Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Да, ќе почитувам закон, првенствено заради тоа што може да ме казнат, а јас немам врски? :( :worried: Ама... имам право да се бунам и секогаш кога имам прилика да плукам по глупите мерки кои се донесени. А ова е глупа мерка, особено ако се спореди со другите ситуации каде што маската не е задолжителна.
    Имаше претходно многу добри прашања до министерот од новинарката Мери Јордановска, прашања на кои тој не најде време да одговори :^) Можеби треба да се потсетиме на нив пак?

    Има нешто што се вика граѓанска непослушност... размислување со своја глава... гледање подалеку од носот... пред да проголташ се што ќе ти сервираат, можеби треба прво добро да го изџвакаш, па во меѓувреме ќе сфатиш дека не се голта се? Дека продаваат магла? итн....
     
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Намали малце..
    Е ај еве по твое нека биде, само да не плачеш.
    Детските болести и "фебрилни состојби" ми се прележани, па нема да се ставам во ситуација себе да дискутирам со фармацевт, епидемиолог, психолог, доктор и аналитичар:D, кој за другите дава оценка дека дремат по форуми , само затоа што има спротивно мислење:D.


    ...а пак ако постираш линк, као одма си кредибилна:D, посебно ако е на било кој странски јазик:|, оти нели , се се чита, се се разбира:D.

    Покрај нет, постојат и други јавни гласила кои се за почит и тоа и со тон и со слика;)
     
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Не почитувај бе Анна..не носи маска, групирај се, кој ти брани, јас најмалку.

    Јас сум сфатила дека е полесно да проголташ па макар и да не ми е за право отколку да ја следам онаа "граѓанска непослушност".
    Бев дел од неа, па јас и блиските знаеме како поминавме и што ни се случи.

    Ете ти...отворено поле, биди непослушна колку сакаш, мене и на оние кои се изгорени ич нема да ни пречите ако сте непослушни.И на други не им пречеше кога јас бев таа,ама не ме одбрани никој кога настрадав.
    Така да...
     
    На fana и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Значи....ако си против носење маска на отворено не значи дека правиш свадби или се групираш кај стигнеш.
    Реков ја, за некои тука нема средина.
    Или свадба правиш или не излегуваш ни од соба за мочање.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    И против извршители сум..
    И против поскапување на струјата.
    И против поскапување на лебот.
    ...
    И против маска на отворено.
    Ама ЗАКОН е закон.
    Уредба/повелбс/наредба...како сакаш крсти го, мораш да го почитуваш.
    Во спротивно следи казна.
     
    На g8lQQk, fana и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.136
    Пол:
    Женски
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.239
    Допаѓања:
    124.538
    Пол:
    Женски
    Ова е срамота и треба да се казни било од која националсност да се створовиве.
     
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    24.063
    Пол:
    Женски
    Едно прашање, што кажаа докторите, прележаните можат да го шират вирусот или не?
     
  9. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    @WildMk Објасни ни повторно за соживотот моето соживотско објаснување би било културни луѓе се они ама видеото е искарено од контекст многу веројатно да е сечено, лепено и монтирано.
    За маските пишував уште пред пола година за не носење на отворено оти и тие од владата не носат а нас не терат добивав одговори ама гледај си ти за тебе ти да не се заразиш(да дека љета вирусот во воздух).
    Од Аеродром сум и до сега се немам заразено сепак не е мала работа ако се земе во предвид бидејки сме општина со најмногу заразени, а пазете маска на отворено не носам.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Абе аман, во македонците сенкир нема насилници.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Релативизирањето во стручна смисла се обработува како логичка грешка, на англиски позната под називот whataboutism - а и во секојдневието е појава често присутна насекаде, од сериозни дискусии до обични муабети.
    Накратко и најпросто кажано, ова подразбира оправдување и минимализирање на штетата од едно зло со присуството на друго, наводно поголемо зло (кое често нема врска со првото и воопшто со темата) - на кое се заклучува (често неточно) дека по дифолт соговорникот воопшто не обрнува внимание.
     
    На fana, Amellie13, Ева33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не сум слепа.
    Доволно е и 4ка фонт.

    Тебе ти е полесно албанците да ти се криви, бугарите да ти се криви, американците да ти се криви... сите да се криви, само ти да не си.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    За што сум јас крива?
    Како ја изврте дискусијата, браво најискрено ми делуваш на личност со партиска книшка.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Дефинитивно.. мора да е тоа заклучокот.

    Кога ќе ги осудуваш исто насилниците од било која нација, тогаш ќе прајме муабет.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.239
    Допаѓања:
    124.538
    Пол:
    Женски
    МВР привело еден од двајцата. Ќе им речат немој друг пат и толку ќе биде.
    Кога можеа оние што тепаа бремена девојка од Штип да ги пуштат на слобода, што па овие.. ќе се извадат, се зезавме, не мислевме, дури и ќе стефнат пријава што неовластено ги снимале.
     
    Последна измена: 8 јануари 2021
    На noteforself, tinka-mace, WaitTillTheEnd и 2 други им се допаѓа ова.
  16. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.296
    Допаѓања:
    278.146
    Пол:
    Женски
    Со оглед колку се опуштија луѓево и колкумина лабаво си се шетаа по гости ,кафани на работа со саглам симптоми ако не скокнат пак бројкиве чудо ќе биде.Значи имаме колективен имунитет.
    Нема да ни требаат вакцините.
     
    На Biljarkata и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.239
    Допаѓања:
    124.538
    Пол:
    Женски
    Нема да се тестираат сите. Не се забављај со бројки. Евентуално ако не наполнат пак болници.
     
    На mareane и темјанушка им се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.985
    Допаѓања:
    13.761
    Колешка од работа дојде во понеделникот со симптом омлакасаност и затната била. Ја пратија дома, а и нас исто. Не се тестирала оти наводно и поминало тоа, а и матичната и рекла нема потреба ако нема друг симптом. Јас бев тие два саата со маска нонстоп во понеделникот, а таа лабаво си седеше во кујна без маска и во канцеларија исто, ама до неа не се доближив воопшто тој ден. Е сега во понеделник таа ќе си се нацрта на работа сигурно без совест, ни тестирана, ни ништо. Што да правам не знам? Маската си ја вади додека работи. Инаку, имаме дистанца во канцеларијата од два метра.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.239
    Допаѓања:
    124.538
    Пол:
    Женски
    Штом си била ти со маска, не сте се доближувале, имате дистанца, биди си мирна. Мислам дека мали се шансите да фатиш. А и не знаеш дали било корона или настинка. @Ahoy нека каже он е поупатен.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Машки
    Ќе се сложам со @nena2010 , само ќе додадам дека и покрај малиот ризик да и ти си заразена, прати ситуација до сабота- недела, ако немаш ништо, толку е, не си заразена. Исто ако имаш можност види и со колеги, посебно оние што имале поблизок контакт со неа, како се, што се. Да носела и таа маска, или да имало отворен прозорец, тогаш би ти рекол 0% дека и ти си заразена...

    Во однос на тоа што да правиш, па, исто како и досега. Ако можеш земи (K)N95 маска (после работа обавезно дезинфекција, луфтирање на истата) или носи 2 хируршки (ова би му дошло 4 хируршки за 1 ден, носејќи ги правилно, затоа поисплатливо е N95). Прозорец отворен колку што може, дистанца тоа знаеш. И, и да била таа позитивна, вирусот во неа веќе нема да биде толку вијабилен на минимум 8- ми ден од симптоми, туку ќе биде доста помала можноста таа да го шири вирусот.

    Претпазливост и многу течности (fingers)
     
    На MarchelineAmaru, mal.ecka и Purplelilac им се допаѓа ова.