1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    5.875
    Пол:
    Женски
    Ехее, не се грижи, луѓето ротираат, а некои кога не се на работа ќе свртат ручече во кафанче, е тој кутриот што го бараат нон стоп и што треба да пишува поднесоци, писма , мејли од дома, да испраќа, тој нема да оди во кафана, некој работи со скратено време, а има и куп кои сред работно време тераат ѓезмиња.А за 31 -ви сите ќе работат со скратено, така да афтер ворк д 6 не им бега.
    Инаку, кога излегувам од работа и попатно минувам низ доста вакви угостителски објекти и верувај ми некои се фул до даске. Е додуша, имаше неколку дена изминатиот месец си беа попразнички, ама толку беше, сега нели се е под контрола и има кревети во болниците, да не се секираме.
     
    На monibejbi, темјанушка, Frosty! и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    А во Словенија кое е објаснувањето за големиот број заболени, а сѐ е затворено?

    И ако почине од компликации ради антибиотици во која статистика треба да го сместат?
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    5.875
    Пол:
    Женски
    Мислам дека таму е софт лок даун, ама не сум сто посто сигурна, нека ме исправи некој од поупатените. Се додека се прави иди ми-дојди ми ќе се пренесува вирусот. Еден од домаќинството да појде на гости кај друг, цело семјество може да го зарази. Во една работна просторија, доколку не се носат маски, ете можно заразување Во Австралија имаше строг лок даун, со постепено опуштање и затоа вроди со плод.
     
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Па и софт нека е. Ако проблемот се кафичите, треба да има намалување нели. А по број на жители се колку нас, а повеќе имаат заболени. Додека во Швајцарија без никакво затворање бројот почна да опаѓа.
    А кога спомна иди ми дојди ми значи докажуваме дека пак е до луѓето:)
    Јас сите заразени што ги познавам од работа се заразија.
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Ако ги стават да не работат - тогаш владата е одговорна за тоа што не работат и на некој начин мора даим обезбеди надокнада затоа што им забранува да работат.
    Ако ги дотолчи така, да им го скрати прометот на помалку од нула - тогаш "сами си се криви што затвориле", владата им дала да работат, па нема потреба ништо да имнадокнадува оти не им забранила :D
     
    На CameliaMiller, kravce и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Угостителите секако пред две три недели сами побараа да ги затвори државата. Ама не се деси тоа. Демек испаѓа да затворат сами ако имаат совест. Вака испаѓаат несовесни оти работат фактички.
    Така да не ги кривете нив.
     
    На No Makeup му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Колку тестови прсви Словенија, колку ние?
     
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Сакав да пишам дека државата сака да се извлече од плаќање, ама има субвенции веќе за октомври, ноември, декември. Во април/мај кога ги затворија истите мерки ги дадоа. Освен тоа треба да ја вратат паричната помош во април нареднава година. И да ги затвори не верувам дека нешто посебно би исплатила.

    Се сложувам дека има голема веројатност тоа да е целта, само ми нема логика ич. Повеќе им се исплати да казнуваат непочитување протокол и да полнат буџет. Од друга страна знам дека е глупо да барам логика од политичариве наши.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac и DAngel им се допаѓа ова.
  9. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    ФРАНЦУСКИОТ ЕКСПЕРТ ЗА ВАКЦИНИ КРИСТИЈАН ПЕРОН ОТКРИВА: Вакцината на Фајзер е измама, постарите луѓе кои не се заразени ќе служат како заморчиња
    Еминетниот професор Кристијан Перон, раководител на одделот за инфективни болести во болницата Гарш во Париз во интервју за француското радио Суд открива вакцината на Фајзер, во која светот ја гледа надежта за спас од корона вирусот дека е измама и дека повозрасните луѓе ќе бидат само експеримент пред да се имунизира целокупната популација.

    -Никогаш не сум бил антиваксер. Напротив, јас сум сериозен поддржувач на вакцините кога беа направени во соодветни услови, што денес веќе не е случај. Главното прашање е дали е навистина потребно да се вакцинира сега кога стапката на смртност од ковид падна на 0,05%? Во историјата на медицината, ние никогаш не сме вакцинирале милиони луѓе поради вирус кој убива само групи на луѓе што можат да се идентификуваат и да се лекуваат. Веќе сме измамени од Ремдесивир, токсичен производ за кој знаеме дека не давал резултати со месеци. Европската унија го купи во количини за милијарда долари. Ова сега ќе биде многу полошо. Брзаа и ништо не е познато за тоа колку се безбедни овие вакцини, вели професорот Перон.

    [​IMG]
    Додава дека за него ова е голем скандал и дека под притисок на лобисти, производителите на вакцини повеќе нема да бидат одговорни за несаканите ефекти
    -Современата или Фајзер вакцината не е вакцина, тоа е измама. Тоа се производи на РНК генетска терапија, а не вакцини. Оваа техника никогаш не била проучена кај животни. Луѓето ќе бидат првите заморчиња на земјата. Ова може трајно и неповратно да ги измени нашите гени, хромозомите, така што овие аномалии подоцна можат да се пренесат на нашите деца. Постарите лица не се лекуваат во нивните домови, им е дозволено да умрат, тие се еутанизирани. И сега постарите луѓе кои не се заразени ќе служат како заморчиња пред да се вакцинира популацијата. Етичките правила се кршат. Јас сум преплашен, тие ќе ни дадат скриена генска терапија и ќе сторат сè за да веруваме дека станува збор за вакцина. Единствено што видовме е зголемување на вредноста на акциите, што нагло скокна во корист на производителите кои објавија „добра вест“. Милјарди се инвестираат во вакцини, но ништо во подобрувањето на серологијата. Ова веќе не е наука. Ние го ставаме економскиот пазар пред науката и медицината, вели професорот Перон.

    [​IMG]
    Инаку, професор Кристијан Перон 15 години беше меѓу водечките советници за јавно здравје во неколку влади. Тој беше претседател на техничкиот комитет на СЗО за вакцинација и беше потпретседател на експертскиот комитет за вакцини за Европа, Русија и Централна Азија.

    Целото интервју на француски јазик проследетеко на видеото:
    https://faktor.mk/francuskiot-ekspe...i-ne-se-zarazeni-kje-sluzat-kako-zamorchinja-
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    28.196
    48.000 мкд за докторите од ковид центрите. И скратена плата за боледување заради зараза на работно место. (facepalm)
     
    На CameliaMiller, noteforself, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.535
    Допаѓања:
    261.012
    Процентот е сличен, бројките на починати дури и повисоки.
    До денес се им беше затворено освен прехрана и аптеки.
    Од утре се отвара постепено, бројките не паѓаат.
    Ситуацијата и таму е лоша.
    Еве таму беа затворени, ефект никаков.
    Немаат медицински персонал , сите се заразени.
     
    На CameliaMiller и LejlaD им се допаѓа ова.
  12. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    moze li da se vleze vo slovenija so negativen pcr ili ne?
     
  13. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Народе чувај се ова изгледа и не е така несериозна болест како што мислев и јас како и многу други.
    Таткото на една моја другарка вчера почина од компликации од Корона вирус а човекот беше само 47 години значи витален човек спортист за кој никогаш не би рекла дека Господ си ја собира вересијата како што имав пишано на еден од претходните коментари на оваа тема.
     
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.182
    Допаѓања:
    132.238
    Пол:
    Женски
    За жал,опасна е.Не пишуваме со месеци за џабе.
     
    На Leviosa2503, Ambrosia, Okica и 6 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.535
    Допаѓања:
    261.012
    Имало мислам 10 дена карантин
     
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.937
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 741 тестирања, а регистрирани се 213 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 103
    -Куманово 16
    -Штип 9
    -Прилеп 9
    -Тетово 16
    -Струга 4
    -Велес 5
    -Битола 2
    -Охрид 1
    -Кавадарци 19
    -Гостивар 9
    -Струмица 3
    -Радовиш 2
    -Кочани 1
    -Пробиштип 3
    -Делчево 3
    -Кратово 1
    -Свети Николе 2
    -Неготино 5

    Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (80, 69, 89, 87, 77, 79 и 60г), тројца од Куманово (62, 72 и 80г), еден од Прилеп (70г), четири пациенти од Тетово (81, 50, 72 и 60г), еден од Струга (62г), тројца од Битола (80, 60 и 66г), еден пациент од Охрид (69г), еден од Гостивар (69г), еден од Струмица (80г), еден од Крушево (69г), еден од Виница (58г), еден од Делчево (78г) и еден пациент од Свети Николе (69г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 632 оздравени пациенти од:

    -Скопје 169
    -Куманово 33
    -Штип 36
    -Прилеп 57
    -Тетово 21
    -Струга 20
    -Велес 33
    -Битола 43
    -Охрид 26
    -Кавадарци 27
    -Гостивар 34
    -Гевгелија 13
    -Струмица 9
    -Крива Паланка 5
    -Радовиш 9
    -Кочани 11
    -Пробиштип 4
    -Демир Хисар 4
    -Македонски Брод 4
    -Валандово 4
    -Виница 3
    -Кратово 2
    -Свети Николе 13
    -Кичево 25
    -Ресен 8
    -Неготино 19

    Досега во земјата се направени вкупно 365.599 тестирања на Ковид -19.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73851, бројката на оздравени пациенти е 50046, на починати е 2147, а бројот на активни случаи изнесува 21658.
     
  17. T.G.

    T.G. Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj uspea da vidi na stranata dali ima dostapni sredstva?
     
  18. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    А каде прочитавте за Св. Никола карантин? Нигде низ меркиве не го читам тоа. Чисто информативно, знам дека од 18ти ќе важат мерките за угостителските објетки.
     
  19. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Зошто лажеш? Словенија има тестирано скоро 600.000 свои граѓани. Околу 90.000 заразени.

    Македонија 365.000 тестови. Ние околу 73.000 заразени.

    Каде-каде имаат подобри показатели од нас.

    По број на смртност на 1 милион жители сме 7-ми во светот.
     
  20. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.467
    За картичките? Не, податоците сеуште се ажурираат.
     
    На T.G. му/ѝ се допаѓа ова.