Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Кај нас се пази. За некое чудо се пази. Баш со блиски зборев, во твое село биле вчера. Исто кажуваа. Градот полн, по кафичи испоседнати. Околината исто, Скопје исто.
    Во мое село ги испоубија инпекциите. Мртво, жив човек не седи во кафичи. Сите маси на растојание, не смеат отстапка никаква да направат. На врат им дишат.
    И слави, никој што го знам слава не правеше. Ептен се стегнати луѓево. Од друга страна гледам Скопје, Велес, се испославија...
     
    На CameliaMiller, mal.ecka, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  2. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    10.530
    Пол:
    Женски
    Неколку луѓе во последниве два-три дена ми спомнаа вакво нешто, па прашувам дали кажале нешто властите или се само претпоставки :)
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.110
    Допаѓања:
    46.380
    Пол:
    Женски
    Ама и таков е вирусов нели велат цело време мутирал, не ми е јасно што се толку запрепастени што мутирал. Па и нашиве со таа 14 дневна изолација се посраа веќе, кога еден куп луѓе го прележаа веќе вирусов дај им опција тест или карантин како и секоја земја у Светот, а не одма 14 дена дома, кога впрочем плус секаде карантинот е 10 дена, не можам стварно да разберам. Значи арно ми викаше мајка ми ќе затворат се ќерко не одете, јас не слушав, мада и да послушав таа фајда, ако не дојдев сега ќе изгубев скроз право на престој.
    Инаку сега се чека Борис да излезе со официјлно известување да видиме што ќе каже.
     
    На Biljarkata, happygirl и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    cudni se ovie brojki
    kaj nas ima denes poveke zarazeni a ne gi kazaa
    moze utre
     
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.935
    Пол:
    Машки
    Еве што мисли за новата мутација Д.р. Горан Кунгуловски:


    Новата (новите) мутации во SARS-CoV-2 коронавирусот нити се неочекувани, нити треба да водат до паника. Како и секој вирус, така и SARS-CoV-2 кога се дели природно се појавуваат мутации, бидејќи процесот на делба е неперфектен. Досега се детектирани илјадници мутации, но само мал број од нив значајно и функционално го променуваат вирусот. За разлика од инфлуенца вирусите, SARS-CoV-2 акумулира мутации далеку побавно.

    Најчесто овие мутации за користат како индикатор (баркод, маркер) за следење на епидемиолошки особености, како на пример поврзаност и потекло на кластери и единки во кластерите.

    Според прелиминарните извештаи, новиот сој во Велика Британија е дефиниран од 14 мутации и 3 делеции и изгледа како да води до зголемена преносливост на вирусот, но не и до негативно влијание на клиничката слика. Најзначајните од нив се во spike генот: N501Y којашто е на позиција во рецептор-сврзувачкиот дел (RBD) кој директно обавува контакт со ACE2 рецепторот и веројатно го зголемува афинитетот кон него. Делецијата 69-70del, нејзината улога не се знае. P681H мутацијата пак се наоѓа на furin-засечното место во spike коешто може да има улога во влезот на вирусот во клетките.

    Не би да има влијание врз ефикасноста на вакцините на Pfizer/BioNTech и Moderna но останува да видиме. Убавината на овие РНК вакцини е што со истата технологија и ланец на производство и тестирање, теоретски може веднаш (или релативно брзо) да се направи вакцина за било кој нов сој што произлегува од мутации во Spike протеинот.

    Ова се прелиминарни податоци и потребни се додатни студии и секвенционирања. Не треба да се паничи, се гледа крајот на тунелот.


    :)
     
    На chocolateheart, JuLleE, green.eyes и 2 други им се допаѓа ова.
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Машки
    Новата мутација во Британија е економска и биолошка војна. ЕУ и земјите бараат Британија да плати 60 милијарди за брегзит а таа не дава повеќе од 30. Па така, сите големи европски земји, Франција, Германија и сл. сега Британија ја блокираа економски фактички ја изолираа, нема летови, нема излез/влез на стока, нема економска размена со поткрепа на длабоката држава шо го пушти вирусов. Зошто мутацијата на вирусов не се случи во Германија? Оти Германија игра на оро со големата држава, а Британија се отпушти од орото.
     
    На TrinityNeo, Tajnaotrovna, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.024
    Допаѓања:
    164.830
    Ми треба инфо, ЦЈЗ во Куманово, за колку време ги вадат резултатите?
    А уште повеќе ќе ми значи ако има некој таму што работи.
    Итно ми треба информација...
     
  8. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Мм кога се тестираше,баш во периодот кога немаше слободни термини и имаше многу за тестирање,се тестираше во петок сабајле,матичната ни ги јави резултатите во недела околу 6 или 7 навечер. ( почеток на ноември)
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    11.840
    Пол:
    Женски
    Дали за здравствени работници ќе биде задолжителна вакницата?
    Кај мајка ми на работа им пуштиле некој прашалник од министерство за здравство да го пополнат. На првава страна од прашалников (Google forms) само лични податоци се бараат, нема ништо како анкета. Таа не сака да се вакцинира, па не знае дали воопшто треба да го пополни.
    Некој што веќе пополнувал вакво нешто да знае нешто повеќе?
     
  10. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Некаде прочитав дека мутацијава е како резултат на карантинот.Наместо да циркулира вирусот,мутира да биде позаразлив.Не знам колку е точно,не сум медицинско лице,а и без карантин не знам каков ќе беше исходот.

    Што се однесува до вакцините MRna,ќе помогнат и при мутација зошто се направени да го напаѓаат протеинот на вирусот,(без кој не може да ве зарази),а не против вирусот.И да се појави нова мутација,тој е протеинот.Единствено да мутира без протеин,ама во тој случај па и да влезе во организам не може да ве зарази така да win-win.
    Вакцината создава memory клетки кои ние секако сами би ги создале доколку се заразиме со вирусот меѓутоа ќе ни треба неколку дена за нив,а за некого тие денови би биле критични.Сеуште не се знае колку би траеле тие memory клетки меѓутоа според досегашните истражување би требало да траат една сезона(како и кај грипот ќе треба сезонски да се вакцинираме).
    Извор: https://twitter.com/WheatNOil/status/1339624815137722368?s=19
    Според мене,вакцинава е добра за оние кои се изложени на вирусот како и оние на кои би им значеле тие неколку денови(стари лица,хронично болни и.т.н)
     
    На le.soleil и Justicija им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.305
    Допаѓања:
    35.594
    Пол:
    Женски
    Ги следеше настаните нели. Прво Борис Џонсон објави дека имаат мутација откриено. Потоа следеа мерките. Прво во рамки на Самата Велика Британија, па потоа следеше одговор од дргуите земји.
    АМа во се мора теорија на заговор да се најде.
     
    На green.eyes и Purplelilac им се допаѓа ова.
  13. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    5.233
    Пол:
    Женски
    Јас пополнував исто за мајка ми има едно 5-6 прашања од кои повеќето се лични податоци, во која институција работиш, во која старосна група спаѓаш и само едно мислам беше прашање во врска со вакцината а тоа беше дали ако е достапна вакцина кај нас би се вакцинирале веднаш или би чекале да ги видите ефектите од вакцината.Јас мислам дека е само обична анкета,да се видат расмислувањата на Здравствените работници и дека никаква задолжителност нема да има...Мајка ми ја пополна,размислете ете врз основа на прашањата дали сакате да одговорите
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Машки
    Па Борис Џонсон е еден од главните ционисти на длабоката држава. Џонсон е еднаш подкажа дека доколку е потребно Британија ќе плати ама арно домовите и кралската резиденција стопираа.
     
  15. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    2.975
    Пол:
    Машки
    https://www.slobodenpecat.mk/filipc...-ochekuvame-vo-vtora-polovina-na-2021-godina/
    Ај нек е честито и цела 2021 со дозволен влез само во Косово, Албанија и Турција.

    Ако нешто драстично не се смени, дотогаш сите ќе го имаат прележано веќе, а ние ќе мораме да чекаме оние од ковакс механизам шо се за афричките земји. Во меѓувреме, ќе добиваме од Бугарија нешто ситно, за да им ја зајакнеме позицијата дека се со "добри намери" после ветото со нас и закачкиве со Чешка и Словачка. Како и секогаш продолжуваме во уште поподредена ситуација да се ставаме, ама само љубов љуѓенца не се замарајте за политика и да не заборавам кај и да е ќе не биде:l:
     
  16. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Лелее ќе чекаме вакцини од нашите најголеми пријатели, Грција и Бугарија. (facepalm)
    Блазе си ни, ако воопшто и ги дочекаме во текот на идната година.
    Има да не изолираат сите и ќе си свиркаме после не мрднувајќи од земјава.
    Ама битно за Св.Никола сарми се јадеа со 70 души и за Нова година руска ќе се јаде со 20 „поблиски“ другарчиНа.. SrEcNa NoVa MiNiStRe, EvE sE sObRaFmE mAlKu TaKa Da PrOsLaFiMe .... PoCiTuVaMe MeRkI hehe... pOzZ mInIsTrE!!!11!11!! :bug:
     
    На green.eyes, Tajnaotrovna, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.355
    Допаѓања:
    19.903
    Пол:
    Женски
    Зошто Бугарија и Грција ќе ни донираат вакцини? Ние немаме пари или?
     
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.704
    Допаѓања:
    192.741
    Затоа што вакцини како пакет се продадени на еу, не на трети земји:?:. И мислам дека овие ќе и препродаваат на мк, не знам за донирање дали станува збор.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.355
    Допаѓања:
    19.903
    Пол:
    Женски
    Кај Венко пишува дека ќе ни донирале дел од своите вакцини. Како тогаш Србија набави вакцини и они не се во Еу?
     
    На redhead му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.948
    Допаѓања:
    143.217
    Немаат дебили за министри. Нашите тек сега закон ќе мењале.

    20201222_172434.jpg

    Срамота.