Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Ако е ефикасен, немам против да го даваат како алва, таму каде што е потребен.

    Инаку во преговори се со некоја Кинеска вакцина колку што знам, само не знам зошто (не дека не знам, туку глупо ми е) не нарачаат од Руската Спутник.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Не сум сигурен ни за лекот искрено.

    Во САД надеж и внимание на леков му дале уште во јуни, ама клиничките испитувања не ја потврдиле и докажале неговата ефикасност, па така тие веќе не го користат за лекување. Ова ми е кажано од доктор кардиолог во Мајами.
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.273
    Допаѓања:
    189.695
    На кој му се оди на море, уште утре можело во Црна Гора без ПРЦ:lol: тест
     
    На fana, LejlaD, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.281
    Допаѓања:
    259.169
    Ама еве во Австралија си прават свадби веќе. Шо знам. Имам надеж искрено, повеќе од вакцината.
    Американците не ми се репер за ништо искрено.
    Имат ли мерки таму воопшто? Од она што го гледам кај пријатели, животот тече нормално.
     
    На mal.ecka, Ahoy и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  5. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Аматери. Ние не ни прекинавме со свадби некогаш.
     
    На Ambrosia, noteforself, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.281
    Допаѓања:
    259.169
    И тоа што велиш. Денес на стори кај наш познат хеир и мејк ап стилист видов невеста.
     
    На noteforself, LejlaD, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.231
    Допаѓања:
    124.512
    Пол:
    Женски
    Охо од летоска ги гледам ја невестите :)
     
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Оти ти си цела жива дезинформација.

    Ај, баш сега да видам какви глупости ќе тресеш и ќе пишуваш, само за да го релативизираш бламот на Филипче и на сите кретени од власта откако Албанија почна да се вакцинира од денес :D

    Ах да, Албанија имала 1 милион жители повеќе. Кое патетично оправдување :D
     
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Ако она што денеска го направи Албанија, количински гледано, е пример за почеток на вакцинација, тогаш во пандемија ќе сме уште охо, па 10 години.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Албанија го направила. Ние не го направивме. Ајде сега барај уште поглупи оправдувања и релативизирања, за да оправдуваш уште поглупи створења од политичари.
     
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Ако имаше вакцини јас сум сигурен дека ќе споделуваше тука линкови како умирале стари лица од домови низ цела Европа, како вакцина не се прави за неколку месеци, како таа не е безбедна и многу, многу слични коментари што ги пишуваше тука (види цитати). Очигледно е дека коментираш и се ориентираш на политичка основа, зависно од тоа каква е ситуацијата. Едно е сигурно- тебе, и на тие како тебе, никако нема да ви одговара. Ни да има, ни да нема. Ако има, тогаш зошто, кога е небезбедна, ако нема, тогаш срамота оти сме последни. А последна ќе е и Австралија, која го одложи вакцинирањето за да согледа евентуални нус појави, и никој таму не смета дека е тоа срамота. Ако не се лажам, тие лечат со Ивермектин, кој од денес се употребува и кај нас.

    И после овие коментари, тука си прв поборник зошто немало вакцини. Може тебе те читаа па се загрижија.
     
    На Ambrosia, KateKane, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Јас дали сакам да се вакцинирам или не, и какво мислење имам за вакцините е ирелевантно. Сеуште стојам на ставот дека секој лек, за да се види неговата ефикасност и нус појави, треба да се тестира најмалку 7-8 години, но тоа не го менува фактот дека во Македонија има огромна популација која сака да се вакцинира, а вакцини нема. Србија доби, Бугарија доби, Грција доби. Сега и Албанија почна со вакцинација. Македонија не. Последно гомно сме во справување со ситуацијата, а башка и тоа што сме економско дно. Тој што е одговорен да набави вакцини не ги набавил. Одговорност? Оставка? Другите можеле, ние не можеме. Тоа јасно ти зборува за капацитетот на институциите и тие што треба да ги бркаат работите на меѓународно ниво. Немој само ти да ми зборуваш за политизираност.
     
    На Bebac и christinnn им се допаѓа ова.
  13. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Ете :) Screenshot_2021-01-12-10-00-09-222_com.facebook.katana.jpg
     
    На Justicija, LejlaD, magnolija09 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Апсолутно не е факт, туку твоја погрешна претпоставка. Во Македонија доволно е да се јави Трпе од Прилеп во Здраво Македонијо и да каже дека не се вакцинира затоа што ... (невистинити, глупи причини) и со тоа пола од публиката која ја следи програмата (главно повозраснотго население) да не сака да ја прими вакцинцата. Кружат неколку видеа на фб зошто не треба да се вакцинира(ме) кои се споделувани илјадници пати.
    Анкетите не ја поддржуваат оваа твоја теза, а ниту она што го гледам во мојата околина. На прсти се бројат оние кои сакаат да примат вакцина. Не знам како е во другите градови, но верувам дека е така со оглед на тоа што живееме на исто тло.

    И спијат на нив. Што ако доби, кога вакцинираат како желки? Србија има 0.13% вакцинирано од населението, Бугарија 0.19%, а Грција е нешто подобра со 0.46% вакцинирано население. Освен Грција, другиве две се еднакви на нула, односно вакцинираат колку да се рече дека вакцинираат. Гледавме и циркузи во транспортот на вакцина во Бугарија.

    Почна со 975 дози на вакцини, кои да напоменам дека ниту се знае кој му ги донирал, односно некоја анонимна држава од ЕУ (Ако е вистина, претпоставувам Италија или евентуално Унгарија), од кои главно ќе се вакцинира државниот врв според текот на настаните, а ниту се знае со која вакцина тие почнаа вакцинација (барем јас не го сретнав овој податок, а го пребарував). Како што кажа едн друга членка претходно, ова е само привлекување на медиумско внимание и ништо друго.

    Патем, ниту Црна Гора, а ниту БиХ имаат вакцини. Исто како и останатите 150 други држави од светот кои немаат добиено вакцина.

    Не набавил, ама договорил. Текот на настаните покажува дека подобро е да закаснат малку, него ли да има несакани ефекти, како неколку случајности во Европа каде лица од старечки домови починале неколку дена по примање на вакцината. Впрочем затоа ни Австралија нема ниту набавено вакцини, ниту започнато со вакцинација, за да согледаат на некои несакани ефекти.

    И не, со ова не сакам да кажам дека сум среќен што кај нас нема вакцини, напротив. И јас сакам да стигнат што поскоро, и јас сметам дека не завршиле добра работа. Катастофа е, знаеме. Но барем се осигурани 1,6 милиони дози, кои ќе ги добиеме кога тогаш, почнувајќи од февруари. Тоа е доволно за 800 000 луѓе, или 40% од населението според официјалните податоци, иако е веројатно за 50%. Од Влада најавуваат уште 800 000 дози како набавка преку други ЕУ држави, но тоа е дискутабилно кога ќе се случи, а не дали ќе се случи. Плус можноста за кинеска вакцина, 200 000.

    И чисто споредбено, за разлика од нас Албанија има договорено 500 000 дози од Фајзер (ние 800 000, а тие имаат повеќе население), тие нешто слично и од Ковакс, и ние исто. БиХ и Црна Гора се надеваат само на Ковакс и на евентуални донации.


    Во целиот свет, масовна вакцинација има само Израел, баш онака како што треба. Има вакцинирано 21% од своето население. После следат УАЕ, со 11% вакцинирано население, Бахреин со 6%, Велика Британија 4%, САД 3%, Данска 2%, Исланд, Италија, Русија и Словенија со 1% вакцинирано население заклучно со 11.01 сите, освен Исланд (таму заклучно со 05.01) и Бахреин (заклучно со 10.01).
     
    На kravce, tinka-mace, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.273
    Допаѓања:
    189.695
    На kravce, tinka-mace, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Ама Србија има почнато масовна вакцинација :mm:
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.273
    Допаѓања:
    189.695
    Масовно се вакцинирани 300 луѓе?:D
     
    На Bunny2, le.soleil, magnolija09 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Реторско прашање (highfive)
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.231
    Допаѓања:
    124.512
    Пол:
    Женски
    Србија не пушта без ПЦР тест. Само Црна гора.

     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Ама Србија, по глава на жител, масовно тестираше. Многу повеќе отколку ние.
    Ама Србија изгради нов ултра модерен Клинички центар во Ниш.
    Ама Србија изгради нова Ковид болница.
    Ама Србија ни ги лапна сите инвестиции што претходно беа договарани да дојдат кај нас.

    До кај сме ние со новиот клинички во Скопје?
    До кај сме ние со новиот клинички во Штип?

    А, за другите небулози, лаги и дезинформации што ги шириш ќе одговорам кога ќе имам време, работам моментално, пошто нели некој треба и да работи во државава, за да ги плаќа владиниве административци?
     
    На Cka, orevokrsacka и magnolija09 им се допаѓа ова.