Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Не знам дали јас нејасно се изразувам или што е работата.
    Значи кога имаш пандемија и потребни ти се сите медицинари во земјата, неможеш да излезеш со изјава дека на едните ќе им платиш 30 000 месечно, а другите нема ни да ги спомнеш.
    Колку се спроведува во пракса е друг муабет.
    Навредливо е од сам старт, во самата изјава во која едните ги наградува, другите не ни ги спомнува, а без срам вели ги мотивираме здравствените работници.
    Пошто ако не се плаќа во пракса, студентите на медицина имаат основа да се бунат дека не им е исполнето тоа што им било ветено.
    А сестрите после факултет немаат како да се бунат пошто никој никогаш не ги спомнал.
     
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Дечки, носете маски :)

    Сериозно, колку и е да се непријатни и невозможни за носење, носете ги :)
    Пред десетина дена на работа еден од колегите буквално ми се убаци во фаца, да сум му помогнела со нешто. Два дена после тоа испадна позитивен. Единствено нешто што (барем така мислам) спречи да не закачам и јас е маската.
    Така да- дечки, носете маски!
     
    На Harper, Mia Fuentes, CameliaMiller и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    17.548
    Пол:
    Женски
    Ако е спомнато не значи дека е исполнето, а дали знаеш зошто е спомнато од страна на министерот, зошто имаше милион барања од студентите до министерот секој божиј ден и преку асоцијацијата на специјализанти и млади доктори кои ги поддржаа студентите да бидат слушнати дека постојат во државава, ама остана само со спомнување, не само на студентите(дипломрани доктори) туку на секој треба да му биде платен стажот и на сестри, техничари и сите медицински работници, ми иритираше тоа што ти тврдиш во постот дека им е платен стажот на студентите (кои се дипломирани доктори).
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.310
    Допаѓања:
    28.094
    На кратко, нема разлика . Тешки случаи веќе не примаат ни таму ни таму, во Систина вклучуваат 02 на сатурација 94 што е исто толку опасно колку и невклучување 02 на сатурација 75.
    Во Филип 2, ти викаат сам да си најдеш ремдесивир од Косово. Зошто нели само со филтрација на крв лечеа, сега ги бараат протоколите за лечење од Инфективна.
    А и веќе нема место ни таму ни таму, секако.

    За недај боже, најдобро ти е да најдеш кревет на Инфективна во Скопје (не во модуларната, инфектолозите не работат таму ) или во 8 септември. Согласно искуството што го имаат од последните месеци, таму има најголема шанса за да се излечиш ако си тежок случај. Доктор Димов, медицинскиот директор на Систина не за џабе се лечеше на Инфективна . И сите други од политичкиот врв кои имаа потреба од хоспитализација, без разлика од која партија се се лечеа таму, во истите услови за кои сите плукаме дека не чинат. И сите болни доктори од која било клиника се лечат на Инфективна.
     
    На CameliaMiller, M.B., KidA и 10 други им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.310
    Допаѓања:
    28.094
    Не се откажуваат здравствените работници, поише од пола се болни.
     
    На CameliaMiller, fana, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.460
    Допаѓања:
    190.877
    Епа тоа е она преоптоварување на болнички капацитети за кое дробам на секое, тоа рамнење на кривата, ама кривата е права пошто толку се тестира, иначе којзнае кај е замината. Е таа крива требаше да ја исправаат тие што се функционери и што носат мерки, и ама ич не ми е гајле кои се по име и презиме. И нема врска со политика, ама има врска со политика, мерки донесени биле, сега најбитно во мк е да се легализира марихуаната:headbang:.
    Фала @KuklickaSk .
    Нека бидат умни и нека седат дома @KidA :|.
     
    На BloodElf, KidA, Celltica и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Пратениците во Собранието дадоа зелено светло за изградба на модуларни болници во здравствените установи низ градовите во РСМ.

    ЈЗУ Општа Болница Охрид веќе вршепе подготовки за зелениот терен за изградба на модуларна болница и како што дознава Охридскај до 15 декември ќе бидат изградени модуларните болници во Охрид, Ресен, Битола, Прилеп и Струмица.

    Во моментов во охридската болница се лекуваат 110 инифицирани лица со ковид 19, од кои во дел има и лица со потешка клничка слика. Целокупниот персонал во ЈЗУ Општа болница е мобилизиран и болниците имаат интезивен третман, поточно општа болница Охрид ги почитува сите протоколи за лекување на ковид 19, но се разменуваат искустава во лекувањето со клничката блница во Љубљана и Марибор во Р. Словенија.

    Со изградбата на модуларна болница ќе се добие нов мобилизиран простор со централен довод на кислород, како и сите неопходни медицински апаратури за лекување на пациенти инфицирани со ковид 19.
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.387
    Допаѓања:
    259.950
    Најлогично е да добијат најдобар третман овде, Инфективна и ГОБ.
    Жан и Систина може имаат само подобри кревети.

    Туку сакам да прашам. Колку навистина може од документите, од користење на простор кој пред една недела го користел позитивен, е ризично? Значи една недела не е таму.
    Имам ли ризик?
    Дали ако сум сама во просторот, канцеларијата можам да се заштитам во место каде што има доста заболени?
     
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
  10. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    ЗОШТО КОВИД РАЗЛИЧНО УДИРА КАЈ РАЗНИ ПАЦИЕНТИ?
    Зошто еден 40-годишен пациент е хоспитализиран со тешки симптоми, а друг не треба да оди ни на преглед. Постоечките болести, возраста и дебелината се дел од објаснувањето, но не и кога пациентите имаат слична возраст, минато и медицинска историја.
    Сајанс објавува нова меѓународна научна студија (200 истражувачки центри во 40 држави), која покажува дека кај дел од пациентите, посебно кај мажите, болеста се развива значително полошо поради претерана реакција на сопствениот имунолошки систем.

    10% од речиси 1.000 пациенти со ковид-19 чиј живот бил во опасност поради пневмонијата што ја развиле, имале антитела што успешно ги онеспособиле клучните протеини во одбранбениот систем на организмот, наречени - интерферони. Овие антитела (кои се водат како автоантитела, затоа што го напаѓаат самиот организам) воопшто не се најдени кај 664 пациенти со умерен или асимптоматски ковид-19. Само 4 од 1.227 здрави пациенти ги имале автоантителата.

    Во втора студија на истиот тим од ЦХГЕ (Covid Human Genetic Effort) авторите откриваат дека дополнителни 3,5% од критично болните пациенти имале мутации на гените што треба да ги контролираат интерфероните што се борат против вирусите
    Интерфероните се првата линија на одбрана од инфекции и тие го алармираат организмот и ја активираат армијата на гени што треба да се борат против вирусот. Оваа функција е посебно важна кога се во прашање нови коронавируси, како ковид-19, кои телото никогаш до сега ги нема сретнато, па интерфероните треба што повеќе да алармираат, бидејќи „ако не алармираат со време, може секаде да имаш вируси и тоа во огромни броеви.“

    Пациентите во оваа студија не создале автоантитела како одговор на вирусот, туку тие ги имале нив уште пред да се заразат. Тоа што уште не им е јасно на докторите од студијата е зошто овие автоантитела не предизвикале никаков проблем сѐ додека пациентите не се заразиле со ковид-19, „коронавирусот, или имунолошкиот одговор што тој го предизвикал, како да ги активирал“ автоантителата.

    Дополнително изненадување во резултатите е тоа што 94% од пациентите во студијата што имале автоантитела биле мажи. Ова е комплетно неочекувано, имајќи предвид дека автоимуните болести (во кои имунитетот се врти против организмот што треба да го брани) се далеку почести кај жените.

    Професорката по имунологија на Јеил Акико Ивасаки објаснува дека неколку гени што се дел од одбраната на имунолошкиот систем од вируси се во Х-хромозомот, од кој жените имаат два примероци (заедно со два примероци од секој ген), а мажите само еден. Ова значи дека жените имаат бекап доколку примерокот на некој ген стане дефектен, додека мажите немаат копија што би го коригирала проблемот.

    Една од жените во студијата што развила автоантитела, страдала од ретко генетско нарушување поради кое имала само еден Х-хромозом.

    И покрај генетската предност, жените пак поинаку страдаат од ковид-19, и излегува дека тие поверојатно подолго време да страдаат од ковид-19 симптоми, кои кај нив знаат да траат со недели или месеци. Тие вклучуваат замореност, малаксаност и ментална збунетост позната како „мозочна магла“.

    Еден од заклучоците на научниците е дека тестирањето на автоантитела може да помогне како маркер за тоа кој пациент е поверојатно потешко да се разболи од ковид-19.

    me interesira kako se ispituvaat tie interferoni i avtoantitela
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Здравствена состојба е заштитен податок. Не е убаво да споделуваш имиња на заболени и каде се лечеле.
    Малку осет...
    Не се условите за нас и за нив исто, тоа нели го заклучивме. За нив секогаш ќе има место - за нас јок.
     
    На tina2018 и An-na им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Луѓе од инфективно ги враќаат оти нема место, Оливер без проблем го примија
    Јули месец кога Инфективна не беше наполнета уште, родителите на Мицковски беа сместени во Систина, иако Систина се' уште не беше предвидена да сместува пациенти од ковид.
     
    На tina2018 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.310
    Допаѓања:
    28.094
    Уште ќе ме цитираш? Споделив податок кој беше јавно споделен во јавност, не споделувив инфо за рандом луѓе или некоја top secret


    Еве читај:
    https://fokus.mk/eksministerot-za-z...i-od-adhibadem-sistina-pozitivni-na-kovid-19/

    https://www.slobodenpecat.mk/porane...se-lekarite-od-sistina-pozitivni-na-kovid-19/

    На вториот коментар, тоа што за нив ќе има место , за нас не, не значи лежи во апартман со king size bed туку во иста соба бо која во редовни услови би лежел било кој од нас. На тоа се мисли под 'услови'. Терапијата е таа за сите.
     
    На sanjaeva, CameliaMiller и Mantub им се допаѓа ова.
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    17.548
    Пол:
    Женски
    Таа теорија дека можеш да се заразиш од предмети контамини беше на почетокот уште кога немаше сознанија за вирусот како се пренесува, се веруваше дека и контаминирани предмети се извор на зараза, бидејќи во Италија имаше голем број на заразени во тој период и ситуацијата многу брзо ескалираше, па се веруваше дека и контаминирани предмети се извор на зараза, но сега се докажа дека тоа и не е баш така, не е толку лесно да се заразиш. За да дојде до инфекција треба поголемо присуство на вирусни честички кои ќе ги совладаат одбрамбените механизми на респираторниот систем, ќе ги колонизираат респираторните патишта и ќе доведат до инфекција. Доколку во просторијата(затворен простор) го има вирусот во воздухот, голема е можноста за зараза, затоа е потребно често проветрување во просториите и да не се собира голема група на луѓе во една просторија. Доколку во моментот лицето е позитивно на корона и заедно корисите исти предмети постои можност за зараза, бидејќи сите несвесно знаеме да се фатиме за лицето, очите, носот. Со носењето маска избегнуваме и непотребно допирање на лицето, со што ја намалуваме можноста за контаминација со вирусот. Направи си дезинфекција на канцеларијата каде што работиш, дезинфизирај ги рацете постојано и носи маска, маската е број еден за заштита од респираторните инфекции ако треба и визир(по можност маска kn95, не памучна). Кога луѓево правилно би ги носеле маските многу ќе биде помала можноста за зараза, за некој носење маска се подразбира и носење маска под нос, на брада, кога ќе видите некој дека вака ја носи маската воочете му дека не се штити на тој начин бидејќи најважно е да се покрие носот и устата.
     
    На Biljarkata и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да, секогаш
    Па и за во јавност колку треба да се споделуваат е знак прашање, ама во тоа нема да навлегувам.
    Терапијата е таа за сите, само некој ќе ја добие, а друг нема.
     
    На An-na и fana им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.476
    Допаѓања:
    91.096
    Пол:
    Женски
    Ќе ја добијат вашите родители терапијата,само да се јават на време во Ковид центар или инф.одд.
    И нека имаат дома апарат за сатурација.

    Е проблемот со постарите(вклучувајќи ги и моите родители,ако сум тука)е што не сакаат да одат на болничко лекување,и чекаат,подлажнуваат дека се добро,(за да не ги секираат децата)
    Значи разбирам читате медиуми ама во пракса,одење во Ковид центар значи мерење температура, сатурација,лаб+РтГ,кога може да е критично,и сите со пониска сатурација се хоспитализираат.
    Во Жан луѓе бараат спас со алтернативно лечење,за Систина не знам.
    Единствено што е најмногу нејасно е зошто не се дава ивермектин, единствено докажан против ковидов,додуша е антипаразитик кој го користи ветеринарна медицина.
     
    На CameliaMiller, noteforself, tina2018 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.460
    Допаѓања:
    190.877
    Каде е одобрен?
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да имаа ковид центар во близина...

    За мерење сатурација, матичните им мерат кај нас, не им треба апарат.
    Е, што не лечат и си играат курташак, тоа плус.
    Ама за сатурација, и крв земање - ако си способен да отидеш нема проблем. И РТГ ќе ти напарават, ама ако идеш. И ако милчат дека си вреден труд.
    Тријажа прават уште на ниво на матичен, ако процени матичниот дека не си вреден за спасување - уште од тука те тријажираат, т.е. ставаат помлади, побитни, или како и да е пред тебе.
     
    На Biljarkata и JuLleE им се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.329
    Пол:
    Женски
    Не сум знаела за ова. Има негде статија објавено или истражување за леков да споделиш? Можеш и во лп.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.460
    Допаѓања:
    190.877
    Ова најдов, ама ништо дека негде за Ковид е одобрено
    https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0166354220302011

    Тепачка за лекови ко и обично, едни викаат добар е, други викаат, ау кај го најдовте тој... Пред некое време, се што беше во фаза на клинички тестирања, СЗО рече, ништо од тоа не ви важи:drunk:...вклучително и ремдесивир... Фарма капитализам и то
     
    На Grungie, Cosmi и KateKane им се допаѓа ова.