1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Не сум видела одамна од која старосна група има највеќе заболени, ама дефинитивно старцине најмалце се пазат, појдете еден во ЈСП ко од ланец пуштени да се, маска строго под нос, не знам стварно кај одат луѓево со автобуси...
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Од една до друга страна на градот, да споредат каде е пониска цената на мандарините. |(
     
    На edna_malecka, Monna.Monna и poppie им се допаѓа ова.
  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Од пријатели, познаници и роднини кои заболеа од ковид, а развија потешки клинички слики (беа хоспитализирани) профилот им е следен:маж, најчесто околу 50+- години, без претходни хронични заболувања, непушач. Двајца познаници го изгубија животот. На едниот од нив и неговата мајка починала од ковид.
    Значи, гената и тоа како има некаква улога. Науката ќе даде одговор еден ден, зошто и како.
     
    На GrimTheReaper, sanjaeva, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Мидлиш во Мк?
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.311
    Допаѓања:
    259.490
    Да. Така мислам.
     
    На Fifi84 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.237
    Допаѓања:
    48.557
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ќе воведат мерки. Вчера покрај кеј преполни беа рестораните, мали деца внатре бебиња, гајле нема народов :|
     
    На edna_malecka, noteforself, smooch и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Се надевам искрено.
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    5.803
    Пол:
    Женски
    Дека треба да има се согласувам, зошто ене го каде е Свети Никола, а со тоа собири по дома. Сигурна сум дека многу домаќинства нема да ја скокнат славата и ќе си имаат гости. Во Италија или каде беше, забрането е Нова Година да се прославува надвор од кругот на сопственото семејство, но тука тоа нема да се случи. Може ќе определат некоја незначителна рестрикција во однос на работното време на локалите, кои пак ќе си најдат начин да организираат дневни предновогодишни прослави со фул внатре. И толку.Тоа што наголемо се зборува за одамна букирани викендици очигледно ништо не им значи. Ќе останат само на препораки и ќе констатираат дека има слободни болнички кревети и нема потреба од нови рестрикции, во превод добро познатата,, се под контрола,,. И така.
     
    На tinka-mace, Ambrosia, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.792
    Допаѓања:
    145.344
    Јас мислам дека ќе ги затворат само рестораните или ќе им го намалат работното време.
    Како и секогаш,се ќе биде под конторола.
    Се надевам оти грешам и ќе превземат сериозно нешто.
     
    На Tajnaotrovna, smooch, Mishela и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.704
    Допаѓања:
    175.509
    Пол:
    Женски
    На мм буквално сите колеги фатија ковид.
    Ниту еден не пуши, не пие ни капка алкохол, освен на работа на друго место не одат.
    А мм и пуши и пиуцка по една две па и три, си излегуваме чат пат..
    Пу пу најдолго издржа негативен:)
    Е моШ до крвната група да е.
    Нулта сме и двајцата:)
     
    На sanjaeva, JuLleE, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Бев сигурна дека ке воведат полициски час пред св.Никола и ке ја опфати и н.г.Баш ради ова.Али очигледно мн сум се излажала. Ама не знаев дека ситуацијата е под контрола нели:)
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.342
    Допаѓања:
    190.179
    А нема тоа некаква врска со анемичност? Нешто така прочитав, дека анемични луѓе развивале посериозни симптоми:?:
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.798
    Допаѓања:
    142.073
    Нормално, за Бајрам ме смеат, ама за свети Никола, ќе има карантин.
    Народот не чини, а ги тераат на избори да одат.
    Кога сите викаа карантин, не не, економијата била побитна од умрени 2000 луѓе.
    Ене и премиерот кажа дека има колективен имунитет. Дека сите у фамилија му прележале.

    Кога сите викаа чувајте пари за помош, не бе, ќе украсуваме плоштад. Кога сите викаа гужви се прават, не не, вчера читам Др.Митов изненаден што било гужви на плоштад.

    Викам јас, се е ова со намера
     
    На edna_malecka, mssuniquee, Abracadaver и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    2.962
    Пол:
    Машки
    Дсли знаете дали се продолжува изолација? Татко ми позитивен веќе 7 ден никакви симптоми ни температура, се сомневам лажно позитивен тестот да не е од оние брзите. И се јавиле на мајка ми за тестирање, у случај да е позитивна треба да останат двајцата во изолација уште нови 10 или 20 дена или ќе им прекине на 10ти ден со оглед дека сами живеат и ме излегле веќе 7 дена?
     
  15. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    63.136
    Пол:
    Женски
    Ќути не го спомнувај тоа украсувањето, уште срце ме боли на што потрошија 200.000 евра. Лупнаа толку пари за гигантен butt plug, 500.000 евра за Арачиново да ги потпомогнеле со кризата, а ваму донирааат 1, со зборови едно амбулантно возило додека луѓе се угушија дури да дојде помош по нив.

    5 сме во свет по смртност, 4 во Европа, пред нас се само Белгија, Перу, Италија и Шпанија, ама се е под контрола. 100.000 денари им беа ветени на сите доктори кои се борат со ковид, реалноста е дека дочекаа намалени плати тие што се заразија со вирусот на работно место.

    Никакви протоколи нема за престојниве празници, а и поарно нека нема, кога ќе гледам како за едни важи закон за други не само ќе се нервирам. Чадори во болници имаме за да не капат фекалии врз луѓето кога вршат нужда, ама битно Арачиново пола милион евра си лапнаа.

    Тоа е, ќе се крати на доктори кои се заразиле на работното место, за да се има да се фрла на глупости. Слободно нека даваат таму, нека не инвестираат во здравство, може и ќе ги поминеме и тие 4 држави во смртност на светско ниво. Од како е почната кризава имаат дадено само 1 половно амбулантно возило, резил и брука е да се спомне ова.
     
    На edna_malecka, neno0o, темјанушка и 20 други им се допаѓа ова.
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.221
    Комисијата за здраство не треба само да го скратува работното време на Угостителите, туку треба
    и да се намали работнот време на Казината, Обложувалниците кои работат до полноќ.
    Да се скрати работното време на затворените трговски центри таму се прават гужви.
     
    На edna_malecka, WORRIED.BT, gogimica и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.787
    Допаѓања:
    41.872
    Пол:
    Машки
    Утрово, на состанокот на Комисијата за заразни болести разговаравме за нов пакет на рестриктивни мерки.

    Нашиот предлог кој ќе го препорачаме до Владата е во периодот од 18 декември до 21 јануари:

    ➡ Угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега;

    ➡ Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка;

    ➡ Во престојниот период, Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците;

    ➡ Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за престојните празници, односно укажува да се почитуваат препораките за собири во домови.

    На хотелите им се забранува работа на рестораните и баровите по 21 часот.

    На сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.

    На денешната седница на Комисијата за заразни болести беа присутни и преставници на Независната угостителска комора.
     
    На edna_malecka, Biljarkata, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    5.803
    Пол:
    Женски
    Рков јас, во превод никакви мерки. Апстракција, препораки да не се собираат дома, ама секако ќе се собираат и тие го знаат тоа. А хотелите пак ќе си прибираат гости,ич небитно што по 21 часот нема да им работат баровите. Пак ќе се јаде, пие заедно до 21 часот. На 31 ви и така ќе се работи со скратено работно време, до 18 часот правец во кафана.
     
    На темјанушка, Purplelilac, Tajnaotrovna и 5 други им се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.325
    Допаѓања:
    278.485
    Пол:
    Женски
    Препораки,препораки,бла бла...
    Рачунајте цел јануари високи бројки.
    Само бог да ни е напомош ќе биде...
     
    На edna_malecka, monibejbi, WORRIED.BT и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Овој предлог не го разбирам. Еве ако работат најчесто луѓе до 16.00, дали им се исплати да седнат за 2 саата? Се знае дека највеќе заработуваат од алкохол, кој најчесто се пие во друштво, опуштено. Не дека нема луѓе преку ден, ама многу помалку. Не знам колку ќе извадат промет да покријат трошоци, па може повеќе ќе им се исплати скроз и да не работат. Ем не е нешто посебно ефективна мерка, ем ги дотепува и онака погодените угостители.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.