Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Требаше снег да падне за вакцини да измислат. Супер.
     
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти на коронавирус, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава.

    Ова го соопшти Институтот за јавно здравје, од каде информираат дека податокот може да укажува на внес на нови случаи на Ковид-19 од странство.

    Засега потврдено беше само присуството на британската мутација на коронавирусот во земјата.

    Од ИЈЗ засега не соопштија детали за кои мутации станува збор и кај колку пациенти биле откриени.

    Инаку во неделниот извештај, ИЈЗ јави дека за 5,3 проценти е зголемен бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 оваа недела, во споредба со претходната. Истовремено регистрирано е намалување од 34,8 отсто на починати од заразата, а процентот на позитивност изнесува 12,9 отсто од тестираните. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.519 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 24,2 проценти помалку во споредба со минатата недела.


    ©Makfax.com.mk
     
    На cresa-jagoda, Biljarkata и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.971
    Ова со деновите нема врска. Баба ми се водеше оздравена, а лежеше во болница лечејќи последици од ковид. Којзнае колку такви случаи има, хоспитализирани за време на, и по истек на тие 20 дена изолација.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    https://futv.media/?p=1942

    Го исчитав внимателно текстов и не ми беше баш уверлив,на почетокот секако се спомнуваше поврзаноста со 5г и коронавирусот,но некако тоа остана во сенка.
    Никогаш не сум слушнала за докторкава, мене ме наежи видеото од 7 годишното видовито дете од Русија и извадокот од Библијата. Можеби има некоја смисла.
     
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    По проблемите со фармацевтската компанија „Астра Зенека“, од Брисел е објавено дека склучиле договор со компанијата Фајзер/Бионтек за набавка на вакцини против Ковид-19.

    Компанијата денеска објави дека е постигнат договор со ЕУ за снабдување на блокот со дополнителни 200 милиони дози вакцини. Според соопштението пренесено од светските медиуми, вакцините треба да бидат доставени во текот на 2021 година, со тоа што 75 милиони ќе пристигнат во вториот квартал од оваа година.

    ЕУ претходно купи 300 милиони дози вакцини произведени од другите две фармацевтски компании. Најголемиот проблем се појави со вакцините на „АстраЗенек“, поради што се крена многу прашина и префрлување на вината од една на друга страна.

    Кога се случи ЕУ да дојде пред колапс во врска со вакцинацијата на населението, бидејќи вакцината едноставно не постоеше затоа што не беше доставена според договорената количина, пристигна понудата на рускиот производител на вакцината „спутник В“, кој ѝ понуди на ЕУ сто милиони дози од таа вакцина.

    Понудата беше одбиена, а Европската комисија соопшти дека руската вакцина не припаѓа на нивната стратегија за борба против коронавирусот. Сепак, на земјите-членки им останува малку простор да набават вакцини, според нивните потреби, од оние производители кои не се одобрени од ЕК.

    Така, Унгарија, како што рече тамошниот премиер, Виктор Орбан, набави руски и кинески вакцини, а Хрватска полека се свртува кон Русија.


    ©Makfax.com.mk
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.971
    Вакцината за тетанус ако предизвикува стерилитет (ко шо демек открила оваа) ниедна од мајкине у темана за семејство (вклучително и јас) немаше да имаме деца.

    А ако не знаеш која е докторката, пиши на гугл ќе ти излезе дали постои таков човек, што зборува и кој се го побива нејзиниот став.

    Еве помош

    https://www.bbc.com/news/53525002
     
    На Ambrosia, Angie1432, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Не знам дали вакцините или што е ама факт е дека голем број од паровите имаат проблем со основање на семејство, реален проблем нема, а нема ни бременост, не сите остануваат без деца ама водат борба со стерилитет.
     
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    19.032
    Итекако има реален проблем. Знаеш кој е тој?тоа што нашите мајки раѓале на 18 а сега на 35 се раѓа.
    Ама тука е во прашање социоекономската структура на државата и е многу разглабање во погрешна тема. Има статистики на глобално ниво кое можеш да ги истражиш
     
    На le.soleil, tina2018, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.138
    Пол:
    Женски
    Проблемот е индивидуалниот начин на живот, работи што се собираат со години, чекање долго време за дете итн.Има реален проблем само не е очигледно на тацна.
    Не знам што е толку борбата против вакцини, кога само треба да се фрли поглед како се живеело пред нив а како со нив....
     
    На tina2018 и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.971
    Знам, ама гледај го целокупниот начин на живот, не вакцините. колку пластика користиме, колку загадуваме, колку хемија во храна внесуваме. Пестициди, загадена почва и воздух, пластики куп. сами си го убиваме просторот во кој живееме. Сите е резултат на наша човечка себичност и глупост кога во 200 години индустријализација успеавме да уништиме се.
    Не ковид, којзнае какви се вируси нема да излеза во иднина ако продолжиме до ова темпо.
     
    На le.soleil, LejlaD, greenday и 8 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Врска ти нема муабетов :^) Оди во темите за вештачко, па ќе видиш колкава е просечната возраст на паровите кои водат борба со стерилитет.
    Мој впечаток е дека токму помладите парови се соочуваат со неплодност. Зошто? Не можам да вперам прст во ништо конкретно. Најверојатно целокупниот начин на живот, а можеби и зрачењето од Чернобил во 80/тите години има голем удел. Исто и ураниумот кој се користеше во Србија или Косово :?:

    Ептен сме офтипик... Се надевам @RainBow нема да не брише, во духот на слободоумноста која ја практикува на темиве. Или барем ќе ја премести дискусијата.
     
    Последна измена: 18 февруари 2021
    На Mimmi39, srekice, Kitten и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    19.032
    Не знам во темата гледам од моја околина мм има 33 јас 29 ние сме едини пар од друштво со дете. И не останав бремена од прва посочено беше машки проблем ради возраста на мм.
    Другите парови се над 33 и тек сега почнуваат.

    Инаку да, има и низа други фактори во денешницата како храна, загадување итн...
     
    На Angie1432 и tina2018 им се допаѓа ова.
  13. Lana1210

    Lana1210 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali go znaete brojot na instututot za javno zdravje
     
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Машки
    Global Covid Infections Drop to Slowest Pace Since October

    После речиси една година од прогласувањето на пандемијата од страна на СЗО, конечно има некои знаци дека ситуацијата се подобрува.

    Според податоците од Универзитетот Johns Hopkins од неделата која заврши на 14.02, забележан е најмал број на нови случаи од Октомври, односно 2.7 милиони. Ова резултирало со пораст од 2,7% во однос на претходната недела, меѓутоа тоа е сепак најмал раст забележан од почетокот на пандемијата.

    upload_2021-2-18_11-19-24.png
     
    На LejlaD, kala21, Fifi84 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.293
    Допаѓања:
    189.817
    Како бе вака?:o
    Па сега со кој аргумент ќе не држат под клуч?:?:

    Ај да видам што нова глупост имаме денес, после полициското бркање деца со санки, како висока епидемиолошка опасност:smoke: #записиодновотонормално:drunk:
     
    На Tajnaotrovna, Ева33, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Ама, ти ништо не сфаќаш? Ова е почеток на намалувањето, ти текнува? Почнува имунизација, оп намалување, што не е јасно? Е сега, зависи од одзивот за имунизација како ќе се одвива пандемијата понатаму, дали ќе има трет, четврт, пет бран или не?
     
    На Tajnaotrovna, Autumn Love, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    886
    Пол:
    Женски
    I mene me interesira na koe brojce moze da se zakaze za testiranje i dali se ceka mnogu i koja e cenata?
     
  18. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.887
    Screenshot_2020-11-02-15-40-25.png
     
  19. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    886
    Пол:
    Женски
  20. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Прилеп преголема бројкава бе.