милиони случаи на инфекција со коронавирус, рече Ханс Клуге.

    Тој исто така нагласи дека бројот на смртни случаи се зголемил за 18% во претходните две недели.

    „ Ако минатата недела починале 29 000 луѓе, тоа значи дека едно лице умира на секои 17 секунди во Европа од коронавирус. Во моментов, околу 4500 луѓе умираат секој ден. Само во ноември беа регистрирани повеќе од четири милиони нови случаи”, предупреди Клуге.

    Тој процени дека ако 95% од луѓето носат маски, „строгите мерки не би биле потребни“.

    „ Сепак, се проценува дека околу 60 проценти од луѓето во Европа носат маски, можеби дури и помалку, па затоа е тешко да се избегнат ограничувачките мерки“, смета Клуге.

    Тој нагласи дека над 80 проценти од европските земји забележале зголемување на бројот на пациенти на 100.000 жители.


    ©Makfax.com.mk
     
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    И двете партии имале шанси па со никого не сме осетиле разлика во годиниве.
    Значи ни едните ни другите.
    Како не ви се смачи да се препуцавате меѓу себе Мицко е крив, не Зајко е крив.
    Децата мали подобро резонираат.
    Ама стварно.
    Не зборувам за муабетот погоре, туку за општо што се имам изнаслушано од ко е пандемијава.
    Да, народот има вина.
    Кога ќе ти речат не се збирај, значи не се збираш, толку е просто и едноставно.
    Ама кога ќе стават карантин, а во чаир ќе шетаат слободно, кога ќе трошат илјадници за китење, тендери за магариња, неуставно зголемување на платички и патни трошоци, врагови и чуда, немој да ми рече после некој е што е крив Филипче де.
    Еј па тој Филипче на студентите што завршуваат општа медицина им плаќа 30 000 денари месечно за задолжителната 6 месечна пракса, а не им плаќа ништо на сестрите за задолжителната 9 месечна пракса.
    И после ќе пише - го мотивираме медицинскиот кадар. На кого го правиш слеп при здрави очи бе?
    Не му е срам да коментира дека персоналот бил преморен, а од друга страна има медицинари кои неможат да се вработат без партиска книшка?
    Работите се забегани толку што нема веќе поправање со глупички изјави дека Се е под контрола.
     
    Последна измена: 20 ноември 2020
    На Veta, CameliaMiller, noteforself и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    [​IMG]

    Буквално вака изгледа.
     
    На Mia Fuentes, noteforself, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  8. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    не можам да го наjдам тој линкот за човекот што се префрлил на крај во Систина, може ли некој да ми го покаже?
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Барај на Плусинфо е, тие цело време за рекламираат Систина.
    Толку до платени реклами читање ви е дојдено.
     
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Напиши на google Стар Скопјанец Систина и ќе ти излезат линкови :D
     
    На CameliaMiller, KuklickaSk и Celltica им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    17.548
    Пол:
    Женски
    Од каде ти е ваа информација дека на студентите им плаќаат 30000 денари месечно за 6 месечниот стаж. Да не се шегуваш ти нешто :D:D:D:D:D , од каде ги вадите овие работи не ми е јасно, тој приватните специјализанти што работат со полно работно време и дежурства(кои им се неплатени) едвај ги плаќа, не се ни здравствено осигурани ,а не па студентите, стварно не ширете вакви дезинформации.
     
    На Pelargonium, tina2018, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Добар виц.
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.387
    Допаѓања:
    259.950
    Студентите на медицина од УГД кои се на пракса во Систина, ќе им плаќаат?
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.460
    Допаѓања:
    190.877
    Мислам дека членката има родители во МК исто како и некои од нас, па бара информација.
    @KidA линкот е комплет бескорисен, никаква информација не нуди ама еве, процени сама.
    Не знам дали има разлика меѓу Систина и Жан, секако сега со кризната нејасно е што ќе биде.

    Прогласија кризна бтв:?:?
     
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Срамота е да не знаеш интернет да користиш за да провериш нешто дали е точно или не.
    Со овие "дезинформации" Филипче се истури од фалење дека ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА е платена 6 месечната пракса која дипломираните студенти треба задолжително да ја обават после факултет.
    Тој со месеци збори за истото, таа прашува од каде ги вадите овие работи :headbang:
     
    Последна измена: 20 ноември 2020
  16. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    ти благодарам! да, тоа ми е проблемот и искрено ми треба некој план моите се во мкд сами, и прилично тврдоглави како што се сите на таа возраст, сакам да смислам некое решение и договор ако се разболат лошо и со ниска сатурација да одат директно во Систина (или ЖМитрев ама за таму цело време лоши работи само читам), затоа што на државно еве и таа водата што треба некој да им ја однесе не знам кој ќе биде, а плус тепање за кревет, боца кислород.. Во обични услови ќе се најде некој да помогне ама сега е така што може да се случи и другите поблиски исто да се болни, а и да се здрави не е убаво да ги ставаш на ризик. Не ми се верува сеуште каква е ситуацијата.. И како ќе биде понатаму ако уште се мислат за мерки
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Најдобро е и најпаметно студентите и средношколците да ги остават на раат. Има време и место каде да стажираат, а не во ковид центри. Оваа тема ми е најболна иако лично не ме засега. Средношколци во ковид центри - не!
    Жртвени јагниња од деца - не!
    Да ги ангажираат средношколците во други оддели, а од таму да повлечат сестри со искуство, да.
    Еве јас ќе му платам 30000 на Филипче, па он како доктор да влезе во ковид центар и да придонесе нешто, зошто од "состојбата е под контрола" нема фајде.
    И секако дека е Филипче виновен што состојбата не е под контрола. Замислете " привремено снемало кислород" ... и тоа е као " па не е дека нема, туку моментално нема". На тој што во тоа меѓувреме се бори за здив, баш и не му е утешително привременото немање. Месер и Линде се фирми кои снабдуваат со кислорот, според добиени договори за ЈН. Постои и трета фирма која иако не е со договор може да снабдува и според мене треба да се ангажира.
    Директно виновен е и за организираноста односно неорганизораноста на медицинскиот персонал, како и за нивната не/способност.
    Не е Филипче од месец Март министер. Имал и те како време да стави ред во здравството.
    Но, во држава во која за кубење се добива 5 год. затвор, а за убиство на дете ослободителна пресуда, за крадење милиони се мижи, а за украдено чоколадо се скапува во затвор, арно е и што има излечени за да бидат сведоци за голготата која ја поминале.
     
    На Harper, Veta, Cherry333 и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    17.548
    Пол:
    Женски
    хахаха, баш слатко се изнасмеав сега, ама они што не тврдат на телевизија и да дезинформации се тоа можам да ти тврдам дека не е вистина и стварно е болно човек кога ќе прочита нешто што не е вистина а се пласира меѓу народот како таква, а народот верува во се и сешто без да се запраша дали тоа е навистина така. Медицинарите во уким имаат помалку права од една бубашваба на медф, а не пак да им е платена праксата а треба да им е не дека не.
     
    На tinka-mace и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    И јас се тресам за моите, ама никако ни Систина, ни Жан Митрев не ми се за верување.
    Само се молам и да фатат да поминат со лесни симптоми, оти и во дијагностицирањето уште кај матичните има проблеми, уште на самиот почеток на лечењето, а не па понатаму.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.460
    Допаѓања:
    190.877
    Иста ситуација имам:(. Немам план за недајбоже. Еве да речеме Авицена приватно за крвни анализи ама другото?
    Какви лоши работи за Жан?

    Има ли некој да каже што разлика има меѓу Жан и Систина?