Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    И мажот ми е така, лесно помина со вирусот, ама нема сила уште. Се заморува во пешачење, на работа му е мачно. Еден месец точно помина, може рано е па.
     
    На CameliaMiller, LejlaD, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.309
    Допаѓања:
    28.093
    Нема никакво правило со вирусов. Некој со лесни симптоми има полно антитела, некој што ги имал сите можни симптом нема антитела после 1 месец. Кај некого дава резултат лечење со плазма, кај друг со ремдесивир само ако се даде на почеток на лечење, кај трет што и да направиш, џабе е.

    Има професори, инфектолози кај нас, го викаат 'совршен вирус', зошто и после 9 месеци, нема никаков ред како ќе се развиваат симптомите и кај кого ќе отидат ддимероте 6.000, а црпто 600. Има луѓе без температура и кашлање, со пневмонијата.
    Многу, многу подмолно се развива и уште подмолно убива.

    Затоа даваат куп 'превентивна' терапија, аспирин на сите, и најчесто и антибиотик.
    Имаат и наши доктори излезено со студија за влијанието на ддмерите во исходот на болеста, др. Бошевски го предводел истражувањето, објавено е веќе. и нашите доктори ги следат сите светски протоколи за лечење, бараат совети од странство, учествуваат во студии.

    Ние може до утре тука да збориме кој е крив и џабе ќе биде. Ова гомно тука ќе остане подолго време, ќе зема животи и ќе зема здравје и сила на млади. Ние мора да се чуваме.

    Очигледно никој друг нема да не чува.

    И ако има некој со позитивен тест, а не може да дојдете до доктор, инфектолог контактирајте ме слободно. Можам да побарам совет за вас.

    Имам за неколку луѓе од тука прашано/упатено и колку што можам ќе помагам.
     
    На Purplelilac, mareane, BoaVista и 15 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    37.193
    Пол:
    Женски
    Тука само за плазмата прочитав.
    Во истражувањето за кое зборев, се работеше за трансфузија на крв од прележан пациент на заболен. Колку што јас сфатив само плазмата нема ефект без хемоглобинот од крвта т.е ковид го напаѓа хемоглобинот па затоа на заболените им треба крв од веќе прележан пациент т.е хемоглобин кој веќе се изборил со болеста.
    Не сум сигурна дали правилно го кажав ова, ама се си мислам дека вака некако беше.
     
    На Biljarkata, CameliaMiller, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Според податоците со кои што располага Институтот за јавно здравје, заклучно со 15-ти ноември, пациентите кои што се заразени со коронавирус во Македонија најчесто имаат температура и малаксаност.

    „Во однос на симптомите кои што се појавуваат кај заболени лица, најчесто се регистрирани температура (68.9 отсто), малаксаност (41.5 отсто), кашлица (39.8 отсто), главоболка (19.4 отсто), болки во грлото (15.7 отсто), болки во мускулите (13.9 отсто), треска (13.2 отсто), чувство за мирис или вкус (11.5 отсто), отежнато дишење (10.0 отсто)“, стои во извештајот.

    Исто според податоците од Институтот заклучно со 15-ти ноември, 23.3 од заболените со Ковид-19 во Македонија се без симптоми.

    „Од случаите кои што се епидемиолошки истражени, кај 7.656 или 23.3 отсто од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето“, стои во извештајот.


    https://centar.mk/blog/2020/11/22/i...imptomi-na-zarazenite-od-kovid-vo-makedonija/
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Чувство за мирис и вкус - симптом :wasntme:
     
    На le.soleil, Ambrosia, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Оти иначе немаме де :D
     
    На Purplelilac, CameliaMiller и LejlaD им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.378
    Допаѓања:
    259.915
    Во групата на фб ли читаш?

    Рефке, сила немав и првиот пат. Мислев си умислувам, ама цел август и септември, јас имав мака со скалите. Се задишував буквално. И потоа магично престана и ова.

    Јас еве уште се чудам како толку реинфекции има кај нас, а малку на светско ниво?
    И тоа повеќето, ако не и сите се со потешка клиничка слика. Како кога има и студии дека иако не се создаваат антитела, т лимфоцитите паметат?
    Ако они паметат, значи дека реинфекција или не треба да се случи или да се помине полесно.
    А кај нас е обратно.
     
    На fana, DAngel, Lilit и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    1.160
    После два ипол дена истата ситуација, целосно се нема изгубено сетилото за мирис, за вкус е ок. Искуствено после колку време ви се појавија други симптоми и кои?
     
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Мислам дека заедно одат губењето мирис и вкус кај корона. Кај мм беше така, немаше осет што јади воопшто. Инаку кај сите што ги знам последен симптом е губењето мирис и вкус, по 5-6 дена од првите симптоми. А има и случаи само тоа е симптом, скоро асимптоматски се поминува.
     
    На fana, mal.ecka, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Кај мене на трансф. не може, прашано.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Исто.

    Меѓу првите симптоми ми беше тој страшен умор, а си се влечеше цели два месеци, ама луѓе, кога ќе кажам умор, зборувам за таква истоштеност да не можеш буден да останеш 5 саати, а си спиел 10. Јас тој месец што го седев дома колку време поминав во спиење искрено, прво мислев досада, ај и тоа, ама сериозно не можев будна да седам долго.
    После месец кога почнав на работа, 8 саати будност и концентрација хорор филм ми беа. Доаѓав дома како воз да ме прегазил, а знаете дека немавме програм и едвај 10 пациенти неделно.

    Ако споредиме дека во нормално време имаме 100+ дневно, а јас немам проблем со будност и концентрација, ова беше језиво. Доаѓав дома и по 3 саати спиев, како кој знае што да сум правела.

    Немав многу симптоми, ама уморот и болките во тело не се споредуваат со ништо претходно. Болки како 40 тт да имам, а нормална.
     
    На 1209, mareane, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.378
    Допаѓања:
    259.915
    Во Скопје си има одредено место каде се испитува, на Имунологија. Зборувам за другите градови.
     
    На LejlaD, Biljarkata и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.455
    Допаѓања:
    190.852
    Мислев за плазмата збориш. Да беше за трансфузија, немаше да биде поедноставно?:?: Ете тоа прочистувањето кај Жан, не е на сличен принцип базирано?:?:
    Дури пребарував за хемоглобинот, за кој нема ништо, најдов интересна студија, дека анемијата е ризик за посериозни симптоми од ковид:^). Свашта уште ќе најдеме дека е ризик фактор(facepalm)
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Зашто уште нема бројки :whew:
     
  15. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Сега кога ќе бапнат некои бројки.
    :(
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.928
    Допаѓања:
    163.965
    Да, да.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на Ковид-19. Починати се 24 лица. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    37.193
    Пол:
    Женски
    Искрено да ти кажам не сум сигурна дали точно за хемоглобин се работеше. Ама се мислам за тоа беше. Вирусов се врзувал со хемоглобинот а нели хемоглобинот пренесува кислород па поради недостаток на истиот доаѓа до фатални исходи.
    Ај, да не пишувам безвезе ако најдам, ќе постирам.
     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Министерот за здравство д-р Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“,во изјава за медиумите истакна дека е постигнат договор и обезбеден е дополнителен капацитет од 100 кревети за третман на ковид пациенти. Станува збор за ресурси коишто државата ќе ги користи од приватните болници.

    „Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица“ - старата болница на Систина кадешто може да се сместат 100 пациенти. Целосно ќе бидат опремени од страна на сите приватни болници со нивни заеднички договор. Од таму ќе биде обезбеден и кадар и материјали. И за сето тоа соодветен надоместок согласно постојните закони ќе плаќа државата“, потенцираше Филипче и додаде дека дополнителниот капацитет од 100 кревети ќе бидат на располагање некаде на крајот на неделата.

    Министерот Филипче информираше дека и во нашите болници има доволен број на кревети. Тој изјави дека утрово имал координација со директорите на клиниките и ГОБ „8 Септември“, а во секојдневна комуникација исто така е и со директорите на клиничките и општи болници.

    На одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека целосно ќе се опреми болницата „Мала Богородица“. Треба да се инсталира кислород, што ќе биде готово за неколку денови и треба да се донесе опремата којашто физички не е таму.

    „Секој ќе партиципира согласно можностите, согласно големината, согласно капацитетите. Така да, тој број на 100тина кревети верувам дека во следниот период којшто доаѓа ќе биде сосем доволен оваа криза да се изменаџира“, посочи Филипче и додаде дека граѓаните нема да сносат дополнителен трошок, односно ќе биде на трошок на државата. Кадарот ќе биде целосно од приватните болници.
     
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Скоро 50% од тестираните позитивни.
     
    На noteforself, mareane, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.