Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.472
    Сето досегашно непреземање мерки од Владата, инфантилноста, како и дозволувањето бројките да стасаат до оваа мера е намерно.

    Сѐ е ова претстава и масовна хипноза. Луѓе ќе се разболуваат и умираат во огромен број, без разлика дали ќе има или нема полициски час. И без разлика дали ќе примиме вакцина или не, бидејќи вирусот постојано мутира. Ќе видиш и сама кон крајот на годината кога ќе изнесат статистика на заболени и починати.

    Нас ни треба протест против неспособната Влада, а не барање џандари кои тепаат бремени жени и собираат недолжни граѓани по улица во покушај за изигравање шерифи.

    Да те потсетам што се случуваше лани?
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Па ни математика не ни иде нешто.
    100 000 заболени имаме, еве google колку кажува дека сме - 2.077 million (2019).
    Еве уште 100 000 да го прележале недијагностицирани, кај се другите милион и осумстотини илјади?!
     
    На nextredstyle и WildMk им се допаѓа ова.
  3. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Абе ова дека се е претстава, масовна хипноза, теории на заговор, ти реков ми рече на некој што не е медицинско лице да му го кажеш, може и ќе ти поверува. Барем додека не го сети на своја кожа.
    Гледам од прво лице, бев и во Ковид центар, знам што се случува јасно ми е. Гледам како се мачат и здравствените работници, ама и пациентите. Цел месец да лежиш во болница, со луѓе кои не ги познаваш. Да се бориш за воздух, да не можиш сам ни до вц да отидиш. Лошо е, многу е лошо! Лешеви на сите страни.

    За трагикомичното владеење на власта се согласувам.
     
    На Waverly Raven, oblace1, tinka-mace и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Devojkata94

    Devojkata94 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Немаат тактика бре луѓе.. немаат визија.. немаат менаџмент.. немаат кризен асален штаб.. немаат план!

    Многу лесно и едноставно би се средиле работиве доколку имавме асални министри.. не оди ова вака! единствена надеж во оваа наша државичка гледам во Левица.
     
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.935
    Пол:
    Машки
    Така лесно се средија и во ЕУ, САД, Ј.А., Канада и тако даље. Имаат асални министри и 0 заболени.
     
    На Stephen Amell му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.472
    Не реков дека не постои вирусот, Пеперутче. :)

    Но, дека се пумпаат работите до бесвест и дека има и многу посериозни коморбидитети кои се занемаруваат на луѓето кои ги гледаш дека лежат на клиника, е факт. А, тоа дали сето ова е само смешна теорија на заговор, и дали е висрусот настанат по природен или вештачки пат, со која агенда и како не мислам да навлегувам. Живи и здрави, можеби еден ден ќе се обелодени вистината па, ќе сфатиме дека не е се како што изгледа моментално.
     
  7. Devojkata94

    Devojkata94 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Не ме интересираат мене други држави и доста по паметот на Филипче : Погледнете ги бројките и во другите поразвиени држави.. погледнете во Србија.. Грција.. Бугарија.. треба во својот двор да си гледаш зашто тука живееш и ти одбиваат здравство од плата а не во другите држави! ако почнеме да набројуваме пропусти и грешки може ќе ти стане јасно.. или ако почнеме да набројуваме што се требаше да се превземе за да биде ситуацијата мирна.. отвори го видикот малку пошироко не гледај како овие утепаниве само НАТО .. НАТО .. НАТО .. НАТО.. влеговме и гледам колкава помош добивме...
    Србија само за пример не е ни во ЕУ ни во НАТО па 2ра е во Европа по број на вакцинирани и плус дава донации на други држави ... нашиве ќе добијат дури во 2030 пошто сме 10 години уназад од сите други :)
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Е баш сакам да ги донесете на власт Левица, па да видите колку убо ќе си поминат сите, што не му сте лични minions на Апасиев.
     
    На KuklickaSk, Annath и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    63.653
    Пол:
    Женски
    Јас што најмногу викав лани за полициски, овој пат апсолутно сум против. Го имам правено муабетов, дека полициски час е ефективен само кога има мал број на позитивни за да не се расшири помасивно. Кога веќе е расширен вирусот полицискиот час нема ефект. Ако се направи локдаун од друга страна може малку да се намалат бројките, ама апсолутно нема да исчезне и после пак ќе почнат да скокаат. Би го оправдала ако и само ако се преполнат болниците па да се купи време за нов бран да имаат кај да лежат.

    Е ова вака по протокол ако збориме, како што треба. Од друга страна не има нас како луѓе што не почитуваме мерки, маски не се носат, во одредени населби во градов чудно е човек со маска да видиш а камоли без. Нема полицијата суверитет врз популацијата, тие што си се од големото добро утро ништо не ги кочи, тие позитивни се шетаат и ич око не им трепнува. Мајка ми кога беше позитивна никој не дојде да ја провери, апсолутно можеше да си се шета кај сака, никој немаше да дознае.

    Јас решение само во масивна вакцинација гледам, значи сите болести од инфективен тип на времето биле со вакцини решени. И нема како поинаку. Само што и за тоа има бунење пошто нели не биле тие експериментални глувци. Не форсирам, само кажувам од тоа што го знам од историски гледен аспект а и од доста разговори со медицински лица добро познати со имунологија. Дури не се вакцинираме нема да исчезне, нема ни локдаун ни полициски час да го истреби.
     
    На Ambitious, smooch, Tajnaotrovna и 10 други им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.445
    Пол:
    Женски
    Ќе ги донесат кога ќе си бацам газот.
    Сите се исти, само до фотељата да стигнат.
     
    На Tajnaotrovna, Stephen Amell, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.908
    Допаѓања:
    41.569
    Пол:
    Женски
    Абе ај, мазохисти.

    Ако мислите дека полициски час е некакво решение, после 9 никако не излагајте на улица и баш ме интересира како тоа ќе ви помогне да не се заразите.

    Да се потсетиме само колку гужви и хаос се ствараше кога имаше полициски час зашто повеќето брзаа да стигнат дома на време.

    А сега, како што веќе на сите ни е преку глава од пандемијава, дупло повеќе нема да го почитуваат пол.час од револт, преку ден ќе има уште повеќе собирања пошто тие што имаат време ќе си го користат тоа, а само ние неколку будали што ни е страв од казна ќе седиме после 9 дома зашто нели, херои на годината.
    Се сеќавате што беше во одредени општини? Па еве и кај мене со маси си се собираа си седеа.Сега поразлично ќе биде?

    Видовме дека нема ефект, и упорно пак сакате, епа тогаш за нешто лично се работи, не за колективна безбедност.
     
    На JuLleE, joy1 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.270
    Допаѓања:
    31.299
    Пол:
    Женски
    Ова народче нема да се научи на памет додека не остане без финансии за најосновни потреби меѓу кои и храна. Ама за жал се некако стојат работите дека тешко ќе се исполни желбата на некои да има локдаун и да не се работи. Тек допрва треба попис да се реализира. И да има мерки ќе има после 21 што многу нема да промени. И не, јас сум против полициски ама во угостителски објект немам стапнато цела година. Ниту сум се групираат и сл. Баш за полициски поише се оние на кои не им се работи и мислат ќе лежат раат по дома.
     
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.935
    Пол:
    Машки
    Не знам дали знаеш, но проблемов е глобален, не може една Македонија на сред Европа да се справи со ситуацијава покрај олку мутации и да имаме по 30 позитивни на ден.

    Единствено Австралија, Нов Зеланд и до некаде Исланд успеаа во тоа, но се островски земји сите ако примети. А Австралија и Н.З. тоа го постигнаа со пол. час и карантини какви што ние не видовме воопшто.

    За вакцините ич не коментирам, тоа е катастрофа. Но од друга страна пак, ја гледаш ли ти заинтересираноста за вакцинација воопшто? Околу 100 000 се вакцинирани, во превод околу 5%. Тоа е, да не речам, ич!

    Сакаме да се справиме со ситуацијата, ама не сакаме затворање, не сакаме да се вакцинираме, сакаме да шетаме и да живееме ко да нема пандемија, ко да е сè нормално. Па како тогаш ќе се справиме со ситуацијава бе дечки?! Никако, да си одговорам сам на себе.
     
    На crimson, LejlaD, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Ако Србија и Бугарија ти се репер за поразвиени држави, тогаш во право си.

    Тоа што Србија доби вакцини од сите страни, не е до развиеноста на државата, туку до силата на Вучиќ како политичар. Тоа значи политичар, а не ова.

     
    На Ева33, nextredstyle и Ahoy им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    За требење, нема да го истреби... работата е да се успори растот на бројот на заразени, за да не се преоптоварат здравстените установи и медицинскиот персонал.

    Баш!
    Од ист калап се праени!

    Па ќе збораме за идеологија
    Идеологија во македонска партија - е оксиморон!
     
    На bicycle, nextredstyle, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Devojkata94

    Devojkata94 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Зборам за балканот затоа што тој венко цело време нив ги збори па гледам дека го слушаат многу го пишуваат многу и тука па затоа ги спомнав нив.. :)

    Инаку истата таа Србија не знам колку знаеш како е опремена воено, имаат фабрика сопствена за произдводство на оружје, пола балкан го снабдуваат со гуми за автомобили пошто тамо се фабриките, да не набројувам уште што се имаат :) Зошто си имаат соработка со Кина и Русија нашиве со САД ќе си имаат ИРАНИУМ и испробување на оружје на КРИВОЛАК.. а за вакцини.. да влеземе во ЕУ и добиваме :D
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.704
    Допаѓања:
    192.744
    А чешкото сценарио се случи без рестрикции или како:wasntme:
    https://www.vlada.cz/en/media-centr...emergency in,during an additional three weeks.
    Што се случи со италијанското сценарио?:?:
     
  18. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Забораваш Србија со кој делела држава? Колку народи давале оружје кое останало таму?
    Се што е Србија денес, од СФРЈ е.

    Башка, фабриката за гуми ТИГАР, се едни од најлошите гуми. И не се нивни, на Мишлен се.

    Колку народи ја граделе фабриката во Крагујевац?
     
    На WildMk, cresa-jagoda и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  19. Devojkata94

    Devojkata94 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Не го оспорувам моментот во право си ама тоа што останало го зачувале... кажи ми ти на мене колку фабрики имаше во Македонија и колку се затворени можеш во секое време 5 да наброиш? Кажи ми која инвестиција од странска држава си ја видела кај нас?
     
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.935
    Пол:
    Машки
    20210306_111203.jpg
     
    На WildMk и Fifi84 им се допаѓа ова.