Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.811
    Пол:
    Женски
    Знам дека се, имам блиски кои баш одеа во тие делови, но не ги примија, препорачливи се, не се задолжителни. Плус, кај едното лице и поради медицински индикации не му беше препорачсно да прими. И луѓето не одат само на море во странство, некој работи, некој поради работа оди надвор. Проблемот е што некој нема да може да се вакцинира зошто има антитела, некој ќе сака, ама нема да е приоритерен, а и така ќе се оди со мој термин, кој кој знае кому кога ќе му се погоди. Во Кипар е барем добро решено, или со доказ за негативен тест или со потврда за вакцина.
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Кипар, ама лошо беше пренесена веста кај нас.
    Кипар се затворени, и ќе ги отворат границите за луѓе кои се вакцинирале од ковид во март, без посебни мерки и карантини. Што ниту значи дека засекогаш ќе биде така, нити дека ќе им забранат на оние што не се вакцинирани да отидат во Кипар.

    И јас мислев дека авиокомпании ќе почнат да форсираат вакцини и ќе забрануваат луѓе без вакцина да летаат, ама и да се случи тоа ќе биде само на далеки дестинации. Рајанер рекле нема да бараат тие затоа што ако бараат како авиокомпании за во Европа - ќе изгубат летачи оти луѓето едноставно ќе си возат до дестинацијата.
    И Визер сигурно нема да бараат.
    Од државите, Австралија и Нов Зеланд можно е да бараат вакцини, ама тие се држави кои баш не зависат од странци. Плус се покажа и дека локдаун може да спроведат.
    Другите држави се против задолжителни вакцини на влез. И експерти се против затоа што сметаат дека така ќе се створи дополнителна стигматизација на невакцинираните. Здравствената состојба е заштитен податок, не може секој да ти бара дали си вакциниран или не, а ако воведат пасоши за вакцинирани (т.е. ако се воведе глобална забрана на невакцинирани да патуваат), кој може да гарантира дека и локалниот ресторан нема да ти забрани влез ако не му покажеш дека си вакциниран. Или на крај краева и локалниот шопинг центар или маркет.
    На крај краева, ќе видиме...
     
    На Ahoy, LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Сега секако нема да бараат пошто не се во позиција да бараат, прво треба да се обезбеди доволен број на вакцини кои ќе се достапни за сите. После тоа ќе си дојдат спонтано забраните. Ќе се поделат на ризични, загрозени, сигурни држави и според бројот на вакцинирани ќе почнат да си поставуваат правила. Ако не поединечно, ќе изолираат цели држави ако немаат задоволителен процент. По моја претпоставка. Гајле им е за стигматизацијата на невакцинираните.
     
    На СуперДевојка, JuLleE, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.434
    Допаѓања:
    90.803
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека ќе бараат сите,ќе го договорат тоа земјите, за да се заштитат.
    Или вакцина или негативен тест за влез.
    Оваа ситуација сега премногу ги чини.
     
    На H.VAGA, mal.ecka и fana им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Нормално дека секогаш ќе има исклучок за примање вакцина, тоа е друго веќе. Алергични луѓе на пеницилин не примаат дел од вакцините, барем јас кога бев некои од децата не примаат. И тоа е сосема ок и тоа е регулирано поинаку.
     
  6. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Нови 659 случаи на коронавирус, оздравеа 774 пациенти, а починаа 23 лица.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.030 нови случаи на коронавирус, а 44 лица починаа, a во Хрватска се потврдени 2.899 нови случаи на коронавирус, починаа 72 лица.
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Јас ќе се вакцинирам обавезно
    Не ми се живее веќе вака.
    Здосадено ми е.
    Само ќе чекам прво некој што знам да се вакцинира, ако не му е ништо (првите денови де) ќе се вакцинирам и јас.
    Налет веќе
    На стравов во коски што ми е му се заарни
     
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.882
    Пол:
    Машки
    Не се потполно затворени ни сега.
    Државите ги имаат поделено во 3 категории: А, Б и Ц. Државите од кат. А можат потполно слободно да влезат во Кипар, оние од кат. Б можат да отидат само со негативен тест (меѓу кои е и Србија, освен ако сега не ја имаат отстрането) и последно, државите кои се класифицирани во кат. Ц не можат воопшто да влезат во Кипар, таму сме и ние.

    Е сега од март, покрај опцијава за влез со ПЦР тест, ќе воведеле и опција за влез со вакцина.
     
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.882
    Пол:
    Машки
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1715 тестирања, а регистрирани се 659 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-248, Куманово-18, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-33, Тетово-40, Струга-39, Велес-33, Битола-46, Охрид-47, Кавадарци-14, Гостивар-21, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-14, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-11, Валандово-1, Виница-11, Делчево-5, Свети Николе-17, Кичево-4, Ресен-12, Неготино-21.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 774 оздравени пациенти од: Скопје-331, Куманово-140, Дебар-10, Штип-27, Прилеп-45, Тетово-11, Струга-28, Велес-41, Битола-28, Охрид-33, Гостивар-4, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-8, Пробиштип-4, Демир Хисар-6, Македонски Брод-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-1, Свети Николе-16, Кичево-11, Ресен-5.

    Починати се 23 лица, пет пациенти од Скопје (61, 61, 79, 84 и 68г), двајца од Штип (60 и 69г), четири од Струга (55, 57, 56 и 84г), четири од Битола (67, 59, 79 и 70г), тројца пациенти од Охрид (64, 70 и 65г), еден од Гостивар (72г), еден од Струмица (55г), двајца од Радовиш (73 и 81г), еден од Крушево (63г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    45.749
    Пол:
    Женски
    Јас не сум антиваксер, тотално подржувам вакцинација за се што има вакцини, за вакцинава сум малце скептична да бидам искрена, не знам некако ми е многу брза ама вајда научниците знаат повеќе од мене. Дали ќе се вакцинирам не знам, прележав еднаш вајда ќе прележам лесно пак па ради тоа не би да се вакцинирам, ама стари и хронично болни треба да се вакцинираат и сметам дека е правилно.
    Лошо е што не знаеме уште дали за некоја година од сега ќе има последици, може краткорочно нема ама на подолг рок никок не може да знае. Ризик е, ама моментално подобра опција нема.
     
    На mssuniquee, JuLleE и Mantub им се допаѓа ова.
  12. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.159
    На orevokrsacka, Nane2356, chocolateheart и 3 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    37.085
    Пол:
    Женски
    Многу издржано и разумно мислење. Особено за делот околу вакцините (y) Ни требаат повеќе вакви размислувања кои се водени од здрав разум, а не од страв.
     
  14. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Зошто веќе неколку дена нема статистика по општини како е бројот на активни случаи :?:
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.882
    Пол:
    Машки
    https://covid-19.treker.mk/mk/stats
     
    На fana и g8lQQk им се допаѓа ова.
  16. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Ама ова е до 29 ноември по скопскиве општини.
     
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.335
    Допаѓања:
    19.783
    Пол:
    Женски
    Еве само да знаете дека НИШТО НЕ Е ПОД КОНТРОЛА и да видите ЗОШТО има пандемија. Со симптоми седев дома и чекав да се тестирам 10 дена (бидејќи нема термини/нема тестови), решение за изолација добив на Вибер после 4-5 дена од позитивен тест( а во меѓувреме ако не бев совесна, 15 дена имав слобода да се движам и да го ширам вирусот колку сакам и како сакам) и сега згора на сѐ, после 20 дена сеуште чекам да се јави епидемиолог, за да добие решение мајка ми, која се изолираше во ист стан со мене и беше со клиничка слика. По редот на нештата мајка ми од утре треба да почне на работа, на позиција здравствен работник, а притоа и понатака има последици/симптоми и била во директен контакт/престојувала со заразен?
    Притоа, на работно место, таа отсуството мора да го оправда (и се јавуваат секој ден) или да си го плати боледувањето од Ковид 19 а моето решение не се зема во обзир.
    Контактирани се сите броеви, пишани се пораки - нема никаков одговор од никаде.
    Венко Филипче
    што е под контрола?
    Дали знаете во каква состојба е болницата во Битола?Ако не знаете, ќе ви испратам видеа и фотографии, кои ги направив изминатиов период кога морав да ги поминувам тие ходници и да го гледам хоророт на помодрени луѓе кои се гушат, со високи температури, не тестирани кои ги враќаат од шалтер зошто не им е тука местото или пак со последните здивови се приморани да чекаат редици од 50 луѓе пред нив, да видите од прва рака.
    Да си видите како лекарите, вашите колеги и сестрите не можат да стојат на нозе, зошто по цело дежурство се по еден и од навала на пациенти не стигаат вода да се напијат а и понатака во ходниците им умираат луѓе. И за тоа не е крив народот драг мој Венко, крив е системот врз кој очигледно веќе НЕМАТЕ АПСОЛУТНО НИКАКВА КОНТРОЛА.
    Лицемерно и безобразно е да кажете било што друго.
    Дали знаете колку позитивни луѓе се на работа денес, од што нема како да правдаат отсуство?
    Дали знаете колку луѓе умираат дома, со пнеумонии и во агонија чекајќи да се тестираат?
    Каков третман/заштита од вас/државата добиваат оние кои ви се на прва борбена линија - здравствените работници?
    Дали сфаќате дека сте директен соучесник кон смртта на еден куп луѓе кои ги газат овие ходници, негирајќи го фактот дека здравствениот систем е во тотален хаос и колапс?
    Кого лажете?
    Дали сте при здрава свест и разум?

    Превземено од фб.
     
    На noteforself, Ева33, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Frestonia

    Frestonia Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.290
    Јас мислам дека ова е се за да се намали наталитетот( со вакцините), можеби има некој што не верува и смета дека е ширење на дезинформации но овој вирус не е природен, направен е вештачки а исто време го имало и лекот и вакцина се, и тоа најглавни во овај злостор се СЗО тие директираат правила како што им одговора и нормално државите непознати со овој вирус ги слушаат. Исто така најголем удар ќе јави кај туризмот, туризмот го прогласувам за умрен.!.
    народот ние сме неедуцирани заради тоа што короната смртноста е 2 посто, свински птичји беа пострашни но нели короната доби огромен маркетинг и паника кај лугето, поради што лугето едвај чекаат да се вакцинираат. Наводно ја правеле година дена? каде можи толку брзо вакцина да излезе? значи ова е план планиран со години и како што го направиле направиле и лек. Тоа со државите што ке бараат задолжителна вакцинација за влезз е стратегија за да се вакцинирате, иако викаат не е задолжително, сакаш не сакаш еден ден ке ти излезе нешто , ете не мора да идеш за одмор или на шетња, но имаш бизнис работа, за здравје, да посетиш некого итн. Тоа им беше целта.Позз
     
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    131.075
    Пол:
    Женски
    @g8lQQk Јас ова го имам од денес:
    Screenshot_20201206-215902.jpg Screenshot_20201206-220221.jpg Screenshot_20201206-220237.jpg Screenshot_20201206-220248.jpg
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.882
    Пол:
    Машки
    Најверојатно на неделно ниво објавуваат за општините во Скопје (ако сè уште знаат каде колку се), така што најверојатно утре ќе се апдејтираат тие податоци.
     
    На g8lQQk и fana им се допаѓа ова.