Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. HelloHello

    HelloHello Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Не сите газди дозволуваат отсуство, посебно приватно.
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.802
    Допаѓања:
    142.129
    Ама тоа е одлука на влада, ако оди казна има. Јас мислам дека шетаат по дуќани, ама сеа ќе речат дека само на гинеколог оделе, а секој ден ги гледам низ ГТЦ. Ризична група се, хроничните ги вратија да изумрат,ама трудниците не.
     
    На MoreNa-22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. HelloHello

    HelloHello Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Влези во темата Труднички муабети и ќе видиш колку бремени уште одат на работа затоа што газдите не ги почитуваат мерките и нема никакви казни.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.825
    Пол:
    Женски
    22 години веќе со толку здравствени проблеми. Отров земја, отров.
    Греота, нека им е лесна земјата.
     
    На Tajnaotrovna, TheDongerino, edna_malecka и 11 други им се допаѓа ова.
  5. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    И излезете низ центар, трговски особено по бебешки дуќани, врие од трудници со бајаги големи стомаци.
    Не значи дека сите кои шетаат биле вработени, фала богу има и невработени трудници кои ги полнат дуќаните, а оние со повеќе деца и парковите. Никој веќе не е цвеќе за мирисање.
     
    На tinka-mace, candy.cane, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.773
    Пол:
    Женски
    Не само трудницата, туку уште еден живот.:(
    Бог нека ги прости.

    Не мора да има човек претходни болести. После Ковид-19 значително се намалува квалитетот на здравјето.
    Страв ме фаќа само во иднина колку луѓето ќе се се повеќе разболени (не)благодарение на овој вирус.
    Колку компликации ќе се појават кај претходно здрави личности?
     
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Па не се заразува човек само на работа, најчесто домашните им носат.
     
    На riba79, azelea и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Јас знам многу трудници што не им дозволуваат газдите да отсуствуваат од работа
     
  9. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    Јас знам и такви што имаат избор ама одат на работа затоа што инаку ќе земаат минималец
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    И трудници и родители со бебиња гледам насекаде. Многу пати иам видено родители со бебе во СЦМ и други молови.
    И стварно не ми е јасно како така лагано си носат бебе во кенгур во затворен и прометен простор.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.825
    Пол:
    Женски
    Има ли врска каде се заразила? Има ли смисла тоа да се дискутира? Трудница со ризична бременост и толку здравствени проблеми, сигурно на некоја журка не се заразила.
     
    На Tajnaotrovna, TheDongerino, Angie1432 и 31 други им се допаѓа ова.
  12. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Починато е 22 годишно бремено девојче, вие зборувате дека шетале по дуќани, не биле цвеќе да мирисање.
    Ако е таа бремена не значи дека цела фамилија под клуч се бидени цело време.
    Некој мора и леб да носи иначе.
    Таа може и од дома да не е излезена и некој од работа да и го донесе вирусов.
    Како и да е, не знам зошто воопшто се дискутира како се заразила.
    Премлада е, бремена била, нека почива во мир.
     
    На mal.ecka, Tajnaotrovna, manako1 и 27 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.986
    Дечки стварно не е ок, да, девојчето има претходна историја, ама не е ок да расправаме ничија историја на болест јавно.

    Нека и' е лесна земјата, и на неа, и на бебето :(
     
    На BloodElf, mal.ecka, edna_malecka и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Повеќето кои починале од ''корона'' всушност имале предходни заболувања, ретко кој живее здраво денес, треба повеќе да промовираат здрав начин на живот за да се спречат голем број на болести, а не капак на се тоа вакцини, недај боже составот да го кажат на тие вакцини, ама мора некој да тера бизнис, како и да е жално е за сите изгубени животи.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.194
    Допаѓања:
    124.726
    Баш си грешка.
    Голем дел живеат здраво ( исхрана, вежбање, спортување...) и починаа и такви.
     
    На mal.ecka, Doozy, Ambrosia и 5 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.736
    Допаѓања:
    40.143
    Пол:
    Женски
    Минималец? Ма некаде ни минималец не даваат. Кај нас даваат 80%од основицата, а таа е минимална, значи околу 13.000. Што поправо со тие пари? И како после да не одиме на работа?
     
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Англискиот систем за тестирање и следење на Ковид овозможува исплата на парична поддршка од 500 фунти (околу 550 евра), на луѓе кои ќе почнат самоизолација откако ќе добијат известување преку мобилна апликација поради контакт со заразена личност, објавено е денеска.

    Парите веќе им беа достапни на луѓето на кои им беше наложена самоизолација преку програмата за следење на контакти преку телефон и електронска пошта, но не и преку апликацијата со цел да се почитува анoнимностa, пренесува „Ројтерс“.

    Секое физичко лице кое ќе добие предупредување за самоизолација во апликацијата, сега може да ги регистрира своите податоци со цел да добие исплата, објавија надлежните служби.

    Строгата заштита на приватноста на корисниците беше клучен услов поставен од „Епл“ и „Гугл“ кога ја направија технологијата за апликации за следење на контактите на луѓето заразени со Ковид-19.

    Индивидуалните корисници не мора да внесуваат лични податоци при регистрација за да ја користат апликацијата, што значи дека автоматските известувања за самоизолација не се обврзувачки.

    Со цел да се надмине ова, корисниците кои ќе добијат известување ќе имаат опција да одберат и натаму да останат анонимни, но во тој случај нема да може да ги добијат парите. Од друга страна со споделување на личните информации, следува и исплата.


    ©Makfax.com.mk
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.736
    Допаѓања:
    40.143
    Пол:
    Женски
    Прочитав на една статија дека жената на 26 ноември била примена на гак со комплицирана бременост, била таму 3 дена и ја направиле царски рез оти плодот бил мртов. И ја префрлиле на инфективно кај што починала. Значи она не била трудница. Не знам зошто вакви дезинформации шират порталите
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.986
    Форумче, има многу работи тука, ама е невкусно да ги збориме.
    Ништо не било едноставно кај неа, а нема ни потреба медиумите да се занимаваат со детали, не знам како тоа било кому ќе помогне.
     
    На mal.ecka и Purplelilac им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.736
    Допаѓања:
    40.143
    Пол:
    Женски
    Вчера прочитав дека немала никакви компликации, денес прочитав дека имала дијабет и нешто друго, а и дека била породена со мртов плод. Значи зошто лажат, зошто само паника создаваат? Безобразни. Си играт мајтап со луѓето. Барем нека не пишуваат секакви работи
     
    На mal.ecka и edna_malecka им се допаѓа ова.