1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Нас во здравство ни стигна анкетен прашалник за вакцината.Во смисол дали работиме со пациенти директно, возраст итн.и дали би се вакцинирале.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Па аранжман е, не прослава. Зошто да не се сериозни?
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Уште чекам одговор.

    Пишав на друг хотел во Маврово кој треба да отвори утре, и добив одговор веднаш дека нема прослава, ресторанот за хотелските гости ќе биде достапен само до 21.00 часот, а за надворешни гости до 18.00 часот.
     
    На srekice и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  4. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.221
    Сега читам дека овој Вирус има голема шанса да бил во лабараторија, као не било планирано но сепак тврди еден научник дека е вештачки.
    Ова морада го истражат силните земји и сите тие Лабаратории во кинаи , каде и дасе се усудат на затворски Казни и да платат штета во сите држави.Ова е голем удар врз човештвото и ако е така морада биде санкционирано.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.331
    Допаѓања:
    190.075
    Нова мутација на Ковид во Англија. Ѓубрево сака да се шири побрзо, дали и поагресивно не се знае:|
    УК властите се убедени дека вакцината ќе делува.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Во мкд се е матно,во секој дел,сфера целосно општество,почнувајќи од врв па до доле....но чаре нема
     
    На noteforself, srekice и shz им се допаѓа ова.
  7. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Министерот за здравство, Венко Филипче, при денешната посета на Клиничката болница во Штип информираше дека 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид-пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари.

    „Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи кои работат со ковид-пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со Ковид-19, ќе добијат еднократна награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари“, потенцираше Филипче.


    ©Makfax.com.mk
     
  8. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    На свеќи мајка и брат и и снааа и позитивни, мајка и и брат и дијабетичари снаа и со асма. Освен брат и со температура 2 дена друго ништо, добри се сите. Исто пишав и за другиот вујко на маж и тој дијабетичар и други болести го помина лесно. Со вирусов нема правила...
     
    На mal.ecka, 1209, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Зашто помалку тестираат?
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.466
    Не знам, а во секој град има пунктови и термини, барем за брзите. Кај нас од синоќа, термин се добива одма, денес. Па денес имало за веднаш термини.
    И праќаат одма ако побараш или имаш симптоми.
     
    На mal.ecka, Fifi84 и LejlaD им се допаѓа ова.
  11. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    1500 државни со 800 приватни вчера.Во највисоките бројки од 3700теста беа пола пола.
     
    На Fifi84 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Дај боже да нема толку луѓе со симптоми, па со тоа и помала потреба за тестирање.
     
    На tinka-mace и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.867
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 323
    -Куманово 23
    -Штип 8
    -Прилеп 38
    -Тетово 19
    -Струга 15
    -Велес 22
    -Битола 36
    -Охрид 28
    -Кавадарци 25
    -Гостивар 17
    -Гевгелија 6
    -Струмица 13
    -Крива Паланка 6
    -Радовиш 10
    -Кочани 12
    -Пробиштип 4
    -Македонски Брод 4
    -Пехчево 1
    -Берово 7
    -Валандово 5
    -Виница 2
    -Делчево 7
    -Кратово 1
    -Свети Николе 4
    -Кичево 5
    -Ресен 5
    -Неготино 11

    Починати се 31 лице, десет пациенти од Скопје (93, 79, 73, 76, 69, 40, 84, 70, 61, и 88г), тројца од Куманово (57, 74 и 81г), еден од Дебар (81г), пет од Прилеп (55, 58, 78, 70 и 56г), двајца од Тетово (59 и 81г), еден пациент од Струга (75г), еден од Охрид (47г), еден од Кавадарци (51г), тројца од Гостивар (60, 75 и 68г), двајца од Струмица (72 и 83г), еден од Крушево (76г) и еден пациент од Делчево (65г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 920 оздравени пациенти од:

    -Скопје 349
    -Куманово 37
    -Дебар 8
    -Штип 29
    -Прилеп 70
    -Тетово 29
    -Струга 60
    -Велес 37
    -Битола 36
    -Охрид 28
    -Кавадарци 36
    -Гостивар 45
    -Гевгелија 5
    -Струмица 18
    -Крива Паланка 3
    -Радовиш 9
    -Крушево 1
    -Кочани 13
    -Пробиштип 4
    -Демир Хисар 1
    -Македонски Брод 3
    -Пехчево 4
    -Берово 9
    -Валандово 2
    -Виница 4
    -Делчево 24
    -Кратово 3
    -Свети Николе 10
    -Кичево 20
    -Ресен 9
    -Неготино 14

    Досега во земјата се направени вкупно 373.738 тестирања на Ковид -19.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 76251, бројката на оздравени пациенти е 52413, на починати е 2225, а бројот на активни случаи изнесува 21613.

    https://www.facebook.com/zdravstvomk/posts/3756265874430574
     
    На WildMk, fana и edna_malecka им се допаѓа ова.
  14. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Знае некој на што се должи намалениот број тестирани?
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.466
    Не знам, а ете има термини веднаш. Ние одма добивме термин. Плус сега и матичните веднаш праќале ако си со симптоми.
    Имунитет можеби, многу го прележаа.
     
    На LejlaD, Fifi84 и Igle им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.580
    Пол:
    Женски
    Штом има малку тестирани и слободни термини, претпоставувам намалува и бројот на болни.
     
    На Anie93, JuLleE, TheDongerino и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.331
    Допаѓања:
    190.075
    Дефинирај болни.
    Бројот на активни случаи е стабилни 21.000, плус, минус, веќе некое време. Ај баш да видиме како ќе изгледа по 2 недели. 8-|

    Што се случува со Србија со 250.000 активни, дали заборавиле да ажурираат или:worried:
     
    На tinka-mace, green.eyes и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Наводно само позаразно, ама не и поагресивно :|
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.580
    Пол:
    Женски
    Дефиниција, мислев на луѓе со симптоми. Дај Боже да сум во право.
     
  20. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Зошто за скопските оштини веќе не даваат статистика ? :?:
    -------------------------------------------------------------------------------------

    Компанијата „Твитер“ објави дека ќе побара од своите корисници да ги отстранат твитовите во кои наведуваат лажни тврдења за вакцинација против коронавирус.

    Социјалната мрежа соопшти дека од корисниците ќе биде побарано да ги избришат коментарите во кои се наведува дека вакцините се „намерно направени за да предизвикаат штета или полесно да се контролира населението, вклучувајќи коментари во кои се наведува дека вакцините се дел од глобален заговор“.

    Исто така, на корисниците на „Твитер“ ќе им биде забрането да пишуваат дека пандемијата не е вистинска или не е сериозна, како и дека вакцинирањето е непотребно.


    ©Makfax.com.mk