Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    19.983
    Пол:
    Женски
    Има ли некаде инфо ЈСП како ќе работи сега со полицискиот час? Јас не можам да најдам, а веројатно до 9 ќе сум на работа
     
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
  3. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    19.983
    Пол:
    Женски
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Софијанова: За два месеци 42 деца имаа пост-ковид компликации
    Вирусот најчесто удира на стомакот, бубрезите, мозокот и срцето кај децата, вели за ДВ директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова.

    Ковид-19 се почесто предизвикува здравствени проблеми и кај децата. Иако првично се мислеше дека тие полесно го пребродуваат вирусот, искуството на медициските лица коишто се во првите редови во борбата со Ковид-19, покажува дека вирусот може да предизвика сериозни оштетувања на одредени органи кај најмладите. Директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова вели дека само за два месеци со соочиле со пост-ковид компликации кај 42 деца коишто го прележале вирусот.
    „Децата реагираат на ковид на најразлични начини. На почетокот сметавме дека вирусот е безопасен за нив, но се повеќе гледаме дека тој може да направи огромна штета на одредени органи во детското тело. Тие немаат можеби симптоми како возрасните - висока температура и кашлица, но кај децата се појавуваат пост-ковид компликации кои можат да бидат многу сериозни“, вели директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова за ДВ.

    Голем дел од децата се асимптоматски за време на вирусот, но тоа не значи дека Ковид-19 не остава последици врз нивното здравје. Вирусот најчесто удира на стомакот, бубрезите, мозокот и срцето кај децата. Предизвикува нарушувања и проблеми при функционирањето на бубрезите и срцето. „Последиците допрва ќе се откриваат“, вели Софијанова.

    Таа укажува дека изминатиов период имало десетина деца кај кои се појавиле проблеми со слепото црево, па голем дел од нив морале да бидат оперирани. Последиците од вирусот коишто го разоруваат детското тело, според лекарите, се причина повеќе да се посвети посебно внимание на децата заразени со Ковид-19.

    Софијанова вели дека во светот има случаи на Ковид-19 кај деца, коишто завршиле со фатални последици. Во С. Македонија имало посериозни случаи со компликации предивикани од короноавирусот, но за среќа нема случаи со смртен исход.
    Многу симптоми на Ковид-19 се слични со симптомите на грип, настинка и други состојби, па затоа е потребен тест за да се потврди дали некој има коронавиус. Симптомите може да се појават 2 до 14 дена по изложеноста на вирусот и може да варираат од многу лесна до тешка болест. Некои кои се заразени или биле заразени немаат никакви симптоми. Најчести симптоми се температура, кашлица и замор. Други симптоми може да вклучат губење здив, болка или притисок во градите, болки во мускулите или телото, главоболка, губење осет за вкус или мирис, конфузија, воспаление на грлото, затнатост или течење на носот, дијареја, гадење и повраќање, болки во стомакот и осип на кожата. Покрај овие симптоми, доенчињата може да имаат тешкотии со цицањето. Децата на секоја возраст може да се разболат од Ковид-19.
    „Затоа да не ги занемаруваме децата, бидејќи и кај нив последиците по здравјето можат да бидат многу сериозни“, апелира Софијанова, повторувајќи дека мерките за заштита, задолжителното носење маска, редовното миење на рацете и избегнувањето на групирања, мора да се почитуваат за да се заштитат најмладите.

    https://m.dw.com/mk/софијанова-за-два-месеци-42-деца-имаа-пост-ковид-компликации/a-56820456
     
    На WildMk и magnolija09 им се допаѓа ова.
  5. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    31.238
    Пол:
    Женски
    IMG_20210310_121924.jpg
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Абе да, се тоа со план, почнуваат уште во март само за Велигден да го фатат.Сигурно 20 луѓе ја смислувале агендава.Не претерувајте, прават зашто не се способни за друго, не за нечиј празник.
     
    На Nausicaa, le.soleil, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    31.238
    Пол:
    Женски
    Па сигурно светците не се секирааат многу за здравјето на народот. Кривична одговорност треба да сносат за тоа што една вакцина не купија. Макар и 5 животи таа вакцина да спаси, вреди. Не ми се јасни уште тие што ги величаат ликовите ко Филипче, Заев и сите тие околу нив. Незнам што уште треба да направат за да им стане на луѓето јасно дека се неспособни.
     
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Орават затоа што не можеме како економија да издржиме ништо друго. Нашите работни места се трудоинтензивни односно луѓето мора физички да одат на работа за да ги завршат (читај работат во фабрики и земјоделие). На Запад може и локдаун зашто економијата е претежно во интелектуални активности (работи што може да се вршат на компјутер од било каде). За жалење сме секако, ама треба и да сме свесни кај живееме и од што се храниме.
    Ако се затвори се како еве и јас сакам, ќе колабира економијата. За жал.
    Вакцините не ги коментирам. Се возевме по милионити пат на ветувањаа на ЕУ дека нешто им значиме и по милионити пат извисивме.
    @Zaljubena26 купија срцка вакцини. И ги преплативме зашто веруваме дека ќе има солидарност. Еве сега тече вакцинација. Само со брзина на полжав зашто и да купиш вакцини испораката ќе ти доцни.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    31.238
    Пол:
    Женски
    Да да купија, ќе стигнат кога ќе заврши вирусот. Едвај изгагаа неколку илјади. Кога ќе стигнат дози за пола население, тогаш нека се фалат. Се друго е мачкање очи и правење будала од народот оти проблем не се решава со 3000 вакцини.
     
    На Angie1432 и MarigoldA им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Освен Израел, Велика Британија, Саудиска Арабија и САД никој друг во моментов нема доволно вакцини зад а вакцинира пола население.
    Требаше да добиеме помош за справување со КОВИД од ЕУ и ја добивем во вид на вакцини. Односно требаше помошта да биде донација на вакцини. И ќе биде донацијата никогаш. Како мала и релативно сиромашна земја стварно се надевале веројатно дека ова ќе функционира. Второто требаше да стигнат вакцини од Ковакс механизмот, ама и тие ги нема. Односно по највава од СЗО ќе стигнат првите дози до почеток на Мај. Ај да видиме и за тоа.
    Додека стана јасно дека Западот корумпирам меѓу себе се раскара (За АстраЗенека се скараа прво ВЕлика Британија и ЕУ, па потоа Еу блокираше испорака на вакцини за Австралија) стана доцна да се нарачаат доволно вакцини да стигнат брзо. Сега ќе чекаме.
    Знаеш дека ова е неккао налик на студена војна сега. Вакцините се оружје. А ние сме толку мали што некаде околу 80% од светско население не знае ни каде се наоѓаме. Ете толку сме битни во целава приказна. Геополитика се крои и се мерат кој е побитен. НИе сме колатерала како и за се за жал.
     
    На Doozy, WildMk, Ahoy и 4 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    259.533
    Од вакви постови коса ми се крева.
    Баш за Велигден затвараат, а еве Божиќ и НГ беше се' отворено и дупло поопасно за ширење на вирусот.
    За тоа колку е неефективен полицискиот час, коментирав, ама со вакви теории дека е заради Велигден, а не тоа што британскиот сој се шири како луд е смешно.
    Аман со теориите, од кај волку верници излегоа.
     
    На Ambrosia, Nausicaa, SuperGirl24 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    И јас мислам дека е ова смислена игранка на западот да се удри директно на светиот библиски македонски народ и да ја изгуби вербата у Госпо :nod: Се читаат ли што пишуваат овие загрижениве верници што 10 години у црква не стапнале :drunk:
     
    На Aribeth, Ambrosia, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.351
    Допаѓања:
    190.244
    А кој ви брани да добиете руски вакцини?:?:
     
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    259.533
    Ете порачаа, сигурно Зоќи зборел со КГБ8)
    Само они му кренале:D
     
    На le.soleil, LejlaD и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.351
    Допаѓања:
    190.244
    Ја не знам што е проблемот со КГБ:?:
    Путин не е од КГБ? Меркел не збори руски? :^)
    Абе сите се поврзани, уште украинските пранкери не можам да ги најдам во мрежава, ама, полека, за се има време:mm:
     
    На LejlaD, Ahoy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. kokodaki

    kokodaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    519
    http://www.jsp.com.mk/vest.aspx?vest=1847
     
    На CrazyOne му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Јас не зборувм за локдаун ниту па сакам се да затвориме и да седиме 24/7 меѓу четири ѕида.Ама во молови си доаѓаат на прошетка луѓе од соседството без тестови, во кафичи веќе нема ни д од дистанца и намалени капацитети на гости, автобусите се некако уште редуцирани и има гужви, сите луѓе се вратени на работа иако на многу места може да опстојува системот на ротација итн да не набројувм се.Значи практично се си се одвива во нормала, само ставија плус полициски час.Е и дискотеки што не работат.Можат многу повеќе мерки да таргетираат.
     
    На Ahoy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    259.533
    Биљо, наш Зоќи си кажа, се јавувал по тајни служби. Не знам Меркел шо дреме, ама ете руски вакцини само стигнаа:D
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Брзите тестови мислам сегде се достапни веднаш. За оние другите, исто се чека 2 3 дена.
    Подобра услуга ? Мито даваат луѓево да успеат да протнат некоја кеса со јадење и вода на своите, стрпани у болниците.
     
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Еве и Италија има аплицирано 5 милиони со една доза , скоро 2 милиони со две дози. Значи игла во сено. 60 милионско население.
    Или каснат, или немаат, или не даваат или праќаат по пола од бројот што нарачале.
    Е сега многу битно е што збори заев и филипче, нема вакцини не даваат или они не сакаат??
    Тоа не ми е јасно?!
     
    На Ahoy и Stephen Amell им се допаѓа ова.