Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.934
    Пол:
    Машки
    Буквално.
    Воопшто не е срамно да се заразиш, ама и те како е срамно да не си одговорен. Воопшто не е битно дали си се заразил по сопствена или вина на некој друг, после моментот на заразување, независно по чија вина, одговорноста е само твоја и ничија друга.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Па шо знам, еве 2600 страни коментираме, дебатираме и споделуваме мислења а состојбава сѐ полоша станува. Али ок, јас ти го ценам мислењето, на тие кои не го ценам ми се на игнор и не ги цитирам. Само сакав да кажам во врска со твоето мислење кое го ценам, дека Швајцарија е посредена од Македонија, но во врска со вирусов имаат многу пропусти, многу работници се отпуштени, многу бизниси пропаднати, не се контролира секој, и таму можеш да шмркаш со носот и да одиш на работа, можеш да не се пријавиш за тестирање и никој нема да те натера на тоа итн. Нигде не е идеално.
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.973
    Пак сега и тебе треба да ти е, оти и ти се потсмеваш.
    Како и цела држава.
    А за плата 10 % ќе му скратат.
    Инаку јас ко што знам е доктор, а тие се најизложени. Ама ок, цел фб се исмева, да ти се згрози.
     
    На Purplelilac, LejlaD, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    37.477
    Пол:
    Женски
    Стварно? А што правиме со оние кои се асимптоматски? Што правиме со оние кои работат во фирми кои не дозволуваат боледувања и буквално ги принудуваат луѓето да не се тестираат и болни да одат на работа?
    Одговорноста е индивидуална работа. За некој одговорност е ако се изолираш, друг очекува да го известиш дури и ако не си имал контакт со него (за секој случај) трет сака на тапет јавно да те објави за сите да те знаат, итн... :wasntme:
    Ај, ве молам... полека со осудите!
    Ќе се сложам со размислувањето на @kolovoz најлесно е да се плука по народот :^)
     
    Последна измена: 3 јануари 2021
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    37.477
    Пол:
    Женски
    На кого се потсмевам јас, кажи ми, те молам? На заболените?
    Си ме прочитала тука да вршам хајка врз народот како што честопати се прави? Освен одговорните (власта, полиција, Венко, итн...) јас никого друг не обвинувам. И секогаш и за се, вината е кај нив, кај никого друг. Оти и за неодоговрни граѓани има лек, само треба функционална, непристрасна држава и систем.
    А не како Венче и Зајче... сите со маски, ама они не. Оти им се може, така?!
     
    На magnolija09 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.026
    Допаѓања:
    128.084
    Пол:
    Женски
    Не дека ги бранам, напротив не им требаше она селфи, макар и на планина било, ама според правилата е дека на планина не треба маска.. ама не им требаше таа слика ама ич. Ај да беа само они ајде ќе разберам, ама се собрале сосе деца, обезбедување.И после сакаат народот да ги слуша, а народов одвај чека да најде оправдание да не носи маска. Ај Заев ама Венко бе. Што мораше слики да става господе боже. Сами си дадоа автогол.
     
    На redhead, tina2018, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.973
    А читаш понапред коментари дека за да казнувале, прво морало плата од 3000 евра.
    Јас пак овие без маска ги немам видено, Караџовски особено.
    Венко и Зајко на планина каде што маска не се носи.
    Носи некој на планина маска?
    На крај, ти за кого почитуваш мерки, за себе или за Венко?
    Потфрли и државата и народот.
    Впрочем потфрли цел свет, цела Европа.
    Доста идеализирате други држави. Ист хаос е секаде.
     
    На referentka, LejlaD, Fifi84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.934
    Пол:
    Машки
    Не може асимптоматски да биде одговорен кога нема симптоми, но може ако има познат контакт да се изолира барем недела дена, не повеќе. Ако не му дозволува работата да остане 5- 6 работни дена дома, тогаш нека биде постојано со маска на работа, дистанца нормално, нека не се меша со другите вработени, нека им каже дека е потенцијално позитивен...
    Исто така може ако има позитивен тест, и да не му е официјално испратено решение за изолација. Не треба некој да ми каже дека сум потенцијален преносител и можам да загрозам туѓ живот, тоа е прашање на само совест.

    Под преземање на одговорност ги ставам и оние кои имаат симптоми, а не се тестираат оти е холидеј сизон. Себично!

    Или оние кои имаат позитивен рапид тест од приватна лаб., па ајде немам решение ќе шетам. Повторно себично, безобразно.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.026
    Допаѓања:
    128.084
    Пол:
    Женски
    Јуле да сме реални народов само чека да фати нешто сеор и да најде мана на се. Дека Заев и Венко не си го знаат народов не вервам. Не му требаше сликава. Плус народ работа изгуби они со тие моторите од 150.000 евра еден се прчат. Не е ок. Да бидеме реални.
    @Ahoy маска е доволно!! Маска само. Ништо повеќе.
     
    На LejlaD, jacqueline.s, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    37.477
    Пол:
    Женски
    За да казнуваат, треба државата и системот да се среди. Да почнат од нив прво. И да носат салам мерки, а не глупи. Како на пример мерката маски на отоворено, па така мене во Аеродром ќе ме казнат ако не носам (иако сама шетам) ама Венче и Зајче нема оти се на планина? Логика? И еден куп други мерки во кои што потфрлија како држава.
    Мене ич не ми е гајле за другите држави, тука живеам и ја гледам нашава држава, оти најобјективно можам да проценам како е.
    Еве пишав погоре за зилионите случаи каде што луѓето се принудени да одат болни на работа, без тест. И сега нив ли да ги казнат? А државата потфрлила и не ги заштитила, туку напротив ги заштитува газдите. Или ќе ме казнат во Сити мол на пример ако стојам еден метар подалеку од делот за јадење и не носам маска, ама ако седам да јадам ок е да не носам? Логика во ова? Или за ЈСП.. едно чудо луѓе се испозаразија во автобусине оти ги нема. Место да ги пуштат почесто, они ги редуцираат. И после плата ќе ми кратат 10% ако се разболам. Жити сВе! Ако е ова заради неможноста да се справат со администрацијата (белите мечки) тогаш нека земат сите заедно оставка. Пошто и така си играме држава!
     
    На Kitten, темјанушка, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    37.477
    Пол:
    Женски
    Леле боже.... Државава е хаос, одговорните не знаат што и како да прават, па ти очекуваш народот да знае? Нормално дека ако не добие решение за изолација никој не го ограничува да седи дома? Како во случајов он е одговорен, а државава е изземена од одговоност?
    Најсвеж пример: Внука од сестра добива решение за самоизолација откако се поминати 7 дена од контакт со учителката која е позитивна. И ај ќе речеш ок. Ама зошто бре не им кажале веднаш, зошто чекале 7 дена?
    Втор пример кај ќерка ми во училиште, на едно чудо деца родителите беа позитивни, децата седеа дома, заради одоговрност на родителите, мислам ниедно немаше решение, а за другите деца во одделението и наставничките па ич да не зборам. И не само ова, туку знам за две дечиња сигурно кои беа позитивни, па исто немаше решение за самоизолација на одделението!
    Е, ај, те молам објасни ми ја логикава? И кажи ми како обичен граѓанин ќе знае што да прави, кога одговорните појма немаат?

    Ама... до сега ова го заклучив од одговорниве: Најлесно е да кажеш народот е стока и да испереш раце од се :rock:
     
    На Kitten и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.
  12. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Заев и Венко не живеат заедно небитно дали се на планина битното е се групираат и тоа без никаква дистанца и маска.
    И тоа го објавува на фејсбук а притоа има закон за носење маска на отворено па и забрането групирање.
    Она тоа што го прават со сликата е исмевање на обичниот народ.
     
    На smooch, azelea, jacqueline.s и 17 други им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    132.221
    Пол:
    Женски
    Законите треба да важат за сите.Не може рандом Станко од некое село да го казнат за неносење маска,а господава од власта не.
     
    На Purplelilac, smooch, WildMk и 10 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.026
    Допаѓања:
    128.084
    Пол:
    Женски
    @An-na апсолутно си во право со решенијата за изолација. Многу каснат, се чека, а ретко кој приватник ќе ти верува на збор дека дека ете болен си или си бил во контакт. Апсолутно се согласувам дека многу се потфрли. Ама исто така не можам да не ги критикувам оние кои упорно не веруваат во опасноста од вирус, се шетаат болни по гости, со симптоми со се. Тоа би земала све би казнила. Маска, макар платнена, еве сега и медицинските не се скапи како на почеток, многу може да заштити. Ама не. Чипови и 5г и Бил Гејтц.. Е тие ми се мене трн во око. Тие стоки!! Што заради такви луѓе умираат. Тоа ме вади од кожа. А дeка се изгуби се од контрола сe изгуби. Најмногу после Ифтарите и двојните аршини за казнување. И онака немаме доверба во институции, не сме сигурни во сопатвена држава они та едни та други курташак си играат.
     
    Последна измена: 3 јануари 2021
    На Принцезичка1, LejlaD, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    37.477
    Пол:
    Женски
    Всушност, технички они се во рамките на законот, ама морално и одговорно не! Особено не заради функциите кои ги извршуваат! Треба да бидат позитивен пример, а не да си играат вака! Срамота е ова!!!
     
    На Fifi84, tina2018, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.934
    Пол:
    Машки
    Како може да нема државата одговорност што не се добива решение за изолација? Има и тоа огромна, преголем пропуст е тоа. Пишав и пред некој ден.

    Дека е неорганизирано, è. Не оспорувам. Но тоа не значи дека ние треба да се правиме на три и пол и да не ги почитуваме ни основните три мерки за претпазливост кој впрочем се (станаа) општа култура. Маска, дистанца, дезинфекција. Толку.

    Ама Ана, немој да речеш дека некој не знае дека треба да се носи маска. Или дека после појава на симптоми треба да се изолираш, или во најдобар случај барем да минимизираш контакти, и задолжително маска. Значи не е некоја филозофија, година дена сме во ова и срамота е некој да не го знае.

    Ако не нè штити државата, дај да се заштитиме ние меѓу себе. Не е тешко да носиш маска, уште помалку да оддржуваш дистанца и минимизираш контакти и непотребни излегувања. Едно е сакам, друго е треба, трето е мора.
     
    На Принцезичка1, Purplelilac, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.973
    Јас не знам кој е паметниот што се сети баш ова слика да ја објави на фб?
    Со кој памет.
    Еве ова букна и нормално да има негативни коментари, не знам што очекуваа со сликата.

    Ана, неколку пати коментирав дека државата потфрли со многу работи. Системски колабира, се извади максимумот. Јас кога бев позитивна и сега има огромна разлика. Тогаш позитивни не шетаа. Мене по два пати на ден ме прпвееуваа.Сега да,шетаат. И тоа е единствено пропуст на државата.
    Но за многу работи не може да се аменистира и народот.
    Не може јас на секоја настинка да имам совест, да тестирам, да седам дома, а Митре да шета по кафани, а дома има позитивен оти го сокриле како контакт, оти не верува во корона.

    За маските на отворено, да и јас некни се изнервирав кога јас морам да ја носам кога шетам со маж и дете, а кафичите полни.
    Ама ете не ја извадив и пак почитувам мерки пред се ради мене и мојата фамилија.
     
    На LejlaD, mal.ecka, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Они би можеле да бидат само позитивни на вирусот, ама никогаш не биле позитивен пример за народот за било која работа.
    И најмногу ме иритира кога ќе прочитам како некој ги брани идиотите кои самите не знаат кај терат.
     
    На Konfetka, jacqueline.s, magnolija09 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.973
    Ова нека стои, апсолутно си во право. Технички не прекршуваат ниедна мерка, ама пред се, заради функциите, сликата не требаше да се објави.
     
    На LejlaD и nena2010 им се допаѓа ова.
  20. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Јас сум слепа или вие гледате магична дистанца од 2 метра? Или може маска гледате дека имат?