Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.304
    Допаѓања:
    189.917
    Сиромавиот секогаш плаќа.
    Не знам кој да плати, ми фати око тоа дека сами биле криви што се заразиле.

    Еве, во идеален локдаун, кога и школо не работеше (за кафани и продавници не ни зборам, тие едвај две недели работеа есенва) не го победивме короната. Оти бизнисот мора да функционира. Големиот бизнис, малите кој ги врти. И така, во круг.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    А бе не зборај глупости, цела година од дома немаме излезено пак се заразивме. И еден куп за апчиња дадовме, за витамини, за џигер чистење, за имунитет за малиот и на крај дупло од тоа од плата скратено.

    Тешко на тој што нема, уште потешко на тој што работи со куп луѓе за егзистенција и на крај ем сиромав, ем болен.
     
    На Kitten, Purplelilac, Lima24 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Како се заразивте?
    Вирусот мора од некаде да е пренесен, не се материјализира алхемиски.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.304
    Допаѓања:
    189.917
    Можеби некој мора да оди на работа?:?:
     
    На Kitten, Purplelilac, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Од колега на мажот ми. Тој од жена му, таа од колеги. Како и 80% од заразените, од моја околина.
     
    На 1209, happygirl, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Во контекс на ова 10 посто, многу луѓе почнаа да злоупотребуваат самоизолација за да не одат на работа.Се кажуваат како контакти на позитивни за да седат дома.Е сега тие што си имаат мака навистина...Македонче за се ке најде начин да злоупотреби:(
     
    На azelea, noteforself, WaitTillTheEnd и 3 други им се допаѓа ова.
  7. INEEDLOVE

    INEEDLOVE Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Ова си е чиста местенка со бројкиве :)

    1. Ги пуштија брзите АНТИГЕНСКИ тестови намерно за да бидат бројкиве помали!

    2. На многу луѓе антигенските тестови им излегуваат негативени после 2 дена оди да се тестира ( преку работа ) му даваат PCR TEST излегува + !! После 1недела му даваат ИГГ антитела да прави излегува дека има АНТИТЕЛА.. заклучок.. Уште пред да прави антигенски он имал КОВИД на антигенскиот не се фатил вирусот зошто не е PCR метода и излегуваат лажни бројки.

    3. Сега ќе излезе нова бука со МУТАЦИЈАТА на КОВИД..

    Затоа кога одите да се тестирате не користете АНТИГЕНСКИ ТЕСТОВИ !!!!!
     
  8. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека брзите се антигенски? Не се преку брис?
     
  9. INEEDLOVE

    INEEDLOVE Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Имаш брзи АНТИГЕНСКИ тестови секаде е различна цената и е преку брис ( само од нос ) и имаш PCR брз тест кој е 12,000!

    Другар мој испадна така на антигенски негативен на PCR позитивен... Не знам како може за помалку од 1 недела бројките од по 1000 да паднат на 43,120, 150, 170....
    Ќе ви пишам пак за некое време дека после пак ќе испадне ука бука и ќе кажат БРЗИТЕ ТЕСТОВИ за новата МУТАЦИЈА не важата само PCR и пак ќе има огромни бројки и ред други работи :)
    Истото се случи и во другиве држави што веќе се затворени...
     
    На Fifi84 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Јас кај што работам на секој пациент му се прави рапид пср за 40 мин е резултатот, и мислев овие што ги пуштија преку матичните се тие тестови.Не знаев дека станува за антигенски.
     
  11. INEEDLOVE

    INEEDLOVE Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Не антигенски се јас кај што работам има антигенски тестови и слушам и гледам дека не е тоа тоа :)
     
    На Fifi84 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Можно е.А влагаат тие во статистика?
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.375
    Кристина, удрија по администрација, кај приватните одсекогаш кратеа, на администарција им даваа 100 посто и сега се и они со 10 посто, затоа се реакциите. А доста од нив се пишаа контакти и сами се пријавуваа, верувај.
    Плус кај нив заразата беше најраширена, а тоа е поради собиранките во канцеларија и пиење на кафиња.
    Не зборуваме за приватни фирми каде што за жал да имаше позитивни.
    Маски под нос и кафе пиење не е внимавање.
    Од деца, од школо да, реално нема како да се заштитеш, ама од дружби на деца има.
    Цело време се бара вина за бројки, за заразени, за мерки, а ете излези надвор и доволна е една слика да видеш, па ќе ти стане јасно.
    Малку да бидеме реални, секоја чест на оние кои пазаат скроз. Ама тие се 10 посто.
     
    На green.eyes, Purplelilac, mal.ecka и 14 други им се допаѓа ова.
  14. INEEDLOVE

    INEEDLOVE Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки

    100%
     
    На Fifi84 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.375
    Словенија на 4 ти масовно ќе тестира со брзите тестови.
    Швајцарија исто тестира оддамна со овие тестови.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @JuLleE во право си за администрација. Јас мислев дека за сите е 100%, ама се изненадивме на плата.
    Верувај низ Широк Сокак немам со месеци прошетано. Не знам како е ситуацијата по кафичи, сигурно дека не се пази многу, а и по канцеларии што велиш.
    Денес на планина бевме, гужва многу, цел град таму- ама имаше можност за дистанца плус отворено. И само јас бев со маска, ја извадив ко бевме сами, смешна бев.
    Ама има и многу што се заразија како мм, со маски од работа никакви, и без можност за дистанца. Кај мајка ми на работа пред некое време 14 души околу неа беа со корона, а не им е дозволено да носат сопствени маски и не ги вадат воопшто таму, ама пак се шири премногу. Кај татко ми и многу починаа, постари вработени, за такви случаи ми е многу жал што немаа можност да се заштитат. :(
     
    На mal.ecka, LejlaD и WildMk им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.254
    Допаѓања:
    124.642
    Пол:
    Женски
    Многу е битно кога се тестираш, и како се тестираш. Не треба да миеш заби, да правиш гаргара со течност за уста минимум 30 мин за брис од уста, не треба да секнеш нос исто мин 30 мин за брис од нос, и најбитно не треба да земаш антибиотици пред тест. Се појавуваат лажно негативни и од прерано тестирање.
     
    На Doozy, ikkui, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.375
    А ти што мислеш зошто се скока?
    Кога нив ќе ги чепнат.
    Реално маски никаде не даваа, а онаму кај што даваат, мора нивни, а тоа се платнени. Јас затоа и си купувам н95.
    Во затворен простор за жал тешко да се заштитеш, па дури и со маска, многу време си во ист простор.
    Јас знам и фирми каде што се инсистира на почитување на мерките за да не се шири заразата.

    А и еве чисто за споредба, најнепочитувачи се наставниците.
    Постојано се по кафичи и дружби, се сликаат и објавуваат.
     
    На mal.ecka, Бисерка-С, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.855
    Пол:
    Машки
    Брзите антиген тестови се точни! Од искуство. Ако се направат во вистинско време де... значи не може да очекуваш точен резултат од тест направен на 2- 3 дена по контакт или 10 дена по прв симптом.

    Брзиот тест се прави минимум 5 дена по контакт, ако се нема симптоми. Ако се има симптоми, веднаш по појавата на симптоми тестот ќе даде точен резултат, но можеби не 7 дена по појавата на првите симптоми. Истото важи и за ПЦР.

    Имам познаници кои беа негативни на рапид, а поради тоа што се сомневаа во точноста направија и ПЦР, на кој исто така беа негативни. И обратно.
     
    На Purplelilac, mal.ecka, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.254
    Допаѓања:
    124.642
    Пол:
    Женски
    Не 10%, 50% би му намалила плата ако ми донесе во фирма корона!! Не ме занима од кој, како што.. не се пазел и готово. Што вика @WildMk вирус на врата нема да дојде. Донесеш ли на работа вирус, ајт казна па да те видам тогаш. Доста веќе лигавење. Не можеле да се откажат. Бре што било од животна важност да се оди по гости, по кафани, па тоа собиранки.. не ми кажувајте прикаски се пазев не знам каде зафатив. Сфатете дека секој контакт е ризичен и не се пикајте со луѓе.
    Бројките чекајте ги после божиќ..
     
    На green.eyes, mal.ecka, Бисерка-С и 5 други им се допаѓа ова.