Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Дресклермаер Кавадарци - што ги снабдува можеби најквалитетните автомобили во светот и рекордерот во консекутивни титули во формула 1 - Мерцедес Бенз.

    Еуроникел - една од единствените две фабрики во Европа во производство на никел.

    ИГМ трејд, Џонсон во Скопје, Витаминка, Алкалоид и многу други.

    Можеби ако престанете да ја потценувате сопствената држава ќе сфатите дека единствениот проблем во државата е неспособниот кадар кој се вработува во државен и приватен сектор.

    Како и да е, да се држиме до темата коронавирус, а не геополитика и индустрија.
     
    На WildMk, TheDongerino, M.B. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.539
    Допаѓања:
    91.601
    Пол:
    Женски
    Споредувате со држави кај кои го поминале 15%вирусот.
    Ајде без паника.
    На народ кај кој најмалку 60% го помина вирусот вие барате полициски, со која логика?
    Има периодов поголем број заболени,ќе помине уште месец сличен на ноември и ќе се смири.
    Второ,од што ќе живее народот?
    Има дејности година дена се без работа.
    Психата кај луѓето?
    Ќе полниме психијатриски установи после ова?
     
    На P.S.love, Nigredo Odor, lovestoneddd и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.539
    Допаѓања:
    91.601
    Пол:
    Женски
    Според доктор Даниловски ,
    Ако на 10 јануари сме имале вкупно околу 85.500 случаи, тогаш едноставната пресметка покажува дека реалниот број се движи меѓу 600 илјади и 860 илјади луѓе.
     
    На BloodElf, Nigredo Odor, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    37.477
    Пол:
    Женски
    (y)
    Плус, не ти требаат „официјални„ извори, бидејќи врска немаат. Реалната слика е таа што треба да се гледа.
    Јас сум позитивна, мажот исто беше со симптоми, не се тестираше, ќерка ми ја тестирав, ама и она имаше симптоми, најверојатно лош термин на тест. Значи, 1 потврден, 2 не. А има семејства со 4+ лица кои не се тестирани, наспроти 1 позитивен. А каде се семејствата кои го прележаа вирусов, а не се тестирани? Еден куп има такви? Особено во ноември/декември кога термин за тест беше мисловна именка? Јас лично знам минимум 5/6 семејства кои добија термин откако им поминаа симптомите и нормално беа „негативни„.
    Така што... официјалните статистики може слободно да ги заборавите, оти за ништо не служат. Освен можеби за мачкање очи :^)
     
    На P.S.love, BloodElf, Sofi.ja и 14 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.849
    Допаѓања:
    275.227
    А пошто и психијатрите се луѓе на кои им е потребен психијатар, магичен круг :)

    Полошо психички никогаш не ми било, никогаш.

    Лани во јануари планиравме да исфрлам ад полека.
    Сега може само доза да покачиме.
     
    На No Makeup, Tajnaotrovna, Stella* и 5 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.849
    Допаѓања:
    275.227
    Ми почина роднина негативна, со антитела, внучето само позитивно од сите асимптоматско.

    А сите цело семејство се со антитела. Така што младиве и детенцето очигледно на нога го поминале, роднинава "го поминала" (на три теста еден брз+2 пцр беше негативна) ама другите болести драстично се влошија, зборувам за болести кои 20 години ги имаше...

    Ниту таа, ниту децата влегоа во статистика, само малото.

    И цело време е така. Врска нема статистикава со реална состојба.
     
    На Tajnaotrovna, JuLleE, Spidy и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.704
    Допаѓања:
    192.744
    Аха, дека летото маски не се носеле, сега се болниците полни:?: Бо, задоцнета реакција. Во мк маски се носат цело време така? Тогаш нема гајле.
    Иначе линк пуштив, дека од октомври е локдаун, мање више исто е сегде во континентална еу.
    Зошто никој не зборува за германско или француско сценарио :^).

    Ко што рекоа погоре, врска нема статистиката
     
    На Tajnaotrovna, JuLleE, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    279.683
    Пол:
    Женски
    Да не заборавите само дека голем дел ид прележаните се со малку или веќе поминати антитела и пак може да се заразат.
    На олкави бројки ,без вакцини со недостаток на реагенси за д димери во помалите барем места па и клексани да оставиш без никакви мерки не е во ред.
    Барем зголеми казни и контроли на несовесниите...
     
    На Waverly Raven, oblace1, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.935
    Пол:
    Машки
    Ам за Божиќ релаксирале :wasntme:
     
    На LejlaD и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.704
    Допаѓања:
    192.744
    АмИ март сме сега:wasntme:
    Ај признајте дека пак го пуштиле вирусот преку граница, пола ви се прашта:D
    Мерки, мај ес |(, пардон мај френч
     
    На MarijaMi90, LejlaD, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Пост на глумецот Сашо Тасевски споделен на Фејсбук:

    1. Ајде сега, после една година корона, кажете како министер и министерство, комисии, курци палци, што направивте да ја стивнете и ставите под контрола?
    Ништо. Нула. Компир варен. Топки волнени.
    Сите ваши мерки се покажаа без ефект. Кое фајде имаме од идиотското носење маски на улица. Камо студија за ефектите од него?
    Немате, ама се виде дека нема фајде. Влегуваме од бран во бран на ковид холокауст.
    Внимавајте 3150 мртви. Тоа се жртви на два потонати Титаника и тоа за една година.
    Згора на се, една вакцина не купивте и не донесовте, да не се смета донацијата на Србија од 4000 вакцини. Ама ние сме два милиони.
    Знаете што значи ова?
    Дека вакцинацијата нема да ја завршите до крајот на 2022 година. Тоа значи барем уште илјада мртви.
    Милион лаги кажавте во врска со вакцините. Те купивме те не ни стигнаа, авансот ни го вратија, има ама нема. Па сакаме кинески, па нејќеме... Па пак сакаме. Ама руски нејќеме, не се геополитички адекватни. Па ќе стигнат до февруари, 100 илјади, двесте илјади... . Еве го март, една вакцина не стигна. А луѓе умираат ко муви.
    Ако фијаското и дилетантизмот имат лик, го имаат вашиот. Вие сте тешка патологија од карактери.
    Доживеавте целосен дебакл во епидемијава, како и во се друго.
    Нема зборови да се изрази разочарувањето на луѓето од вас. Нема човек што веќе не се сомнева во вас како власт и поединци. Вие само глумите систем и организација. Глумите дека знаете што правите, а ништо не знаете. Дилетанти.
    Нема такво дно кое не можете да го допрете. И тргнете ја глупата забрана за носење маски надвор. Се покажа тотално бесмислена.

    2. Додека некој се прчи какво јавно здравство имаме, од вчера, ми пишуваат здравствени работници од клиника Гастро, Урологија, Пулмо, од болници во Велес, Битола, Струмица, луѓе што лечат во црвените ковид зони, дека немаат земено плати од договор за дело, немаат платено дежурства, прекумерни саати, за ризик во време на пандемија, некои волонтери немаат никаков договор потпишано...
    Се жалат на мобинг од раководните лица, закани, понижувања...
    Хорор во хорор. Тотално фијаско на јавното здравство. Што ни се случува бе луѓе? Триесетина писма добив во инбокс од овие понижени луѓе секој ден што се борат со ковидот. Не можам се да напишам и објавам какви страшни сведоштва има.
     
  12. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    21.492
    Пол:
    Женски
    Затворањето и полицискиот час се најдебилните мерки кои се преземаат колку да се речи дека нешто работат. Да не го спомнувам носењето маска на отворено покрај полни кафичи, па то е врв на глупоќа.
    Ќе не затворат, ќе ни ограничат слобода на движење и после тоа доволен е само еден нов случај за да се врати се на почеток. Да беше затворањето лек, немаше сите држави "мака да мачат" со ковидот.
    Ако затвораат барем, пошто и ништо друго не се очекува од ваква влада и народ кој ужива да биди контролиран и сам си бара затворање, нека обезбедат редовни плати и помош за сите. Kолку само мали бизниси пропаднаа ради неспособноста на владата. Јас едни мизерни 100евра кои ми следуваат како еднократна помош оти сум студент 3 месеци ми ги немаат исплатено, а да не зборуваме за поголеми средства.
    Мене искрено ми е преку глава од ситуацијата. Една година од животот која требаше да ми биди од поубавите ми помина најмизерно. Уште од многу порано почнав и со кафе седенки и кафани и дружби колку шо дозволват условите, ама пак не е тоа тоа. Се плашам дека никогаш нема да се врати она нормалното и дека драстично ќе се зголеми бројот на анксиозни и депресивни лица. Ништо, ама баш ништо од ова не е нормално.
    Барајте упорно да не затворат, топ ќе ни биди.
     
    На P.S.love, Rubiii, No Makeup и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.270
    Допаѓања:
    31.299
    Пол:
    Женски
    Во моето опкружување, најгласни за полициски час се оние кои не се излезени од по кафеани и секојдневно се сликаат групирани како се да е нормално. Да се плашат толку, би внимавале и не би се однесувале така. Ама некои како папагали се научиле да повторуваат како на друго место имало строги мерки па зошто да немало и кај нас. И што дека? Имаат строги мерки да и пак за никаде им се бројките. Џабе само луѓе ќе губат работни места. Лесно им е мерки да споредуваат ама ајде да споредиме кои примања ги имаат таму луѓето а кои примања ги имаме ние. Таков народ сме ние, сами против себе си одиме.
     
    На Ambitious, No Makeup, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Ова е многу дискутабилно зашто нема официјлно колку долго можат да траат. Едно испитување вели 3 месеци, но пак во друго испитување е докажано дека некои и после 9 месеци имале антитела. Oва го читав пред 3 месеци кога официјално пандемијава и толку време траеше, можеби новиве истражувања ќе докажат дека и подолго траат. Но освен антитела да не заборавиме дека во нашиот организам постојат т-клетки и б-клетки. Со обичен "срч" на Гугл може да дознаете што се.
     
    На TheDongerino, JuLleE, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.355
    Допаѓања:
    19.903
    Пол:
    Женски
    Ај бе нека затворат се 24/7 нека биде полициски час, тие што работат на дневница нека умрат за леб што ве боли вас за нив... газот ви е на државно или чекате од маж... Гледам колку имаше ефект полицискиот, тука кај што живеам како да не беше. Полицијата сконцентрирана на градот, а пригратските населби журки се правеа.
     
    На lovestoneddd, No Makeup, TheDongerino и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.472
    Ебал ве полициски.

    Ни одлучуваме, ни ќе бидеме прашани дали ни е потребен.
    Аман.

    Протест!
     
    На Ambitious, senjorita-v, No Makeup и 3 други им се допаѓа ова.
  17. TheDongerino

    TheDongerino Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Машки
    Такви луѓе неможам да разберам никако, сами си пукаат у нога, ако толку сакате да седите дома слободно натрупајте се со залихи и барикадирајте се неколку години, ние другите шо мораме да продолжиме со животот остајте не на раат
     
  18. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.883
    Пол:
    Женски
    Прашав во соодветна тема но нема одговор.
    Дали кожни промени односно појава на црвенила како суви лишаи е знак за корона? И сува кожа?
    Се работи за дете, има плус затнат и растечен нос и кива.
     
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.814
    Допаѓања:
    145.446
    Никој со сигурност нема да ти каже.
    Ова може да биде и алергија. Ако се сомневаш тестирајте го. Оди ли бо градинка/школо?
     
  20. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.883
    Пол:
    Женски
    Се сомневам и на алергија. Земавме маче ама пред 2 месеци. Сабота е, не знам кај да се јавам и што да правам?