Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.773
    Пол:
    Женски
    Смееле да шетаат во сопствениот град на воздух, ова во нова горица се слушав со другарка ми. Вика ионака не шетаме оти кај да идеме, да, се согласувам, 2 недели ништо не прават може ќе се намали бројката за 100 ама дека ќе биде нешто што ќе запре емидемија, нема. Овие стручни студии ги пишував уште во март кога ги читав од тука и од кина дека ефективен локдаун треба да околу 75 дена за да има ефект. Ефектот реагира после 2 месеци.
    Се ова, да се запре притисокот на болниците, потоа се стагнира со минимални бројки, и, ако нема рестрикции пак збувнува, исто ко тука шпанија франција, значи локдаунот дава резултати но не се долгорочно. Не знам и зошто сите ја правиме оваа жртва кога знаеме дека не прекинува овде, да прекинуваше и тоа да беше решението верувам сите држави ќе беа 75 дена во локдаун и ќе кажевме збогум на вирусот, но, се покажа дека не е така.
    Како да го завртиме, никако не бива бе.
    |(

    Ни фали уште 3 бран да испоцркаме.

    Сега велат дека ниту вакцините не биле 100 посто реални за созбивање на епидемијава.
    Што да правиме не знам. Не знаат ни стручњаците уствари.
     
    На Tajnaotrovna, LejlaD, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Италија демек експерти за справување со вирусот, а само водат политика за како да отворат скијачка сезона :D
     
    На Tajnaotrovna и senjorita-v им се допаѓа ова.
  3. TheDongerino

    TheDongerino Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Машки
    Нема потреба од полициски пошо после 5 6 живо пиле нема по градов
     
  4. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    21.478
    Пол:
    Женски
    После 9/10 нема луѓе.Се прибираат од кафичи. Широк Сокак вчера полн беше.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.773
    Пол:
    Женски
    Италија се против отварање на скијачка сезона, австрија е за, сакаат да донесат заедничко решение и заеднички закон со шпанија германија австрија италија не знам кои други околу земскиот туризам, т.е истите рестрикции и евентуално отварање/затварање. Сега за сега кажаа дека е невозможно да се отворат, се против и за цела сезона.
    Така кажуваат на вести, така кажува министерот за здраство и премиерот.

    Не знам колку се експерти, ваљда истражуваат експертите за вирусот оти се платени за тоа. Си имаат мафиички корупциички и златните они, не се ич чисти ниту транспарентни али.... јбг.
    Еден е фактот што се покажа во ит шпанија и франција, дека ригирозниот локдаун од 3 месеци даде кај секоја една држава што го спроведе ефект.

    Е сега, тука немаме локдаун кај што сум јас, во жута зона сме, и има движење, па не очекувам дека брзо ќе запре а може и би можело вака да запре а?
    Мистериии!
    Ќе видиме.
     
    На KidA, LejlaD, green.eyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.000
    Инф. амбуланта работи само една смена оти за толку има доктори :| А дека треба да има 3 смени, дури е смешно и да дискутираме. Оно 24h има дежурен ковид, ама не се инфектолози тие попладне и ноќе, интернисти се. Тогаш инфек. дежура кај лежечките. Ако сака @Lilit нека каже, јас лично не сум била во ни една инф. амбуланта, ама мислам неа воопшто не ја прегледа инфектолог, туку интернист. Е сега што и за тетанус и за се' останато на исто место се чека секаде... тоа е оти САМО инфектолози ги гледаат тие луѓе, а инфектолози двајца без десет се.

    Треба многу поинаку, ама не е.

    Највеќе ме нервира префрлање на топка постојано и глупи протоколи. Барем третина од тие што чекаат, сосема ок може да ги лечи и интернист, не мора да е инфектолог.

    Ама многу неколегијални испаѓаат др. специјалисти и креваат рамења.

    И сум разочарана од многу луѓе.
    Аман, тт 37.2, поткашлуваш, абре седи дома и чекај да пројде. Што ќе ти прават на лекар?
    Ова мои лични познаници.

    Цел народ, сосе докториве, сосе партиите, колективно сме себични и без компас.

    Другар ми, жител на една земја што се угледуваме, позитивен, со симптоми. Го лечеа вака:
    Тест закажан после 4 дена од симптом, тој период дома седење. Резултат после рамно 3 дена.
    Од лекари, еден лекар на телефон, што симптоми имаш? Аха, млад си, парацетамол за тт, течности и одмарај. Ако се влоши, на овој тел. ѕвони, не оди во болница. Витамини? Не, нема потреба. Жена на работа, деца во школо/градинка.

    Е сега истиов таму му е нормално вака да го лечат, тука не ќе му биде.

    Оти немаме доверба, а не ни треба да имаме повеќе.

    Едит: контактите не му ги тестираа. Само и само со симптом.
     
    Последна измена: 28 ноември 2020
    На Doozy, M&M, Tajnaotrovna и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Ширењето на вирусот не може да се спречи, но бројките на заразени и починати можеа и можат да бидат драстично поинакви. Евтиното политиканство, собирање евтини политички поени, неспособноста доведоа до катаклизма во државата и здравствениот систем.

    Србија изгради нова болница за 3 месеци. На што потрошивме ние 1 милијарда евра? Поткуп на избори? Затоа сега плаќаме висока цена и ќе дремеме дома со месеци во изолација, рестрикции, без парица, затоа што вирусот е излезен од контрола многу одамна.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.886
    Пол:
    Машки
    Веројатно најдобро решение е масовно тестирање, по примерот на Словачка.

    Со месеци експертите за јавно здравје велат дека земјите треба да прават повеќе тестови за Ковид-19 за да им се помогне на луѓето да откријат дали го имаат вирусот или не, со што ќе се забави неговото ширење.

    Сега, како што бројките на заразени се зголемуваат, постојат нови докази за тоа колку масовното тестирање може да им помогне на земјите.

    Во Словачка, земја во која вирусот исто така растеше експоненцијално, на 31 октомври и 1 ноември владата спроведе масовно тестирање со помош на брзи тестови, проследени со задолжителен карантин за секој позитивен. Оној што ќе избереше да не се тестира, мораше да остане дома, со сертификат издаден од тој што го правел тестирањата. Земјата ги повтори тестирањата една недела подоцна, и повторно во текот на минатата недела. Придобивките се почувствуваа речиси веднаш.

    - За една недела, навистина една недела, запре експоненцијалното растење на вирусот во цела земја, со опаѓање на инциденцата за половина. Две недели подоцна падна уште повеќе. Минатата недела го спроведоа и третото масовно тестирање. Мислам дека ова е најдобриот доказ што го имаме дека ова функционира - вели Мајкл Мина, професор по епидемиологија на Школата за јавно здравје при Универзитетот „Харвард“.

    Пред две недели во Словачка, стапката на репродукција на вирусот беше помеѓу 0,7 и 0,9, што значи дека секоја позитивна личност заразува помалку од една личност. Пред два викенди словачкиот министер за здравство на „Фејсбук“ напиша дека програмата за тестирање ја сруши кривата, насочувајќи ја стрмно надолу. Сепак, тој истакна дека масовното тестирање ќе мора да продолжи, во спротивно стапките повторно ќе одат нагоре. Земјата повторно ги отвори театрите, црквите и другите места за масовно собирање, секако, со намален капацитет.

    Извор: Факултети.мк
     
    На dayla, KidA и green.eyes им се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Уште полошо, подобро надвор, отколку да се збираат по дома. Тоа што не гледаш луѓе, не значи дека нема групирање.
     
    На tinka-mace, LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Каде тоа нема живо пиле после 5-6 часот? Во Скопје сите кафе барови се полни.
     
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Јас искрено не знам дали да плачам или да се смеам кога ќе прочитам овде - Во Шведска/Германија/Швајцарија/ (додај по желба) све испозатворија, само во Македонија народот зинал за собиранки, неќел локдаун, бре.
    Уклучете тоа мозочињата и сетете се кај живеете. Да беше Германија на исто рамниште со нас, немаше да ги правдаме лекарите кои бегаат натака. И многу други земји.
    Се прашувате некој што нема да земе плата, ако евентуално се разболи, со кои пари би платил тест, лекови, поздрава исхрана, прегледи, евентуално престој во болница, и башка да му останат за кирија или сметки.
    Како им помага државата финансиски во други земји, не знам. Ама да ме убедувате дека е исто, е не е.
    И келнерот и музичарот заслужиле. Не значи дека ако не се медицински лица кои можат да се најдат у епидемијава дека треба да ги оставиме да цркнат зашо...не ни требаат, јбг.

    Додуша ајде океј, нека се затвори све на два-три месеца, ако до таму дошло. Па кој преживее, преживее.
     
    Последна измена: 28 ноември 2020
    На JuLleE, azelea и LejlaD им се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    19.812
    Пол:
    Женски
    [​IMG][​IMG]



    Блек фрајдеј официјално во Македонија ќе биде за едно две недели....
     
    На 1112, Tajnaotrovna и KidA им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    А тој шо сликал што барал во ситимол воопшто? За него не е гужва? Нема ризик?
     
    На Tajnaotrovna, JuLleE, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    19.812
    Пол:
    Женски
    Може некој од вработените е... Имам другарка што работи таму и вика многу гужва било.
     
    На Tajnaotrovna и Alisa22 им се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.159
    Допаѓања:
    40.521
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум била во сити мол, ама зара жене дека пишува не ми текнува.

    Не викам дека немало гужва, ама првата фотографија не ми личи дека е од кај нас.

    И друго, бар зара имаат онлине да нарачаш. Зошто се пикаат таму не ми е јасно(facepalm)
     
    На Purplelilac, Tajnaotrovna, dayla и 10 други им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    19.812
    Пол:
    Женски
     
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    25.606
    Пол:
    Женски
    Во Тетово и кога беше полицискиот час си се собираа луѓе по дома , им доаѓаа фамилии од други градови на гости со спиење со се . Од таа причина и имаше толку заразени во Тетово на самиот почеток на заразата , а сега е хорор веќе .

    П . С . Сликите погоре се од БлекФрајдеј во Србија . Не е фотошоп . Не велам дека кај нас не е слично , ама она е од Србија ( не знам точно во кој мол беше и кој град , мислам Белград беше ) кружеа истиве слики низ српски страници .
     
    На M&M и tina2018 им се допаѓа ова.
  18. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Првата слика нема шанси кај нас да е, башка никад немало фотелји пред Зара, нема логика сите продавници околу се или за накит или за облека. А втората слика е Сити мол.

     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.886
    Пол:
    Машки
    Тешка битка се води меѓу нас и Србите околку тоа кои се по ненормални :D

    А некој да им каже дека Зара има и можност за онлајн нарачки? :$
     
    На saki13, 1112, Tajnaotrovna и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.858
    Допаѓања:
    41.177
    Пол:
    Женски
    А овие интернационални компании што имаат огромни заработки не можеа да го направат блек фрајдеј во друга верзија годинава, или воопшто да го нема?
    Која е логиката да има блек фрајдеј со цел да се привлечат купувачи, и после кога ќе отидат луѓето да се лутиме зошто отишле?
     
    На 1112 и VDT2906 им се допаѓа ова.