Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.852
    Допаѓања:
    275.282
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.852
    Допаѓања:
    275.282
    Грешиш.
    Меѓу првите млади што починаа беше фудбалерот со леукемија, во Шпанија ако се сеќавам добро, но беше позитивен на ковид и така го водеа.

    Дали бил или не бил ковидот пресуден не можеме да знаеме, нас само ни' кажуваат колку позитивни се починати.
    Така сфатете ја бројката.

    Со рак можеш да живееш уште 2-3-5 години можеби, ама поради компликации од ковид се влошила состојбата.

    Ако веќе за рак збориме, и луѓето со рак да речеме починуваат од кардиак арест пример и тоа се води како причина за смрт.

    А во отпусно писмо стои што се случувало и што довело до смрт.

    Не ги мешајте работите, технички никој не е починат од корона.
     
    На eli25, Fifi84, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Е баш за ова зборувам, само ми ја потврди поентата.
    Стави се сега на место на семејствата кои го загубиле тој некој и згора на тоа читаат како неговите здравствени проблеми се развлекуваат низ медиуми, на социјални мрежи и форуми.
    Ако ова ти е океј, понатака не знам што треба да се дискутира со тебе.

    Исто за медиумите, никогаш нема да ги поддржам бомбастичните наслови.
    Токму затоа не ги кликам и не ги споделувам, а воедно не вадам луѓе од памет.
     
    На BloodElf, Biljarkata, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.876
    Допаѓања:
    40.716
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно зошто отпосле откако ќе умрат им се зема брис за ковид? И зошто негативните се вбројуваат во починати од ковид и така им се кажува на фамилијата?
     
  5. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    5.386
    Пол:
    Женски
    Важи.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.852
    Допаѓања:
    275.282
    Ова не сум баш сигурна дека е така.
    Оти кај тие што се упорно негативни (има и такви) си стојат сите наоди во систем, вклучително и пост-мортем брисот. Знам за луѓе што имаа нормален погреб, човекот го примија како суспектен, при прием му земаа брис, вечерта почина, па пост-мортем брис земаа, двата резултати негативни и така си стои.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.876
    Допаѓања:
    40.716
    Пол:
    Женски
    Милион посто е така. На колешка на татко ѝ така му направија. Дијагноза компликација од ковид, а резултатот излезе откако почина и беше негативен. Го погребаа одма сабајле без да кажат на никој со посебни церемонии.
     
  9. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Во последните 24 часа во Германија се евидентирани 29.875 нови случаи на Ковид-19 и 598 смртни случаи.

    Ова се најголемите дневни бројки на починати и на нозаразени во таа земја од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на инфекции сега е над 1.270.000, а бројот на смртни случаи е 20.970.

    Ова е втор ден по ред со рекорден број нови инфекции и втор пат во последните неколку дена во Германија да починат речиси 600 луѓе за еден ден како последица на Ковид-19, пишува „Дојче веле“ (ДВ).

    Одделенијата за интензивна нега се полни во целата земја, како и некои регионални болници.
    ---------------------------------------------------------------------------------------
    :?: Кој од вас живее во Германија, да потврди точно ли е ова ?
     
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.876
    Допаѓања:
    40.716
    Пол:
    Женски
    Имам и друг пример исто од Штип. 5 негативни теста, а пишале дека починала од компликации од ковид, затоа што ги имала истите симптоми. На тв син ѝ зборуваше за ова.
    Исто не ми е јасно за погребот на починати од ковид. Зошто некои се погребуваат со нормални церемонии, како хирургот од Штип, а некои како "кучиња" во 5 сабајле ( и за ова имам друг пример) без да кажат на најблиските? Морничаво, ама нелогично
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.852
    Допаѓања:
    275.282
    Како без да кажат на најблиските?
    Не можеш човек да закопаш така.
     
    На Purplelilac, fana и Snow-Star им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.876
    Допаѓања:
    40.716
    Пол:
    Женски
    Фамилијата го закопала де(синот и жената) , ама кажале на пошироката фамилија кога веќе го погребале. Така им било кажано. Да нема луѓе на погребот
     
  13. Marsa

    Marsa Нов член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Моја прва и последна објава тука.
    Не можам да останам имуна кога гледам како постарите луѓе слушајќи ги "светските доктори кај нас" покрај тоа што го упропастуваат сопствениот живот го упрапастуваат и животот на своите најблиски. Завршувале луѓе на клиника и молеле за капка кислород, а предходно вчудоневидено нивното тело ги моли да земат кислород меѓутоа тие немаат сопствен мозок да размислат дека од маската не можат да дишат. Посебна категорија се малите деца кои никако не смеат да носат маски бидејќи немаат развиено доволно респираторен систем и јас не знам колку родителот треба детето свое да го мрази за да му стави маска. Нека биде ова све теорија на заговор, меѓутоа досега слушавте "врвните наши доктори" и ете до кое ниво догуравте, а јас ви гарантирам само продолжете да слушате додека не завршите трагично.
    Народе гледате дека ситуацијата е од ден на ден се покатастрофа, баталете бре и работа и све ако треба тамо каде што мора да работите со маски бидејќи сте во контакт со луѓе, дај пробајте изолирајте се од луѓе и идете редовно на прошетка ако се сомневате дека најблискиот има вирус тогаш идете со куче и држете го телото во форма. За последно НЕ БИРАЈТЕ НАЧИН, ВРЕМЕ И МЕСТО за да спасите глава и ако треба од центар во град ако си живеела преселисе во село и спаси глава. Искрено од срце.
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.852
    Допаѓања:
    275.282
    Е арно де, и комшија мој почина од рак, нит корона имаше, нит корона го пишаа, па го закопаа само синот и снаата и внукот, без никој друг.
    Не е баш од пресудна важност на погреб да се оди, ако се сеќаваш во Дебар се' од погреб почна.
     
    На Purplelilac и eli25 им се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.876
    Допаѓања:
    40.716
    Пол:
    Женски
    Не ме разбра. Зошто на некои им кажуваат посебни протоколи за погреб а на некои не? Нели сите починати од ковид треба да се погребуваат со посебни церемонии? Или грешка сум
     
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.852
    Допаѓања:
    275.282
    Сите починати позитивни на ковид И суспектни на ковид се погребуваат по протокол.
    Така е секаде, така и треба да биде.
    На умрениот ама баш ништо не му менува, на живите им менува дали ќе се заразат или нема.
     
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.876
    Допаѓања:
    40.716
    Пол:
    Женски
    Не. Не е секаде така. Хирургот од Штип е погребан најнормално. А имал ковид. Тоа го зборам цело време
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.852
    Допаѓања:
    275.282
    Па тие фатиле врски, оти знаеш дека ако имаш врски имун си на ковид.
    Не се чудете на идиоти ниту се угледувајте на нив.
    На СПЦ поповине се покосија, што си одат по погреби.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.910
    Допаѓања:
    41.577
    Пол:
    Женски
    Теичка уште не веруваш во ковид?
    Ајде сите ќе се преселиме во село, што викаш?
     
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    35.615
    Пол:
    Женски
    Јас само да ве прашам сите што се соменвате кажале не кажале или лошо кажале кој од што умрел? Сите ли сте лекари и сте виделе ли што пишува во болничката историја и отпусното писмо на луѓето?
    Се само да со сомнежи, се само со плукања по лекари сме. Што народ ќе бевме брее сите се знаеме и само да плукаме сме. Се сами експерти.
    Не викам дека ние здравството супер, далеку од тоа. Ама не сме ни ние сјајни како луѓе. Се некој друг ни е крив за грешките. Се нешто друго не чини. И се сме дуешбрижници.
    А има и новинари што треба да висат на плоштад за сензационализам. Како хиени се, и само чекаат да пишуваат грди работи. Ако ги нема ќе ги измислат. И потоа луѓе ќе се фатат на сензационалисчки наслов и полувистини. Не верувам дека некаде на друго место во светов секоја смрт од КОВИД во весник да завршува со комплетно дисецирање на историја и нормално секогаш е кој е виновен. И се билда ли се билда недоверба во систем навелико.
    Од друга страна од толку сензационализам не се вртиме кон она што е битно. Да се зборува дека треба да се почитуваат мерки, редовно да се контролираат хронични состојби и слично. Нешто што е сосема разумно се заборава.
     
    На nena2010, CameliaMiller, ladystardust и 4 други им се допаѓа ова.