Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.397
    Не го реков тоа, како што има високи казни за се останато, треба и за ова.
    А, добро, тепање е подобро решение?
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    и јас тоа им го реков на моите прееска, казна за неносење маска, 150 евра
    казна за групирање 200 евра
    па нека му ја мислат, пари или почитување на кажаното.
    Ако не, нека ги чеша џебот ич гајле не ми е.
     
    На mal.ecka, tinka-mace, KidA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.412
    Допаѓања:
    183.710
    Пол:
    Женски
    Ова ко јас да сум го пишувала. Еве на маж ми му дадов да чита, пошто почнавме сите да се загрижуваме. Веќе ми е срам и од матичната, она па за викенди ме проверува како сум.
     
    На mal.ecka и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Епа со будала народ, будали мерки.
    Ако со збор не се разбира и има по 1200 нови заразени,
    Ако секој ден има по 600 казни за маски
    ...како поинаку??

    Во Здуње -свадба од 70 луѓе.
    Па и љути, им ја растуриле.
     
    На ALISA0000, srekice, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Koлку сака нека се високи казните само ако казнуваат точно тие што треба, а не како им прдне.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.847
    Допаѓања:
    142.440
    Исто и моја генерација велешанката. Ја нема. Кавадарчаните уште ги нема. Лажат со бројките.

    Полициски час од 5 до 5. Од работа дома и нема мрдање.
     
    На темјанушка, referentka, mareane и 7 други им се допаѓа ова.
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.272
    Допаѓања:
    50.868
    Пол:
    Женски
    Видов едни познати на фб се регистрирале дома еден куп гости, права свадба па со нив сите гости се сликале, па слики како се бакнуваат. Некои мува не ги лази и така се до бесконечност ќе биде и сите ќе се заразиме.
    И видов еден куп слики од слави, напикани еден куп души.
    Една колешка со друга зборуваше како да не идела на слава кај некои роднини кораната ќе ги оддалечила само и морала да оди на слава. (facepalm)
     
    На Sofi.ja, noteforself, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    да знаеја кај нас во влада што е ова, и барем делумно да се придржуваа, ќе бевме многу посреќна држава..

    ќе додадам само освен слави по дома за мене мали собири се и и собири на ручек во кафани и на кафе, настани, театри, ресторани — до кога кај нас ќе останат отворени?
     
    На Cka, Ева33 и anastasijaki им се допаѓа ова.
  9. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    на бројките за позитивни веќе не може да им се верува, изгледа толкав ни е капацитетот и еве веќе некое време се исто толку ќе има. само процентот на позитивни од вкупниот број на тестови (сега скоро 50, беше 35, а летото мислам околу 7) кажува дека еден голем куп луѓе не се тестираат воопшто.
    E71F040F-6BF6-4E8A-9D5A-00C747C2FE49.jpeg
    е сега за бројките на починати не знам дали може да им се верува, ама тие одат “уверено” нагоре и и да се намалени е за никаде, наскоро најверојатно ќе има и по дупло повеќе на ден
    AA9DFB55-F416-4BF0-BEDB-C4B4669E759B.jpeg

    https://ourworldindata.org/coronavi...ng=7&pickerMetric=total_cases&pickerSort=desc
     

    Прикачени фајлови:

    На Cka и Ева33 им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Ќе пројде... ама си треба време.
    Исто тие што лежат со пневмонија, со месеци после кашлаат, ако се нели здрави и негативни и надвор од опасност.
    Ама тие две работи очигледно траат доста после негативните тестови.
    Ни денес не сум 100% на старо. Ама далеку подобро него тогаш.
     
    На srekice, NarCis@, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.452
    Допаѓања:
    190.845
    Арна е табелата,ама уште убаво да ја прочиташе Митов
    Слава (феномен непознат за студијата) не ќе да е мал собир, поише накај голем собир влече.
     
    На Celltica, Purplelilac, tina2018 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.345
    Допаѓања:
    19.840
    Пол:
    Женски
    Неколку дена по смртта на мојата мајка, конечно собрав сила да ја опишам голготата низ која поминавме. 76-годишна жена, пациент на дијализа, позитивна на ковид, со пад на сатурација, висока температура и наод на плуќата, за што доктор претходно порача ИТНА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА, по извршената дијализа во ковид центарот во "8-ми Септември", оставена е во ходник сама без никаква медицинска нега. Чека да ја донесеме дома. Зошто? Затоа што немало кревет за неа, креветот се чувал за некој помлад. Нормално, дома без соодветна терапија ситуацијата драматично се влошува. Утредента во полукоматозна состојба доаѓа брза помош ( секоја им чест) но и тие уплашени, кажуваат дека не знаат каде да ја носат, во болница не им ги примале пациентите, особено постарите. На наше настојување докторката решава да се обиде да ја примат во "8-ми Септември" како нивен пациент. По 30 минутно чекање во комбето, докторката се враќа и ни кажува дека нема да ја примат, едноставно над 70 години не примаат во "8-ми Септември". Сакаат да ја вратат дома, а сатурацијата е 60. На наше очајно инсистирање, сепак брзата помош се решава да се обиде на клиника. И таму чекање 30 минути во комбето, за на крај сепак да се смилуваат и да ја примат на гастро. Рекоа чекајте да дојде доктор и да ви земе податоци. Чекавме, 4 саати, доктор НЕ ДОЈДЕ, само се јавија да ни соопштаат дека починала.
    Чувајте се сите, а особено чувајте ги вашите постари сакани. Државата едноставно не им дава шанса да преживеат, а зошто, не знам. Можеби да го растеретат пензискиот фонд?! Па и тие луѓе можат да поживеат уште 10-20 години, но и покрај тоа што цел работен век плаќале здравствено осигурување, на нив им е скратено основното право, правото за лекување, оставени се на немилост, само затоа што се стари, а системот оптеретен. Разбирам дека е оптеретен здравствениот систем, но исто така и очигледно е дека министерот за здравство, кој слободно може да си ја смени титулата со министер за смрт (затоа што со овие бројки на смртност така и ќе биде запаметен) ниту е способен, ниту може да се справи со ситуацијата во која се најдовме. Би било добро да си се врати во болница и да го работи тоа што најдобро го знае, а раководството со здравствениот систем да го препушти на некој поспособен. И на крај, две прашања ќе ме мачат:
    - Дали мајка ми ќе преживееше ако место да ја исфрлеа во ходник, да и дадеа навремено соодветна венска терапија и кислород?
    - Дали ако Илија Филипче се зарази со ковид ќе го примат во "8-ми Септември", бидејќи нели тој има над 70 години?!
    И го повикувам
    Венко Филипче
    да излезе и јавно да објави дека во "8-ми Септември" е забрането да примаат пациенти над 70 години. Јавноста мора да знае, особено постарите каде да се обратат во случај на компликации од вирусот.

    Преземено од фб.
     
    На Harper, mssuniquee, 1112 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Ами се чудевме на Италија кога збореа дека по ходници лежат и дека се бира пациент пп старост.
    И се збореше дека ако не се почитуваат мерки дека ќе стасаме до тоа дереџе.
    Ништо не чини.
    И ние и здравствената и безбедносната политика.

    Незнам зошто толкав отпор на полициски од 5 до 5?!
    Немало ефект !!
    Е што да се стори, ај еве нека пише некој разумно решение.
     
    На темјанушка, mssuniquee, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  14. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    А да не заборавиме дека имаат нели еден од најдобрите здравствени системи во Европа, па што им се случи кога имаа наплив на заболени. И сега пак имаат висока стапка на заболени.

    Само дисциплина може да не спаси од оваа пандемија.
    Носете правилно маски, држете 2 метри дистанца и мијте ги правилно рацете.
     
    На JuLleE, VDT2906, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.732
    Допаѓања:
    7.671
    Пол:
    Женски
    Италија имаа наплив на заболени и колапс на системот затоа што тогаш вирусот се појави и ги фати неспремни. А за вториов бран нашиве имаа цело лето да се спремат. И не, не сме како Италија, далеку полоши сме. Само што освен луѓето што поминале голгота нема кој да го информира народот. И секој има вина за ситуацијава, не само невоспитанот народ што не почитувал мерки. Се заразуваат луѓе што почитувале мерки, а државата пошто е најправична во ситуацијава за награда ги остава да испоцркаат како риби на суво, без воздух. Само молење во државава моментално ни е спасот.
     
    На mareane, deskarada, Sofi.ja и 6 други им се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.309
    Допаѓања:
    28.092
    Дур не се разболеш.
     

    Прикачени фајлови:

    На CameliaMiller и LejlaD им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Ова сега реклама за државното здравство е?
    Оти видовме, не згрижува...
    Плус тријажа по возраст прават.
     
  18. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Добри вести за добро утро (y)
    -------------------------------------------------
    Земјите во развој ќе добијат скоро две милијарди дози вакцина за Ковид-19 следната година, објави Агенцијата за деца на ООН.УНИЦЕФ објави дека соработувала со 350 авиокомпании и логистички компании за доставување на потребните вакцини и инјекции во сиромашните земји како Бурунди, Авганистан и Јемен, како дел од Ковакс, глобален план за дистрибуција на вакцини на СЗО.

    „Ќе соработуваме на овој план за да обезбедиме доволен капацитет за транспорт за оваа историска операција“, рече Етлева Кадили, директор на одделот за снабдување на УНИЦЕФ.

    Целта на Ковакс – проект заеднички предводен од СЗО, групата ГАВИ и Коалицијата за епидемиолошка подготвеност – е да спречи одделни земји да акумулираат залихи на вакцини за Ковид-19 и да обезбеди вакцини за сите најранливи групи во сите земји.

    Лидерите на 20-те најбогати земји во светот собрани на Г-20 на виртуелниот состанок во саботата и неделата ветија дека ќе обезбедат фер дистрибуција на вакцини, лекови и тестови, за да не останат изоставени сиромашните земји. Дури и пред да започне пандемијата, пристапот до вакцината не беше ист за сите, бидејќи околу 20 милиони бебиња не можеа да бидат вакцинирани што ќе ги заштити од сериозни болести, попречености или смрт, соопшти СЗО.

    „Потребна ни е целата достапна помош додека се подготвуваме да доставиме дози на вакцини, инјекции и заштитна опрема за да ги заштитиме здравствените работници ширум светот“, рече Кадили, официјален претставник на УНИЦЕФ, кој е најголемиот купувач и дистрибутер на вакцини во светот.

    И покрај сегашната пандемија, УНИЦЕФ дистрибуира над две милијарди дози рутински вакцини секоја година во скоро 100 земји. Се очекува до крајот на оваа година здравствените регулатори да ги одобрат првите вакцини за Ковид-19.


    ©Makfax.com.mk
     
    На GrimTheReaper, Ambrosia, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.452
    Допаѓања:
    190.845
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Италија ја фатија комплетно неспремна, која да било држава исто ќе беше, да не заборавиме дека на 21 февруари влезе вирусот од нигде никаде кој би претпоставувал дека тоа би се случило?
    Имаат најстаро население во европа, стапката на смртност е голема по тој фактор бидејки умираат најчесто 70 +, ретки се лицата кои што умреле на 40 50 год. Ги има ,да ама процентот во мк на овие лице е каде поголем.

    Затоа цело лето сите болници ги опремија со време, се поставија дупол број на болнички капацитети. Затоа и не сме во локдаун како што бевме, ние во венето не сме, регионите што се пак не се како во март плус рестрикциите се каде со помал рок во карантин.
    Бидејки венето како регион најмногу вложи во здраствотото летоска, денеска сме со половични рестрикции, се е отворено до 18 часот, можеш да шеташ во природа и слично.

    Во Болцано направија масивно тестирање, на золвата и стигна писмо да се тестираат комплетно бесплатно сите, за да успеат да го сотрат вирусот одлучија да влезат во карантин и сите доброволци да се тестираат, со ова масивно тестирање допринесоа да видат колку е асомптоматски заболено населението, да ги стават во изолација сите заболени и на тој начин да го спречат понатамошното ширење. 500 илјади жители се, имаат по 750 заболени на ден.
    Се тестираа 70 посто од населението, од 70 посто 0,9 посто излегло позитивно или од околу 350 илјади жители 3500 заболени цирка. Ги изолираа, сметаа дека оваа бројка и не е така лоша, сега се изолирани, и лека полека ке излаваат од карантин и ќе ги отвараат доломитите и алпите за сезоната кон крај на декември или јануари.

    Не само алто атиџе, и кај нас секој што сака или има симптоми може да се тестира, бесплатно. Деца под 6 год не тестираат, имаш тестови драјв ин, има секаде пунктови, за тестирање, од денес тестовите се достапни и во домашни услови, се купуваат во аптека.

    Италија го одбра кинескиот модел, сакаат што е можно повеќе тестови за да се изолира населението кое што е заболено асимтоматски со тоа ги изолираат и да го сопрат ширењето.

    Во Мк до каде сме?
    Се убедуваме сеуште за обичен ноќен полициски час? Еве тука го имаме од 22 до 5. Пазете живи сме сеуште еј оти не смееме да излегуваме после 10 часот навечер. Се убедуваме пазете да правеме тест? И тоа кој има среќа да има доволно пари за истиот или пак со врски, не велете дека не е така, имам блиски кои што фаќаа една недела врски да се тестираат и едвај и дозволија? Што?
    Капацитетот болнички бил скоро под контрола имало кревети? Да, затоа куп луѓе пишуваат по фб за своите болни и починати драги, револтирани до срж, оти се е под контрола и оти за сите има кревет во болница, баш затоа пишуваат оти имаат грижа и нега, не знам каде плаќаат 12 илјади евра за терапија и лекување на своите блиски, еве се чудам, ние сме изгледа посебна балканска сорта на зборот "се е под контрола" патиме од колекс и фрустрации за " најдобри" како тоа сме, како најдобро се справуваме со вирусот немаме рестрикции па затоа имаме и 2000 заразени и 40 мртви оти сме најдобри и оти се е под контрола. Пази немој некој од владата да излезе да рече дека не е добро дека сме во тешка ситуација круната од на глава ќе му се симне, не знам.... кој комлекс треба да го имаш за да излегуваш во јавност со се е под контрола а да простираат на фв громорозни приказни, тажни... болни... една банана да немаат една вода да немаат, оти кесињата во болница не стигнуваат за најмилите, од храна и вода ејјј вода до лек и терапија како можат да излезат да речат не е потребен полициски час не се потребни рестриции имаме персонал имаме кревети?
    Зарем треба са ги затвориме очиме да молчиме пред властите кога гледаме дека ништо не е под контрола, колапс е ужасно е до толку е лошо што како со кој свест и совест излегуваат да раскажуваат прикаски за мали деца после се?
    Кажете ми една единствена држава која што вака се однесува? Која што вели не се потребни рестрикции за олкава маса на заболени и починати кажете ми една единствена држава и власт каде што лажат до толку многу што ни ја вреѓаат на сите кои што ги ставиле таму да се згрижат за народот да лажат во олкава мера?
    Какви се овие власти, најпрво луѓе, каков комлекс на виша вредност имаат? Немаат срце, немаат човечност.

    За еден ебан тест што во европа те молат да го правиш таму фаќаат врски за истиот?

    Немам зборови да ја опишам нашата мила држава.

    Зошто ја вреѓаат човечката интелигенција, при очи уши, при здрав разум за сите статии на фб потлрепени со докази, видеа... пак излегуваат да кажат дека не се потребни рестрикции и дека се е под контрола после се што ги демантираше?
    Како не им е срам? Жал?
     
    На butterfly6223, темјанушка, Tajnaotrovna и 15 други им се допаѓа ова.