Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Елена Петрова, ок. Барав на англиски да најдам за крвна слика по 3 дена (точно 3 дена, не некој саат помалку) ама не најдов. Ако најдеш, постирај.
     
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    Оксфордската вакцина од АстраЗенека е ефикасна само 70% ..... зошто мислам дека баш оваа со помала ефикасност ќе ни ја донесат овде :wasntme:
     
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.473
    Допаѓања:
    91.021
    Пол:
    Женски
    Од искуство на лекари кои работат со Ковид пациенти.
    Пред се поради ддимерите и кислородот во крвта.
    Би се видела прогресијата на болеста, недостиг на кислород во крвта,плуќна емболија,срцев удар,Ардс, итн.
    Затоа на сите кои лежат секој ден им прават.
    Ако на 3 ден ддимери се 550.,а на 7 ден се 2500 кај некои 6000 и огромни вредности кои короната ги прави,паметно е да се прават често лаб.или не?
    Кога би се правеле редовно би земале луѓето клексани или барем аспирин протект,а ако не многу голема веројатност да се случи нешто лошо,па да чуеме почина од корона за 4 дена.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    вчера пишував за ова, ние само сме го достигнале прагот на број на тестови на ден. провери како се менува бројката колкав процент од тестираните се позитивни
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.888
    Пол:
    Машки
    Знам, знам.
    Се стабилизира и бројката на тестови :D


    Туку, дали во Србија прават контролни уште?
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.473
    Допаѓања:
    91.021
    Пол:
    Женски
    Инаку и болницата за белодробни болести во Лешок тетовско прима пациенти со полесна слика и кои имаат помалку количински потреба за кислород.
    Одлична болница и препорака за Др Исмаил Ваити.
     
    На CameliaMiller, tina2018 и M&M им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    259.877
    Можеби и најреалениот коментар на темата.
    Секаде е лошо, само што некои работи зависат од условите и капацитетите на здравството.
     
    На referentka, CameliaMiller, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Девојки едно прашање.Имам блиска особа позитивна на ковид.Е сега поминати се скоро 20 дена од како ги имаше првите симптоми но бидејки покасно се тестираше мора да седи во изолација уште.Дали има ризик ако би ја посетила овие денови..
     
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    48.560
    Пол:
    Женски
    Матичниве почнаа на сите да даваат аспирин штом пројават симптоми, бар на тие што ги знам сите пиеја аспирин дури и млади 20+ години.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Никаде не реков дека италија цвета, напротив, има голема смртност исто како што има голем број на возрасна популација, 80 плус, 90 год, старосната граница им е возрасна. Не за џабе е една со најстара популација во европа.
    Од тука доаѓаат и бројките, посебно од старечките домови.
    Сум сретнала многу голема реткост помеѓу 40 50 год како во македонија, за жал, нашата популација е таа која преовладува.

    Сакав да кажам да ми ја вреѓаат интелегенцијата дека се е под контрола а гледаме дека не е, не е во ред, некна пишував за дупките овде, сега пишувам друго, бидејки тоа друго не можам да го заобиколам таму што се случува неѓу народот. Да не можеш да бидеш лекуван ако немаш врски и пари е жално исто така и да не можеш да се тестираш.
    Зборувам од овој аспект.

    Да, бев и тестирана и позитивна, не гледам причина тоа овде да го пишувам ќе си го задржам за себе, благодарна сум и на државата и од финански аспект (меѓудругото не сме невработени), од болнички аспект и слично.

    Не ми е намера да се докажувам со членки, намера ми е да плукам само и само до власта. Едно ништи направија, големо ништо.
    За разлика од сите други што барем се трудат.

    И да, не можеме да споредуваме ниту споредував, само сакав можеби да се искажам нешто што директно ме засегало таму.

    Вториот бран се смирува, се очекува да паѓа некаде и почна да опаѓа кривата. За празниците нема да сме опуштиме оти така соопштија. И нека е веќе како сакаат така, не ми е ни битно, битно ми е да се реши оваа голгота. Ваљда накај јануари до фебруари нас ќе не пуштат а ние пак нема да смееме да си дојдеме дома.
    Можеби на вас не ви значи но некој многу му значи ова.
     
    На noteforself, Feminka22, Lollipop_123 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    259.877
    @vitamina со оваа темпо, кај нас до февруари ќе нема човек кој ќе го нема прележано барем по еднаш.
    Мерки има, има и протоколи, но не се почитуваат. Нема класичен карантин оти не може да си дозволеме, или оти не ни даваат.
    Владата е крива за многу пропусти, особено за тестирањето, но капацитетот на јавното здравство е тој.
    И кај нас рекоа опаднал РО бројот и очекуваат опаѓање.

    Еве, чисто ме интересира кој е виновен што некни во сабота, луѓето се собираа на слави? А истите тие неколку пати споделуваат како немало место во болниците и лекарите убивале.
    Ахам, а твојата одговорност што во сред пандемија правеш слава, каде е?
    Мислам дајте малку да бидеме реални.
    Што очекувате од нашиот здравствен систем?
    Немаме кадар, и тој што го имаше е заболен.
    Италија не може да одговори, Белгија, Словенија, еве и Бугарија, а очекувате кај нас да цветат рози.
    И стварно веќе напорно е да се чита како овде е лошо, кога никаде не е за жал подобро.
    И со сите мерки и без мерки, исто е.

    Ништо лично со постот. Само високи ви се очекувањата.
     
    На 1209, Lilit, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    37.169
    Пол:
    Женски
    Ама ти цело време вината кај народот ја префрлаш!
    Капацитетот на здравството ни бил тој? А што правеа цело лето? Во предизборен делириум и летен сон беа?!
    Кои се тие мерки и протоколи кои ги имаме? Дали истите се ефикасни? Очигледно не се, или пак селективно се спроведуваат, а тоа исто му доаѓа.
    Вака кога те читам, си мислам дека во Шведска живеам, навистина. Уште само повеќе капацитет во здравството ни фали и одговорни граѓани, друго се си имаме :^) Корупција, непотизам, подмитување, крадење, итн.... тоа не е на дневен ред? Битно, народов е крив и не почитува мерки!
    Преку глава им е на луѓево, како да ти кажам!
    Што се однесува до одењето по слави и слични прослави, власта може многу да направи тука. На пример, не мора класичен локдаун (оти нели економијава не може да го поднесе) ама, може да има ограничување на движење, со прости зборови: еден километар од домот да може да се излегува. Исклучок би било работата и здравствени причини. Ама... одма имаш изговори, немаме ресурси. Нели армија ангажираа? За што? Да обезбедуваат здравствени установи? Чуму? Од што ќе ги штитат? Од корона?
     
    На Ева33, KidA, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    259.877
    Не прочита дека пишав дека Власта исто потфрли, дека можеше повеќе да стори, барем да обучи кадар за тестирање, ако не друго.
    Не ја префрлувам вината во народот само, ама дека си има вина, има. Му скиснало, пази молим те, а после се жали дека немало кревети.

    Сакаа да ограничат колку луѓе ќе има во домот, опозицијата се закани дека нема да обезбеди кворум и ќе го дадат на Уставен предлогот.
    Еве сега не им се ускратени правата, оти им скисна нели.

    Или шета со симптоми, пие фервекс оти мисли дека е настинка. И матичниот смета дека е настинка.

    Искрено, јас веќе сум за целосно затварање оти ми е жал за медицинскиот персонал.
    А протоколи, па види колеги во иста канцеларија не носат маски. А треба да носаат.
    Треба секаде, ама не носи. И кој е овде виновен?
    Казнуваат и пак не се носат. И еве сметам дека треба повеќе инспекциски надзори да се прават.
    И место по болниците нема.
    И кадар немаме.
    Мислам претходно здравството ни цветаше па сега сме изненадени.

    Инаку и во држави со силни рестрикции, народот пак вината ја бара вп државата. Нормално е тоа.
    Ама вина си имаме и ние, како народ, како поединци.
     
    На Lilit, LejlaD, СуперДевојка и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Стварно народ е крив кога прави собиранки. Ама нормално дека ќе прави ако казнувањето е селективно. Затоа се тука институциите. Кога казнуваш еден, а друг не пошто ти е втор братучед, нормално дека нема да има ефект. Само ќе се нервираат тие кои немаат втори братучеди и уште повеќе ќе се собираат. И за собиранките има државата вина пошто држава не се гради на надеж дека народот ќе е свесен.
    Ама тие две работи се поврзани така да џабе збориме.
    Се' функционира исто ко што функционираше и пред вирусов.
    Само сега наместо да се нервира 1 поединец со комшијата кој има врски насекаде и може да се курчи, се нервира цело маало и тоа е.
     
    На smooch, LejlaD, KuklickaSk и 3 други им се допаѓа ова.
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @Justicija , еве во линков објаснето повеќе за вакцината на Астра Зенека. Изгледа дека сепак не е баш 70% ефективна, туку 90% ефективна кога се употребува вистинската доза, барем цитираните стручњаци така изјавуваат :?:

    https://www.google.se/amp/s/www.bbc.com/news/amp/health-55040635
     
    На LejlaD, Ahoy и Justicija им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    259.877
    Небулозно е да бараш врски за да не те казнат за слава во време кога секој втор е позитивен.
    Таков отпор, таква маса на народ кој се уште не верува дека има вирус, дека целта е вакцина и да падне Трамп, е за чудо.
    Има и позитивни примери, полицаец имал слава, не поканил ни еден другар, а можел знаеш.
    Сакаме поинакво општество, подобро здравство, а не сакаме да се освестиме. Ги критикуваме врскаџиите, а први бркаме врски за било што.

    А Власта, се уште не можам да сфатам зошто ме затвара ништо. Нешто овде ми смрди.
    И јас стално читам дека ситуацијата е крјно сериозна, дека персоналот е преморен или болен, дека постојано се бара кревет плус, али народот си толкува како сака. И овие во Влада дремат. Буквално.
     
    На Lilit, LejlaD, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    Јас прее прочитав друго , дека е ефикасна од 62% до 90%
    https://a1on.mk/world/kluchni-informacii-za-trite-najperspektivni-vakcini-protiv-koronavirusot/
    Валда таа ќе биде за земји од последен ред како нашава
    А тие над 90% ќе одат ка американците ,еу ,и итн
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Не знам, ЕУ има потпишано мислам 3 договори за набавка на вакцини, едната од нив е Астра Зенека. Најевтина била пред се’ зашто решиле да ја продаваат без профит (не знам колку е ова можно во бизнис светот ама да речеме дека ќе им поверуваме), плус наједноставна за чување (во фрижидер). Другите две (БиоНТех и Модерна) мора да се чуваат на температура од -70 степени, што ги прави многу посложени за транспорт и чување.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Нас ќе не вакцинираат "доброволно" од март годинава.
    Од јануари ризичните прво.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Ама еве и да излезе наскоро вакцината, колку ќе ја примат?
    Оти не е работата да ја примиш само за да бидеш одговорен. И на себе треба да мислиш нели?
    Зашто збориме за вакцина која била направена за неколку месеци.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.