Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Најдобрите лекари каде студирале? Заедно со помалку добрите лекари. Разликата е во условите во кои "најдобрите лекари" работат.
     
    На Limpan, VDT2906, manako1 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    20.128
    Пол:
    Женски
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    А за условите и самите доктори имаат 'заслуга'.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.477
    Допаѓања:
    125.669
    Пол:
    Женски
    Не одам по институција одам кај што ми е лекарот.. Така да секој си знае како му одговара. Ти си имала супер искуство со државно супер, јас сум имала само најлошо.
     
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    Далеку дека сум имала само најдобро искуство, ама сакам реално да гледам на работиве.
    Мене ми сметаат еден куп проблеми во здравствово наше и сум пишувала за тоа на долго и широко, ама... не смеат да се омаловажуваат докторите кои работат во државно здравство само затоа што услоивте во кои што работат се ужасни. Тоа не ги прави полоши доктори или понестручни.
     
    На christinnn, Kitten, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Државата има најголема заслуга. Затоа докторите (најдобри и најлоши) си бегаат од државата.

    Колку ми е глупава поделбата добри и лоши доктори. Ако е млад доктор, одма е неискусен и ништо не знае. Ако е постар, гарант знае повеќе од овој младиот. Ако работи во државно, лош е. Ако работни на приватно мора да е стручњак. Не е дека нема такви што треба да си ја искинат дипломата, ама да му судиш на некој врз основа на годините или врз основа на установата во која работи, плата која ја зима или рекламите на социјалните мрежи е исто како да лепиш етикети.
     
    На manako1, LejlaD, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    Рибата од каде смрди Вајлд? Од главата или опашката? Докториве се некаде на средина во ланецот. Одговорност можеби имаат, ама дека се виновни за ужасново здравство, не би рекла. Се е политички изрежирано и намерно уназадувано. Башка нефункционален правен систем, башка корупција, башка непотизам, итн...
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Ние сме државата.

    Ја носиме ноќе на детска клиника ќерка ми, омалаксана, скоро да губи свест.
    Не пречекува докторка со маска и шминка ко индијанец и превртува очи додека ни' кажува дека 'немале апарат за мерење притисок'.
    Јас треба пред да одам да знам дека немаат апаратура, или таа, која секој ден работи таму и знае што се фали?

    Кој треба да побара подобрување на условите, ако не прво тие?
    Или чекаат 'војната да им ја извојуваат' пациентите?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    А од каде знаеш дека не побарале? Којзнае колку пати до сега. И што треба да прават? Да не работат оти немаат апарат за притисок во знак на протест ли? Ај, не претерувајте сега.
     
    На BloodElf, CameliaMiller, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Ако тие, кои се дифицитарен кадар, не можат да се изборат за основна апаратура, не знам во која бранша некој може нешто да смени во државава.

    На власта не чекам да и' текне.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.792
    Допаѓања:
    145.347
    Нив маски не им даваат, ти за апаратура збориш. Ти вика буџетот ти е толку- снајди се. А со него ни за ракавици нема.
     
    На VDT2906, azelea, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    Е ај, дај предлог како? Кога бараат по милиони пати (немој да мислиш дека они уживаат да работат во мизерни услови) и не им даваат. Што да прават според тебе?
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Нека не работат.
    Сега осебно... ехеее...
    Нека си скратат владата и парламентот од дневници и патни трошоци, нека наклапаат високи даноци...

    Има начин.
    Нема желба.
     
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Тоа е еден доктор, а не сите доктори. Се дрзнав да коментирам заради генерализацијата на членката дека сите доктори на приватно биле најдобри, а сите доктори на државно најлоши.

    А дали не бараат подобрување на условите? Па колку пати оделе до сега докторите на протести? Па колку време специјализантите работеа без ниту еден денар?

    Бидејќи рече "ние сме државата", тогаш секако дека и пациентите треба да ги поддржат докторите во извојување на војната.

    Ама се додека тие што треба да го слушнат гласот на народот, седат во функционерските фотељи и ги користат парите на народот за своите каприци ништо нема да направиме. И за жал, тоа кај нас трае добри 30 години.
     
    На LejlaD, Autumn Love, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.792
    Допаѓања:
    145.347
    Океј. Македонија е ова. Не сме у Америка. Разбуди се.
     
    На Limpan, LejlaD, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Се согласувам дека треба да ги поддржиме, ама тие треба да повлечат нога, а не пациентите
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Македонија е таква, оти ние сме такви.

    Македонија не е независен ентитет.
    Ние ја изградивме, баш ваква каква што е.
     
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    Абе ај, не фантазирај сега. Како да не работат? Кој ќе не лечи? Нивната професија вклучува хуманост и дури и кога штрајкуваат, повторно не смеат да не работат. Знаеш, нели?

    А што се случи со сестрите од инфективна кои дадода отказ? Ги врати ли Филипчо? Мислам не. Така што... методов ти е неприменлив во нашево општество.
     
    На azelea, LejlaD, mimiiiii и 4 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Никој нема да не лечи, додека владата не преземе одговорност.
    Јас сум спремна на таа жртва, само за да видам подобрување.

    Прва ќе застанам зад докторите и медицинскиот персонал.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.930
    Допаѓања:
    203.189
    Пол:
    Женски

    Повлечено е, милиони пати. Ама ако докторите решат да ги обесат мантилите на врата и да не работат, пациентите први ќе ги исплукаат. Тоа е реалноста во нашава држава.
     
    На Bezimenka90, Sofi.ja, LejlaD и 10 други им се допаѓа ова.