Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.020
    Допаѓања:
    128.029
    Пол:
    Женски
    Не сум светица, одам на работа, ама да се журкам во кафани во оваа ситуација со 100 души ни на памет не ми иде. А вие журкајте се слободно, ама после не фрлајте камења дека нема кревети, дека не се стигнува за на лекар. Секој за себе си е одговорен. Јас на никој не му реков да не оди никаде. Која сум јас. Само реков дека се чудам како не им е страв на луѓево да се пикаат во гужви непотребно. Кафана и работа е сосема друга работа. На работа мораш да одиш, во кафана не
     
    На tinka-mace, BlackNight, Fifi84 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Кога ќе имаш обврска постојано да носиш маска СЕКАДЕ освен дома, ќе ти стане навика и нема да забораваш па да те казнуваат:)
    И мене ми пречи кога сум надвор и сама.
    Ама толку ли е тешко на улица да ставиш?
    Кога има таков Закон, немаш право на сакам-несакам.
     
    На oblace1, tinka-mace, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  3. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Ако веќе ги гледаш начичкани негде, што не пријавиш ? Или само да се каже нешто ?
    Јас до сега имам пријавено две маалски журки и кафеана. На сите мои пријави дојдоа од ПИ и ги растурија и журкиве и ја запечатија кафеаната. Може и други луѓе истите ги пријавиле, важно некој пријавил и ПИ работи (колку може да стигне, ако стигне секаде).
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.020
    Допаѓања:
    128.029
    Пол:
    Женски
    Што толку против маските не ми е јасно. Ја носиш кога мораш да излегуваш. Мораш на работа, мораш на лекар, мораш на пазар (иако во Ск има и достава секој маркет).. не мораш да се групираш во кафани, по слави, по родендени, по журки. И готово.
     
    На tinka-mace, mimiiiii, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Па еве жена што ја знам не најде термин на клиника да се оперира од ствар што нема веза со корона па си фрли пари во Систина. Пак ли е она крива и за ова?
    А досега сум идела во кафич неколку пати и не било журкање ама било со уште едно лице исклучиво ако немало многу луѓе и не се осеќам дека сум направила некоја огромна грешка.
    У кафич не мораш да идеш, тачно.
    Ама кажи им го ова на тие што работат таму. Јас нема да идам, ама некој рандом ќе мора.
    Одење во кафич не е витално, не е витално ни плаќање сметки.
     
    На DraganFem му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.702
    Допаѓања:
    192.703
    Пандемија па пандемија... Како е дефинирана пандемија, мислам епидемиолошки коректно? И дали цел живот сега ќе бидеме во пандемија, дури не биде бројот на позитивни случаи 0 ?:^)
    Ако знае некој:?:
     
    На Kitten и christinnn им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.020
    Допаѓања:
    128.029
    Пол:
    Женски
    21 den po red da nema nov slucaj. Togas se proglasuva kraj na pandemija.
     
    На referentka, Fifi84 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.005
    Допаѓања:
    4.244
    Ohoo uste dolgo ke cekame za toa :( gledam na worldmeter po 30.000 slucai dnevno imaat nekoi zemji niz evropava. :(
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.702
    Допаѓања:
    192.703
    :oWow
    Ко така сигурно во многу пандемии живееме:?:... и сме живееле:?:
     
    На fana, zuto, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.020
    Допаѓања:
    128.029
    Пол:
    Женски
    Миселв на ниво на држава.. на пример ако кај нас нема 21 ден нов случај, тогаш кај нас ќе прогласат крај на епидемија. А на светако ниво, поинаку се гледа, не знам како беше точно.
     
  11. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Ја отупевте на темава.
    Кој сака славен да стане на форумов, овдека доаѓа и држи предавања за морал, етика и општествена одговорност.
    1. Маска не мора да носиш на отворено, законот е проформа. Никогаш не сум ставила и никогаш никој не ме казнил. А сум среќавала цајкани.
    2. Кафиќи и кафани не фалат само на длабоко осамени и несоцијални битија кои и во друго доба до пладне се мрзеле себе, а од пладне целиот свет. Ако збориме за имање на општествена одговорност и емпатија, тогаш вие сте први што ја немате, кои скандирате за затварање на бизниси од кои на некого му зависи егзистенција на цела фамилија, а од друга страна и така не придонесуваат за ширење на вирус додатно, затоа што луѓето одат на работа и од таму највеќе се заразуваат, ама вас баш ви е гајле, вие сте си спремиле тоалетните дома, пошто тате носи-мама меси или едноставно работите од дома и немате никаква престава што се случува надвор од вашите дезинфицирани домови.
    @referentka све ти нешто дознаваш и туку ќе се појавиш овде со некое инфо, демек црно ни се пишува, мутирал вирусот, многу умирале, а не се знаело и слични ствари за палење раја. Ако си инфектолог што чисто сумњам, сигурно ќе имаш попаметна работа од дремење на форум и пишување на нешто што си дознала, а нема никаква врска со реалноста.
    И @nena2010 што го отупе на долго и на широко. Ајде сеа да се замрзнеме сите во времето, дур не заврши вирусот, за тебе да не те плашиме со нашето постоење.
    Допирна точка со реалност да се немало. Баш напротив, Македонија е земја со најдебилни мерки. Секаде све си работи нормално, овде ништо не функционира, ама не, уште требало.
    Вирусов е душевна храна за асоцијалците.
    Ако веќе на некој се љутите, љутете се што секаде веќе започна вакцинација, а кај нас ќе стигнат 2022, а не да плукате по народот што мора да продолжи да работи и да живее.
     
    На VDT2906, fana, winnie7 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Јас лично видов како предупредуваат на почетокот кога се донесе меркава.
    Мене пред некое време 5 минути ме зјапаа двајца полицајци додека си седев на кеј без маска сѐ дури не ја ставив. Претпоставувам ме ме гледале ради лепота.
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.398
    Пол:
    Женски
    Одиме редовно во кафичи и ресторани, не седнуваме само ако има внатре ептен гужва или масите се преблиску.
    Досега 100 пати ми рекле, леле како не ти е срам, ама не знам на некои овде како не ви е срам да викате да се затвореле кога многу фамилии леб јадат од тие кафани.
    Ако гледаме така, треба само болници, полиција, пожарна и маркети да работат, ништо друго.
    Само овие се општествено најнеопходни.
    Не може да сме толку игнорантни кон другите.
    Барем пандемијава требаше да не научи дека едни од други зависиме.
    Впрочем како што викате дека маска надвор треба да се носи пошто е закон и нема препрашување, и во кафич е дозволено со закон да се оди така да кулирајте.
     
    На DraganFem, VDT2906, WaitTillTheEnd и 16 други им се допаѓа ова.
  14. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Па ако не си ја носела, сигурно те виделе дека си убава и затоа те гледале. :)
     
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Овде казнуваат за неносење маска.
    Секако, ако не те познава полицаецот. :)
    Носам, пошто не ми се плаќаат казни да се полни буџетот на горе споменатите. Кога не би било присилно, не би носела воопшто пошто на улица најмалку се осеќам загрозена. Тоа е ван секоја логика.

    До 0 бројка нема да дојде ниту една држава. Едноставно, кога медиумите нема да осамнуваат секој ден со корона во насловите, ќе прекине и т.н пандемија.
    Чувајте разум до тогаш, вие малкумината, според она што читам од темава :)
     
    На VDT2906, fana, Bunny2 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Дојде месијата да ги окуражи сите, да им порача гајле да немаат, маска да не се носи и тд.
    Јас погребав две возрасни личности а една 40 годишна едвај куртули ене ја како издушен балон е после два месеци.
    Мене муабети за "лабаво" и "нема ништо "..те молам немој.
    Заобиколи ме, јас ќе продолжам со паника и претпазливост и да постирам што сум прочитала:)

    П.С....а од каде знаеш дека дремам на форум ако не дремеш и ти8-|
    Или ак да престанеме да пишуваме сите, еве , ти си во право, нека биде твоето последно:emo:
     
    На oblace1, g8lQQk, tinka-mace и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Па не е од витално ама Е од значење. Ја разбирам потребата ако сака некој со некого да испие кафе, и јас сум од тие. Ги разбирам и оние на кои им се седи дома.
    Не сум кодош. Не е мој стил.
    Не ми боде толку очи колку што ми боде неправдата на отворено на улица да нѐ казнуваат за неносење маска.
     
    Последна измена: 8 јануари 2021
    На Ева33, christinnn, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.398
    Пол:
    Женски
    И јас бев за пријавување секакви неправди во светов, се додека не се собраа политичарите на сечење роденденска торта, па ако можат они, нека се збира кој сака, така да пред да пријавувате, сетете се како ние меѓу себе се јадеме за истите работи кои тие ги прават и ни се смеат во лице :)
     
    На No Makeup, Cka, lovestoneddd и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Ги казнија по 20 евра бе, шо се буните сеа:D.
    Осиромашеа... сироти.:(
     
  20. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Тоа што знаеш луѓе што умреле не ти дава за право да им го загорчуваш постоењето на луѓето со твоите непроверени прогнози околу вирусот (бидејќи ниту еднаш не сподели проверен линк, за ништо што тврдиш, освен муабет "слушнав" или "се зборува дека").
    Можеби имаш кредибилитет на форумов, не оспорувам, но не можеш да презентираш непроверени информации како факти.
    Проблемот е што баш поради таквото ширење непотребна паника и непроверено инфо, умираат луѓе затоа што оние со смешни симптоми на немање вкус и мирис и "фебрилна состојба" од 37.1 зафаќаат термини за тестови и болнички кревети на оние кои се борат за живот.
    И не охрабрувам лабаво однесување, него кудам носење на смешни мерки како носење маска на отворено.
    До сега сум се заштитила и не сум се заразила, ниту па некого сум заразила или довела во опасност, од проста причина што моите се возрасни, со основните хигиенски навики кои ги имам стекнато низ животот. Но, тоа не значи дека нема да се заразам, ниту па ќе правам драма околу тоа.
    Сепак има луѓе со послаба психа и тотално е непотребно да ги ставаме во таква траорна матрица, дека ако се заразиле умираат обавезно.
    Намали малце. :)
     
    На lovestoneddd, fana и Mantub им се допаѓа ова.