Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Има, има.
    Само не се спремни ниту стручни за да работат со најтешките.

    Еден куп институти има, а можат и општи доктори (матични и специјализанти) таму да покриваат. Па има орл специјалисти, дерматовенеролози, офталмолози, психијатри... сите тие речиси ништо не работат со месеци, а се пред се' доктори по општа медицина.

    Дефинитивно знаат да мерат тт и да следат насоки на инфектолози, а и да пружат прва помош ако е потребна.

    Е сестри/болничари потешко се наоѓаат вистина.
     
    На srekice, JuLleE, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.355
    Допаѓања:
    119.401
    Пол:
    Женски
    Истово на свеќи прееска и го реков (медицинска сестра е).
    Значи специјалност му е очно, да, ама тој пред да е САМО очен лекар бил општ.
    Не може да не знае да наслуша дишење со стетоскоп, нели?
     
    На LejlaD, mal.ecka, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.458
    Допаѓања:
    190.861
    Зависи пред колку време последно слушал со стетоскоп.
    Ти памтиш некоја вештина од пред 15 години на пример:?:.
    Не знам како е со вештините, размислувам гласно.
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.309
    Допаѓања:
    28.093
    Статус на Бранко Ѓероски

    СИТЕ ВИЕ КОИ ЈА ПРЕЛЕЖАВТЕ БОЛЕСТА КОВИД-19, А СТЕ ЗДРАВИ, СПОСОБНИ И ИМАТЕ ЖЕЛБА ДА ПОМОГНЕТЕ, ЕВЕ КАКО!
    Многу од вас, почитувани пријатели, ја прележавте болеста ковид-19. Кај дел од вас, таа сигурно оставила последици и сите ние се надеваме дека се минливи, дека набрзо целосно ќе закрепнете и дека ќе бидете во топ форма. Јас тоа искрено ви го посакувам.
    Но, знам дека има и многу од вас што ја прележаа заразата со лесна клиничка слика, што ќе рече „од нога“, а многумина и целосно асимптоматски. Дел од вас веќе се работно ангажирани и придонесуваат во општествениот живот, но дел од вас сигурно имаат време, можности и желба да помогнат во справувањето со кризата, особено во време кога лекарите, сестрите и другиот медицински персонал на првата линија на фронтот веќе се исцрпени.
    Вчера имав прилика да разговарам со нашиот угледен пулмолог д-р Дејан Докиќ, кој е активно вклучен во борбата против ковид-19. Разговаравме за многу нешта, меѓу другото и за фактот дека во Клиничкиот центар во Скопје нема доволно персонал и за извршување на најбанални задачи кои можат да им го олеснат животот на пациентите во ковид-центрите. Навистина е страшно да се слушне дека на луѓето често нема кој да им однесе вода и храна, нема кој да ги превезе со лифт или со количка и слично.
    Заеднички дојдовме до идеја дека здрави лица што прележале ковид-19, луѓе во добра физичка и психичка кондиција, мотивирани да помогнат, можат да се вклучат во борбата како волонтери. Секако, секој волонтер би добил соодветна заштитна опрема и би се однесувал според стандардните протоколи кои важат за сиот медицински персонал и гарантираат целосна безбедност.
    Д-р Докиќ изрази волја да го координира ангажирањето на волонотерите. За таа цел, секој што е способен и подготвен да помогне, да волонтира, молам да му се јави на д-р Докиќ на неговата и-мејл адреса dejand@hotmail.com
    Почитувани пријатели, ве молам СПОДЕЛУВАЈТЕ ГО ОВОЈ ПОСТ, во интерес на пациентите.
    Почитувани медиуми, ве молам известете за благородната иницијатива.
    Почит за д-р Дејан Докиќ.
     
    На M&M, LejlaD, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Sanci92

    Sanci92 Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Мислам дека доколку постои тромб на површна вена многу полесно ќе го приметите и тие тромби ретко се откачуваат. Поголем проблем се длабоките вени. Сепак се работат д димери и тие се најрелевантен показател. Најдобро е да се консултирате со лекар кој работи со вени според мене.


     
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.355
    Допаѓања:
    119.401
    Пол:
    Женски
    Ако зборуваме за вештина како за возење точак или пливање тоа не се заборава.
    Тоа што тие го учеле не е вештина, основа е тоа, основа на доктор.
    Пред точно 15 години јас почнав да учам средно фармација, основата уште ја знам. Никогаш нема ни да ја заборавам.
     
    На Purplelilac, LejlaD, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    37.197
    Пол:
    Женски
    Така де.
    Медицинско лице кое не знае да уклучи инфузија, да земе крв, да боцне инекција, да праи диши/диши, да измери Т, да даде терапија, итн... кои се основни работи во медицината треба да ја искине дипломата според мене. Според ова што го читам, кај голем број хоспитализирани токму ваков вид на „услуги„ многу недостасуваат од медицинскиот кадар првенствено заради недостаток на истиот.
     
    На Purplelilac, CameliaMiller, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.355
    Допаѓања:
    119.401
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам.
    Ама кога станува збор за диши диши температура и земање крв тоа по мене е работа на матичните лекари.
    Зошто па матичните да прават ало ало, а па очниот да им прави диши диши?
     
    На Lima24, Tajnaotrovna, le.soleil и 6 други им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    37.197
    Пол:
    Женски
    Мислев на муабетот погоре да се ангажираат во болниците. Некој спомна не биле специјалисти. Општа медицина сите имаат завршено, како што кажа и ти, ова се основите кои мора да ги знаат.
    Инаку, да и матичниве повеќето се изнаседеа цела година, ама па од друга страна најголемиот товар со заболениве на нив е. Дали 10% се хоспитализирани, останатите сите се следат од матични лекари. За жал, со ало/ало лечење. Тука мислам дека најмногу потфрливме. Ама како што гледам, во цел свет е истата или слична практика :worried:
     
    На KuklickaSk, LejlaD, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.458
    Допаѓања:
    190.861
    Затоа што некои треба да бидат хоспитализирани. А дека матичните мора да бидат прва линија за диши диши, мора.

    10 посто од активните хоспитализирани во Струга. Ако е ваков трендот сегде, кои се можните опции?- прашање за кризниот центар или:?: Мислам ако продолжи овој тренд на раст на нови случаи, а капацитетите се веќе полни.
    https://www.24.mk/details/makotrpna...pacitetite-slobodni-ushte-pet-bolnichki-legla
     
    На srekice, LejlaD, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    Добра е ова идеја ,ама парии??
    Луѓево се на праг на мизерија ,каматите за кредитите се множат ,сметките исто , колку само изгубија работно место !
    Лесно му е на Геро го плаќа за нарачки за текстови Камчев Сифилис , а Докиќ од митото што го земаше има пари до за 7 колено!
    Малце пореално треба да се гледа на работите !!
     
    На GrimTheReaper, honey.11, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.355
    Допаѓања:
    119.401
    Пол:
    Женски
    Епа баш тоа треба матичниот да го слушни. Тешко дишење од стрес и паничен напад заради срањево и тешко дишење од пневмонија треба да го разграничи матичен чисто да се намали гужва кај очниов (боже ама му се запнав на очниве лекари ко криви да ми се (facepalm) ). Не може секој, баш секој да треба да оди во болница за да го наслуша специјалист и да каже дали треба или не треба да е хоспитализиран, а матичниот само да куцка на компјутер рецепти за сумамедЧЕ и панцефЧЕ.
     
    На srekice, P.S.love, Purplelilac и 9 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Како тоа бараат волонтери без медицинско образование?!
    Кој сака да волонтира да се пријави.
    И што ќе правам јас на пример таму?!
     
    На LejlaD и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  14. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    и јас на тоа си помислив - зошто бесплатно - нека им исплаќаат хонорарно, за ова мора да се најдат пари
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    37.197
    Пол:
    Женски
    Пишува во текстот, да им се даде храна, вода, да се пренесат со количка и слични работи кои било кој лаик може да ги направи.

    Туку... кога сме кај волонтерствово, не сум информирана црвен крст вклучен е некако или не?
     
    На M&M, CameliaMiller, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.458
    Допаѓања:
    190.861
    Дека погрешно се гледа на волонтерството. Волонтерство е уствари хумано вклучување во нешто, ако имаш екстра време и пари. Значи базирано е на внатрешен порив на индивидуата, не на барање можност од бесплатна работна сила. И ко што спомнав пред некој ден, треба да е правно регулирано. Што ако волонтерот предизвика штета? Што ако него му се случи штета? Решени се овие работи?:?:

    Инаку дека секој може да помогне, може, ете болничари фалеле.
     
    На 1112, Purplelilac, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.355
    Допаѓања:
    119.401
    Пол:
    Женски
    Во болницата кај свеќи, болничарите ги креваат умрените :(
    Не можам тоа го правам срце ќе ме стрефи. Не од страв - од жал :(
     
    На Konfetka, Luciferka, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Тука повеќе игра суета, а не треба :)

    @Biljarkata болничари РЕАЛНО фалат секаде. На многу места (инфективна сега пример) сестри работат и болничарска работа, затоа што се нели, небитни, па зашто да ги вработуваме.

    Знаеш зашто е ова глупо Кукличка?
    Зашто ИМА луѓе што не се медицинари, а повеќе разбираат од рандом човек на улица.
    Јас и куп други. Нашата работа е секако во втор план ставена сега затоа што немаме редовен програм, ниту редовен МТ, а знаеме по нешто од правила, а можат да не' научат како да дадеме вода ако не знаеме. За прва помош сите до еден од болничка админ. сме обучени, ако во пракса тоа никогаш реално не го работиме. Можат да не' потсетат де.

    Има сектори кои сега и повеќе имаат админ. работа, а има сектори кои баш ништо не работат.

    Моите колеги од неврологија, психијатрија, очно, ушно, кожно... немаат никаква работа. Јас немам проблем некој од нив да ме замени, ако не сака нели во ковид, ок е. Да не зборам колку админ. имаме по ПРАЗНИТЕ болнички оддели.
    Не сме медицински лица, ама сме повеќе медицински лица од човек што не стапнал во животот во болница.

    Рандом народ не треба да се пушта во ковид, пре ќе разберам да лупат моркови за супа искрено, него да работат со пациенти.

    Ама - на миленемитекна, не знам зашто, ете не ни' дозволуваат.

    Не дека па и преголема заинтересираност има, ама 20 души да сме, пак е поарно од ич.

    Во нашите решенија за работа пишува дека иако не сме мед.персонал, ако постои потреба ДОЛЖНИ сме да се вклучиме во помош на мед.персонал.
    На колегите на кои тоа не им одговара, требало поарно да читаат пред да си потпишат решение.

    А тоа може да е секој ден, било кој ден, не треба ни пандемија ни кризна состојба да биде. Треба да постои потреба, а јас нестручна мислам дека постои.

    Ние сме веќе вработени, земаме плата, не е дека дополнителен терет ќе бидеме на буџет.

    Ама... ете. Верувам дека нема да добијам баш голема поддршка, а од друга страна како вработена не можам да "волонтирам".

    Може се, ама кај мене ни траг, ни глас од нив немам видено :)

    Болничар не може секој да биде, има еден куп учење како да фатиш, како да префатиш, како да исправиш, како да смениш чаршав без да преместиш пациент, како да испразниш катетер, како да смениш пелена или наместиш гуска итн. Немаат време допрва да учат луѓе за болничари.
    Ама има невработени болничари, што ги знаат овие работи, а има и сестри невработени што би се нафатиле да работат како болничари.

    Во секоја болница срцка болничарите ги креваат, преместуваат, носат во просектура... ги бањаат, облакаат итн. тоа им е дел од работа.
     
    На senjorita-v, Purplelilac, Bridget и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Мислам дека во средно медицинско од пред некоја година има смер за болничар.Може сум грешка ама така чув.
     
    На CameliaMiller и LejlaD им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.865
    Допаѓања:
    41.207
    Пол:
    Женски
    Да да има
     
    На LejlaD и Fifi84 им се допаѓа ова.