Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    28.196
    Нека стават Грциве вакво правило, сите антиваксери први ќе примат вакцина.
     
    На oblace1, Amellie13, Purplelilac и 13 други им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Зошто толку грд муабет? Пола форум вели дека не е сигурен во престојните вакцини заради што се плашат од нешто што е направено за толку кратко време, и ти сега тука демек мајтап ќе си играш со тие? Ете јас како АНТИВАКСЕР, како што милуваш да кажеш, ако воведат задолжителна вакцина за во Грција, НЕМА да одам. Не би се вакцинирала себе, а уште помалку децата со непроверени вакцини само за да одам Грција. Зборувате за непознат вирус, за кој научниците и докторите не можат никогаш да дадат конкретни одговори оти бил нов, непознат и непредвидлив, ама затоа вакцината е спремна. Имам право да бидам скептик, и немаш право да се исмеваш на тоа.
     
    На BloodElf, honey.11, An-na и 6 други им се допаѓа ова.
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Пола држава ред ќе чека една недела ако треба во колона само да прими вакцина и да иде у грчка на тоа првиот крак дасе брцка у морето...
     
    На Celltica, Purplelilac, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    28.196
    Ок, немој да примаш вакцина и седи си по дома, чекај ние другите да стекенеме имунитет и за вас.

    Вакцината пред да се пушти во употреба е тестирана на стотици илјади луѓе, правена од луѓе кои ден и ноќ мислеле и работеле како да ја направат. Ама упорно тврдите дека е непроверена?

    Еве јас ќе примам вакцина преку работа уште пред да се почне со масовно вакцинирање тука, не за да одам во Грција, туку за да се заштитам сама и тие околу мене.

    Ти како сакаш.
     
    На eli25, duffi, Waverly Raven и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Дали уште важи законот за носење маски на отворено и дали казнуваат воопшто за тоа?
    Прееска страв у коски ме упрпа кога едни двајца полицајци стоеја и ме зјапаа на кеј дур седев на клупа и јадев. Сама бев и немаше наоколу луѓе, едвај некој што ќе поминеше.
    Среќа бев при крај па набрзина довршив и ставив маска и си станав.

    Едит - патем да, интересно како вирусот е уште непознат ама вакцината е проверена и сигурна.
    Ни тој што ја создал вакцината не може да гарантира дека нема да се искомплицира нешто кај тој што ќе ја прими. А ефективна и безбедна вакцина се различни работи.
     
    Последна измена: 5 декември 2020
    На An-na и Spidy им се допаѓа ова.
  6. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    11.846
    Пол:
    Женски
    Ме има видено и мене полиција неколку пати, ме немаат казнето.
    Законот дали важи уште не знам и дали воопшто беше донесен или беше само препорака. :wasntme:
     
    На eli25 и Tan4ence им се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.460
    Допаѓања:
    18.732
    Мене ме интересира зошто вчера на вести кажаа дека вакцината не се препорачува за деца?
    Се разбира дека не планирам да му ставам на моето,само пробувам да сфатам зошто е штетна за децата??
     
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.182
    Допаѓања:
    132.247
    Пол:
    Женски
    Вакцинирај се ако немаш сомнеж,никој не ти брани.Кој сака,нека се вакцинира.
    Ама...
    Не лепи етикети.Не секој што се сомнева во квалитетот на вакцините е антиваксер.
    Јас не сум антиваксер,ама нема да примам вакцина.Не може да се направи квалитетна вакцина за неколку месеци.Потребни се години тестирања и подобрувања.
    Вакциниве неколку пати потфрлија и одеднаш во средината на ноември почнаа компаниите почнаа да се фалат дека се ефикасни. :D
    Работиме на исправки,подобруваме велеа,па минатиот месец магично се разбација со 70%,90%,95% ефикасност....
    Ко Венковото сè е под контрола... :rofl::rofl:
    Може да се јават и несакани ефекти од вакцините.Мене ми се јавија од вакцини што се со години во употреба,што е уште една причина зошто се сомневам во овие направени за неколку месеци.
    Направени се врз основа на знаења за други Корона-вируси.За овој вирус сè уште постојат прашалници.
    Нема гаранции дека ќе се створи имунитет.
     
    На темјанушка, An-na, Ева33 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Нема што ти да стекнуваш за мене имунитет. Какви глупави муабети, Бог да чува. Шо не се вакцинираш против грип? Може заради ти грип што ќе фатиш и ќе го пренесиш, баба ми ќе умри, пример. Ај поштедиме од такви демек некои си емотивни изјави, па вие ќе стекнувате за мене имунитет. Ете ако има вакцина, вакцинирај се, и оди Грција, сречан ти пут.
    Јас не верувам на вакцина создадена за некој месец.
     
    На BloodElf, mssuniquee, The Saturdays и 3 други им се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    28.196
    не е страшен ковид за деца, затоа не препорачуваат да се даде.
     
    На fana и JuLleE им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.540
    Допаѓања:
    91.610
    Пол:
    Женски
    Па добро ти не веруваше во ниедни вакцини така беше?
    Воопшто не вакцинираш,сосема е ирелевантно твоето мислење за оваа вакцина,па и сто години да се дава.
    Добро ти вели Кукличка.
    Ко што користите заштита од другите за морбили така ќе биде и сега.
     
    На oblace1, Mishela, Smilly и 14 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.539
    Допаѓања:
    261.048
    Не знам што ве навреди, факт е дека сите ќе си се вакцинирате ако услов за влез во Грција е вакцината. Ама битно на фб и овде ќе се антиваксери.
    Маж еве се надева дека ќе му дадат одма да се вакцинира, сака. Јас сум со резерва, дете не вакцинирам ако нема услови од причина што децата не развиваат и клиничка слика.
    Ако треба, ќе примам.
     
    На Mishela, eli25, duffi и 9 други им се допаѓа ова.
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Да, казнуваат. И нема шо да те фаќа страв, нема ни да те тепаат, ни на голи оток да те пратат, аман. Полицајци се, не човекојадци. Ќе те опоменат или ако си за казна, ќе ти пишат. Бог да чува, страв у коски...
     
    На oblace1, Purplelilac, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.539
    Допаѓања:
    261.048
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Моментално се зборува за вакцина против ковид, не за други вакцини. Не е битно јас што мислам, битно е вие што се замислувате над другите и си земате за право да им се потсмевате на луѓето кои се скептици за оваа вакцина за болест за која што никој ништо не знае, ама битно 90% има гаранција.
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.540
    Допаѓања:
    91.610
    Пол:
    Женски
    Тоа се факти,а врската е таа.
    Ако не веруваш на вакцина која се дава сто години и спасила милиони детски животи,сосема е очекувано да не веруваш ни на оваа вакцина.
     
    На oblace1, Ambrosia, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Во оваа бетер не верувам.
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.539
    Допаѓања:
    261.048
    И јас сум скептик, ама не значи дека нема да ја примам. Особено па ако треба за патување. Не ми е за морето колку што ми е за моите.
    Е на некои им е за морето. И ќе си ја примат. Сите научни експертизи ќе ги заборават.
     
    На Ambrosia и H.VAGA им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    37.478
    Пол:
    Женски
    Менгеле може го*на да јаде |( Демократија, јееее (highfive) Човекови права, јееее :sun:
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.709
    Допаѓања:
    192.796
    Правото да бидам здрава и жива, не е човеково право ваљда. Башка ,,тие,, мислат повеќе за нашето добро отколку ние:wasntme:

    Не разбирам, зошто тие кои веќе биле ковид инфицирани би требало да се вакцинираат:?:.
     
    На TheDongerino и LejlaD им се допаѓа ова.