Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.334
    Допаѓања:
    259.618
    Во помалите градови се уште има некој ред. Хаосот е во Ск, а нели само Скопје е Македонија.
    Блек Фрајдеј имаше само во Сити мол на пример. Кај нас не се ни осети.
    Инаку лично искуство, позитивен колега, не ги става во изолација колегите оти кратко бил на работа. Едната после 3 дена сама се пријавува. И ок е.
    Инаку кај нас, ако си кажеш контакти, ги ставаат се уште сите во изолација. Обичнонколегиод иста канцеларија се во изолација.
    Знам лично неколку. И решение добиваш за 2 - 3 дена, а може и нареден ден.
    Јас кога бев и по два пати ме проверуваа на почетокот, сега велат еднаш оделе.
    Матични има одат кај болните дома и ги прегледуваат. Или болни одат во ординација да им мерат сатурација и да ги видат.
    Ова се искуства од кај мене, во мојот град. Инаку, обично седи фамилијата дома. Се знаат, па ако излезе ќе го одбегнуваат.
    Не е секаде толку без ред.
    Во Скопје да, е.
     
    Последна измена: 29 ноември 2020
    На ALISA0000, Tajnaotrovna, KidA и 5 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Во наше село и на погреби има ред, само најблиските, а ако е од корона починат ни нив не ги пуштаат. И без маски не одат исто. Се плаши народот од казни. Полиција шета по улица, јас кога бев видов.
    Е сега, и комшија полицаец за време на полициски журки си правеше дома, ама, и човек позитивен шеташе по градот оти најблизок во полиција му работи... Законот очигледно не е за сите исти.
    И слави барем тие што ги знам не правеа. Ни моите нема да прават.
    Ама контакти не пратат, кога имав во фамилија близок оние околу него останаа дома додека не му истече нему изолацијата оти можеа, никој не им одреди изолација никаква. Тој решение утредента доби, ама друг никој не доби решение. Само на позитивните им даваат.
    Дека нема никаква гужва по градот- нема. Единствените зарази од работни колективи им идат. Фабрики и јавни претпријатија се жаришта на зараза, и без разлика што бројките ги немаат оти никој не се тестира (не се достапни тестовите, матичните не ги праќаат на тестирање) меѓу народот се шири каде е опасност и кај се жариштата. Блиски кои мислеа отказ да си дадат затоа што не се безбедни на работа. Ама не се пратат ни контакти, нити се превзема нешто затоа што ќе треба фирмата да се затвори. Веројатно и епидемиолози, и матични имаат соработка со такви џинови од фирми кои се водечки економски двигатели во тие општини.
    А она што само Скопје е битно ми е сол на рана, оти ни до тест не можат да дојдат луѓе од внатрешноста, рентген нема каде да отидат на приватно, ако не ги примат во здравствен дом нема никаде. Уште и па се бунат по ФБ, зошто во 8ми септември имало хоспитализирани луѓе од надвор, немало за скопјани место.
    Мислам погадно нешто немам прочитано.
     
    На Tajnaotrovna, mira.mira, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.290
    Допаѓања:
    15.693
    Пол:
    Женски
    А овие што изнаставиа слики од редици по молови а истите тие се дружат со пријатели, прават собиранки, седенки во кафичи и тоа без маски(facepalm)
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    После ваква состојба која трае со месеци, јас само знам дека е ван памет да се седи со скрстени раце.
    Не знам што е најпаметно, не знам со кој буџет располагаме, не знам колку месеци би издржале локдаун, не знам дали полициски ќе има ефект или затворање на кафичи и некои други рестрикции само, си има луѓе за тоа по министерствава вработени кои стриктно треба да се занимаваат со некој дел од проблематикава наречена справување со пандемија.

    Ама знам дека не може да е океј по 40 семејства дневно да остануваат без сакани луѓе, не е океј да не можат да се третираат други болести, не е здраво доктори секојдневно да гледаат како им умираат пациенти и дефинитивно не е океј додека едни се борат да преживеат, политичари да се препуцаваат со фб статуси.
    Кои трауми ќе ги има обичниот човек (тука ги земам во предвид и медицинскиот персонал поради слики од губење на животи кои никогаш нема да можат да ги избришат и народот кој се соочува со лудилото од другата страна) после сето ова, ниту еден факинг глупак од министер, премиер, пратеник или кој и да е, нема да може да ги надомести на ниту еден начин па што и да направи за државата.

    Луѓето се државата.
    Ако планираат воопшто да има држава, подобро да ги мрднат мрзливите задници.
     
    На 1209, Annath, Tajnaotrovna и 14 други им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.294
    Допаѓања:
    28.060
    Буџетот на 2021 предвидува 50 милиони евра пари за помош за мерки за ковид.
    Мерките ќе вклучуваат помош за бизниси што останале без работа, вработени што изгубиле работа, парична помош за доктори, генерално мерки како тие до сега. Само од кај ќе ги најдат тие пари и на што друго ќе скратат бар да знаеме. И уште побитно, како ќе ги поделат.
     
    На 1209, Purplelilac, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.885
    Пол:
    Машки
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод -1, Пехчево-3, Берово-14, Валандово-11, Виница-6, Делчево-15, Кратово-3, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-21.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 895 оздравени пациенти од: Скопје-496, Куманово-39, Штип-32, Прилеп-37, Тетово-29, Струга-26, Велес-26, Битола-18, Охрид-33, Кавадарци-17, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-17, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-4, Валандово-8, Виница-5, Делчево-1 Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-8, Ресен-7 и Неготино-9.

    Починати се 32 лица, единаесет пациенти од Скопје (73, 68, 72, 83, 77, 78, 62, 63, 88, 55, 56г), четири од Куманово (89, 95, 63, 57г), тројца од Прилеп (65, 59, 79г), еден пациент од Тетово (83г), еден од Велес (67г), тројца од Битола (77, 53, 62г), еден од Охрид (75г), тројца пациенти од Гостивар (59, 76, 66г), еден од Гевгелија (74г), тројца од Струмица (57, 68, 76г) и еден пациент од Ресен (61г). Пациентите се починати во болнички услови.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    44% од 2019 тестирани
    Нели се фалеше стигнале 13000 брзи тестови а сепак на дневно ниво малку се тестираат по 3000 просек.
    Толку се неспособни да набават тестови? Или нема пари за тестови а имат да фрлат 200000 евра за украсување.
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.885
    Пол:
    Машки
    Брзите тестови не влегуваат во оваа бројка.
    Позитивните на брз тест прават и ПЦР, после позитивниот брз тест за да бидат во статистика и сите други "погодности".
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    44%:wasntme:
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.334
    Допаѓања:
    259.618
    Негативните со симптоми прават ПЦР мислам.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Планирани се задолжувања, продавања на државно земјиште и акции, приватизација на компании.

    Нели по негативен брз, ако имаат симптоми прават ПЦР. Позитивен брз значи дека сигурно си позитивен.
     
    На fana и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.885
    Пол:
    Машки
    Два мои познаници правеа брз тест, позитивни и мораа да прават повторно ПЦР за да бидат официјално потврдени.

    Со еден од нив мајка ми беше во контакт, и таа ќе прави во вторник брз тест, се надевам ќе биде негативна, ќе пишам искуства.
     
    На mal.ecka, Purplelilac, Tajnaotrovna и 5 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.334
    Допаѓања:
    259.618
    Јас знам со симптоми, брз тест негативен. Вели дека не правела пцр, ама жената крие многу работи, и седи во изолација. Затоа не тврдам, туку како што читав споделив.
     
    На Purplelilac, CameliaMiller, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.885
    Пол:
    Машки
    Не напоменав дека овие моиве познаници се тестираа на приватно, може сè уште не им е регулирано да праќаат резултати до ИЈЗ.

    Инаку според досегашно искуство, точни се брзиве тестови. Еден беше и рапид негативен, и пцр негативен (поради контакт), и другите два позитивни на двата теста исто така.
     
    На CameliaMiller, azelea и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Епа веројатно тоа само за државните се однесува.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    kako ne spagaat brzite tetovivo ovaa brojka ?
    zar ne e toa rapid test
    kako i da e 'mn " napravile duri 39
    Направените 2019 теста се преку: ИЈЗ-693, ЦЈЗ Скопје-73, Авицена-319, Биотек-208, МАНУ -147, Жан Митрев (Филип Втори)-105, Систина со PCR метода -183, лабораторија Лаор –66, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-108, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-76, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -39, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 331.105 тестирања на Ковид -19.
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    А кои се овие под “лаборатории од странство”? Даваат тестови на анализа надвор од МК?
     
  18. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    neznam
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Некој се тестирал пред влез во МК и бил позитивен, ваљда...
    Шо е битно, и онака е нула. Веројатно еднаш имале таков случај и толку. :D
    Ко она "нема тестирања во рамки на скринингот" што го пишеа уште 3 месеци од кога завршија со скринингот од кого не излезе ни еден позитивен, а им служеше само за манипулирање на бројките и статистиките за да се створат услови за отварање пред избори.
     
    На Nevenche26 и green.eyes им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.885
    Пол:
    Машки
    Епа ете, од јавни установи ги сметаат, од приватни не, веројатно тоа се некои правни регулативи што фалат, не знам.